Ракометарите на Охрид во рамки на 12 коло од Супер лигата во среда, 12 ноември, ја пречекуваат екипата на Алкалоид. Алкалоид е тежок противник, еден од тимовите кои ќе се борат за титулата оваа година. Максимално треба да влеземе во натпреварот и се надеваме на два бода. Сакаме да го одбраниме нашиот домашен терен, како и до сега оваа сезона, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Дарко Џукиќ. Натпреварот се игра во салата „Билјанини Извори“ со ...

По само три дена од дербито во „Јане Сандански“ и поразот од Вардар, екипата на Алкалоид е пред уште еден голем тест во домашната Суперлига. Втората фаза од шампионатот тимот од Автокоманда го започнува со тешко гостување кај директниот конкурент за највисок пласман – Охрид. Еден од новајлиите покрај езерото, Дарко Ѓукиќ, вели дека максимално треба да се влезе во овој натпревар и посакува да се одбрани домашниот терен и да се освојат двата бода. ...