Белград
10ᴼ /
9ᴼ
Резултатите од две големи анкети објавени спроти 80-то Генерално собрание на Обединетите нации се јасно предупредување до лидерите на 193-те членки дека попусто се собираат еднаш годишно во Њујорк и држат говори, кога ништо од тоа ОН не може да го спроведат во дело. Иако со години наназад се потврдува дека од добрите намери на лидерите нема никаков ефект, граѓаните и натаму веруваат дека на светот му се потребни силни меѓународни институции. ...
Војната во Газа секако нема да запре откако Франција, Белгија и други земји денеска пред Обединетите нации ќе им се придружат на Британија, Австралија, Канада и Португалија, кои вчера ја признаа Палестина. Со симболичниот чин на признавање, лидерите на овие држави настојуваат да ја покријат сопствената немоќ порешително да се спротивстават на геноцидот што Израел го спроведува во Газа. Сè додека нема конкретни акции, како санкции и ембарго за ...
Трамп го објави откритието за аутизмот говорејќи на комеморацијата на Чарли Кирк. Утре ќе имаме едно од најголемите соопштенија... медицински, мислам, во историјата на нашата земја... Мислам дека пронајдовме одговор на аутизмот, изјави Трамп. Основа на тврдењето на Трамп е ново истражување и анализа за употреба на ацетаминофен кај бремени жени. Студијата спроведена од научници од Харвард и од институтот Маунт Синај покажува дека употребата на ...
Човечкиот цревен микробиом е дом на трилиони микроорганизми кои се неопходни за целокупното здравје. Тоа вклучува разградување на влакна, регулирање на метаболизмот, поддршка на апсорпцијата на хранливи материи, синтетизирање на витамини, контрола на воспаленијата, борба против патогени.... Цревата имаат дури и директна врска со хемијата на вашиот мозок. „Нездравиот микробиом може да придонесе за проблеми со варењето и воспалителни состојби во ...
Истражувачкиот тим кој ги објави своите наоди во среда во списанието Science Advances, анализирал 21 вид овошје што редовно го јадат шимпанзата во Уганда и Брегот на Слоновата Коска за да ја измерат содржината на алкохол. „На сите локации, машките и женските шимпанза консумираат околу 14 милилитри чист етанол дневно преку нивната исхрана, што е еквивалентно на еден стандарден американски пијалок“, изјави еден од екипата. „Кога тоа ќе се ...
Во студија објавена во списанието Public Library of Science пред пар години, истражувачите откриле дека силата и рамнотежата потребни за оваа поза се меѓу првите што исчезнуваат со текот на годинитт. Тие откриле сериозен пад на оваа способност после 65-годишна возраст, при што многу постари учесници се мачеле да ја држат позата повеќе од две секунди. „Наодите сугерираат дека времетраењето на вежбата за стоење на една нога може да послужи како ...
Само една четвртина од Американците се убедени дека нивната земја се движи во правилна насока, покажува првата обемна анкета спроведена по убиството на Чарли Кирк. На истото прашање во анкетата на AP-NORC во јуни, 40% се изјасниле позитивно. Падот на оптимизмот е особено впечатлив меѓу регистрираните републикански гласачи. Во јуни 70% ја гледале земјата на вистинската патека, а сега во тоа се убедени едвај 50%. Меѓу оние помлади од 45 години, ...
Губењето на инсектите во клучните области низ целиот свет во минатото се припишуваше на намерното намалување на биодиверзитетните живеалишта и промените во локалната клима. Ново истражување покажува дека популациите на инсектите се протегаат далеку од сферите на непосредно влијание на човекот. Откриени се историски траги за намалување на бројот на мравките на пацифичкиот архипелаг Фиџи откако луѓето го населиле пред околу 3.000 години. Тешко е ...
Кога по седум години низ него ќе помине првиот воз, Бренер ќе биде вториот најдолг железнички тунел во светот, не сметајќи ги метроата. Главниот е во должина од 55 километри помеѓу Фортеца во Италија и Тулфес во Австрија, а заедно со сегашните до Инсбрук ќе се протега вкупно 64 километри. Проектот е кофинансиран од ЕУ и ќе чини вкупно 8,8 милијарди евра. Патувањето од Фортеца до Инсбрук ќе се скрати од 80 минути, преку превојот Бремер, на 25 ...
Советодавниот комитет за вакцини избран од американскиот секретар за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор им препорача на Центрите за контрола и превенција на болести да се имунизираат децата помлади од 4 години со посебни вакцини, една против MMR (мали сипаници, заушки и рубеола) и друга за варичела. Дискусиите за вакцината MMRV се фокусираа главно на ретки случаи на напади од треска поврзани со првата доза дадена на деца на возраст меѓу 1 и 2 ...
