
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Додека Охридското Езеро се бори за здивот под заканата од загубата на статусот на светско наследство под заштита на УНЕСКО, еден објект стои како споменик на системски неуспех – хотелот на “Чичко Никола” Никола Толевски во населбата Лагадин. Објект чија изградба беше проследена со јавен отпор, петиции и предупредувања – денес е пред завршување, оставајќи зад себе низа неодговорени прашања и еден застрашувачки преседан за иднината на охридското ...
Доколку се утврди драстично зголемување на цените на прехранбените производи на крајот на месецов ќе бидат применети мерки кои ќе траат до крај на годинава, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Мицкоски рече дека засега нема драстично поскапување на производите, но додаде дека нема да се толерираат трикови во кои, како што рече, „преку прокси правни лица ќе се изнесуваат пари под плаштот на маркетинг и пи-ар услуги, а со тоа практично ќе ...
Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 мај со почеток во 20.00 часот во рамките на 53. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Операта ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Грција, Мирон Михаилидис, режијата е на Ренато Бонајуто (Италија), сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, кореограф е Маја ...
Поетот Тихомир Јанчовски, во поетската едиција на Книгоиздателството Макавеј го објави новиот поетски ракопис со наслов „Пеколот е мало место“, којшто на интересен начин се надоврзува на неговиот претходен поетски опус. Новата стихозбирка на Јанчоски донесува педесетина нови песни и е поделена на циклусите „Обиди се да сфатиш“, „Годините врват“, „Секогаш од љубов“ и „Куќа за птици. Оваа нова поетска објава на Јанчовски е проследена со поговор ...
Голема количина на ПЕТ амбалажа и мешан отпад беа собрани во рамки на еколошката акција „Генералка Викенд“ која се одржа изминатиот викенд во Охрид. Акцијата ја реализираа Општина Охрид и ЈП „Охридски Комуналец“. Во теренските активности беше опфатен потегот од плажата после хотел„Метропол“ до нас.Лагадин каде чистеа вработените од Шпаркасе Банка. На потегот од Грашница до подрачното училиште „Св. Климент Охридски“, чистеа вработените од „Костал ...
Дали некогаш сте се запрашале што би се случило ако кивнете со отворени очи? Не грижи се, очните јаболка нема да ти излезат. Но, капиларите во очите можат да пукнат. Повеќето луѓе несвесно ги затвораат очите кога киваат, но тоа не е случај за сите, пишува Крстарица. Некои луѓе можат да кивнат со отворени очи без никаков проблем. Не грижете се, експертите ве уверуваат дека е невозможно ова да предизвика вашите очни јаболка да испаднат, како што ...
Саудискиот државен нафтен гигант „Арамко“ објави профит од 26 милијарди долари во првиот квартал, што е намалување од 4,6% во однос на претходната година, што влијае на плановите за инвестирање на земјата. Причина за ваквите резултати на компанијата е падот на глобалните цени на нафтата. Дополнително падна и вредноста на акциите на овој нафтен гигант. Тие се тргуваа по нешто повеќе од 6 долари по акција, што е намалување од максимумот од 8 ...
Проектот „Моќта на Сибир 2“ влегува во фаза на забрзана имплементација – по директната одлука на рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џипинг. Овој стратешки гасовод вреден помеѓу 10 и 15 милијарди долари. Станува збор за гасовод што ќе ги поврзе наоѓалиштата на Западен Сибир со кинескиот регион Синџијанг, со капацитет за испорака до 50 милијарди кубни метри гас годишно. Новата траса поминува низ Монголија, по трасата позната ...
И покрај серијата економски и геополитички шокови во последните неколку години, успешно се зачува, па дури и зајакна макроекономската стабилност, којашто претставува темел за одржлив економски раст и постепено приближување на доходот кон просекот на Европската Унија, оцени гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите партнерки од Западен Балкан, којшто се ...
Европската комисија погреши кога одби да ги објави текстуалните пораки разменети меѓу претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, и извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, за време на врвот на пандемијата на коронавирусот, пресуди Општиот суд на Европската унија, објави „Политико“. Ова се пораки разменети пред потпишувањето на договор за вакцини вреден милијарда евра меѓу ЕУ и фармацевтскиот гигант Фајзер. Оваа пресуда би можела ...
