
Скопје
38ᴼ /
38ᴼ



Веројатно првото нешто што ќе го научите на курсевите по политичка економија во левите организации, партиите, синдикатите - ако такви курсеви сè уште постојат - е трикот кој вели дека капиталистот не го гледате директно во очи кои, како што знаеме сите, се огледало на душата. Секако, трикот не се однесува на состаноци со припадници од повисоките класи, а ни разговорот за работа со „работодавачот“, како што во тој контекст еуфемистички се ...
Ангела Јовановиќ, Бранислав Лечиќ Во 2021 година актерката Данијела Штајнфелд го обвини актерот Бранислав Лечиќ дека ја силувал во мај 2012 година. Тоа беше еден од низата случаи на актерки кои обвинуваат за сексуално вознемирување. Најпознат процес, кој сè уште трае, е оној на Милена Радуловиќ против нејзиниот поранешен учител по глума, Мирослав Алексиќ, кој му претходеше на обвинението на Данијела. Бранислав Лечиќ беше ослободен, а три години ...
Лавинија Шулц и Валтер Холд биле брачен пар во Германија во раните дваесетти, познати по нивните диви, експресионистички танцови перформанси кои се состоеле од „лазење, газење, сквотирање, клекнување, коленичење, правење мост, чекорење, скокање, и изведување претежно дијагонално-спирални обрасци низ сцената. Шулц верувала дека „уметноста треба да биде…израз на борба” и го користела танцот за да ја изрази „агресивната борба на женското тело за ...
Првите прилози ги поставивме на 9 март 2009, а „официјалниот“ уводен текст се случи на 13 март 2009). Во уводниот текст стоеше и реченицата: „Сто години по зборовите на Цепенков, во Окно ја имаме истата намера: да собереме и да објавиме барем 28.000 прилози! (’приказни, обичаи, песни, преданиа за места...’)“ Објавивме, за овие петнаесет години, барем три пати повеќе: над 80.000 прилози. За Окно пишувале стотици луѓе од нашата земја. Сме ...
Навикнати сме на печурки во исхраната - од нив правиме пити и рижото, ги похуваме, ги додаваме во сосови за тестенини... Но печуркастите организми под земјата кријат еден посебен адут кој би можел да го направи производството на бројни добра, неопходни за модерниот човек - позелено. Станува збор за мицелиумот. Оваа разгранета мрежа на меѓусебно испреплетени влакна кои личат на пајажинест корeн, која под нашите нозе ја формираат печурките, ни ...
Во организација на Бош Фестивал, Партизанска штампа и Гола Планина Колектив во сабота, 16 март, во 12 часот, во Музеј на Македонија започнува „Фијук” – саем за промоција на независно издаваштво. „Брзо како куршум (од зад грб) ја најавуваме следната територија за нашето заседание, чија цел е секако водење на сетилата кон нивните високи страсти. Овој пат ни е домаќин Музејот на Македонија, каде пристигаме со заштрашувачка количина на независно ...
Quo Vadis Во изложените дела на Поцеска доминираат три геометриски форми, триаголникот, кругот и квадратот. Според нејзиниот уметнички и духовен сензибилитет овие форми се „врската“ меѓу физичкото и духовното. Од една страна, тие претставуваат физички фигури врз кои се темелат основните архитектонски закони, а од друга страна, секој од нив е симбол за определена духовна димензија. Од христијанска толковна точка кругот е симбол на вечноста, ...
(Кон претставата „Деца на сонцето” од Максим Горки, во режија на Матеја Колежник, а во изведба на „Шаушпилхаус” од Бохум, Германија. Главни улоги: Ана Бломаер, Константин Бихлер, Кристијан Пол, Танер Јен, Тим Брокман) „Децата на сонцето” Максим Горки ја пишува за време на својот краток затворски престој за време на првата револуција во Русија во 1905 година. Она што е најважно за оваа пиеса е тенденцијата на авторот да ја отвори превртената ...
Откако се вратив од овогодинешниот Светски економски форум во Давос, многу луѓе ме прашаа кои се најважните сознанија кои ги донесов оттаму. Една од темите за кои најмногу се дискутираше беше вештачката интелигенција - особено генеративната вештачка интелигенција („GenAi“). По појавата на големите јазични модели (како што е моделот двигател на ChatGPT) многу надеж се вложува во вештачката интелигенција како можен генератор на продуктивност и ...
Поглаварот на римокатоличката црква, папата Франциск во интервју за швајцарската ТВ и радио компанија RSI ја повика Украина да најде „храброст на белото знаме“ и да се согласи на преговори со Русија. Ако папата Франциск живееше во 1940 година, веројатно ќе ѝ предложеше на Велика Британија да се предаде, да го остави оружјето пред Германија и да преговара со Хитлер. Изгледа чудно што Папата не повикува на одбрана на Украина, не го осудува Путин ...
