
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



На промоцијата на Claude Opus 4 пред една недела, Антропик објави дека моделот со вештачка интелигенција ќе постави „нови стандарди за кодирање, напредно расудување и агенти за ВИ“. Но, во придружниот извештај предупредува дека моделот е подготвен да преземе „екстремно штетни дејствија ако процени дека неговото „самоодржување“ е загрозено. На тестирање моделот се обидел да ги уценува инженерите кога најавиле дека ќе го отстранат. Антропик ...
Министерот Кенеди објави дека ги повлекол препораките за вакцинирање на здрави деца и бремени жени за да не се чека на извештајот од советодавното тело на Центрите за превенција и контрола на болести. Експертскиот панел на ЦДЦ се состанува во јуни за да ги обнови препораките за вакцинирање за есенската сезона на превентивна имунизација. Беше најавено дека експертите ќе препорачаат ревакцинирање за луѓето од најризичните групи, а на оние со низок ...
Лекот зосурабалпин, кој се покажал како ветувачки во раните фази на испитувањата, би можел да биде основа за првата нова класа антибиотици за лекување супербактерии во изминатите 50 години. Фармацевтската компанија Рош објави дека е одобрена завршната фаза, во која лекот ќе биде подложен на испитувања на луѓе. Ако се покаже дека делува, тогаш ќе се користи против Acinetobacter baumannii (CRAB), бактерија отпорна на лекови која убива околу ...
Лекот зосурабалпин, кој се покажал како ветувачки во раните фази на испитувањата, би можел да биде основа за првата нова класа антибиотици за лекување супербактерии во изминатите 50 години. Фармацевтската компанија Рош објави дека е одобрена завршната фаза, во која лекот ќе биде подложен на испитувања на луѓе. Ако се покаже дека делува, тогаш ќе се користи против Acinetobacter baumannii (CRAB), бактерија отпорна на лекови која убива околу ...
Хонг Конг објави „безусловни понуди“ за странските студенти од Харвард, на кои може да им бидат поништени визите ако Универзитетот не им ги достави нивните целосни досиеја на федералнаите власти. Администрацијата на Доналд Трамп го обвинува Харвард за антисемитизам и за координирање со Кинеската комунистичка партија. На највисоко рангираниот универзитет во светот има околу 7.000 странски студенти од 140 земји, од кои дури 1.300 се од Кина. ...
Демократската партија на САД спроведува нов стратегиски план со кодно име SAM (кратенка за „Зборувајќи со американски мажи“) со цел повторно да ја привлече својата гласачка база, од која беше изневерена на изборите. Планот опфаќа истражувања со цел „да се дешифрира јазикот и културата на разочараните млади мажи“, и пропагандна кампања за обновување на имиџот, дури и со реклами во видео-игри. Пред сè мораме да го промениме морализирачкиот тон, се ...
Физички активни луѓе треба да консумираат од 1,2 до два грама протеини на килограм од својата телесна тежина, за да се овозможи изградба на мускули. Протеинските чоколатца изгледаат како брзо и ефикасно решение за тоа. Наместо да вариш кокошка (кило кокошка се околу 140 грама протеини), побрзо е да се земат неколку штангли (кои имаат по 20-25 грама протеини). Меѓутоа, биле испитани 1.641 протеински плочки и имало голема разлика меѓу нив. ...
Повеќе нема какви било рестрикции за испораката на долгострелно оружје за Украина, ни од Британците ни од Французите ни од Американците. Украина сега ќе може самата да се брани, на пример и со напади врз воени позиции во Русија, што не беше можно досега, објави германскиот канцелар Фридрих Мерц на конференција во Берлин. Тој објасни дека неколкудневните последовни жестоки воздушни напади на Русија ги принудиле сојузниците на Киев да направат се ...
Францускиот министер за правда Жералд Дарманин побара од Сенатот „прилично едноставна мерка“ со која би се намалил криминалот, особено трговијата со дрога и перењето пари: да се укине плаќањето со кеш. Голем дел од измамите и секојдневниот криминал се извршуваат со кеш, за да не може да се утврди потеклото на парите, изјави Дарманин. Во Франција лани првпат повеќе се плаќало со картички отколку со готовина, но дури 43% од луѓето повеќе им ...
На средношколците Естонија од новата учебна година ќе им бидат доделени лични дигитални помошници со вештачка интелигенција кој ќе им помогне да го совладаат наставниот материјал. Ова е клучниот елемент на образовната реформата во малата балтичка земја со 1,4 милион жители, која веќе ги престигна нордиските земји според квалитетот на образованието. На глобалното тестирање на Писа во 2022 година естонските ученици постигнаа најдобри резултати во ...
