
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



26-годишниот А.Д. од Велес е уапсен ноќеска откако на улицата Алексо Демниевски Бауман бил забележан како со голема брзина управува патничко возило нисан со велешки регистарски ознаки. Според информациите од СВР Велес, инцидентот се случил во 00:35 часот на 13 мај 2025 година, кога полицијата го запрела возилото поради прекршување на сообраќајните правила. Наместо да соработува, возачот одбил да му биде извршено алкотестирање, почнал агресивно ...
Вработени во Центарот за јавно здравје во Виница фалсификувале и уништувале деловни книги со што го оштетиле буџетот за 1.450 евра, информираше Министерството за внатрешни работи. Поднесени се кривични пријави за 54-годишниот Г.Н. и за 62-годишниот Љ.К. кои се сомничат дека издале, односно евидентирале лажни здравствени прегледи. „Првопријавениот, во периодот од 01.01.2020 до 07.11.2023, во повеќе наврати впишал и издал здравствени прегледи во ...
Вториот ден од Самитот Македонија2025 понуди богата агенда со фокус на иднината на образованието, трансформативната моќ на вештачката интелигенција, глобалните можности за македонските компании и клучната улога на дијаспората во националниот развој. Утрото започна со панелот „Редефинирање на стратегиите за странски директни инвестиции“, модериран од претседавачот на Одборот на директори на Македонија2025, Виктор Мизо, каде што истакнати ...
Владата на денешната седница ја разгледа и ја усвои информацијата за потреба за основање на Факултет за медицински науки и здравство при Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, соопшти извршната власт. Формирањето на овој факултет, се вели во соопштението, е стратешка неопходност за унапредување на здравственото образование, особено во Пелагонискиот и Југозападниот регион. „Новоформираниот факултет ќе има задача да биде правен наследник ...
„Џон, зошто не се јавуваш на телефон?“ беа првите зборови на новиот папа, без вообичаениот поздрав, кога конечно, по два часа залудни телефонски повици, успеа да го добие својот брат на телефон. Џон Превост, брат на папата Лав XIV, бил на средина од интервју за Асошиејтед Прес кога сфатил дека повикот од плочата во подрумот можеби е од неговиот брат, новоизбраниот папа. „О, ме вика веќе два часа“, рече Џон, гледајќи го екранот со изненадување. ...
Папата Лав XIV се пошегува со италијанскиот тениски ас Јаник Синер. Папата му одговори на новинар кој го запраша дали би одиграл добротворен тениски меч или би се натпреварувал во парови во „белиот спорт“. Еден од новинарите предложи да го поканат Андре Агаси на хуманитарниот натпревар. – Но, не можеме да го викнеме Грешник – рече Лав алудирајќи на англиското значење на презимето на италијанскиот тенисер. Неколку часа подоцна, по мечот со Јеспер ...
Брисел неофицијално ја предупредил министерката за финансии на Бугарија, Теменушка Петкова, дека може да ја запре постапката за премин кон еврото, објави Нова ТВ. Предупредувањето доаѓа откако претседателот Румен Радев повика на референдум за пристапувањето на Бугарија кон единствената европска валута. Претходно ГЕРБ-СДФ предложи барањето за референдум воопшто да не стигне до гласање, ниту во комисиите ниту во пленарната сала на парламентот. Тие ...
На социјалните мрежи се појави драматично видео од обидот за киднапирање на мајка во Париз. На видеото се прикажани маскирани напаѓачи како се обидуваат да киднапираат жена, влечејќи ја низ улицата, додека маж, наводно татко на нејзиното дете, се обидува да ја спаси. Се слуша женски крик, драматичната сцена трае неколку десетици секунди, додека киднаперите на крајот се откажуваат, се враќаат во комбето и бегаат. На улицата има и други минувачи, ...
По еден месец, владата во Пекинг ја укина забраната кинеските авиокомпании да купуваат авиони од американскиот производител Боинг, што се смета за директна последица од договорот меѓу Кина и САД за привремено намалување на тарифите на 90 дена, кој беше постигнат во Женева. На почетокот на оваа недела, кинеските власти ги информираа тамошните авиокомпании и надлежните државни агенции дека можат самостојно да го организираат преземањето авиони ...
„Казната од 12 години затвор за вакво свирепо убиство е ништо друго освен награда за сторителот“. Вака таткото на загинатата Фросина Кулакова, Тодор Кулаков, денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје ја искоментира пресудата за возачот Васил Јованов кој во јануари ја усмрти неговата ќерка удирајќи ја со автомобил. – Само уште кога влегов во судницата забележав дека родителите на Васил Јованов се релаксирани. Дали тие ја знаеја висината на ...
