Бавните Федерални резерви треба да ги намалат каматните стапки, остро порача денеска претседателот Доналд Трамп. До минатата недела, тој многу потивко ја критикуваше политиката на Централната банка во споредба со својот прв мандат. Претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, не дава знаци дека ќе попушти, иако изрази загриженост од потенцијалниот инфлациски ефект на новите царини. ФЕД ќе треба да види вистински напредок во однос на ...

Со новата студија биле следени реакциите на вообичаените вакцини кај 191 бебе во Австралија. Од нив 32 биле третирани со антибиотици веднаш по раѓањето, 49 биле изложени на дејство на антибиотици што ги примала мајката во бременоста, а 30 во периодот од шест недели по раѓањето. При споредба на резултатите од микробиомите на бебињата во периодот на првата рутинска вакцинација, на возраст од шест недели, Било откриено дека кај бебињата што ...

Во споредба со претходниот најнапреден чип, ТСМЦ тврди дека технологијата на микрочипови од 2 нанометри нуди зголемување од 10 до 15% на брзината на пресметување при исто ниво на моќност или заштеда на енергија од 20 до 30% при иста брзина на пресметување. Густината на транзисторите е зголемена за 15% во споредба со технологијата 3nm, што им овозможува на уредите да зафаќаат помалку простор, а да управуваат посложени задачи. ТСМЦ неодамна ...

Американскиот министер за трговија Хауард Лутник ја брани одлуката на Трамп да им воведе царини на ненаселените острови Херд и Мекдоналд, како внимателен чекор да се затворат сите можни дупки за заобиколување на тарифниот режим. Светските медиуми се подбиваа со тарифите за „островите со пингвини и фоки“, а австралискиот министер за трговија Дон Фарел ја оцени како „јасна грешка што сведочи колку бил избрзан процесот на одмерување на тарифи“. Ако ...

Азиските берзи се во слободен како реакција на трговската војна што Доналд Трамп му ја објави на светот. Јапонскиот референтен индекс Nikkei поврзан со акциите на 225-те највредни компании падна за 8,8% набрзо по отворањето на токиската берза. Поширокиот индекс Topix падна за 7,5%. Тајванскиот индекс Taiex падна за речиси 10%. поради падот на акциите на производителите на полупроводници. Во петокот акциите на американските берзи изгубија повеќе ...

За прв пат по доста години, Германија повеќе не е лидер во Европската унија во однос на барањата за азил. Според извештај на Комисијата на ЕУ, до кој дојде Велт ам Зонтаг, бројот на апликации во првиот квартал од оваа година (од 1 јануари до 31 март) е намален дури за 41 отсто во однос на истиот период лани и изнесувал 37.387. Сега лидер е Франција со 40.871 барања за азил, а после неа е Шпанија, каде што 39.318 лица поднеле барање за заштита. ...

Финансиското обвинителство на Франција побара седум години затвор, пет години политичка забрана и парична казна од 300.000 евра против поранешниот претседател, Никола Саркози. Денес 70 годишниот Саркози се товари за коруптивен договор со „озлогласениот“ либиски диктатор Моамер Гадафи за финансиска поддршка на неговата (победничка) изборна кампања во 2007-ма. Обвинителот ја опиша бескрупулозната политичка амбиција на Саркози, додавајќи дека „само ...

Ханс-Екхард Зомер, шеф на германската федерална канцеларија за миграција, говорејќи како „приватен граѓанин“ пред Фондацијата Конрад Аденауер, повика да им се одземе правото да бараат азил на мигрантите што без документи доаѓаат на копнените граници. Според сегашните правила, на мигрантите што ќе побараат азил Германија им обезбедува дом и социјална помош додека се разгледуваат нивните случаи. Процесот може да се развлече со години што не е во ...

Глобалниот пазар на вештачка интелигенција денес се проценува на 243 милијарди долари. Индустријата се зголемува со годишна стапка од 28% и се очекува до 2030 година да достигне 826,7 милијарди долари. Експлозивниот раст ја одразува транзицијата на вештачката интелигенција од експериментална технологија кон деловна нужност. Инвестиции од 320 милијарди долари На челото на инвестициската трка се Google, Microsoft, Amazon и Meta. Технолошки гиганти ...