Фрејзер Мајерс од Спајкд: Кир Стармер го опиша „ресетирањето“ како победа за двете страни. Така ли е? Дејвид Фрост: Зависи во што сакаш да победиш. Тоа секако е победа за ЕУ, бидејќи врати значајни области од економскиот живот на Велика Британија под нивна јурисдикција. Ако сте Стармер, кој мисли дека целта на постоењето на оваа земја е да се приближи што е можно повеќе до ЕУ, тогаш и тоа е победа. Но, ако сте некој како мене кој го поддржува ...
Мутацијата кај донаторот била откриена дури кога бил дијагностициран рак кај десет од биолошките деца родени во периодот од 2008 и 2015 година. Кај повеќе од 20 било потврдено дека наследиле мутација на генот ТП53, која создава услови за развој на Li-Fraumeni синдром - предиспозиција за леукемија и не-Хочкинов лимфом. Европската банка за сперма дозволува да се користи ист донатор за зачнување деца 75 пати насекаде низ Европа. Меѓународната ...
Компанијата за безбедност на вештачка интелигенција Palisade Research, тврди дека ова е прв случај на тестирање модел со вештачка интелигенција да се спротивстави на експлицитна наредба. При тестирањето, од разни модели со ВИ било побарано да решаваат низа математички проблеми сè додека не добијат порака дека машината ќе биде исклучена. Моделите Клод на Антропик, Џемини на Гугл и Грок на xAI послушале, но се спротивставиле три различни модели на ...
Со години пестицидите се во центарот на вниманието како потенцијален предизвикувач на Паркинсонова болест. Додека земјоделските заедници се опширно проучувани, многу помалку се знае за потенцијалните ризици што ги предизвикуваат урбани или приградски извори на изложеност на пестициди - како терените за голф, се наведува во истражувањето од невролошкиот институт Бароу во САД. Со студијата биле опфатени 319 терени за голф во Минесота и Висконсин, ...
Довербата во тековната истрага го достигна дното, пишува британски Телеграф. Социјалистичката влада на Педро Санчез се обидува да купи време со објаснувања кои или немаат никаква техничка смисла или водат кон апсурд. Операторот на мрежата, „Ред Електрика“, се обвинува дека ги попречува сите да се дојде до вистината. Извори во Брисел велат дека пред системот да се сруши, надлежните спроведувале експеримент колку далеку можат да одат во потпирање ...
* Целиот начин на (не)живеење на Брајан Џонсон е опишан во статијата „Милионерот што инсистира дека сака да живее вечно - никако да поживе“ Шлакнатиот не само што има до милиметар педантен начин на исхрана и начин на живот кој целосно му е мапиран, земаше и милиони матични клетки од Шведска како и крвна плазма од синот. Во доцни 40-ти години е, но е убеден дека неговиот експеримент му создал срце на човек од 37 години а капацитет на бели ...
Постојат средини кои се нездрави за луѓето. Планинарите, на пример, често подлегнуваат на висинска болест – реакција на телото на намалениот внес на кислород со секој здив. Па сепак, на големи надморски височини како на Тибетската висорамнина, каде што нивоата на кислород во воздухот што го дишат луѓето се значително пониски, човечките заедници напредуваат. Во текот на повеќе од 10.000 години регионот е населен, а телата на оние што живееле таму ...
Како што станаа јасни резултатите од претседателските избори во Романија, можеше да се видат широки насмевки по лицата на владејачките класи во ЕУ. Нивниот човек победи. Со 54% од гласовите, про-ЕУ и про-НАТО градоначалникот на Букурешт Никушор Дан го победи евроскептичниот десничарски националист Георге Симион, кој освои 46%. Главешините од ЕУ гледаат дека Романците гласале на „вистинскиот“ начин, за „вистинскиот“ кандидат. Но, прикриваат ...
Европската организација за атомски истражувања тврди дека изградила контејнер за транспорт на честички антиматерија, кои се неверојатно чувствителни и на најситни физички и температурни промени. Контејнерот е голем два метри и е полн со уникатна опрема што ги одржува античестичките во својата состојба. Камион пренесол контејнер со протони на далечина од 4 километри, од Франција до Швајцарија, без да се уништат примероците. Охрабрени од ...
Американските монети од 1 цент ќе престанат да се коваат во САД од следната година. Министерството за финансии објави дека полека ќе го повлекува пенито од оптек и им порача на трговците да ги заокружуваат цените најблиску до 5 центи. Цел на мерката е да се избегнат апсурдните трошоци за производство. Цената на ковање на секое пени во изминатите десет години се зголеми од 1,3 на 3,69 центи. Проекциите на Ковачницата на САД е дека за една година ...