Целосна имплементација на новиот Закон за буџети и усвојување на конкретни мерки за фискална консолидација, намалување на дефицитот, зајакнување на ефикасноста на прибирање на приходите во буџетот, се дел од препораките за земјава содржани во заедничките заклучоци од 11. Економски и финансиски дијалог меѓу ЕУ и земјите кандидати за членство во Брисел. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која учествување на состанокот рече дека ...
Министерката за образование Весна Јаневска денеска изјави дека е премногу рано да се размислува за евентуално нејзино преземање на Министерството за здравство, во случај функцијата да се испразни по најавите дека актуелниот министер Арбен Таравари ќе ја напушти Владата. Одговарајќи на новинарско прашање дали би прифатила да го води Министерството за здравство, Јаневска истакна дека тоа прашање е во надлежност на преговарачкиот тим на Владата и ...
Вкупно 13 научни институти се затворени, а уште 13 се под силен мониторинг и допрва треба да се види колку од нив ќе бидат затворени. Затворена е и една медицинска струка, ќе се затвори и уште една, информира денеска министерката за образование и наука Весна Јасневска. Одговорајќи на новинарски прашања по панелот во рамки на Самитот Македонија 2025, Јаневска рече дека е јавна тајна стекнувањето лажни и незаслужени дипломи. Во вакви случаи, како ...
Две лица со тврд предмет го скршиле стаклото на угостителски објект во Прилеп по што фрлиле рачна бомба која не експлодирала, информираше Министерството за внатрешни работи. Бомбата била безбедно подигната од Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при МВР. „На 12.05.2025 во 08.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека околу 03.00 часот, две лица со тврд предмет го скршиле стаклото од предната ...
Вториот панел од Самитот „Македонија 2025“ во фокусот ги имаше историјата на организацијата, скромните почетоци и големите чекори кои ги прави со една цел – градење на посилна нација! „Ним не им треба претставување. Тие се врвни бизнис-лидери, патриоти со длабока посветеност и искрена страст за придонес кон напредокот на нашата татковина“, гласеше заедничкиот содржател со кој модераторот Боријан Борозанов го најави учеството на Мајк Зафировски, ...
Ако постои перфектна метафора за македонскиот туризам, тоа е хотел “Палас” во Охрид. Некогашната гордост на охридската ривиера, изграден во далечната 1958 година, денес стои како споменик на нашата неспособност да го управуваме културното и туристичкото наследство. И додека објектот се распаѓа, корпоративните игри околу него се одвиваат со несмален интензитет. Contents Нови лица, старо сценарио? Промената во Управниот одбор на “ОхридТурист” е ...
Повеќе од 350 поединци од филмскиот свет, вклучувајќи ги холивудските ѕвезди Ричард Гир и Сузан Сарандон, го осудија геноцидот во Газа во понеделник, само еден ден пред почетокот на овогодинешниот Меѓународен филмски фестивал во Кан. Во отворено писмо објавено од неколку пропалестински активистички групи, тие напишаа дека не можат да молчат. „Не можеме да молчиме додека во Газа се случува геноцид“, напишаа тие во писмо објавено од францускиот ...
Германската полиција во вторник уапси четири лица поврзани со радикалното движење „Кралство Германија“ (Koenigreich Deutschland), кое има за цел да ја замени модерната германска држава со сопствен систем на владеење. Апсењата се извршени како дел од рациите што следеа по забраната на активностите на групата од страна на Министерството за внатрешни работи, соопштија обвинителите. Според обвинителството, групата воспоставила паралелни институции, ...
Пулмологот Саша Сриќа и раководител на Одделот за интерна медицина во КБЦ Загреб беше гостин на нашиот Тихомир Ладиќ во емисијата „Нов ден“, со кого разговараше за состојбата на здравствениот систем во Хрватска. Поставен е камен-темелникот на новиот Институт за имунологија. Саша Сриќа тврди дека имало многу ветувања за подобрување на здравствениот систем: „Верувам во ветувањата на Андреј Пленковиќ и министерката Ирена Хрстиќ. Очајно ни е ...
Договор за Саудиска Арабија да купи американско оружје и друга воена опрема, вредна над 100 милијарди долари, се смета дека е меѓу договорите што Трамп треба да ги објави на неговото патување во Саудиска Арабија, јави Би-Би-Си. Се вели дека дел од пакетот се проектили, ракети, радарски системи и транспортни авиони. САД долго се снабдувач со оружје на Саудиска Арабија, но таа врска се наруши во 2021 година кога администрацијата на Бајден престана ...