Ја сакаме таа база назад. Тоа е на еден час од местото каде што Кина го произведува своето нуклеарно оружје, изјави Трамп при посетата на Лондон. За разлика од 2001 година, кога Американците извршија инвазија врз Авганистан и фрлија илјадници тони бомби гонејќи ги Осама бин Ладен, Ал каеда и талибанците, Трамп сега има план да се врати преку „некаков вид согласност“ со истите тие талибанци, од кои генерации израснаа и хиерархиски напредуваа ...
Од атентатот врз Чарли Кирк минатата недела, брзо се проширија секакви теории. Убиецот се сместува и како про-трансродов активист иа како традиционалистички републикански мормон. И како левичарски антифа агент и како крајно десничарски екстремист. Провеаја и теории дека Кирк бил убиен од оперативци на Мосад затоа што почнал да врти против Израел, луѓе детално анализираат видео снимки реконструирајќи патеки на куршумот и барајќи осомничени во ...
Кинескиот товарен брод со контејнери „Истанбул бриџ“ в сабота ќе исплови на историско патување кон Европа. Од пристаништето Нингбо-Џоушан (најголемото во светот) ќе тргне на север, кон Арктикот, ќе плови близу брегот на Русија и по 18 дена треба да стаса до Феликсстоу во Британија. Ќе биде придружуван од кршачи на мраз, кои ќе му го пробиваат патот ако некаде заглави. Кинески брод лани преку Арктикот беше на пробна пловидба од 26 дена директно ...
Полската влада дури осум дена по инцидентот призна дека куќата во мирното село Вирики кај Лублин покрај границата со Украина била погодена со ракета истрелана од авион „ф-16“ од воздухопловниот контингент на НАТО во земјата. Ракетата во лет се деактивирала и удрила во куќата „како ѓуле“, го пробила покривот и не експлодирала. Сите докази укажува дека станува збор за ракета испукана од наш авион, кој ја брани Полска, ја брани татковината, ги ...
Макронови во јули поднесоа тужба против популарната конзервативна коментаторка Овенс пред суд во сојузната држава Делавер. Ја обвинуваат за клевета, затоа што „ги игнорирала сите веродостојни докази што ја побиваат нејзината теза и застапува теоретичари на заговор и докажани клеветници“. Станува збор за одбрана на мојата чест! Бидејќи ова е бесмислица. Некој што добро знаел дека има лажни информации го објавил тоа со цел да предизвика штета, во ...
Емисијата „Џими Кимел во живо“ ќе биде прекината на неодредено време“, изјави портпаролот на мрежата во сопственост на Дизни. Причина е монологот на Кимел на своето шоуто во понеделникот, во кој коментираше дека движењето МАГА и претседателот Доналд Трамп лично настојуваат да добијат политички поени од атентатот. Бандата МАГА очајно се обидува да го карактеризира ова дете кое го уби Чарли Кирк како сè друго освен едно од нив и прави сè што може ...
Арктик фрост не беше само случај за политичка истрага на Трамп. Тоа беше средство со кое партиските агенти на ФБИ и обвинителите на Министерството за правда можеа да ги постигнат своите партиски цели и неправилно да го истражат целиот републикански политички апарат, изјави Грасли, републиканец од Ајова. Грасли и сенаторот Рон Џонсон од јануари објавуваат записи поврзани со Арктик фрост - истрагата почната за време на мандатот на директорот на ...
Првиот запишан доказ за можните несакани последици од mindfulness (по наше „внимателност“, односно медитација базирана на будизам, кога човек се фокусира да биде свесен на тоа што го чувствува и го сознава во моментот) бил во светото писмо Дхарматрата. Древните будистички автори забележале извештаи за симптоми на депресија и анксиозност што можат да се појават по медитацијата. Детално опишуваат когнитивни аномалии поврзани со епизоди на психоза, ...
Европската комисија конечно признава дека првите вакцини со генетски материјал против ковид во 2020 година добиле условно одобрување за користење иако немало целосни податоци за нивната безбедност и ефикасност кај луѓето. Претседателката на комисијата Урсула фон дер Лајен по гласањето доверба избегна политичка одговорност за тоа што ја избришала преписката со директорот на Фајзер за купување 1,8 милион дози на вакцината со мРНК против ковид за ...
Гринфилд во писмо до потрошувачите порача дека повеќе не може „со чиста совест да остане вклучен во „замолкнат“ бизнис, и покрај тоа што во договорот за спојување со Унилевер од 2000 година се гарантира заштита на социјалната мисија на брендот. Таа независност постоеше во голем дел поради уникатниот договор за спојување. Длабоко разочарување е да се заклучи дека таа независност, која беше основа на нашата продажба, веќе е исчезната, порача ...