Од 2014 година, Меѓународниот ден на јогата се слави секој 21 јуни. Во Лумбарда на Корчула, тој ќе биде одбележан со еднодневен фестивал на јога на познатата плажа Пржина таму. Овогодинешното одбележување на Меѓународниот ден на јогата во Пржина во Лумбарда ќе започне оваа недела, 18 мај, во 9 часот наутро. Потоа, како претходница на главното одбележување на Меѓународниот ден на јогата, ќе се одржи работилница за јога, организирана од ...
Германските потрошувачки цени во април паднаа на најниско ниво за шест месеци, како што првично се проценуваше, поради падот на цените на енергијата, покажаа податоците од државниот завод за статистика Дестатис во среда. Инфлацијата во април изнесуваше 2,1 процент на годишна основа, по зголемувањето на цените од 2,2 проценти во март. Цената е во согласност со првичната проценка. Базичната инфлација, која ги исклучува цените на храната и ...
Владата на Обединетото Кралство создаде и почна да ја воведува и користи својата алатка со вештачка интелигенција, којашто ќе се користи за анализи на податоци и испитување на јавното мислење, а со цел подобро управување и заштеда на средства, трошоци, како и времето на вработените во самата институција. Вештачкоинтелигентната алатка „Консалт“ (Consult), имено, прво била користена од Шкотската влада за консултации при испитување на мислењето на ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека без директна средба со Владимир Путин во Турција, иницијативата за нова рунда мировни преговори ќе биде бесмислена и ќе се доживее како целосен пораз на рускиот претседател, објави РБЦ Украина. Од Кремљ, пак, потврдуваат дека руската делегација ќе биде во Истанбул на 15 мај и очекуваат присуство и од украинска страна. – Никој не знае колку долго ќе трае војната. Но, не 10 години. Украина ...
Општиот суд на ЕУ пресече во врска со аферата Фајзергејт во која е обвинета првата жена на ЕУ. Урсула фон дер Лајен загуби по сите точки во предметот. Пресудата веројатно ќе има огромни последици врз транспарентноста и врз одговорноста во ЕУ и ќе нанесе огромен удар врз угледот на фон дер Лајен, пишува бриселски Политико. „Со пресудата на судот против неа, тоа обезбедува политичка муниција за широк спектар на критичари. Тоа е исто така голем ...
Европската Унија го формулира својот 17-ти пакет санкции против Русија, кој официјално ќе биде одобрен во вторник. Според неофицијални информации, мерките ја ограничуваат руската флота за нафта во сенка. Исто така, предвидува санкции против поединци за кибернапади, кршење на човековите права и саботажи во Европа. Земјите-членки на ЕУ денес одобрија нов, 17-ти пакет санкции против Русија, со кои унијата, според извештаите, ја ограничува руската ...
На 13.05.2025 во село Дедели, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишиле од слобода Џ.О.(43) од село Дедели. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, билa пронајденa марихуана. Лицето било задржано во Полициската станица Валандово, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и во текот на денот ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава, по што Џ.О. ќе ...
Хозе Мухика, поранешен левичарски герилец кој подоцна стана претседател на Уругвај, почина во вторникот на 89-годишна возраст, објави уругвајскиот претседател Јаманду Орси на X. Мухика, познат како Пепе кај Уругвајците, ја водеше левичарската влада на малата јужноамериканска земја од 2010 до 2015 година, убедувајќи ги гласачите дека неговото радикално минато стои зад него. „Со длабока тага ја објавуваме смртта на нашиот другар Пепе Мухика“, ...
Врховниот суд на 7 мај ја укинал пресудата од 3 години и 10 месеци затвор за Васил Јованов (21) што му ја изрече Апелацискиот суд во второстепената постапка за трговија со дрога. Јованов денеска во Кривичниот суд беше првостепено осуден на 12 години затвор затоа што на 30 јануари смртно ја прегази Фросина Кулакова (22) на пешачки премин во Скопје. Апелацискиот суд во февруари годинава ја собори пресудата на судијката Даниела Алексовска ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека ќе направи сè, со цел неделава да се одржи најавената средба со рускиот претседател Владимир Путин во Турција, со посредство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. – Доколку Путин не е подготвен да дојде во Анкара, Ердоган и јас сме подготвени да одлетаме за Истанбул. Ќе направиме сè, за да се случи таа средба. Никој освен мене не може да преговара со Путин. Тоа се мои должности ...