„Се враќаме на ниво што не сме го виделе од триесеттите години од минатиот век“, оценува професорот Жорди Гуал, поранешен претседател на CaixaBank, коментирајќи го потегот на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царини за целиот свет. Трамп најави дека со тарифите од 10% до речиси 50% на најголемите трговски партнери ќе ги воведе САД во „златно доба“, дека ќе го крене домашното производство, ќе ги поттикне мултинационалните компании ...

Спротивно на наративот дека видео-игрите ги затапуваат умовите на децата, ново истражување го поврзува подолгото играње со повисок коефициент на интелигенција. Истражувањето исто така покажало дека гледањето телевизија или користењето на социјалните мрежи немаат ни позитивна ни негативна рефлексија на интелигенцијата. Ова не е прва студија што сугерира врска помеѓу времето поминато на игри со развојот на когнитивните способности. Дигиталните ...

Европската Унија проценува дека царините што ѝ ги наметна Доналд Трамп ќе погодат 70 отсто од извозот во САД и ќе направат штета од околу 380 милијарди евра. Во првичната пресметка се земени предвид „реципрочните“ царини од 20%, што Трамп ги објави во средата, како и тарифата од 25% за автомобили, автомобилски делови и челик и алуминиум, објавени минатиот месец. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најави дека ЕУ е ...

Благодарение на енигматичната политика на Трамп, индексот на несигурност на економијата на САД сега е на нивото од раната паника од пандемијата кога акциите паѓаа, а економијата пропаѓаше. Двојниот удар од повисоките цени предизвикани од царините и побавниот раст ќе создаде маѓепсан круг. Затоа, не е изненадување што паднаа американските берзи. Згора на тоа, со оглед на тоа колку многу обичните Американци вложуваат на берзата, ова дополнително ...

Германија моментално ги има вторите по големина резерви на злато во светот. Повеќе од една третина од вкупно 3.352 тони злато (1.236 тони) се во трезорите на Федералните резерви на Њујорк. Чувањето злато во Њујорк ѝ гарантира на Бундесбанката брз пристап до вредност што може да ја промени во американски долари (или која било друга цврста валута), ако се укаже потреба за тоа. На многумина конзервативци во Германија им е непријатно во Форт Нокс да ...

По нарушувањето на односите со Вашингтон, политичари во Германија сè повеќе се загрижени за безбедноста на огромното количество златни резерви складирани во САД. Германија моментално ги има вторите по големина резерви на злато во светот. Повеќе од една третина од вкупно 3.352 тони злато (1.236 тони) се во трезорите на Федералните резерви на Њујорк. Чувањето на злато во Њујорк ѝ гарантира на Бундесбанката брз пристап до вредност што може да ја ...

Водечкиот европски институт за јадрено истражување ја завршил повеќегодишната физибилити студија на својот амбициозен проект Future Circular Collider (FCC). Овој планиран наследник на Големиот хадронски судирач (LHC) би имал обем од 91 километри, повеќе од три пати поголем од сегашниот LHC. ЦЕРН се надева дека идниот кружен судирач ќе одговори на некои од најголемите прашања во модерната физика, вклучувајќи ја и природата на темната материја, ...

Денот на ослободувањето, како што претседателот Доналд Трамп го претстави воведувањето реципрочни тарифи за 180 земји, ќе ги оптовари семејните буџети на Американците. Сложената испреплетеност на светските економии значи дека нема да поскапат само странските производи, туку и оние од американски компании што своите фабрики ги префрлиле во други земји или увезуваат делови и компоненти. Во теорија, зголемената царина од 10% паѓа на товар на ...

На врвот на листата на Форбс на најбогати луѓе на планетата нема промени, освен во цифрите. Илон Маск е нсјбогат човек во светот со 342 милијарди долари, пред Марк Закерберг (216 милијарди) и Џеф Безос (215). Меѓу првите десетмина најбогати се и Лери Елисон, Бернар Арно, Ворен Бафет, Лери Пејџ, Сергеј Брин, Амансио Ортега и Стив Балмер – единствениот чие богатство годинава се намалило. На листата на милијардери годинава се допишани уште 288 нови ...

