
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Светскиот економски форум денеска потврди дека започнал истрага против својот основач Клаус Шваб, по добивањето анонимна пријава за злоупотреби на пари на форумот. Шваб кој деновиве ненадејно поднесе оставка ги негира тврдењата и најави тужба. Во соопштението Форумот се вели дека Одборот на доверители „едногласно ја поддржал одлуката на Одборот за ревизија и ризик да иницира независна истрага по писмото на свиркачот кое содржи наводи за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го омекна својот претходен остар тон по неколкунеделните одмазднички мерки кои ги зголемија царините за увоз на кинески производи до 145%. – Царина од 145% е многу висока и нема да остане на тоа ниво. Нема да биде блиску до тоа. Ќе се намали значително. Но, нема да биде нула – изјави Трамп, одговарајќи на прашања на новинарите во Белата куќа. Американскиот лидер минатата недела рече дека се надева дека ќе ...
Истанбул го потресоа три земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 6,2 степени. Луѓето во паника трчаа на улица. Се уште нема извештаи за штети или жртви. Тлото се затресе во Истанбул, најголемиот град во Турција. Три земјотреси го потресоа градот, првиот со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала го погоди во 12:13 часот, вториот во 12:49 часот со јачина од 6,2 степени, а третиот во 12:51 часот со јачина од 4,4 степени. Според ...
Лондон денеска е домаќин на нов меѓународен состанок на ниско ниво за Украина, во сенка на наводниот американски предлог за ставање крај на војната. Според извештаите на медиумите, предлогот ќе бара Украина да се откаже од сите окупирани територии. Се вели дека рускиот претседател Владимир Путин е за замрзнување на конфликтот. Денеска во Лондон ќе се одржат разговори на ниско ниво за Украина. Шефот на британската дипломатија Дејвид Лами денеска ...
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс изјави дека Вашингтон очекува и Украина и Русија да се откажат од некои територии за да постигнат мировен договор, пренесе Укринформ, повикувајќи се на агенцијата Блумберг. Според него, демаркациската линија веројатно нема точно да се совпаѓа со сегашната линија на фронтот, но ќе биде блиску до неа. – Сегашните линии (на фронтот) или нешто блиску до нив е местото каде што мислам дека може да се повлечат ...
Повеќе од 50 лица се опфатени во денешната полициска акција во која се открива мрежа за незаконско прикажување лажни дијагнози со кои се овозможувало користење финансиска помош за туѓа нега и инвалидски пензии. Contents Обемната операција ја спроведува Бирото за јавна безбедост (БЈБ) при Министерството за внатрешни работи (МВР) на територија на повеќе градови низ Македонија. Акцијата е насочена кон сузбивање организиран криминал и корупција во ...
Поранешниот директор на Центарот за култура „Григор Прличев“ го оштетил буџетот на оваа установа за 151.290 денари, односно околу 2.500 евра, информира Министерството за внатрешни работи. Охридската полиција поднесе кривична пријава за 48-годишнио Г.С. за несовесно работење во службата. Според соопштението, за време на одржување на фестивал на народни песни и игри 2023 година, за сместување на 72 лица, од туристичка агенција им била издадена ...
Полицијата приведе две лица од Прилеп кои се сомничат дека го предизвикале пожарот на градската депонија во Демир Хисар, притоа, како што се вели во полициското соопштение, предизвикале општа опасност. Лицата С.Ф.(28) и А.С.(48) ќе добијат соодветни пријави откако случајот ќе биде документиран, информира Министерството за надворешни работи. Според претходно соопштение на Центарот за управување со кризи(ЦУК), пожарот опфаќал горење автомобилски ...
Државата е на раскрсницата помеѓу стариот систем и новата европска иднина. Планот за раст и Реформската агенда не е само услов за интеграција. Таа е инструмент за оздравување на нашето општество. Интеграциите и растот се наш компас, но реформите мора да бидат наши одлуки, наши политики, наше национално зреење. Корупцијата е системски проблем, не индивидуална девијација, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски на Тркалезната маса за ...
„Мицкоски ако не го дава, еве… Мислам дека доволно кажа треба да се определи, значи, легитимно, има право да соработува со ДУИ, но во тој момент, значи, треба и тоа да го објави, да не се срами и да, да премине во тој табор“. Вака одговори лидерот на Демократското движење од коалицијата Вреди и вицепремиер Изет Меџити на прашањето што доколку лидерот на Алијанса за Албанците и министер за здравство остане во владата по најавите дека Тавари може ...
