
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Секоја вечер во зафрлена кафеана Неколку пејачки наизменично Пееја за љубовта и смртта. Зборовите едвај се распознаваа Низ чадот, џагорот и храната И тешкиот воздух. Понекогаш некоја сакаше Да објасни по секоја цена Дека стварно станува збор за љубов и смрт За вистинска судбина Која изискува артикулиран стих И остар мелодиски став Неможен во тутканицава. Понекогаш некоја губеше надеж Дека во страшниот кикот Воопшто нешто може да се разбере И не ...
Без разлика дали лебдат во базени со дождовница во јадрото на хризантеми или се движат низ хаосот на аквариум, ликовите во цртежите на Фелисија Чао се соочуваат со надреални околности кои предизвикуваат комплексни емоции. Нејзините илустрации ги следат искуствата и интеракциите на малите пастелни фигури кои трагаат по сонцето, се нурнуваат во цветовите и делуваат љубопитни, но и обземени, па и по малку зашеметени од огромниот свет околу нив. ...
Станувајќи од своето место, на крајот од заедничката прес-конференција во Собранието на Македонија, министерот за надворешни на Велика Британија, Даглас Херд, кој во својство на нов претседавач на ЕЗ дојде на разговори во Скопје веднаш по лисабонската декларација во 1991, ми рече: „Па тебе никој ништо не те праша“, и додаде дека баш би сакал тоа нему да му се случи во неговата држава со неговите новинари. Се насмевнав и ништо не му одговорив. ...
Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) организира изложба на ново примени членови, насловена „Нови енергии” која ќе се отвори во среда, 14 февруари, во 20 часот во галеријата на Домот на Армијата. На настанот ќе бидат претставени членови примени во 2023 и на првиот конкурс за 2024. Изложбата ќе биде отворена од претседателкатa на ДЛУМ, проф. д-р Јана Манева - Чупоска и претседателката на уметнички совет, проф. д-р Маја Рауник Кирков. ...
Помина еден век од смртта на Владимир Ленин и повеќе од три децении откако пропадна неговиот болшевички проект. Меѓутоа, додека поголемиот дел од неговиот политички живот од денешна перспектива е мошне проблематичен, неговиот немилосрден прагматизам, да го наречеме така, и денес има значење. Да се сетиме на познатата ленинова посветеност на „конкретната анализа на конкретната ситуација“. Треба да се избегнат догматската верност на идејата и ...
Дојди со мене во митологија која зборува за мене, та затоа е ризична. Двополово сум суштество, то ест лажливо. Значи, искрено. Самото за себе давам информација која секого го интересира; таа, значи, има општ значај. Јас сум плод на себе-мачење, то ест себе-љубов. Дојди со мене во времеплов кој е дел од творечкиот механизам. Јас сум уметнички предмет, то ест кентаур. Дојди со мене во митологија, каде што пропаѓа целата моја досегашна работа, оти ...
Реакција на ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена за резултатите од конкурсот на Министерството за култура за поддршка на проекти од национален интерес за 2024 година. Во изминативе 32 години државните политики се поразувачки на секое рамниште. Сферата на културата е еден од оние општествени слоеви кои се наоѓаат на најниското, деградирано општествено скалило. Партиската девастација на општествениот и политичкиот систем која ...
Бокали во облик на ѕверови и садови со разновидни необични облици ги сочинуваат најновите илустрации во еклектичната и чудна менажерија на илустраторот Ворха Санчез. Новата серија илустрации насловена „Древна керамика” црпи инспирација од широк спектар на камени урни, садови и статуетки од праисториските култури ширум светот, проткајувајќи ја секоја од нив со карактеристики на животни или митолошки суштества. Со овие илустрации изработени со ...
Чувањето миленик може да заштити од ментално опаѓање кое може да најави деменција кај постарите лица што живеат сами, покажа студија направена со 8 000 испитаници. Резултатите на британската студија се уште еден доказ дека чувањето миленик може да помогне во ублажувањето на ефектите на стареење на мозокот кај возрасните лица постари од 65 години кои живеат сами. Осаменоста и деменцијата се растечки глобални проблеми. Се проценува дека бројот на ...
Бокали во облик на ѕверови и садови со разновидни необични облици ги сочинуваат најновите илустрации од еклектичната и чудна менажерија на илустраторот Ворха Санчез. Новата серија илустрации насловена „Древна керамика” црпи инспирација од широк спектар на камени урни, садови и статуетки од праисториските култури ширум светот, проткајувајќи ја секоја од нив со карактеристики на животни или митолошки суштества. Со овие илустрации изработени со ...
