
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Кинескиот лидер Си Џинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп во одделни изјави ден по објавата на договорот за намалување на царините за период од 90 дена, оценија дека договорот е привремен, но е повод за подобрување на односите кои се вжештија откако американскиот претседател почна да ги зголемува царините за Кина. – Нема победници во трговските и царинските војни. Насилството и хегемонијата водат само до самопрогласена изолација – рече ...
„Никогаш не би бил од оние што би одбиле таква понуда“, изјави американскиот претседател во врска со најавата на Катар да подари авион „Боинг 747“ вреден 400 милиони долари на САД, кој би го заменил претседателскиоот авион Air Force One стар 40 години. – Можев да бидам глупав човек и да кажам: „Не, не сакаме бесплатен, многу скап авион“ – изјавил Трамп, препесе АП. Критичарите се загрижени дека примањето на таков подарок може да отвори низа ...
Израелската Влада одобри продолжување на преговорите во Доха за ослободување на заложниците, притоа истакнувајќи дека Израел е посветен на рамковниот предлог на американскиот пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф. Рамковниот предлог предвидува примирје околу 40 дена во замена за ослободување на преостанатите 25 живи израелски заложници, кои Хамас ги држи во Појасот Газа. Но, Израел е против секој договор кој би гарантирал сериозни преговори за ...
Главни теми на потенцијалните преговори помеѓу Русија и Украина би можеле да бидат за територијалниот статус, контролата над нуклеарната централа Запорожје, како и користење на реката Дњепар и пристап на Украина до Црно Море, изјави специјалниот пратеник на Белата куќа, Стив Виткоф во интервју за американскиот портал „Брејтбарт њуз“ (Breitbart News). Тој истакна дека „нема да има договор без одобрување од страна на претседателот на Русија, ...
Вооружени лица убија кандидатката за градоначалник на владејачката партија во мексиканската држава Веракруз. Во инцидентот загинаа уште 4 лица. Есенија Лара Гутиерес од партијата Морено беше нападната на 11 мај во Тексистепек, при што се повредени 3 лица. Тоа е второ убиство во Веракруз на кандидат за градоначалник пред локалните избори, што се закажани на 1 јуни. Гувернерката на Веракруз, Росио Нале, изјави дека помеѓу убиените е и ќерката на ...
Русија распоредува војска шатори, пистии хангари на границата со Финска, покажуваат нови сателитски снимки, пренесува Хелсинки тајмс, цитигирајќи ги мислењата на аналитичарите за неколку клучни бази на меѓата на двете земји. Снимките ги објави шведската телевизија СВТ. Тие покажуваат интензивна активност на четири локации: Каменка на Карелискиот истмус, Петрозаводск, Североморск-2 и Олења. Според проценките, Русија го зголемува своето воено ...
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова, откако на судењето што почна на 9 овој месец обвинетиот Васил Јованов призна вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката што се случи во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Според обвинението, на 29 јануари годинава, Јованов, без возачка дозвола ...
Лидерот на Демократското движење и еден од лидерите на коалицијата Вреди Изет Меџити по излегувањето на Алијанса на Албанците на Арбен Таравари од владината коалиција напиша дека Вреди продолжува по патот на промената. Во објава на „Фејсбук“, Меџити напиша дека Таравари не ја напуштил Владата, туку ја предал. „Ти не донесе промена. Ти не се враќаш кон народот. Ти се враќаш кон црната листа. Ти не ја напушташ Владата. Ти ја предаде Владата“, ...
Скопското село Света Петка, Општина Сопиште, е целосно парализирано. Без електрична енергија, без вода, без никакви основни услови за живот. Жителите утрово се разбудиле без струја, а причината најверојатно се неконтролираните кражби на електрична енергија поради коишто настанал сериозен дефект во дистрибутивната мрежа. Информацијата ја потврдија и од локалната самоуправа и од компанијата Електродистрибуција, која е одговорна за снабдување со ...
Mногуминa од прогонетите од Бугарија поради нивната македонска самосвест во периодот на комунизмот си заминаа без некој да ги запише нивните спомени. Жртвите Македонци од прогоните се илјадници. Колку илјадници – не се знае. Ако во 1956 г., на последниот слободен попис, бројот на Македонците бил 187.000, денес тој официјално е околу 1000, но дури ниту тие 1000 не се признати и немаат малцински права. Но, денес, вистината веќе не може да се крие ...
Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, со локален пороен дожд, грмежи, и засилен ветер, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе има услови за изолирана појава на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 3 степени во Маврово, а најтопло ќе биде во Скопје и во Велес, со дневна температура до 23 степени Целзиусови. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен ...
Има многу можности за инвестирање во Македонија, земјата може да биде Швајцарија на Балканот. Фокусирајте се на енергија, на вештачка интелегенција и на крипто и ќе имате многу просперитет во државата, порача Крис Павловски, директор на компанијата „Рамбл“. Можете да станете следна Шваjцарија за идните генерации, вели тој. – Можам да помогнам со вработувања, да донесам бизниси или инвестиции. Мислам дека Македонија не треба толку да се грижи за ...
Европските сојузници во Лондон со повици до Русија да се согласи на прекин на огнот На состанокот во Лондон, министрите на неколку европски земји инсистираа дека Русија мора да се согласи на 30-дневен прекин на огнот со Украина пред да можат да започнат разговорите за завршување на војната. Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи, Каја Калас, ѝ се закани на Русија со нови санкции доколку наскоро не се постигне прекин на огнот во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека спречил „нуклеарен конфликт“ меѓу Индија и Пакистан откако двете земји во саботата објавија прекин на огнот, со што заврши нивната најсериозна конфронтација во последните две децении. – Спречивме нуклеарен конфликт. Мислам дека ова можеше да биде лоша нуклеарна војна, милиони луѓе можеа да бидат убиени, па затоа сум многу горд – изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа. Американскиот ...
За да го зачува својот социјален модел, Франција која има сè постаро население, ќе мора да продолжи да прифаќа илјадници странски работници, се вели во извештај објавен денеска од левичарскиот тинк-тенк „Тера Нова“. Според анализите на овој истражувачки центар, за да се одржи поволен сооднос помеѓу бројот на вработени и невработени и да се обезбеди „одржливост на социјалниот систем“, Франција треба да прима околу 310.000 имигранти годишно до ...
Владината суперапликација е нашиот клучен проект кој ќе ги донесе услугите до секој граѓанин, вели министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. – Едно од највозбудливите нешта што ги градиме е Super App – нашата национална мобилна апликација за дигитален идентитет и услуги. Сакаме да ја завршиме и да ја лансираме до крајот на оваа година – изјави министерот, кој учествуваше на панел-дискусијата „Дигитални политики и иновации за ...
Ако некогаш сте се запрашале како изгледа инфраструктурен проект од научна фантастика, не морате да патувате далеку. Тука, во срцето на Балканот, никна спектакуларен споменик на фискална неодговорност што ги засенува дури и најлуксузните екстраваганции на древните фараони. Contents Автопатот Кичево-Охрид, или како што локалното население милува да го нарекува „црната дупка на македонскиот буџет”, наводно ги проголта невeројатните 13 милијарди ...
Во процес е формирање на Совет за дијаспората како институционален облик на соработка и постојана комуникација со дијаспората, којашто ќе овозможи нејзина интеграција во македонските работи, рече денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на традиционалниот самит „Македонија 2025“. Таа ги врачи признанијата, кои им се доделуваат на истакнати личности од дијаспората за нивниот придонес во економскиот развој, здравството, социјалната ...
Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков го прогласи за отворен Меѓународниот турнир во Олимписко теквондо „Охрид опен 2025“ што денес се одржува во градов. Во своето обраќање во Спортската сала „Билјанини извори“, градоначалникот Пецаков истакна – Чест ми е што присуствувам на отворањето на годинешниот Меѓународен турнир во Олимписко Теквондо „Охрид опен 2025“ што добива традиционален карактер и зазема се поголемо место на охридската спортска ...
Европските земји значително се разликуваат според висината на просечните плати, а податоците за 2024 година покажуваат фасцинантни разлики меѓу земјите членки на Европската Унија. Contents Додека просечните плати во некои земји за Европејците надминуваат 6.000 евра, во други тие не достигнуваат ни 1.500 евра. Сепак, треба да се земе предвид и куповната моќ, која ја менува сликата и ги намалува разликите во номиналните примања. Во 2024 година, ...