Д-р Јохана Будвиг, позната германска биохемичарка, во 1950-тите развила маслено-протеинска диета која може да помогне во лекувањето на многу сериозни болести. Оваа научничка има напишано десетина книги, меѓу кои: „Рак – проблем и решение“ и „Масло-протеинска книга за готвење“. Поради нејзиното истражување, д-р Будвиг била номинирана за шест Нобелови награди. Сè е до исхраната Д-р Будвиг верувала дека ракот, како и огромното мнозинство на други ...
По цел месец „нечкање”, најпосле го дочекавме продолжението на институционалната сапунска опера наречена „Контрола на Охрид Трчат”. Даночните инспектори од УЈП-Битола одеднаш станаа најзафатени луѓе во државата – немаа време за контрола на сомнително здружение, како што немаме време да ја платиме струјата на време. А изговорот е класичен бирократски бисер: „премногу сме зафатени”. Но, зафатени со што точно? Можеби со контрола на малиот локален ...
Раст на македонската економија од 3,2% за годинава и за следната 2026 година прогнозира Меѓународниот монетарен фонд во најновиот извештај. Стапката на инфлација, според ММФ, годинава ќе изнесува 3,4%, а следната година 2,2%. Во регионот, за Србија е прогнозиран раст од 3,5%, Албанија, 3,8%, Косово, 4%, Црна Гора, 3,2%, БиХ, 2,8%. ММФ во најновиот извештај ги намали прогнозите за економски раст за 2025 година, истакнувајќи оти зголемените царини ...
Во серија успешни акции, Царинската управа на Република Македонија открила и спречила неколку обиди за криумчарење различни видови на стока преку аеродроми и гранични премини во земјата. На Меѓународниот аеродром Скопје, државјанин на Обединетите Арапски Емирати, родум од Индија, се обидел да внесе 76 непријавени парфеми со потекло од Дубаи. Патникот се определил за т.н. „зелен канал“, наменет за оние кои немаат ништо да пријават, но бил ...
Милијардерот Илон Маск изјави синоќа дека од мај планира да поминува значително помалку време работејќи за американскиот претседател Доналд Трамп, откако неговиот производител на електрични автомобили пријави намалување на профитот. Тој рече дека ќе го насочи својот фокус кон управувањето со „Тесла“ од мај. Маск, исто така, рече дека клучната работа на Комисијата за владина ефикасност (DOGE) во голема мера е завршена. Тој додаде дека има намера ...
Советот на министри на Босна и Херцеговина ја прогласи саботата 26 април за Ден на жалост по повод смртта на папата Франциско. Во објава на социјалната мрежа Х, Советот во вторникот вечерта соопшти дека одлуката за Денот на жалоста е донесена на вонредна телефонска седница. Денот на жалост се одбележува со задолжително истакнување на знамето на БиХ на зградите на институциите во БиХ на половина копје или на јарболот. Се препорачува Јавниот ...
XDR Typhi не само што е отпорен на најчесто администрирани антибиотици, како што се ампицилин, хлорамфеникол и триметоприм/сулфаметоксазол, туку и отпорноста на нови антибиотици, како што се флуорохинолоните и цефалоспорини од трета генерација, се зголемува. Тифусна треска можеби е ретка во развиените земји, но оваа болест, за која се смета дека постои со милениуми, сè уште претставува голема опасност, а според истражувањето објавено во 2022 ...
Руски дрон рано утринава погоди автобус со работници во украинскиот град Марханец, убивајќи најмалку 9 лица во бран напади чија цел е цивилна инфраструктура во источна, јужна и централна Украина, соопштија официјални лица. Целосните размери на нападите, кои ги држеа Киев и источната половина на Украина будни неколку часа во текот на ноќта, сѐ уште не се познати. „Русите нападнаа автобус со вработени на компанија кои одеа на работа во Марханец“, ...