Руската делегација ќе ги чека украинските претставници во Истанбул, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков. „Нашата делегација ќе биде таму и ќе ја чека украинската страна“, изјави портпаролот на Кремљ за телевизијата „Росија 1“. Тој не го откри составот на преговарачката група од руска страна, ниту пак го прецизираше времето на почетокот на состанокот. Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска најави дека очекува со ...
Додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт ДУИ и Али Ахмети ќе бидат во опозиција, истакна вечерва пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов во гостување на Канал 5. „Да испратам една порака до сите, пред сè до граѓаните на Република Македонија, а тоа е дека сè додека оваа актуелна политичка генерација, предводена од премиерот Христијан Мицкоски сме здрави и живи и сè додека имаме поддршка од граѓаните, Али Ахмети, Бујар Османи, Артановци и на нив сличните нема ...
Русија и Украина би можеле на 15 мај во Истанбул да разговараат за тоа како да обезбедат одржлив мир, како и за реалноста на терен, вклучувајќи го и прашањето за териториите, изјави денеска заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков. Тој наведе дека Русија е подготвена сериозно и одговорно да преговара, но оти „сегашните политичари во Киев се неспособни за преговори“. Рјабков наведе дека темите во Истанбул ќе бидат исти ...
Американскиот претседател Доналд Трамп и саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман денеска во Ријад потпишаа договор за стратешко економско партнерство меѓу САД и Саудиска Арабија. Партнерството вклучува договори во областите на енергетиката, рударството и одбраната. Договорот за одбрана се фокусира на воената соработка меѓу двете земји, вклучувајќи ја модернизацијата и развојот на капацитетите на саудиските вооружени сили. Беа потпишани и ...
Владата на денешната 73. редовна седница ја усвои информацијата за давање согласност за финансиски средства за набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер, инсулински пумпи со потрошен материјал и сензори за континуирано мерење на гликемија за периодот април 2025-април 2027 година во износ од 2.319.311.828 денари (37 милиони евра со вклучен ДДВ. Од овие пари, 1.854.864.916 денари се потребни за инсулинска терапија и ...
Најстудено ќе биде во Маврово, каде утринската температура ќе се спушти до 2 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија, Демир Капија и во Велес, каде температурата ќе достигне до 24 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево, со мала облачност. Температурата во главниот град ќе се движи од 7 до 24 степени Целзиусови. За следните денови УХМР најавува дожд. Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд се очекува во четврток кон крајот на денот и во ...
Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за кои постои сомнение за сторено продолжено кривично дело Измама од член 247 од Кривичниот законик. „Пријавениот сопственик на правното лице, со цел да прибави противправна имотна корист за себе и за својата фирма, лажно прикажувал факти дека врши посредување при продажба на станови и возила во сопственост на Агенцијата ...
Во ера на модерна медицина и високи технологии, една од најважните кардиолошки болници во државата е сведена на недостапен објект заробен зад непрооден пат. Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во Охрид – единствената институција за третман на масовни инфаркти во регионот – се претвори во медицинска тврдина до која, парадоксално, не може да се пристапи кога е најпотребно. Contents Када ...
Маж на возраст од 21 година е уапсен под сомнение дека го запалил домот на британскиот премиер Кир Стармер во северен Лондон. Полицијата се сомнева дека пожарот бил подметнат со „намера за загрозување на животот“. Метрополитенската полиција потврди дека осомничениот е уапсен во раните утрински часови и е во притвор, објави Вашингтон пост. Апсењето е поврзано со 3 одделни пожари што се случија во северен Лондон во текот на изминатата недела: ...
Москва ги смета воените вежби на НАТО во Литванија како насочени против Русија и ќе преземе мерки за неутрализирање на сите напори на алијансата насочени против Русија, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Грушко, објави Киев Индепендент. Грушко го коментираше почетокот на сојузничките вежби „Силен штит 5“, кои се одржуваат од 12 до 18 мај во округот Паневежис во Литванија, кој се граничи со уште една членка на НАТО, ...