Светските лидери во петокот го изразија своето жалење за смртта на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални во затвор, а некои од нив, како американскиот претседател Џо Бајден или канадскиот премиер Џастин Трудо, директно го повикаа рускиот лидер Владимир Путин за неговата смрт. „Не знаеме што точно се случи, но нема сомнеж дека смртта на Навални е резултат на нешто што го направија Путин и неговите насилници“, рече Бајден во Белата куќа. ...

Руските лекари повеќе од 30 минути се обидувале да го реанимираат Алексеј Навални, рускиот опозициски лидер кој денеска почина во затвор, соопшти локалната болница, а пренесе Интерфакс. „Лекарите кои пристигнаа на местото на настанот ја продолжија реанимацијата која веќе ја извршија затворските лекари. Тие ја вршеа повеќе од 30 минути. Сепак, пациентот почина“, соопштија од јавната болница во градот Лабитнанги, која се наоѓа во близина на ...

Десетици илјади Унгарци излегоа денеска на улиците на Будимпешта за да протестираат против прикривањето на сексуалната злоупотреба што доведе до оставка на претседателката Каталин Новак од партијата Фидес по бесот на јавноста. Премиерот Виктор Орбан и неговата конзервативна партија Фидес, на власт од 2010 година, се обидуваат да го ублажат скандалот што избувна минатата недела, кој веќе доведе до оставка на двајца сојузници на Орбан, ...

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска беше во работна посета на струмичкиот регион. При посетата Трипуновски оствари средби со здруженија на пчелари и со претставници на двете асоцијации на земјоделски задруги кои што се во регистарот од струмичкиот регион. Како што соопшти Трипуновски, на средбите е разговарано за сите отворени прашања и предизвици и како во наредниот период да ...

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против лицето Оливер Спасовски, кој како поранешен министер за внатрешни работи е лично и директно одговорен за хаосот со личните документи, вели Игор Јанушев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Ова е кривичната пријава, која што само што беше поднесена во Јавното обвинителство. Оливер Спасовски кој што кажував во својство на министер за внатрешни работи во период од околу 2 ипол години издавал лични документи кои што ...

Средба на министерот за внатрешни работи Тошковски, заменик министерот Буши и дополнителниот заменик министер Бојмацалиев, со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Н.Е.Метју Лосон Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик министерот Назим Буши и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев остварија работна средба со Амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска ...

Комлетно незаконски, со притисоци врз вработените во архивата на Министерство за информатичко општество и администрација, денес се архивираат одлуки со вчерашен датум, за да поминат нелегалните вработувања пред распишување на изборите, обвинува Стефан Андоновски – дополнителен заменик министер на Министерството. „Согласно законот за архивско работење член 15 од Уредбата на Владата за канцелариско и архивско работење не е дозволено антидатирање ...

Амбасадорот на Македонија во Рим, Весел Мемеди, со официјална нота ги известил италијанските власти дека и валидните патни исправи со името “Република Македонија”, од 12 февруари се неважечки, вели пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски. „Наместо да ги штити, амбасадорот постапил спротивно на интересите и правата на околу 100.000 македонски државјани кои живеат во Италија, особено нивното право на слободно движење, како и ...

„Наместо да се однесува како аналитичар, Славица Грковска да каже што конкретно направила во владата во која е 4 години министер и лапа плата. Освен што држи предавања?“, прашува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков. „Таа е соучесник. Со тоа што дреме во владата и ништо не прави конкретно, нејзините јавни обраќања се ништо освен најобичен памфлет. Оттука ја прашувам да каже дали има криминал и корупција во нејзината влада? 1. Дали има криминал ...

Со распишувањето на изборите и почетокот на предизборниот период, од огромно значење е секој учесник во овој процес постојано да ги има предвид законите, но и етичките принципи при вршењето на своите активности, вели вицепремиерката Славица Грковска. „Правичното спроведување на изборите е основа и главен предуслов за вградување на сите останати принципи на доброто владеење, дефинирани од Советот на Европа. А за да осигураме фер и демократска ...

Новиот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски во првата изјава за медиумите најави дека довербата на граѓаните во Обвинителството ќе ја врати со транспарентност на институцијата што очекува да поттикне и отчетност, одговорност и ефикасност на јавните обвинители. Работата на државниот јавен обвинител според него е тешка и одговорна, но со долгогодишното искуство и знаење вели дека може да одговори на сите предизвици. „Во однос на моите ...

