Израел планира наскоро да ја заврши својата воена кампања во Иран, ваква порака пренел до Соединетите Американски Држави, дознава Ројтерс од тројца израелски функционери.
Како што велат тие, многу зависи од следниот потег на Иран.
Според двајца други функционери, израелските лидери се обидуваат да разработат прецизна стратегија за излез што би ја завршила воената кампања и би ги прекинала нападите со ракети и беспилотни летала на Иран, за да се избегнат меѓусебни напади што би можеле да ја парализираат земјата.
„Блиску сме до остварување на нашите цели“
Друг извор запознаен со ситуацијата рече дека војската сигнализирала дека е блиску до остварување на своите цели.
Израел го избрал моментот да започне изненадувачки напад врз Иран, но не може да контролира кога ќе заврши конфликтот и ризикува да биде вовлечен во скапа војна ако Техеран одлучи да ја продолжи борбата, велат функционерите и аналитичарите.