Израелската влада сподели, а потоа избриша објава со сочувство на социјалните мрежи за смртта на папата Франциск, без да ја наведе причината за тоа, јавија денеска британските медиуми. Израелските медиуми го поврзаа ваквиот потег со критиките што покојниот папа Франциск ги упати кон раководството на еврејската држава поради војната во Газа. „Почивај во мир, папа Франциск. Нека неговиот спомен биде благослов“, беше објавена во понеделникот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека „нема намера“ да се обиде да го отпушти претседателот на Федералните резерви Џером Пауел, и покрај неговите лути објави на социјалните мрежи насочени кон шефот на централната банка во последните денови. Трамп рече дека „никогаш“ немал намера да го отпушти шефот на ФЕД, додавајќи дека „затајува во работите“. Но, тој го повтори своето верување дека Пауел треба да ги намали каматните стапки. ...
Мировните преговори за Украина, кои беа закажани за денеска во Лондон, а требаше да ги води шефот на британската дипломатија, Дејвид Лами, се одложени, соопшти британското Министерство за надворешни работи. Во соопштението на Форин Офисот се наведува дека „состанокот за мировните преговори за Украина со министрите за надворешни работи, закажан за денеска (среда), е одложен“, но дека разговорите на официјално ниво ќе продолжат зад затворени ...
Телото на папата Франциск пред неговото изложување во базиликата Свети Петар, каде што верниците ќе имаат можност да оддадат почит, привремено е балсамирано за да ги издржи топлите временски услови во Рим, изјавија експерти. – Телото на Франциск беше подложено на процес на привремено балсамирање, познат како танатопраксија – рече основачот на италијанскиот Национален институт за танатопраксија (ИНИТ), Андреа Фантоци. Тој појасни дека тоа ...
Под влијание на плитка фронтална долина која се наоѓа над југоисточна Европа, во Македонија од денеска до крајот на неделава времето ќе биде променливо облачно со честа појава на повремени врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи. Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој може да услови локални поплавувања, силен ветер, електрични празнења и со појава на ...
Со исказот на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо денеска во Кривичниот суд во Скопје ќе продолжи судењето за грабнувањата и за свирепите убиства на Вања Ѓорчевска (14) и Панче Жежовски (74), извршени во ноември 2023 година. Освен на Палевски, за злосторствата им се суди и на Велибор Манев, Боре Видевски и на Влатко Кешишев, а петообвинет во процесот е Александар Ѓорчевски за помагање во грабнувањето на неговата ќерка. Минатото рочиште на 16 ...
Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со изолирана појава на град, информира УХРМ. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има ...
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 44-годишен скопјанец кој се товари дека сторил кривично дело – Демнење од член 144-а став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од јули до октомври 2023 година обвинетиот повторено неовластено ја следел неговата поранешна сопруга, настојувајќи да воспостави несакан контакт со неа. Постојано ѝ се јавувал на телефон, ѝ праќал пораки, се движел околу зградата ...
Анализата на содржината во цревата на повеќе од 1.500 азиски ларви на стршлени со помош на методи на длабоко секвенционирање откри дека тие консумирале повеќе од 1.400 различни видови инсекти, вклучително и бројни видови кои опрашуваат растенија. Европа се соочува со нова закана за природната рамнотежа, инвазивен вид стршлен роден во Југоисточна Азија. Азискиот стршлен (Vespa velutina), познат по својата агресивна природа и незаситност, се шири ...
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам: Р Е Ш Е Н И Е за свикување на 45-та седница на Советот на општината Дебрца Ја свикувам 45–та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 24.04.2025 година (четврток), со почеток во 13.00 часот, салата за ...
Еден од најефикасните трикови за подобрување на изгледот на вашата кожа е миењето на лицето со ладна вода, а овој ритуал не само што ве буди, туку носи и резултати кои веднаш ќе ги забележите. Имено, експертите тврдат дека студената вода има бројни придобивки за кожата, а најважен ефект е моменталното затегнување. “Кога го миете лицето со ладна вода, крвните садови се стеснуваат, што го намалува отокот и го зголемува тонот на кожата. Овој брз ...
Вкупно има повеќе од 250 кардинали, но оние над 80 години немаат право да учествуваат на конклавата. Со тоа остануваат 135 кардинали кои ги исполнуваат условите, кои ќе се упатат во Рим во наредните денови. Нов стил на папство Во 12-те години од неговиот понтификат, папата Фрањо назначи околу 110 кардинали, ширејќи мрежа на полиберални кардинали низ светот. Некои набљудувачи на Ватикан сугерираа дека тој ја смислил конклавата за да има корист ...