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска во Брисел учествуваше на состаноците на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво министри за одбрана, каде во две сесии се разговараше за трансатлантското единство, плановите за одбрана и одвраќање, зголемените инвестиции во одбраната и сојузничката поддршка за Украина. „Северна Македонија е една од 18-те сојузнички земји кои го исполнија заеднички договорениот критериум за инвестирање на ...

Со месеци на партиски пресови од белиот дворец ДПМНЕ тврдеше дека имаат решение и дека ќе го решеле проблемот со личните документи, пасошите и возачките дозволи. Наместо решение, министерот на ДПМНЕ во техничката Влада направи дополнителен хаос, се обиде да создаде паника кај граѓаните со најави за казни и го комплицираше процесот за издавање пасоши, велат од Социјалдемократскиот сојуз. Од тука коментираат дека наместо да го зголеми ...

Грција стана првата земја со мнозинско православно население што ги легализираше истополовите бракови. Оваа одлука на грчките власти значи дека на истополовите парови сега ќе им биде дозволено да посвојуваат деца. Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис рече дека новиот закон „храбро ќе се справи со сериозната нееднаквост“. Како што пишува Би-Би-Си, законот ја подели земјата, а жесток отпор води Грчката православна црква. Грчкиот премиер Кирјакос ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски при посетата на СВР Велес кажа дека и таму има проблем кога станува збор за вадење на нова патна исправа. „За жал и тука не ми се допаѓа состојбата и тука премногу чекаат луѓето. Не е како во Скопје, но и овде не е сјајно. Ќе биде ставена во функција уште една просторија за да нема дополнителна гужва“, кажа министерот. „Решението на ова патешествие е едно и е многу лесно. 61 пратеник да се ...

„Еве веќе не знам која по ред седница е ова на советнички прашања каде што ние како совет сме доведени до ситуација да нема на кого да поставиме прашање, секоја чест на исклучоци, јас ќе ги поздравам директорите кои што се денеска тука во салата, но од друга страна градоначалничката не е присутна, секретар на град Скопје не е присутен“, запраша Марија Андоновска, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје на денешната ...

„ЕВН Македонија“ известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош, Чучер Сандево и Сарај. Во периодот од 9 до 14 часот корисниците од куќите околу пералницата Smartwash на раскрсницата на булеварот Илинден со булеварот 8 Септември и бараките до ФДУ во општина Карпош ќе немаат струја. Во периодот од 9 до 15 часот струја ќе немаат корисниците од околината на пристапниот пат до манастирот „Св. архангел Михаил“ ...

Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингем може да биде суспендиран доколку Комитетот за натпреварување во Ла Лига оцени дека го навредил сонародникот Мејсон Гринвуд. Станува збор за инцидентот од натпреварот помеѓу Хетафе и Реал Мадрид (0:2) кога со помош на читач на усни било утврдено дека Белингем го нарекол Гринвуд „силувач“. Судијата не го виде тоа на теренот, но по интервенцијата на Хетафе, делегатот ја информираше Ла Лига. Челниците на ...

Актуелните шампиони Денвер Нагетс влегоа во лоша серија, немаат победа на последните три натпревари. Нагетс загубија од Милвоки Бакас, а потоа претрпеа два поразиод Сакраменто. Синоќа Кингс славеа победа во Денвер 102:98. За Денвер ова беше петтиот пораз на домашен терен во 26.натпревар оваа сезона. Мечот во Колорадо го реши Диерон Фокс со осом поени во низа, во последните две минути. Фокс во последната четвртина постигна 15 поени, натпреварот ...

„Хаосот со промената на личните и патните исправи е резултат на неодговорноста и неспособноста на власта на ДУИ и СДС. Наместо Европа на граѓаните им сервираа државен притвор поради тоа што не организираа процес на промена на исправите, ненавремено и неорганизирано го спроведуваа процесот, не набавиле доволно обрасци и уште десетици други поголеми или помали пропусти“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Ова им го кажуваат и медиумите, и правниците и ...

Сериозно реконструирање на владиниот кабинет, со спојување и раздвојување на ресори, без министри без ресори, за да идниот владиниот кабинет биде оперативен и сериозно да одговори на потребите на новото време, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на отворањето на тридневната обука за пратеници и членови на ВМРО-ДПМНЕ посветена на Зајакнување на капацитетите на пратениците, Успешни стратегии и предизвици, организирана од ...

Канцеларијата на државниот адвокат ги предупреди Русите да не учествуваат на протестите планирани во Москва по смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој почина во затвор. „Ве молиме имајте предвид дека овој настан не беше координиран со извршните органи на градот, согласно процедурата утврдена со закон“, соопштија од канцеларијата. На социјалните мрежи се шират видеа и фотографии од жителите ширум Русија кои му оддаваат почит на ...