Претставуваме листа на некои од најстарите облеки и модни додатоци кои некогаш биле пронајдени. Најстариот градник (стар 500 години) Градникот на сликата погоре бил користен во Австрија некаде помеѓу 1390 и 1485 година. Целосно обложени градници, декорирани со чипка, беа пронајдени под подните даски на австрискиот замок Лемберг во 2008 година. Досега, најрано пронајдените градници датираат од 1800-тите . Најстариот кондом (стар 370 години) Овој ...
Новата книга на Владимир Лукаш, „Гени, мени, сени”, беше промовирана во „Литература.мк”, во рамките на „Денови на литературата”. Книгата, во издание на „Супрема” ја промовираше уредничката Оливера Ќорвезироска, низ разговор со самиот автор. Ќорвезироска промоцијата ја започна читајќи го самиот почеток на романот, а ја заврши со крајот на романот, претставувајќи ја книгата преку симулирана idem per idem постапка, како омаж на структурата на ...
Оваа година на 11 февруари Музејот на современата уметност - Скопје бележи 60 години од основањето. Со цел одбележување на овој настан и како најава за програмските активности во јубилејната 2024 година, Музејот организира дневен настан - матине во сабота на 10 февруари со почеток од 12 часот. На овој значаен јубилеен ден, ексклузивно по 35 години, ќе биде изложено уметничкото дело „Доблест во нужност” на познатиот италијански уметник Џанфранко ...
Од 7-ми октомври нападите на американските сили во Сирија и Ирак речиси се секојдневни. Повеќето од нападите се минорни, дури симболични. Меѓутоа, на 28-ми јануари три американски војници беа убиени во напад со дрон на Tower 22, американска база во Јордан, во близина на границата со Сирија. САД имаат низа гарнизони и мали испостави во Сирија и Ирак. Некои од нив, барем официјално, претставуваат заштита од остатоците од Исламската држава. Други ...
Доналд Трамп незапирливо оди кон третата претседателска номинација на републиканците и кон нов историски дуел со претседателот Џозеф Бајден, кој во ноември нема да ги одреди само правците на развој на американската демократија, туку и значајно ќе ги обликува глобалните односи. На прајмерите – серијата гласања низ сојузните држави на кои демократите и републиканците ги избираат кандидатите за претседателските избори и ги именуваат делегатите за ...
Зачленувањето во ЕУ не е само политичка, туку е и граѓанска кауза. Оваа кауза ја споделувам од раните студентски денови и со неа е поврзан мојот безмалку континуиран граѓански активизам во изминатите 37 години, на теми поблиску поврзани со екологијата и демократизацијата на нашето општество. Притоа мојот личен и доброволен ангажман го артикулирам низ граѓански организации со автентична и независна агенда. Ова го нагласувам како контраст на ...
Во 1721 година, во своето 118-то Персиско писмо, Шарл Монтескје (1689–1755) пишува дека бреговите на Африка „мора да биле ужасно депопулизирани двесте години, кога племенските кралеви и селските поглавари ги продавале своите поданици на европските принцови за да ги однесат во нивните колонии во Америка.“ Во едно подоцнежно дело, Духот на законите (1748), тој иронично зборува за мрзеливоста на европските народи кои „ги истребија оние од Америка, ...
Никој не ѕвони по телефон и не шепоти нежни зборови, Приквечер или на полноќ Кога штурците почнуваат Немилосрдно да цврчат Засилувајќи ја тишината. Кога сè ќе стане густо, Како застојана крв - Ноќта, и самотијата на работите околу, Само ударите на срцето Ја надјачуваат глувоста Што се цеди низ рбетот, и пониско, Како пот сред жега и копнеж сред ноќ. Будно и со ширум отворени очи Лежам во мракот, Што уличните светилки го зголемуваат, и ги чинат ...
Ндебели се африканска етничка група која живее во Јужна Африка и Зимбабве, познати по својот уметнички талент, особено во однос на нивните насликани куќи и шарени монистри. Не се знае многу за овие луѓе, освен дека потекнуваат од поголемите племиња Нгуни кои сочинуваат речиси две третини од населението во Јужна Африка. Се смета дека Ндебели патувале од Натал до регионот Трансвал и во 16 век се населиле во близина на Преторија. Ривалството меѓу ...
Едукативниот културен центар „Лабораториум” објавува отворен повик до сите дизајнери и занаетчии кои изработуваат производи и нудат услуги во полето на текстилот, накитот, модните додатоци, индустриски производи, мебел, дизајнерски производи наменети за деца, за домот, осветлување итн. со фокус на рачната изработка, одржливоста, еколошкото и етичко производство. Повикот е отворен од 1 фебруари до 20 февруари 2024 година. „Лаб дизајн маркет” е ...
