Бракот со прв братучед создава посилни системи за поддршка на проширеното семејство, а нуди и економски предности, наведе англиската Национална здравствена служба (НХС) во официјалната Програма за геномско образование, која веќе е повлечена од интернет. Во препораката се признава дека децата родени од први братучеди се соочуваат со зголемен ризик од наследни нарушувања, но се додава дека „многу други работи го зголемуваат овој ризик, како ...

Последниот извештај на Меѓународната федерација за роботика, глобална трговска група која ја следи индустријата вели дека кинеските фабрики само лани инсталирале речиси 300.000 нови индустриски роботи. За перспектива, Соединетите Американски Држави, најголемата економија во светот, инсталирале само 34.000. За секој нов робот што ќе рмба на американска производствена линија, Кина вклучила речиси девет. Вкупно, бројот на индустриски роботи што ...

55-годишниот музички могул беше уапсен на 16 септември 2024 година и обвинет за рекетирање, две точки за сексуална трговија со луѓе и две обвиненија за транспорт заради проституција. На 2 јули, Шон Комбс беше ослободен од обвиненијата за рекетирање и сексуална трговија со луѓе, но беше прогласен за виновен за транспорт за проституција. Судијата Арун Субраманијан го осуди Диди на 50 месеци затвор и половина милион долари казна. Иако случајот на ...

Министерот за одбрана Борис Писториус најави дека Германија ќе инвестира 35 милијарди долари до 2030 година за да ја зајакне одбраната на воените сателити од зачестените закани од Русија и од Кина. Тој бара развој на офанзивни капацитети во вселената, за да може да се одвратат непријателски акции. НАТО ја прогласи вселената за оперативен домен уште во 2019 година. Писториус истакна дека два руски шпионски сателити „Лукс Олимп“ постојано ги ...

Чарли Џавис, која беше меѓу 30-те најнадежни финансиери на листата на Форбс, е осудена на седум години затвор поради измама од 175 милиони долари. За тие пари во 2021 година на ЏП Морган Чејс им го продала својот стартап „Франк“, како платформа што им нуди помош на милиони студенти за пополнување апликации за федерална финансиска помош. Идејата на банкарите била да добијат пристап до милиони млади Американци спремни за колеџ и да им понуди ...

Откако Маск се приклучи на протестот против „воукизмот“ акциите на најпопуларната компанија за стриминг услуги изгубија 4,3% од вредноста. Пазарната капитализација на фирмата падна од 498 милијарди долари во средата на 482,9 милијарди во четвртокот, според податоците од stockanalysis.com. Нетфликс, кој има 300 милиони корисници, одамна трпи критики дека промовира „будна“ содржина, но проблемот ескалираше во отворен судир откако режисерот Хамиш ...

Научниците за прв пат директно го измериле мистериозниот слаб извор на емисија на фотони кај живи глувци и растенија. Забележале дека нивоата на „биофотони“ паѓаат кратко време по смртта на организмите. Одговор на прашањето зошто растенијата и животните светат би можеле да им дадат на научниците револуционерна дијагностичка алатка за следење на нивното здравје или подобро разбирање на живите системи. Екипа научници од Универзитетот во Калгари ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан вчера изјави дека уште лани му ја претставил на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи иницијативата за преселба на главниот град. Предлогот бил отфрлен и бил предмет на многу критики. Така поминала и иницијативата на поранешниот претседател Хасан Рохани, кој своевремено изготвил и конкретен план. Пезешкијан тврди дека кризата со достапните ресурси во Техеран навлегува во критична фаза. Минатата година ...

Владата можела да ги избегне сите грешки што им нанеле штета на децата за време на пандемијата на ковид и затоа премиерот мора официјално да им се извини, порача баронесата Ен Лонгфилд сведочејќи во парламентарната истрага. Децата и младите луѓе што ја претрпеа пандемијата на ковид, од кои некои сега ќе бидат возрасни, а некои тукушто почнуваат со училиште, заслужуваат извинување од премиерот кога ќе биде заклучен извештајот. Официјалното ...

Лидерите на Европската Унија на самитот во Копенхаген изразија широка поддршка за идејата за користење на руски средства замрзнати на Запад за да се обезбеди заем од 140 милијарди евра за Украина. Правните и финансиските аспекти сè уште треба да се решат. Меѓународното право забранува конфискација на суверен имот, па затоа ЕУ ќе мора да најде начин да продолжи да го признава правото на Москва врз средствата на нејзината централна банка и да ја ...

Поттикнати од статистичките податоци дека жените во просек живеат подолго од мажите без оглед на географските и социјалните услови, научници од Институтот Макс Планк за еволутивна антропологија го прошириле спектарот на истражување кај 1.176 видови цицачи и птици. Навистина е чудно што жените живеат подолго во речиси секоја земја во светот. Затоа бевме заинтересирани да го разгледаме ова од поширока таксономска перспектива, вели Јохана Штерк, ...

