
Скопје
38ᴼ /
38ᴼ



Планетарните граници претставуваат точки кои, коа ќе се поминат, можат да предизвикаат непоправливи промени во екосистемите и климата, а со тоа и непредвидливи последици за човечкото општество. Пречекорувањето на овие граници го зголемува ризикот од генерирање големи, нагли или неповратни промени во животната средина. Границите на растот, истражување кое го предводеше глобалниот економски труст Римски клуб во раните седумдесетти години од ...
Амбасадата на Јапонија најавува дека на 5 мај ќе го прослави Денот на децата во Јапонија, со натпревар за цртање и сликање. „По повод 30 години од воспоставување на дипломатските односи помеѓу нашите земји поттикнете ги децата да творат за нашето пријателство, за важноста на „кизуна” (силна и длабока врска) со своите „томодачи” (пријатели)”- велат организаторите на настанот. Конкурсот е отворен за сите деца до 12-годишна возраст кои уживаат да ...
Пролетта во КСП-Центар Јадро донесе многу настани, сончеви денови и сезонски алергии. КСП Центар Јадро започнува со априлската разнолика програма во која секој може да најде свое катче за уживање и културно дегустирање. • „Rib or All Parts Matter of Fact” - изложба на Аница Бебиќ и Тома Димовски (2 април, 12 часот) • Концерт на Дина Марковска (флејта) и Јована Удовиќ (виолина) (6 април, 18 часот) • „Мојот сон” – промоција на автобиографија д-р ...
Првиот услов за бесмртноста е смртта, напишал бесмртниот Станислав Јежи Лец, и по овој афоризам одвишок е да се каже и збор повеќе за портите на бесмртноста. А пак, сказната за тоа кој и како станува бесмртен по смртта, е толку обемна и сложена што и не вреди да се раскажува. Вреди да се спомне, меѓутоа, веројатно најважната вистина за бесмртноста: дека таа е создадена од културата на сеќавање и чествување на името и делото на оние мртви од кои ...
Низ процесот за исполнување на критериумите и решавање на пречките кои стоеја на патот, добиваме кристална и недвосмислена потврда за македонскиот јазик и за македонскиот идентитет. Македонци, Македонец, Македонка, македонско. Како дома, така и во странство. Преведено без ограничувања на сите јазици во светот. Јазикот се користи слободно секаде, во ОН, НАТО, ЕУ, во сите официјални институции, активности и настани. Од држава со многу проблеми и ...
Оваа седмица, во наш хелиоцентричен манир ќе се занимаваме со партискиот кастинг и составувањето на листите на кандидати за претстојните собраниски избори како и со содржината на програмите на партиите, сето ова проследено и со континуитет на жестоко спротивставени наративи, вербална пиротехника и по некоја пикантерија, за забава или замајување на широките партиски избирачки бази и по некој неопределен избирач. Истовремено, развојот на настаните ...
Тешко ми е денеска да ги најдам вистинските зборови за да можам барем малку да Ви го доближам, и да му оддадам почит на Мирко Попов, мојата љубов, партнер и најдобар другар. Треба да се напише книга за да се доближи неговиот лик и дело, како вистинска движечка тридецениска сила на македонската култура, идентитет и урбано Скопје. Мирко сакаше сам да ја напише оваа книга, но не како негова биографија, туку како запис и сведоштво за секое движење, ...
Според славниот коментар на книжевниот критичар Фредрик Џејмсон, „полесно е да се замисли крај на светот отколку крај на капитализмот“. Првпат во два века, забележува Џејмсон, капитализмот се гледа како деструктивен и непоправлив. Слабеењето на верата во можноста за посткапиталистичка иднина е извор на длабок песимизам. Ваквиот преовладувачки очај го евоцира есејот на Џон Мајнард Кејнз од 1930-та година „Економските можности за нашите внуци“, во ...
Овој месец се навршуваат три децении од објавувањето на првиот број на „Маргина“. Добро се сеќавам, годината беше 1994, во некогашната заедничка држава војната сè уште не го имаше достигнато деструктивниот врв, а во „оазата на мирот“ се појави часописот за сурфање по рабови, како повик кон збунетите млади луѓе кои бараа поинакво мислење од она што секојдневно се сервираше во вестите на телевизиските канали. „Маргина“ одигра значајна улога во ...
Мирко Попов е културна појава која подолго време артикулура дел од скопската и македонската креативна сцена. Неговите колумни објавени во Трн секогаш предизвикуваат реакција од читателите, позитивна или негативна. Без оглед на тоа, Мирко секогаш е доследен на својата животна филозофија. Затоа едноставно моравме да го направиме ова интервју во кое ќе ни каже повеќе за себеси и за она што го води напред. Разговорот го води Васко Лазаревски. Трн: ...