Русија го игнорираше ултиматумот на сојузниците на Киев за прекин на огнот во Украина со лансирање повеќе од сто дронови врз Украина синоќа, додека Киев чека одговор од Кремљ на предлогот на претседателот Володимир Зеленски лично да се сретне со Владимир Путин во четврток во Истанбул. Киев и неговите европски сојузници побараа „целосно и безусловно“ 30-дневно примирје кое почнува од денес, за кое рекоа дека е предуслов за директни мировни ...
Зеленски го покани новиот папа во Украина Украинскиот претседател Володимир Зеленски е новиот папа Лав XIV. поканет да го посети Киев, за да му даде надеж на украинскиот народ. Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес имаше телефонски разговор со папата Лав XIV. и го покани да го посети Киев. Тој рече дека посетата на папата ќе им даде надеж на верниците и на целиот украински народ, објавија странските новински агенции.„Тоа беше нашиот ...
Стратегии за забрзан економски раст преку болни реформи, значењето на дигиталните политики и иновациите за економија подготвена за иднината, улогата на глобалните економски партнерства, како и иднината на парите, медиумите и дигиталната слобода, се дел од темите на првиот ден од 14-тото издание на Самитот на Македонија2025. Самитот беше официјално отворен со поздравни обраќања на претседателот на Одборот на директори на Македонија2025, Виктор ...
Полицијата поднесе кривична пријава против две вработени во Управни работи во Куманово за несовесно работење во службата. „СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.А.(43) од Куманово и М.И.(41) од село Липково, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело Несовесно работење во службата, по член 353-в од Кривичниот законик. М.А. – вработена на работно место помлад референт за управни работи во Отсек за управни работи ...
Глобалните инвеститори го поздравија договорот за царините на САД и Кина, оценувајќи го како олеснување на трговската војна што ја започна американскиот претседател Доналд Трамп со огромни тарифи. Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна за 0,29% на 41.249,38 поени, индексот S&P 500 за 0,58% на 5.659,91 поени, додека вредноста на индексот Nasdaq остана стабилна на 17.928,92 поени. Азиските пазари, исто така, забележаа ...
Бројот на туристите во март 2025 година изнесува 70.902, од кои 22% се домашни туристи, а 78% се странски туристи, објави Државниот завод за статистика. Бројот на ноќевањата во март 2025 година изнесува 132.015, од кои 28% се од домашните туристи, а 72 % од странските туристи. Во периодот јануари – март 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 10,6%, односно кај домашните туристи има ...
Министерството за животна средина и просторно планирање денеска во Новаци одржа јавна расправа по студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот „Експлоатација на јаглен од наоѓалиштето Живојно со површинска технологија“. Активирањето на наоѓалиштето Живојно, кое според истражувањата има околу 24 милиони тони јаглен, ќе овозможи АД ЕСМ целосно да ги покрие потребите од овој енергенс од сопствено производство. -Динамиката за ...
Европските лидери од Лондон го повикаа рускиот претседател Владимир Путин сериозно да го сфати условот за 30-дневно примирје во Украина. Портпарол на Европската комисија денеска изјави дека доколку Русија продолжи со нападите врз Украина, нема да има можност за мировни преговори и дека не е исклучена можноста следните санкции да го опфатат гасоводот „Северен тек“ кој би станал неисплатлив проект. – Во изминатите години тесно ги координираме ...
Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, објави на Телеграм видео од францускиот претседател, Емануел Макрон, британскиот премиер, Кир Стармер, и германскиот канцелар, Фридрих Мерц, во воз на пат кон Киев. Во тоа видео, Макрон крие непознат предмет од камерите. Захарова напиша под објавата дека судбината на Европа е одредена „во секоја смисла, од привремени владетели кои се зависници“. „Откако го убедија ...
Премиерот на Полска, Доналд Туск по едногодишната истрага изјави дека руските тајни служби го организирале големиот пожар при што целосно беше уништен трговски центар во Варшава во мај 2024 година. „Сега со сигурност знаеме дека големиот пожар на улицата Маривилска е резултат на палење нарачано од руските служби. Акциите биле координирани од лице кое живее во Русија. Некои од сторителите веќе се приведени, а по другите идентификувани сè уште се ...