Додека низ Појасот Газа се шири глад, раселените цивили и здравствените работници гладуваат за нивните деца да можат да јадат од достапната оскудна количина на храна. Водата до која стигнуваат Палестинците, најчесто не е за пиење. Кога камионите за помош се редат на лентата, луѓето се качуваат едни врз други за да добијат помош. Децата кои живеат на улица, откако биле принудени да ги напуштат своите домови поради бомбардирањето на Израел, плачат ...
„Птиците се аутсајдери”, вели Стефани Браун. „Тие коегзистираат со нас речиси невидливо во нашите животи, ако не гo насочиме вниманието на нив. Тие се мали суштества, но, со свој специфичен начин на однесување и став, а знаат да бидат и моќни кога се во голем број”. Уметницата Стефани Браун им посветува внимание на овие мали, но сепак значајни суштества во својата тековна серија насловена „Носачи на факели”. Составена од повеќе од сто тетоважи ...
Во КСП Центар Јадро, утре, 8 февруари, во 20 часот ќе биде отворена самостојна изложба на Елизабета Костова насловена „Градски импресии”. Елизабета целиот свој работен век го поминала и работела како психолог. Но таа отсекогаш била голем вљубеник во уметноста, а особено во сликарството. Таа во себе носи и голем креативен потенцијал, кој избива и е видлив, на почетокот со изработката на различни предмети од применетата уметност. Но нејзината ...
На 8 февруари (четврток) со почеток од 19:30 часот во Културно информативен центар – Скопје, Салон 19.19, низ разговор на новинарот Васко Поппетревски со авторката Фросина Пармаковска ќе биде претставен нејзиниот најнов роман „Сѐ уште можам нешто да сторам”, во издание на издавачката куќа „Или - Или”. „Сѐ уште можам нешто да сторам” е роман за денешнината, за реалноста која е таква каква што ја гледаме, таква каква што ја живееме со сите ...
Последниве неколку години сме бомбардирани со низа наративи за пандемијата на менталното здравје, проблемот со анксиозноста и депресијата кои влијаат на функционалноста и благосостојбата на личноста. Историски гледано, менталните болести и нивниот синоним „лудило“ отсекогаш биле конотирани негативно преку категоријата (не)нормалност, опасност и закана. Затоа ментално болните, лудаците и лудачките оправдано биле социјално изолирани со цел ...
Зошто ВМРО-ДПМНЕ, партијата на македонски националисти, ги прогласи сите победи на македонската држава за порази? Приемот во ОН со референцата, Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за пријателство со Бугарија. Зашто токму поразот и жртвите се изворот на националната хомогенизација што ги збива редовите на нацијата. Победите и хероите не можат да ја постигнат таа цел. Тоа е така секаде, па и во соседна Србија, чијшто случај го објаснува ...
Сергеј Лебедев е руски писател и новинар кој живее и твори во егзил во Берлин. Далеку од Русија, вели дека неговиот дом секогаш ќе биде неговиот јазик – тоа е нешто што останува со вас, кога ќе изгубите се друго. Критичарот на политиката на Путин сонува за нов систем, нова безбедносна конструкција каде нуклеарните сили како Русија нема да можат никого да злоупотребуваат. Неговата проза ги истражува темните дамки на советското минато во кое ...
Вечерва, 6 фрвруари, во 19 часот, во галеријата „Остен” во Скопје, ќе биде отворена самостојна изложба на романскиот уметник Владимир Паун – Врапциу со наслов „Простор”. На отворањето најавено е обраќање на амбасадорката на Романија, Моника Аксинте. „Простор”, како што наведуваат од галеријата, претставува проект во развој кој постојано добива нови форми и димензии, како што всушност се случува и во просторот околу нас, еден постојан, ...
Во организација на Фондацијата Ромите за демократија – членка на пан-Европската мрежа на новоформираната Фондација Ромите за Европа, со посебна улога да го унапреди политичкото учество на Ромите, се одржа настанот „Добро за Ромите, добро за Северна Македонија”. Настанот, кој како што беше најавен во пресрет на неговото одржување, освен што има за цел да ги направи видливи активностите на Фондацијата Ромите за демократија, и, пред сѐ, да го ...
КСП Центар Јадро започнува со февруарската програма во која централно место имаат проектите за социјално-ангажирана уметност во рамки на проектот „Артс Хаб”, и тоа: Покрај почетокот на овие проекти, чии активности ќе се одвуваат и во просториите на Центарот, февруари во КСП Центар Јадро започнува со работилница за пишување и читање љубовни писма „Помеѓу две страници нежно” развиена од визуелнот уметник Дарко Алексовски. На 8 февруари (четврток) ...