Двајца познати Руси, шахистот Гари Каспаров и уредникот Дмитриј Муратов денеска изјавија дека рускиот режим е одговорен за смртта на најголемиот критичар на Кремљ Алексеј Навални, додека познатиот писател Борис Акунин рече дека Навални станал бесмртен. Противникот на Кремљ и поранешен светски шампион во шах Гари Каспаров рече дека Владимир Путин го убил Навални „полека и јавно“. „Путин не успеа брзо и тајно да го убие Навални со труење, па ...

Во првиот полуфинален натпревар од Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ кој се игра во Битола, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром стигнаа до учество во уште едно големо финале. За нив, 17. Во 32 годишното постоење на клубот, во кое ќе имаат можност да дојдат и до својата 12. титула во ова натпреварување. МЗТ Скопје Аеродром – Работнички 81:76 По шест минути од играта, резултатот беше нерешен (16:16). Веќе во наредната дојде и првото водство за ...

Во рамките на денешните активности министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ги посети Секторот за внатрешни работи Велес и Отсекот за управни работи Велес. На средбата со раководството на СВР Велес министерот Тошковски беше запознаен со тековните активности на секторот и проблемите со кои се соочуваат во работењето од аспект на материјално-технички средства и недостаток на човечки ресурси. Од страна на министерот Тошковски беше ...

Регионалниот ЦУК Скопје, известува декана крајот од денот, конкретно во 16:15 часот преку Единствениот повикувачки телефонски број за итни случаи 112 на крајот од денот, а пред почетокот на ноќта е добиена пријава за шумски пожар во близина на место викано „Преслап“ после куќата на Планинарското друштво „Китка“, над селото Палиград, а под месноста „Карпата“ на планината Китка. За ова веднаш се известени ЈП „Национални Шуми“- подружница ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, попладнево во Минхен се сретна со премиерот на Република Албанија, Еди Рама. На средбата се истакнаа одличните билатерални односи и големото пријателство помеѓу Северна Македонија и Албанија, што е пример за добрососедство во регионот, а со тоа и придонес во стабилноста на Западен Балкан и во Европа. Во однос на билатералните релации, се констатираше дека соработката е ...

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници со огорченост ги проследи објавите на социјалните мрежи од последниот период во кои низ дезинформациска кампања со масовно споделување на клевети, навреди и говор на омраза, оркестрирано ја напаѓаат Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис. Во неа, велат од ССНМ, се таргетираат сегашните и поранешните вработени кои со тоа се изложени на сериозен ризик и закани по личната ...

На ТВ екранот, затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални, кој денеска почина во затвор, погледна низ заградениот прозорец, смеејќи се и правејќи шеги за тоа како има се помалку пари и платата на судијата. 47-годишникот изгледаше добро и весело додека сведочеше преку видео врска во четвртокот. Камерата покажала и судски службеници како се смеат заедно со него. Еден ден подоцна, руската затворска служба објави дека тој починал откако ...

Јулија Навални рече дека не им верува на руските медиуми кои ја објавија смртта на нејзиниот сопруг, рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, но ако се покаже дека е вистина, таа го обвини рускиот претседател Владимир Путин и го повика светот да се бори против неговиот „ужасен режим“.. „Не знам дали треба да веруваме во ужасната вест што ја добивме преку официјалните медиуми бидејќи со години знаеме дека не можеме да им веруваме на Путин и ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
5.14
47%
1010
weather icon

Белград

21ᴼ / 18ᴼ
3.09
67%
1007
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
88%
1012
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
8.23
38%
1009
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
0.44
60%
1009
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
3.6
91%
1013
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
4.12
31%
1012
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
4.12
53%
1012
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
4.63
56%
1012
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
67%
1010
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
1.54
88%
1012
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
3.09
43%
1012
Currency

61.525

Currency

54.3622

Currency

72.2744

Currency

35.1607

Currency

39.3966

Currency

66.1032

Currency

7.49888

Currency

0.67731

Currency

0.37874

Currency

0.52579

Currency

1.4138

Currency

0.64659

Алуминиум

2.44

Кобалт

626.94

Никел

15285.99

Рутениум

19869.16

Калај

31.00

Сребро

1038.93

Злато

106606.98

Бакар

9.50

Паладиум

2990.02

Платина

30624.57

Родиум

172810.26

Цинк

82632.56