Недостигот од отпор кој можеби произлегува од општата апатија, а којашто особено се чувствува кај младите, е причина за уривање, или за умирање на македонската култура. Последниот пример со Младинскиот културен центар е уште еден показател дека кај нас не постои волја за кревање глас, нема желба за револуција па оттука и прашањето: Каде се, што се случи со децата на револуцијата? МКЦ не е само забава, МКЦ е нужна парадигма, историски чекор ...
Пренесено од Дојче веле „Адам и Ева биле Срби. Или Хрвати. Дефинитивно Албанци, Бугари или Бошњаци. Постои едно прашање за кое денешните балкански народи се согласуваат: Секаде преовладува верувањето дека баш тој еден, сопствен народ, е најстариот народ во јужна Европа“. Со овие реченици започнува текстот објавен минатиот викенд во весникот Ноје Цирхер Цајтунг ам Зонтаг. Напишан е од Аделхајд Вeлфл, дописничка на весникот од Сараево, а ние го ...
Веќе неколку децении се водат бурни дискусии како левицата да се врати на старите патеки на славата. Во нив како централна задача редовно се истакнува нужноста за организирање на работничката класа како предуслов за каква било одржливост и ефикасност на левицата како политички фактор. Притоа, често како пречка за реализацијата на тој предуслов се истакнува „одлуката“ на левицата од разни профили да се даде приоритет на некои други општествени ...
„Наместо да шеташ куче, шетај дете!“, ми довикна возрасната жена додека ја шетав Љиљана (сосема е во ред да се насмеете на името), додека моето куче одеше накај неа и ѝ се радуваше, мавтајќи со опашката пред локалниот маркет. Посакав да ја запрам жената што ми го даде овој бесценет совет додека се движеше со торбите намирници, оти не еднаш го имам добиено, секако, „најдобронамерно“. Посакав да ја седнам на првата клупа и да ѝ раскажам – зошто ...
Идејата на вистината е во немилост последниве години. Од една страна, нејзиното политичко значење е помало од порано. За време на Студената војна беше многу важно што се смета за вистина оти една суверена идеологија се судираше со друга. Потоа, во 1990‒тите, кога Студената војна избледе, зборот „идеологија“ излезе од употреба. Делумно оти луѓето веќе не беа склони да ги гледаат своите уверувања како идеолошки оти тоа им се чинеше како да одат ...
(Кон претставата „Животот е сон”, според драмскиот текст на Педро Калдерон де ла Барка, во режија на Диклан Донелан, во продукција на „Cheek by Jowl” од Лондон, Велика Британија, Националниот театар на класиката и продукција „LaZona” од Мадрид, во соработка со театарот „Barbican” од Лондон и „Scène Nationale d’ALBI” од Тарн, Франција. Главни улоги: Алфредо Новал, Ернесто Ариас, Ребека Мателан, Гоизалде Нуњез, Давид Луке) Калдерон како еден од ...
Во доба на осакатена вистина, искривено мислење, изгубен морал, корумпиран јазик, злоупотреба на моќта, изгубена надеж, отворена омраза и масовно планско убивање на немоќните, на прв поглед се чини дека светот на самиот почеток на 21-от век влегува во апокалиптичен матрикс на најголемите стравови и заблуди на хомо сапиенсот откако е втиснат на својот еволуциски пат долг повеќе од 200 000 години. На тој пат хомо сапиенсот редовно го следеле ...
Соочена со стареењето на населението и зголемениот број луѓе кои живеат сами, германската влада планира да воведе нов правен механизам кој би им помогнал на луѓето кои не се во романтични врски да преземат одговорност едни за други. Начинот на кој луѓето живеат, сакаат, стануваат родители и стареат во Германија се менува. Во исто време, во општество каде што секој четврти човек вели дека е осамен/а, останува важно како да се грижиме едни за ...
Војната на истокот на Европа влезе во третата година без перспектива дека во догледно време ќе заврши, но со сите изгледи дека ќе продолжи да предизвикува тектонски промени на глобално ниво. Годишнината од руската инвазија врз Украина на 24 февруари 2022 година не беше ден за славење. Ниедна страна ниту победува ниту губи. Украина плаќа висока цена на разорувањето на земјата и, како и Русија, трпи човечки жртви што се мерат со десетици, ако не ...
Со шест настани за возрасни и еден за деца, Културниот центар „Бруталиск” почнувајќи од вторник, 5 март, организира тематска недела која ќе трае до 11 март. Неделата завршува со хуманитарен настан за донации за Леноид и Тара, викендот е исполнет со стенд-ап, промоција на книга со пет македонски поетеси, детска работилница и два настапи на локални диџејки, а започнува со традиционалниот вторнички квиз овојпат наречен „Женски Квиз”. Програма на ...