Имигрантите во Холандија досега можеа да покренат процес на натурализација по пет години постојан престој во земјата. Властите проценуваат дека тоа не е доволно време за интеграција во системот и бараат рокот да биде зголемен на една деценија. Со продолжување на периодот на натурализација од 5 на 10 години, ние осигуруваме дека луѓето имаат посилна врска со нашето Кралство, дека се навистина добро интегрирани и дека можат целосно да ...

Со иницијативата за засилена лојалност ќе бидат опфатени сите цивилни и униформирани службеници во Пентагон, односно околу 5.000 луѓе - од канцелариски асистенти до генерали со четири ѕвездички, изјавиле два анонимни извори за Вашингтон пост. Сите офицери, функционери, службеници и лица ангажирани на договор во Министерството за одбрана и во Здружениот Генералштаб ќе бидат обврзани да потпишат договор кој строго забранува откривање информации ...

Во изминатите месеци бројот на поединечни тужби поднесени од жени во САД против Фајзер се зголемил тројно на повеќе од 1.300. Адвокатската канцеларија Левин Папантонио, која ја покренува колективната тужба, очекува бројот на оштетени жени да се искачи на помеѓу 5.000 и 10.000. Потенцијалната сума на бараната отштета ќе биде неколку милијарди долари. Студија објавена во Британскиот медицински журнал во март 2024 година покажа дека продолжената ...

Кога манипулираната клетка од кожа биле оплодена со сперма, таа почнала да се развива во ембрион, но експериментот бил запрен на шестиот ден – во моментот кога при класично ин витро оплодување ембрионот би бил префрлен во матката. Авторите на истражувањето од Универзитетот за здравство во Орегон укажуваат дека е малку веројатно дека ембрионот би се развивал во матката. Сепак, велат дека техниката еден ден би можела да се примени како алтернатива ...

Обемната анализа „Зелено во сиво“, спроведена од новински куќи во соработка со научници од норвешкиот институт за природна средина, опфатила 96% од површината од 39-те земји во Европската агенција за животна средина. Од вкупно 9.000 квадратни километри изгубена зелена површина во периодот од 2018 до 2023 година, дури 1.800 биле во Турција. Во Полска се уништени повеќе од 1.000 квадратни километри, во Франција 950, во Германија 720 и во Британија ...

Следбениците на Трамп неговите судски/вонсудски победи над платформите кои го исфрлија го толкуваат како триумф на слободата на говорот и правичен епилог после неколку години нефер третман. Други пак, тоа го гледаат како вообичаен корпоративен инстинкт за преживување или менаџирање на штетата. Кога политичките тектонски плочи се помрднуваат, тие по дефиниција се спремни да платат за својот деловен мир, ако претходно се навалиле на погрешна ...

Унгарскиот премиер Орбан има тивка поддршка од неочекувани сојузници во блокадата за прием на Украина и на Молдавија во Европската Унија. На Брисел и на низа европски лидери им е важно проширувањето кон Исток, мнозинството не се согласува со политиките на Будимпешта, но и не сакаат да биде укине принципот на едногласност за овие прашања. Спроти самитот на ЕУ во Копенхаген, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, лобираше кај европските ...

„Мислам дека имаше многу генерали кои седеа таму и си мрмореа, патував 13.000 километри за да го слушнам ова?“, ja сподели на CNN својата фрустрација пензионираниот бригаден генерал Стив Андерсон, еден од стотиците генерали и адмирали кои беа свикани лично на брифинг кај надлежниот министер за војна Пит Хегсет. На добар дел од нив, наместо на стратешки брифинг каков што очекувале, настапот на Хегсет им личел на партиски говор. „Можеше ова да го ...

Фајзер е првиот американски производител што прифатил да се вклучи во пошироката шема на администрацијата на Доналд Трамп насочена за подобра здравствена грижа на граѓаните, но и за заштита на фармацевтската индустрија. Помина времето кога САД го субвенционираа здравственото осигурување за остатокот од светот. Со овој смел чекор ја завршуваме ерата на глобално зголемување на цените на сметка на американските семејства, изјави Трамп. Лекови што ...

Петнаесеттото затворање на федералната администрација на САД по 1981 година создава општа несигурност, итно ќе се одрази на владините услуги и ќе има долгорочни последици врз економијата. Не се знае до кога владата ќе биде блокирана. Независни аналитичари укажуваат дека поради длабоките политички поделби ова затворање може да биде подолго од 35 дена, колку што траеше досега најголемото, за време на првиот мандат на претседателот Доналд Трамп во ...

Премиерот Кир Стармер објави дека дигиталните лични карти ќе помогнат во решавањето на проблемот со нелегалната имиграција во Британија. „BritCards ќе го оневозможат нелегалното работење и ќе ги направат нашите граници побезбедни, рече тој. Застапниците тврдат дека дигиталната лична карта ќе ги принуди работодавците да го проверат имиграцискиот статус на своите работници, иако веќе се обврзани да го сторат тоа. Присуството или отсуството на ...