„Семирот понекогаш е осамен и студен, но цврсто држам правец и речиси сум буден.“ Патувај мирно кон Розевата Планета, Мирко Попов. Вечно ќе живееш во нашите срца. Билјана Црвенковска Ај што го испиша саундтрекот на нашата младост и љубов, туку беше од оние ретки индивидуалци кои со своја лична сила, енергија и ум во ваква мала земја како нашата покренуваат и одржуваат цели културни традиции. Колку музика и текстови напиша Мирко, колку изданија ...
Со бесплатни претстави во Македонски народен театар, Драмски театар и премиера во Театар Комедија, денеска во Скопје ќе биде одбележан 27 март – Светски ден на театарот. По тој повод, Македонскиот народен театар организира две бесплатни претстави. Станува збор за детско-младинската претстава „Силјан Штркот шанца” во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, која ќе се одигра на малата сцена на 30 март во 12 часот и изведбата на претставата „Бесачи” во режија ...
Плачам зашто сум педесетгодишна будала која 30 години го прави истото: живее од денес за утре и ги собира најубавите песни за да им ги понуди на гладните, жедните и незаинтересираните. Плачам заради привилегијата да го живеам својот сон. Но, тоа е сон за кој сами се изборивме. Го изборивме поради тоа што бевме воспитани, образовани, култивирани, бестрашни и убави. Ова е приказна за убавите деца на овој град... убавите деца на оваа земја. Ги има ...
Во Европа повторно кружат военохушкачки гласови. Сè почесто се даваат неумерени изјави за новите воени опасности кои ни се закануваат, смислено се гради слика за нестабилност која се темели на деконтекстуализација на постоечките светски процеси (вклучувајќи ги и безбедносните предизвици), а каква било можност за разговор за структурните проблеми кои се наоѓаат во сржта на нестабилноста претставена како неизбежност, од јавноста и мејнстримот се ...
Легендарниот српски фотограф Томислав Петернек, кој ги овековечи последиците на катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963, почина на 91 година. Неговите фотографии беа објавувани во најзначајните светски весници. Роден во хрватскиот град Винковци во 1933, Петернек почнува да се занимава со фотографија во 1954 година. Со новинарска фотографија почнува да се занимава работејќи во весникот „Светлост” (Крагуевац). Набрзо доаѓа во Белград и ...
„Навикнат сум да живеам во комплетно недоразбирање со мнозинството.“ Навикнат сум да живеам во комплетно недоразбирање со мнозинството. Порано мислев дека ако дадам сè од себе, во еден момент ќе се разбереме и ќе заживееме среќно и весело до крајот на животот. Тоа кога бев млад. Сега кога сум поискусен, кога можам да ги согледам дури и резултатите од сопствените залагања, јасно ми е дека никогаш нема да се разбереме со мнозинството. Се ...
Уште на почетокот една фуснота, колку да не бидам обвинет за некакво лицемерие: повеќето од оние што ме познаваат или повнимателно ме следат на социјалните мрежи, знаат дека во последно време имав некои несогласувања со Мирко Попов (1972-2024), кои одвреме-навреме поминуваа во полемички расправи, а некогаш (ретко) и во навредливи испади (конечно, каква е таа полемика, ако нема навреди, што би рекол Мирослав Крлежа). Она што е битно тука да се ...
На 24 март, на 51 годишна возраст почина Мирко Попов, еден од најпознатите македонски автори и продуценти на електронска музика и промотор на независната музичка сцена. Мирко Попов беше сеприсутна и значајна појава во урбаниот, културниот и јавниот живот на Скопје и пошироко. Редовно настапуваше по кафулиња, дискотеки и фестивали, постојано снимаше и издаваше музика и неуморно промовираше млади музичари. Попов е роден во 1972 година во Скопје. ...
Феминизмот сè уште често се смета за грд збор, а мошне ретко се споменуваат неговите позитивни учиноци, во корист и на мажите. Феминизмот не би требало да го гледаме како движење кое им користи само на жените и кое стана „закана за националната безбедност, а мажите ги направи поплачливи и слабаци“, како што тврдат Фокс Њуз, туку како движење кое позитивно влијаеше на општеството во целина. Зерлина Максвел, позната политичарка и новинарка на The ...
Прегледот на 1930 студии посветени на работата од дома откри големи предности, но исто така и негативни страни, како што се развивање на асоцијалност и занемарување во однос на унапредување на работното место. Сепак, студијата покажува дека луѓето кои работат од дома повеќе се склони на конзумирање грицки, алкохол, цигари и покажуват склоност кон дебелеење. А работодавците кои веруваат дека луѓето што работат од дома се мрзливи, би требало да го ...