Трета година по ред покриеноста со мраз околу Антарктикот паѓа под два милиони квадратни километри. Оваа бројка е само еден во низата загрижувачки сигнали за сериозноста на антропогените климатски промени, но што всушност ни кажува тоа? Површината на мразот кој плута околу континентот никогаш не била помала од два милиони квадратни километри од 1979 година, кога почнаа сателитските следења. Откако оваа граница првпат беше соборена во 2022 ...
Амбасадата на Јапонија и Археолошкиот музеј ќе ја прослават 30 годишнината од воспоставувањето на билатералните односи помеѓу Јапонија и Северна Македонија со уникатната изложба „Нингјо”. Изложбата насловена „Нингјо - Уметноста и убавината на јапонските кукли” ќе биде отворена на 1 март, во 19 часот, во Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија. Амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Оцука Казуја и Државниот секретар од Министерството за ...
Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски капацитет и да се воздржат од навреди и ширење на говор на омраза. И изминатите предизборни циклуси беа одбележани со исклучително силен говор на омраза, кој притоа особено беше фокусиран кон жените што беа вклучени во предизборниот процес. И овојпат ...
Скопје е мојот град. Што ми значи тоа „мојот“? Па, тука сум родена. Тука се родени моите родители, моите баба и дедо. Тука учев. Овде ми се случи првата љубов. Тука стекнав многу пријателства кои траат. Во овој град се вработив на неколку места. По семејството и образованието, излегувањата во бројните скопски кафулиња со различно убави содржини, беа мојата втора животна лекција. Градот ми ја пружи и онаа уличната светлина. Улично културната, ...
Во гостувањето на „Вистинска телевизија“ во програмата „Скопје ми е дома – Општина Сопиште“ прикажана на 22.02.2024, градоначалникот на Општина Сопиште, г. Стефче Трпковски даде серија изјави за кои само може да се надевам дека се точни. За жал, искуството три и пол години како жител на Општина Сопиште ми налага изјавите и тврдењата на г. Трпковски да ги сметам за не многу веродостојни. Противречни изјави на г. Трпковски Во изјавите на г. ...
Голем број уметници се приклучија на светското движење за улична уметност познато како „Крени го гласот за Газа” (Unmute Gaza), кое ја користи креативноста и заедницата за да го привлече вниманието на тековната војна во Израел. Како поддршка на фоторепортерите, кампањата има за цел да биде потсетник на уништувањето што се случува секој ден. Дел од уметниците кои се вклучени во движењето се Ерон, Фејт XLVII, Ернест Захаревиќ, Есциф, Стефан Крише, ...
На 8-ми март, петок, во Europe House Skopje (Св. Кирил и Методиј 52б, Скопје 1000), од 17:30 до 19:30 часот, ќе се одржи медитативна работилница насловена „Женски круг” предводена од Марина Анчевска и Дороти Пачкова. Поинаков 8 март, женска енергија, наша и на нашите предки Почни од себе Сакате да го подигнете вашето постоење, живеење, кариера, односи и што ли не, на едно повисоко ниво? Тогаш најсоодветно е да почнете од себе. Ова го изјавуваат ...
Во рамките на изложбата „Станица Пропаганда” на светски познатиот холандски уметник Јонас Стал, во организација на Факултет за работи што не се учат (ФРУ) и Музејот на современата уметност – Скопје, на 2 март, во 12 часот, во МСУ ќе се одржи Школата за пропаганда: „Антиквизациска пропаганда. Од Скопје 2014 до Скопје - Eвропска престолнина на културата 2028” Школата за пропаганда во Скопје има намера да создаде привремена дискурзивна платформа со ...
Етиката на сингуларноста и блискоста Нагласката што ја става врз сингуларноста на говоречките суштества ја носи Кристева во разговор со Жан Лик Нанси и со тоа ја позиционира нејзината теорија за попреченоста како дел од еден поширок дијалог околу преопределувањето на политичката сфера во светлината на специфичните проблеми на глобалниот, постмодерен капитализам. Ова вклучува прашања, на пример, за тоа како да ги преобмислиме политичките проблеми ...
Славниот новинар Крис Хеџис апелира дека екстрадицијата на Џулијан Асанж ќе значи сигурна смрт на слободата на печатот, на истражувачкото новинарство, на вистината и на демократијата во Западниот свет. Колку тажно и наивно: и овој ветеран на занаетот, што ги видел сите зла на светот, уште не може да се помири со фактот дека смртта на вистината воопшто веќе не зависи од одлуката на Високиот суд во Лондон, од проста причина што таа веќе одамна е ...