Газа се соочува со „критичен ризик од глад“, предупредија експертите за безбедност на храната, десет недели откако Израел воведе целосна блокада на палестинската територија, спречувајќи го влезот на храна, лекови, засолниште и гориво. Во својот последен извештај, Меѓународната класификација за безбедност на храната (IPC), конзорциум од експерти што работи под покровителство на ОН, наведува дека има „сериозно влошување“ на ситуацијата во Газа во ...
Францускиот актер Жерар Депардје беше прогласен за виновен за сексуален напад врз две жени во 2021 година на снимање филм. Судот во Париз го осуди на условна казна од 18 месеци и парична казна од 20.000 евра. Актерот (76) беше осуден за непристојно допирање на 54-годишна сценографка и 34-годишна помошничка режисерка за време на снимањето на „Les Volets Verts“ во Париз, додека Депардје веќе беше под истрага поради обвинувања дека силувал млада ...
Васил Јованов, обвинет за сообраќајната несреќа во која на 29 јануари годинава трагично загина Фросина Кулакова, денеска беше осуден на 12 години затвор, соопшти Основниот кривичен суд Скопје. Судијката Снежана Марковска ја изрече пресудата за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето“, откако беше утврдено дека Јованов со своето несовесно и опасно возење директно придонел за смртта на младата Кулакова. Јованов доби и забрана за ...
По 7 години судење, менување обвинителни акти, стотици страници докази и по неколку одложувања, предметот за наводната трговија со артефакти влезе во својата последна фаза – завршни зборови. Меѓу обвинетите е и познатиот инфектолог и универзитетски професор д-р Вело Марковски. Но, наместо правен расплет, судницата наликуваше на „Рашомон“. Обвинителството се повлекува, но не сосема; судијката повремено губеше фокус, а обвинетите бараа правда. ...
Поранешниот шеф на Постојаната мисија на Македонија при Обединетите нации во Њујорк, Љубомир Фрчкоски, е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување, откако против него и уште три лица е поднесена кривична пријава за финансиски малверзации тешки над 116.000 долари. Според пријавата, Фрчкоски во периодот од април 2022 до октомври 2024 година, како службено лице, постапувал спротивно на инструкциите од Министерството за надворешни ...
Албанскиот политички блок во Северна Македонија минува низ турбулентен период што може да има далекосежни последици за владиното мнозинство и за севкупната политичка сцена. Излегувањето на Арбен Таравари со неговата Алијанса за Албанците од коалицијата ВЛЕН претставува драматичен пресврт во политичката динамика што ја обликуваше пост-изборната реалност. Contents Распаѓањето на ВЛЕН: Знаци што сите ги игнорираа Коалицијата ВЛЕН (Вјоса ...
Во насока на создавање трајни културни вредности и промовирање на македонската култура, издавачката куќа „Арс Ламина“ и Движењето за поддршка на креативноста „Иво Лауренчиќ“ – „Браво сине!“, почнаа нов проект – едицијата Вистински бајки од Македонија. Оваа едиција е инспирирана од вистински личности од нашата историја без чиешто општествено дејствување нашето постоење денес би било незамисливо. – По големиот успех на едицијата Бајки од ...
Во март 2025 година се издадени 334 одобренија за градење, што е за 4% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 20, 2 милијарди денари, што е за 244,2 % повеќе во однос на истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Зголемената предвидена вредност се должи на фактот дека во референтниот период е издадено одобрение за изградба на ...
Германскиот фармацевтски и хемиски гигант „Баер“ објави дека ќе го затвори својот историски објект во Франкфурт до крајот на 2028 година. Ова директно ќе влијае на 500 работни места. Во соопштението за потегот се наведува дека причина е конкуренцијата од Азија и строгите мерки за штедење воведени поради ова. Новата стратегија на „Баер“ предвидува наместо генерички производи за заштита на растенијата, компанијата да инвестира во иновативни ...
Албанија, Македонија и Црна Гора веќе се придружија на СЕПА, што е конкретен напредок кон интеграција во единствениот европски пазар, истакна комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос. Таа смета дека шесет милијарди евра предвидени за земјите од Западен Балкан од Инструментот за реформи и раст се моќна алатка која ќе ја забрза еворинтеграцијата. Кос истакна дека Инструментот не е само финансиска, туку и политичка алатка, бидејќи исплатата на ...