„Повторување на 1939 година, овој пат помеѓу НАТО и Русија е далеку од неизбежно, но сенката на конфликтот драматично се префрли кон запад, кон источна Полска и балтичките држави - многу веројатно на штета на Украина. Додека Украина останува истурена точка на НАТО против рускиот експанзионизам, источниот бок на алијансата сега е нејзина фронтовска линија, и тоа не само фигуративно: упадот на Путин беше јасен тест да се утврди горниот праг на ...

Развивањето презбиопија (тешкотии во фокусирањето на блиски предмети) е вообичаена кај луѓето кога ќе надминат 40 години. Се јавува кога леќата на окото станува помалку флексибилна. Наједноставното решение се очилата, а најекстремното, воедно и најскапо, е хируршка интервенција. Експерти во Аргентина ја истражувале употребата на капки за очи што содржат пилокарпин, лек кој ги стеснува зениците и го контрахира мускулот што ја контролира формата ...

Обврската за заеднички развој на квантните компјутери ќе биде клучен дел од поширокиот договор за технолошко партнерство што треба да биде потпишан за време на претстојната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Британија. Трамп во Британија ќе биде придружуван од Јенсен Хуанг, главниот извршен директор на американскиот технолошки гигант „Нвидија“. Високи офицери од одделението за развој ДАРПА на Пентагон неодамна ги посетија ...

Чарли Кирк годинава отфрлил понуда од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да организира огромна инфузија пари во неговата организација Turning Point USA (TPUSA), најголемото конзервативно младинско здружение во Америка, открива (под услов на анонимност) долгогодишен пријател на убиениот коментатор. Кирк верувал дека Нетанјаху се обидува да го замолчи зашто почна јавно да го доведува во прашање огромното влијание на Израел во Вашингтон и ...

Речиси 200 милијарди евра руски средства беа замрзнати по целосната инвазија на Москва врз Украина во февруари 2022 година. Поголемиот дел од средствата ги држи Euroclear, финансиска институција со седиште во Брисел. Новиот предлог за заменување на запленетите средства со обврзници на ЕУ во Брисел се опишува како „правно креативен“ и се смета дека може да ослободи голем прилив на дополнителни средства за воените напори на Киев без технички да се ...

Наодот на администрацијата дека 25 деца починале откако ја примиле вакцината против ковид е извлечен од Системот за пријавување на несакани ефекти од вакцини (VAERS), јавна база на податоци за самопријавени несакани ефекти. Смртните случаи сè уште не се официјално потврдени, но се спроведува темелна анализа. Има деца кои починале од вакцината против ковид. Спроведуваме соодветна истрага, изјави Марти Макари, комесарот за администрација за храна ...

Вкупно 11 од 27 членки на ЕУ побарале повеќе време за произнесување за климатските цели, кои на самитот во јули веќе беа омекнати. Новиот предлог на Комисијата е намалување на емисиите од стакленички гасови за 90% до 2040 година, во споредба со нивото од 1990 година. Словачка, Унгарија и други членки се жалеа дека и оваа цел може да значи „смртна казна“ за нивната индустрија и економија. Во јули беше прифатен и системот на користење „јаглеродни ...

Шефот на Мосад, Давид Барнеа, го предупредил израелското раководство дека со дрзок и груб атентат со проектили врз воените и политичките лидери на Хамас во Катар – пријателска земја на Израел и клучен посредник во мировните преговори, ќе ги уништи напорите за ослободување на израелските заложници што преостанаа во Газа. Мосад се согласил дека сите лидери на Хамас треба да бидат пронајдени и ликвидирани, но инсистирал тоа да се направи внимателно ...

САД имаат буџетски дефицит од речиси 2.000 милијарди долари и забрзано се движи кон минус од 4 билиони годишно во рок од една деценија. Може ли растечкиот буџетски дефицит да се запре со повисоки даноци за најбогатите граѓани и корпорации, како што одамна предлагаат Берни Сандерс и други левоориентирани политичари? Одговорот е негативен, не поради идеологијата, туку поради немилосрдните правила на математиката. Оданочувањето на богатите би ...

Луѓето денес се главна движечка сила на еволуцијата, се тврди во ново истражување предводено од Сиприен Муро, археолог од Универзитетот во Монпелје. Користејќи над 81.000 физички мерења на остатоци собрани од 311 археолошки локалитети, тимот на Муро утврдил дека домашните животни, како кокошките, свињите и говедата, значително се зголемиле во текот на последниот милениум, а дивите животни, како лисиците или елените, се намалиле. По пресметка на ...

Извршниот директор наОпенАИ, Сем Алтман, неодамна предизвика бранување на јавноста кога ја призна валидноста на таканаречената „теорија за мртов интернет“ која досега се отфрлаше како теорија на заговор. Таа сугерира дека голем дел од денешниот интернет, особено социјалните медиуми е доминиран од вештачки (нечовечки) активности, како што се содржини генерирана од вештачка интелигенција, ботови и корпоративни интереси, што доведува до пад на ...