Лидерите на девет членки на Европската Унија во отворено писмо тврдат дека застарените толкувања на Конвенцијата за човекови права ја ограничува флексибилноста на националните влади и ги спречува да протеруваат мигранти обвинети за криминал и злосторства. „Мораме да ја вратиме вистинската рамнотежа“, забележуваат лидерите на Италија, Данска, Австрија, Белгија, Естонија, Летонија, Литванија, Полска и Чешка. Писмото го објави Италија по средбата ...
Администрацијата за храна и лекови и Центрите за контрола и превенција на болести уште во февруари 2021 година биле предупредени за значителeн ризик од миокардитис кај млади луѓе што ја примиле мРНК вакцината на Фајзер, но агенциите чекале до крајот на јуни да го објават тој несакан ефект на етикетите на вакцината, објави канцеларијата на сенаторот Рон Џонсон. Администрацијата на Џо Бајден свесно реши да не објави официјално предупредување, со ...
Европската комисија издвоила 649 милиони евра од даночните обврзници за обемна и тивка кампања против слободата на говор. Со овие пари биле финансирани неодговорни невладини организации и универзитети да спроведат 349 проекти поврзани со борба против „говорот на омраза“ и „дезинформациите“, пишува во новиот извештај „Фабрикување дезинформации: ЕУ-финансираната пропагандна војна против слободниот говор“. Кога Комисијата на ЕУ го дефинира говорот ...
Научници од Универзитетот во Сари ја создадоа првата ефикасна батерија од литиум и CO2 што практично „дише“ јаглерод диоксид и на тој начин создава енергија. Литиумот, како најлесен метал, вообичаено во батериите се комбинира со друг метал за да се поттикне хемиска реакција. Но, може да реагира и со јаглерод диоксид, кој не мора да биде спакуван, туку би се црпел од воздухот. Досегашните експерименти на оваа технологија не биле успешни, бидејќи ...
Американски научници откриле два лека против маларија за кои тврдат дека имаат стопроцентно дејство кај комарците. Тие предлагаат со коктел од лекови да се обложат заштитните мрежи, кои заедно со вакцините се покажале како најефикасни против ширењето на болеста. Во допир со мрежите комарците би го примиле лекот преку своите нозе и повеќе нема сериозно да го загрозат човекот дури и ако го каснат за да му цицаат крв. Паразитите од маларија, кои ...
Движењето Муслиманско братство е закана за националната кохезија во Франција и мора да се преземат активности за да се запре ширењето на политичкиот исламизам, се тврди во доверлив извештај на француската влада. Утврдена е антирепубликанска и субверзивна природа на движењето формирано во Египет пред речиси сто години со цел да се создаде обединета шеријатска држава за сите муслимани. Во извештајот доставен до Советот за одбрана се посочува дека ...
Командантите ќе обезбедат сите заеднички интимни простори да бидат јасно определени дека се за машка, женска или семејна употреба, се вели во документот. Во активна служба во армијата на САД и во Националната гарда има 4.240 трансродови војници, според официјалните податоци. Неофицијално ги има многу повеќе. Веднаш откако го почна вториот мандат, претседателот Доналд Трамп ја укина одредбата од Џо Бајден со која на трансродовите лица им ...
Нова бактерија, досега невидена на Земјата, е пронајдена во брисеви од кабината на кинеската вселенска станица Тиангонг собрани пред две години од екипажот на мисијата Шенжу-15. Утврдено е дека новата бактерија Niallia tiangongensis е блиска роднина со Niallia circulans, која обично живее во почвата, канализацијата и храната, се размножува со спори и може да предизвика сепса кај пациенти со намален имунитет. Се претпоставува дека поминала низ ...
Сара Бренер, заменик-комесар на Администрацијата за храна и лекови на САД, изјави дека не примила ниту една од вакцините за ковид. За време на пандемијата таа била бремена и не сакала да се изложи на ризик. Како специјалист за нанотехнологија, знаела дека липидните честички што се користат за испорака на мРНК во вакцините за ковид може да предизвикаат несакани ефекти. Тогаш не беше познато какви се моделите на биодистрибуција на тие производи, а ...
Франција и Шпанија веќе го поддржале предлогот од Грција за строго регулирање на пристапот на малолетници до социјалните мрежи. За оваа иницијатива ќе дискутираат европските министри за дигитална технологија во јуни. Вниманието кон ова прашање го привлече Австралија, која до крајот на годинава ќе воведе минимална возраст од 16 години за отворање профили на одредени страници и платформи на интернет. Европскиот предлог е уште построг. Предвидува ...