(Кон претставата „Моби Дик” по текст на Александар Секулов, во режија на Дијана Добрева и во изведба на Националниот театар „Иван Вазов ” од Софија. Главни улоги: Христо Петков, Владимир Пенев, Пламен Димов, Параскева Џукелова, Снежина Петрова) Митот за китот „убиец” е само структура која нѐ води во веќе проверените модели на борбата меѓу „доброто и злото”, каде што освојувачот е оној што се одлучил да ја скроти силата која доаѓа од морето. ...
Има малку економски термини кои се оптоварени со толкав идеолошки багаж како што е случајот со „слободната трговија“. Ако денес се залагате за слободна трговија, ќе ве прогласат за апологет на плутократите, финансиските и корпоративните штетници. Ако барате отворање на границите ќе ви речат дека сте наивец или, уште полошо, корисен идиот во служба на Комунистичката партија на Кина, кој не се грижи за човечките права на Кинезите и судбината на ...
Коле Ангеловски (филмски и театарски актер, театарски режисер) 27 март 2024 – Македонска порака по повод Светскиот ден на театарот 27 Март - Меѓународен ден на театарот. Голем празник за нас театарџиите. Тој ни доаѓа како куќна слава. И тогаш театрите се обидуваат, на тој ден, да дадат премиера (по можност добра) па потоа коктелче, баш како на куќна слава. Јас имав посебна среќа што нa 27 Март два нови театри се отворија со мои претстави. ...
Како резултат на заедничката работа на проектот „Заедно сме посилни - со знаење против кризата”, Здружението за промоција на културата „Културтрегер”, „Курзив” - платформа за култура, медиуми и општествени прашања, Центарот за драмска уметност, Уметничката работилница „Лазарети” и „АКЦ Атак!” од Хрватска, ја развија и ја надградуваат онлајн базата на материјали на современи културни и уметнички практики создадени на независната културна сцена. ...
Во Амазонската џунгла е откриено тело на кит долг 11 метри, далеку надвор од неговото природно живеалиште, а никој не знае како стигнал таму. Научниците засега претпоставуваат дека китот умрел затоа што конзумирал пластика во океанот, а потоа водата го фрлила толку далеку. Овој настан се случил на островот Марајо, на устието на реката Амазон. Китот тежок околу 10 тони е пронајден во предел со густа вегетација на местото наречено плажа Араруна, ...
Како што се ближи денот на изборите во Македоња Норд, имам чувство дека сè повеќе се гасат и општата и индивидуалната свест за тоа што всушност се случува околу нас и со нас. Ми се чини како луѓето да ја губат длабочината на сопствените сеќавања со секој ден поблиску до изборниот. Изгледа дека ова тенчење на паметењето нема да се сопре додека сосема не го избришеме минатото што сме го проживеале, додека не станеме нација со дупка во черепот во ...
Во рамки на проектот „Сиот свет е сцена -имерзивен театар како алатка за адресирање на општествени прашања и предизвици” Здружението на уметници Културен цетар „Медиа Артес”, ќе се одржи тридневна интензивна работилница за имерзивен театар. Работилницата која ќе се одржува викендов (22-24 март) е наменета за професионални уметници од различни дисциплини (актери, танчери, вокални изведувачи и музичари, ликовни уметници итн.) со различен степен на ...
На страницата Amazing Maps е објавена мапа на Европа на која се испишани најпопуларните женски имиња во различни земји. Со оглед на тоа што мапите кои откриваат интересни информации за земјите низ светот стануваат сè попопуларни, на една од нив се претставени најчестите имиња за девојчиња во европските земји во 2023 година. Податоците за мапата се преземени од веб-страницата „Fatherly”. Софија е најпопуларното име во Србија, но и во Црна Гора, ...
Многу градови ширум светот го отстрануваат бетонот и коцките со кои се поплочени улиците, во настојувањето да решат два проблема поврзани со живеењето во урбани средини. За што поточно се работи? Иницијативата за отстранување на бетонот и коцките постои веќе петнаесетина години, а оние кои ја промовираат наведуваат бројни добри влијанија врз жителите на градовите, меѓу кои и нивната безбедност. Идејата е потоа овие јавни површини да се уредат ...
Некако ми е страв „Скопје – Европски град на културата 2028“, да не стане „Скопје 2014, верзија 2.0“, е првата реакција на Никола Писарев, еден од основачите на Центарот за современа уметност (ЦСУ) и програмски директор со богато искуство. Писарев реагира на објавениот „повик за изразување интерес за основачи на здружение за имплементација на проектот Скопје Европска престолнина на културата 2028“, објавен на веб страницата на Универзална сала ...