Тувалу, Кирибати, Малдивите и низа други мали островски нации тонат само во црните прогнози во кои се предупредува на апокалиптично кревање на морското ниво предизвикано од климатските промени. Во реалноста, многу од овие архипелази не само што не потонале, туку и ја зголемиле својата површина, па и бројот на островите. Зголемувањето на населението е спротивно на наративите за масовни бегалски бранови. Покрај тоа, засилените активностите на ...

Плановите на ЕУ за нето нула емисии на штетни гасови премногу се потпираат на идеологија, а премалку на прагматизам, тврди лидерот на Европската народна партија, најголемата група во Европскиот парламент. Вебер, кој по професија е инженер за животна средина, вели дека Брисел е престрог со зелената регулатива. Сообраќајниот сектор мора да придонесе за намалување на емисиите на ЦО2. Но, како да се направи тоа е работа на инженерите, на креативна ...

Во осудата на сопствените новинари, Одделението за жалби (ECU) на корпорацијата објаснува дека ББЦ не ги означува организациите и групите како „терористички“ од причини на „должна точност и непристрасност“, туку наместо тоа известува дека тие се означени како такви од трети страни. По нападите на 7 октомври 2023 година врз Израел, тогашниот британски премиер Риши Сунак го повика јавниот радиодифузер да го нарече Хамас „терористичка група“, но ...

Таканаречениот „фер“ договор, постигнат на иницијатива на здружението „Келнска тркалезна маса за интеграција“ ги обврзува речиси сите партии во Германија - ЦДУ, СПД, Зелените, ФДП, Левица и Волт - да не ги поврзуваат мигрантите и бегалците со негативните социјални случувања како невработеноста или заканите за внатрешната безбедност во кампањата за локалните избори во Келн в сабота. Партиите потпишани на договорот за праведност имаат голема ...

Извршниот директор Сем Алтман вели дека Опен АИ може да биде поактивен и да крева тревога за младите корисници за кои ќе утврди дека сериозно размислуваат на самоубиство. Јазичниот модел со вештачка интелигенција, кој го користат околу 700 милиони луѓе низ светот, би можел автоматски да испраќа предупредување до властите во итни случаи. Помладите корисници многу често го користат ЧетГПТ како личен психолог, на кој му ги доверуваат тајните и ...

Катар Во вторникот цел на воздушен напад беше комплексот на раководството на Хамас во Доха, главниот град на Катар. Нападот беше извршен додека главните преговарачи на Хамас дискутирале за новиот американски предлог за прекин на огнот во Газа. Загинаа шест лица, син на високиот лидер на Хамас, Калил ал-Хаја, директорот на неговата канцеларија, тројца телохранители и еден катарски чувар. Ова беше прв израелски напад врз емиратот, кој заедно со ...

Катар Во вторникот цел на воздушен напад беше комплексот на раководството на Хамас во Доха, главниот град на Катар. Нападот беше извршен додека главните преговарачи на Хамас дискутирале за новиот американски предлог за прекин на огнот во Газа. Загинаа шест лица, син на високиот лидер на Хамас, Калил ал-Хаја, директорот на неговата канцеларија, тројца телохранители и еден катарски чувар. Ова беше прв израелски напад врз емиратот, кој заедно со ...

Германскиот синдикат на пилоти ја спровел анкетата за интерни потреби и истакнува дека таа не е репрезентативна, но резултатите се впечатлива и загрижувачка последица на зголемениот замор поради набиениот распоред. На долгите летови редовно дремеле 56% од пилотите, но 44% имале потреба за тоа и на кратките. Од 900 анкетирани пилоти 12% дремеле на секој лет, 44% тоа го прават вообичаено, 33% понекогаш, а 3% барем еднаш. Во анкетата биле опфатени ...

На самитот на африканските и карипските лидери во Адис Абеба, шефот на Комисијата на Африканската унија побара „репаративна правда и вистинско ослободување“ од поранешните колонијални сили. Африка и Карибите ќе работат заедно за да обезбедат почит за нашите предци, да ги воздигнат нашите потомци и да ја вратат нашата заедничка судбина во слобода, правда и единство, објави Махамуд Али Јусуф, политичарот од Џибути задолжен да ја води ...

Докторката Елизабет Ландсверк, експерт за геријатрија и деменција, објаснува дека начинот на кој алкохолот влијае на телото варира во зависност од возраста. Во дваесеттите години телото е најотпорно, поради што луѓето на таа возраст лесно ги поминуваат мамурлаците. Црниот дроб и мозокот имаат најголема отпорност во тоа време. Фронталните делови од мозокот за расудување и проценка не се сосема развиени. Поверојатно е да бидат отворени за повеќе ...