Хируршкиот лепак Bone-02 бил успешно тестиран на 150 пациенти со скршеници, тврди истражувачкиот тим од Медицинскиот факултет на Универзитетот Жеџијанг. Три месеци по употреба кај пациент со скршен зглоб снимките покажале дека фрактурата целосно заздравела без компликации. Конвенционалниот третман на фрактури бара фиксирање на коските со метал, што го отежнува прецизното усогласување на малите коскени фрагменти и одзема многу време. Во тој ...

Фирмата за приватен капитал „Афинити Партнерс“ на Џаред Кушнер е во меѓународниот конзорциум што го купува калифорниското студио за видео-игри Electronic Arts (ЕА), заедно со Јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија (ПИФ) и американската фирма „Силвер Лејк“. Ова е најголемата инвестиција во која е вклучен „Афинити партнерс“ основан во Мајами пред само четири години. Кушнер, кој е во брак со Иванка Трамп од 2009 година, му беше советник на ...

За да запре геноцидот, Трамп и Нетанјаху бараат следново: 1. Палестинците мора да се согласат да се откажат од какви било политички или човекови права и да бидат анектирани од Доналд Џ. Трамп, кој потоа ќе го назначи за администратор на Газа Тони Блер, поранешниот британски премиер чии експлоатирања во Ирак го изложија на веродостојни обвинувања за воени злосторства; 2. Обединетите нации немаат никаква улога освен за дистрибуцијата на ...

Мигрантите што нема „особено значително“ да ѝ се оддолжат на заедницата финансиски или преку добротворни активности, ќе мораат да чекаат десет години за да го добијат статусот „неопределен легален престој“ (ILR), наместо сегашните пет години, предупреди министерката за внатрешни работи Шабана Махмуд. Нивниот придонес ќе биде вреднуван врз основа на систем со поени. На мигрантите со најслаби резултати, кои воопшто не придонесуваат за заедницата, ...

Голема мака на Трамп му остана тоа што до 10 октомври, кога ќе биде прогласен годинешниот добитник на Нобеловата награда за мир, нема да ја запре војната помеѓу Русија и Украина, а во кампањата се фалеше дека тоа како претседател може да го направи „за 24 часа“. За свои миротворни трофеи тој ги смета помирувањата на Србија и Косово (!?), Иран и Израел, Индија и Пакистан, Египет и Етиопија (!?), Ерменија и Азербејџан, Тајланд и Камбоџа, ДР Конго ...

Официјални службени белешки откриваат дека поранешниот лабуристички премиер го упатил актуелниот министер за бизнис Питер Кајл да се консултира со технолошкиот институт на Оксфорд основан од Лари Елисон – газдата на Оракл, кој донираше 257 милиони фунти во Институтот за глобални промени „Тони Блер“. Оракл е водечка светска компанија за софтвер и бази на податоци, кои се нужни за да профункционира новиот систем за лични карти, чија вкупна ...

Просечните финансиски средства по глава на жител во Хрватска се зголемиле од околу 13.000 евра во 2015 година на приближно 27.000 евра по глава на жител во 2024 година, покажува редовниот извештај за глобалното богатство на „Алијанц“. Само минатата година, бруто-финансиските средства на хрватските домаќинства се зголемиле за 9,9 проценти. Со нето-финансиски средства од 19.950 евра по глава на жител во 2024 година, Хрватска е на 31-то место на ...

Со три високи кули и огромна површина огледала, кои компјутери автоматски ги насочуваат кон Сонцето, футуристичката централа Ајванпах во калифорниската пустина своевремено беше најголемата соларна електрана во светот. За изградбата од 2010 до 2014 година беа потрошени 2,2 милијарди долари. Владата го обезбеди поголемиот дел од средствата. Во 2011 година Министерството за енергетика на САД под претседателот Барак Обама одобри кредит од 1,6 ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
71%
1024
weather icon

Загреб

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
93%
1022
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
69%
1025
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.72
67%
1024
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
100%
1023
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.92
72%
1022
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
59%
1023
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
0.0
51%
1024
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.09
78%
1024
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 6ᴼ
2.06
89%
1023
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
6.17
71%
1024
weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
58%
1025
Currency

61.6238

Currency

52.9102

Currency

70.5602

Currency

35.1311

Currency

38.1988

Currency

65.6264

Currency

7.48394

Currency

0.69045

Currency

0.33891

Currency

0.52498

Currency

1.24297

Currency

0.58757

Рутениум

29192.88

Паладиум

46715.03

Злато

134797.47

Иридиум

145787.60

Бакар

10.89

Цинк

3.22

Платина

53033.69

Родиум

255598.44

Кобалт

58.42

Калај

40.47

Алуминиум

2.91

Сребро

1869.36