Во објавата на Икс по телефонскиот разговор со Трамп, претседателката на Европската комисија не наведе како и со кое темпо ќе биде забрзано откажувањето на ЕУ од руска енергија. Руската воена економија, одржувана од приходите од фосилни горива, го финансира крвопролевањето во Украина“, објави Фон дер Лајен. I had a good call with @POTUS on strengthening our joint efforts to increase economic pressure on Russia through additional measures. The ...
На дното на статијата на Њујорк Тајмс „Каква беше позицијата на Чарли Кирк за клучните политички прашања“, после објавувањето се појави дополнителна уредничка белешка: Претходна верзија на оваа статија погрешно опиша антисемитска изјава што Чарли Кирк ја даде во епизода од неговиот подкаст. Тој цитираше изјава од објава на социјалните медиуми и продолжи да ја критикува. Тоа не беше негова изјава. Дури и корекцијата беше напишана „со пола уста“. ...
Ако се имаат предвид технолошките чуда во роботиката, вештачката интелигенција, градежништвото и медицината, зачудува фактот како Кина досега не била меѓу најиновативните нации во светот. На новото рангирање на Светската агенција за интелектуална сопственост (WIPO), таа сега првпат е меѓу десетте земји, истиснувајќи ја најголемата европска економија – Германија. На врвот уште од 2011 година не се симнала Швајцарија, а своите позиции од лани ги ...
Европската комисија управува со високо софистициран „медиумски комплекс“ преку кој може да ги обликува медиумските наративи за Унијата и нејзините агенди, се наведува во извештајот „Медиумската машина на Брисел: финансирање на европските медиуми и обликување на јавниот дискурс“ на Томас Фази од европскиот тинк-тенк MCC Брисел. Парите собрани од даночните обврзници со кои ЕУ ги корумпира медиумите се проценети на најмалку 80 милиони евра годишно. ...
Чарли Кирк е мртов, на само 31 година, застрелан на Универзитетот во Јута, правејќи го она што конзервативниот страстен агитатор го правеше повеќе од една деценија. Расправајќи се, дебатирајќи, зборувајќи јавно. Го нема токму поради тоа. Сè уште не го знаеме мотивот, но невозможно е да се игнорира атмосферата во која се случи ова бесмислено убиство. Кога беше убиен, Кирк носеше бела маица со натпис „Слобода“. Тоа беше каузата на неговата ...
Независна комисија формирана од Советот за човекови права е првото тело на Обединетите нации што заклучи дека Израел извршил „геноцидни дела“ во воената кампања во Газа како одговор на терористичките напади на Хамас на 7 октомври 2023 година. Делата опфаќаат „убивање Палестинци во Газа, предизвикување сериозни телесни и ментални повреди на Палестинците, пресметано предизвикување колективни услови за живот заради целосно или делумно физичко ...
Популистичкиот претседател Карол Навроцки потврди дека при првата официјална посета на Германија повторно ќе го отвори незгодното прашање за исплата на воените репарации за инвазијата и окупацијата на Полска од нацистичка Германија во Втората светска војна. Тоа сигурно ќе ги разниша релативно добрите односи на Берлин и Варшава, во чувствително време кога ја сметаат Русија за заедничка закана и сè повеќе соработуваат во одбраната. Односот е ...
Подготвен сум да воведам големи санкции врз Русија кога сите членки на НАТО ќе се согласат и ќе го направат истото, и кога сите членки на НАТО ќе престанат да купуваат нафта од Русија, објави Трамп во пораката што повеќе е насочена кон американските партнери во Европа, а не кон Москва. Во изјавата може да се видат трговските инстинкти на Трамп. Европската Унија вети дека ќе постепено ќе ја укинува зависноста од увоз на руска нафта до 2028 ...
Болниот маж веќе имал ХИВ-1 во напредна фаза кога се заразил и неговата состојба не била долг ковид – задржување на симптомите откако вирусот ќе исчезне. Вирусната фаза на SARS-CoV-2 кај него траела 750 дена. Во тој период тој имал долготрајни респираторни симптоми и бил хоспитализиран пет пати. Долгорочните инфекции му даваат време на вирусот да истражува начини како поефикасно да ги инфицира клетките. Откривме докази дека се појавиле повеќе ...
Мостот на Големиот Кањон Хуаџијанг во југозападен Гуиџоу, една од најсиромашните кинески провинции, се издига 625 метри над реката Беипан. Со должина од 2,89 километри, ќе ги приближи окрузите Гуанлинг и Женфенг и ќе го скрати патувањето на околу 600.000 жители од два часа на само две минути. За споредба, највисоките згради во Скопје, и во Македонија воопшто, се кулите Џевахир со височина од 142 метри, Центарот МРТ е висок 70 метри, а ...