Од 240 кандидати за полицајци што во пролетта годинава ја почнале својата обука во Берлин, за 132 е утврдено дека им е потребна дополнителна настава по германски јазик. Полицијата објаснува дека „опаѓањето на вештините за писменост“ не е само нејзин проблем, туку е дел од „генералниот општествен развој“. Дел од причините ги гледа во зголемената класна разновидност. Битни фактори се културните и технолошките промени. Децата и младите луѓе растат ...

Сведочејќи под заклетва пред Постојаниот поткомитет за истраги на Сенатот на САД, главниот советник Ерон Сири ги откри резултатите од долго криената студија од Здравствениот систем „Хенри Форд“ во Детроит, Мичиген. Ова била најголемата студија за вакцинирани наспроти невакцинирани деца од раѓање досега (n=18.468). Децата биле следени од раѓање во период од 10 години. Податоците биле извлечени директно од електронски медицински картони - златниот ...

Со децении, сложените модели за климатски промени укажуваа дека глобалното ниво на морето значајно се зголемува. Рецензирана студија во Journal of Marine Science and Engineering, „Глобална перспектива за локалните промени на нивото на морето“, покажува дека моделите целосно погрешиле. Холандскиот инженер Хесел Вортман и истражувачот Роб де Вос измериле дека од 2020 година, светското зголемување изнесува само околу 1,5 милиметри годишно - далеку ...

Анализата на податоци од 190 земји покажала дека преваленцијата на деца со недоволна телесна тежина се намалила од 13% во 2000 година на 9,2% денес. Во истиот период бројот на дебели деца низ светот се зголемил од 3% на 9,4%. Обезноста денес е позастапена од неухранетоста кај децата во сите светски региони, освен во Супсахарска Африка и Јужна Азија. Пацифичките острови имаат највисок процент на дебели деца, од 33% во Науру до 38% во Ниуе, што е ...

Командата во Варшава е убедена дека дроновите не „заталкале“ случајно надвор од границите на Украина, зашто ги имало многу и навлегле длабоко во полскиот воздушен простор. Итно била информирана командата на НАТО и била преземена заедничка акција. Радарите следеа повеќе од 10 објекти, а оние што би можеле да претставуваат закана беа неутрализирани. Се прават напори за лоцирање на остатоците од соборените дронови, соопшти Командата. За пребарување ...

Само 54% од Американците го поддржуваат капитализмот, што е најнизок процент откако агенцијата Галуп пред 15 години првпат ги анкетираше граѓаните на оваа тема. Како економски систем капитализмот сè уште не е загрозен од социјализмот и за него позитивна слика имаат мнозинството граѓани, но поддршката е значително намалена, особено меѓу партиски неопределените гласачи. Во периодот од 1 до 20 август од 1.094 Американци со право на глас било ...

Градската советничка за образование Бетина Емерлинг наведува дека 41,2% од учениците во Виена се муслимани. Христијани се 34,5%, од кои римокатолици се 17,5%, а православни 14,5%. Следува категоријата деца без религиозна припадност (23%), будистите (0,2%) и Евреите (0,1%). Другите религиозни заедници сочинуваат 0,9%. Со истражувањето бике опфатени 112.600 деца во основни, средни, специјални и политехнички училишта. Во Виена се практикува ...

Сведоци сме на ерозија на меѓународниот поредок базиран на правила, пишува во новиот Извештај што денеска ќе биде претставен во Брисел. Како главен виновник за рушењето на поредокот е посочен американскиот претседател Доналд Трамп, поради тоа што ги повлекол учеството на САД од клучни меѓународни тела и агенции на Обединетите нации, како УНХЦР и УНЕСКО, или го прекинал нивното финансирање. Произволните царини воведени против земјите во светот го ...

Четворица информатори ја обвинуваат Мета дека свесно и намерно ги прикрива сведочењата за напади врз малолетни учесници во игри и дружења во нејзините виртуелни тридимензионални сфери, во кои се пристапува со специфични VR-уреди. Тие тврдат дека компанијата што ги поседува Фејсбук и Инстаграм избришала и фалсификувала истражување за внатрешна безбедност кое покажало дека децата се изложени на злоупотреба, сексуално вознемирување и насилство. ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
71%
1024
weather icon

Загреб

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
93%
1022
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
69%
1025
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.72
67%
1024
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
100%
1023
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.92
72%
1022
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
59%
1023
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
0.0
51%
1024
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.09
78%
1024
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 6ᴼ
2.06
89%
1023
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
6.17
71%
1024
weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
58%
1025
Currency

61.6238

Currency

52.9102

Currency

70.5602

Currency

35.1311

Currency

38.1988

Currency

65.6264

Currency

7.48394

Currency

0.69045

Currency

0.33891

Currency

0.52498

Currency

1.24297

Currency

0.58757

Цинк

3.22

Иридиум

145787.60

Алуминиум

2.91

Бакар

10.89

Никел

473178.61

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Платина

53033.69

Калај

40.47

Родиум

255598.44

Злато

134797.47

Сребро

1869.36