На врвот на листата на Форбс на најбогати луѓе на планетата нема промени, освен во цифрите. Илон Маск е нсјбогат човек во светот со 342 милијарди долари, пред Марк Закерберг (216 милијарди) и Џеф Безос (215). Меѓу првите десетмина најбогати се и Лери Елисон, Бернар Арно, Ворен Бафет, Лери Пејџ, Сергеј Брин, Амансио Ортега и Стив Балмер – единствениот чие богатство годинава се намалило. На листата на милијардери годинава се допишани уште 288 нови ...

Островот Херд и Островите Мекдоналд, кои го сочинуваат надворешниот територијален периметар на Австралија, се меѓу едни од најоддалечените места на планетава, до кои се стигнува само преку двонеделно патување со брод од Перт на западниот брег на Австралија. Целосно се ненаселени, а последен пат човечка нога стапнала таму пред речиси десет години. Па што? Херд и Мекдоналд ги има во списокот објавен од Белата куќа на „земји“ на кои им се ...

„Мојата филозофија, господине претседателе, е дека сите странци сакаат да нè зафркнат и наша работа е први да ги зафркнеме“. Со овие зборови, американскиот министер за финансии го убеди претседателот да направи колосален шок на глобалната економија. Според зборовите на еден од луѓето на претседателот, целта била да се активира „контролирано распаѓање на светската економија“. Не, тие зборови не беа кажани од членовите на тимот на претседателот ...

Новата верзија на ЧетГПТ со извонреден успех го положи Туринг тестот за мерење на степенот на вештачката интелигенција. Но со стратегиски направена (легална) измама. Вообичаената верзија 4.5 се покажала просечно, но кога била програмирана да користи сленг, да одвлекува одговори, да прави печатни грешки, се покажала почовечки од вистинските луѓе. Во паралелни текстуални преписки во реално време, од луѓе во улога на судии било побарано да ...

Влијанието на тарифите на Доналд Трамп врз светската економија ќе биде огромно. Со ова се согласуваат и нивниот идеен творец и остатокот од светот соочен со универзални царини од 10%, плус „реципрочните со дисконт“ за земјите со многу повисоки царини за САД. На Денот на ослободувањето, како што го нарече, Трамп објави дека другите земји, и пријателите и непријателите, повеќе нема да ги „цицаат“ САД и да се богатат со високите ограничувања за ...

Откритието може да помогне во објаснувањето на пост-мРНК „воспалителни болести кои се јавуваат кај… [некои] вакцинирани лица“, напишаа истражувачите. Во дискусија со надворешни рецензенти тие сугерираа дека промените на кои наишле „многу веројатно“ се случуваат во клетките на коскената срцевина, изворот на сите крвни клетки. Без некоја каузална врска, Беренсон го поврзува истражувањето со извештаите за зголемена смртност од леукемија - рак на ...

Кога украинскиот претседател Володимир Зеленски ја посети Белата куќа пред речиси еден месец, Њујорк тајмс ги преполни своите страници со осуди за Доналд Трамп и Џеј Ди Венс за предавство на Украина и јавно жигосување на пријателскиот странски лидер. Тајмс, како и повеќето западни медиуми, со години сугерираа дека сè што е помалку од комплетна поддршка за војната е предавство на „демократскиот светски поредок“. Сега, кога војната се чини ...

Со воведувањето реципрочни тарифи за целиот свет, Доналд Трамп ѝ стави крај на ерата на слободна трговија. Тарифите од САД и најавените реакции од светот ја интензивираат трговската војна што води кон глобална рецесија, предвидуваат економисти од Вол стрит. Тарифите од Трамп се еден од најголемите економски земјотреси во поновата историја. По Втората светска војна имало само два удари што предизвикале глобална рецесија - финансиската криза во ...

Претседателот Доналд Трамп го известил својот најблизок круг соработници дека Илон Маск до крајот на мај ќе се повлече од својата улога шеф за кратење на администрацијата, кога ќе му заврши мандатот од 130 дена. Претседателот е задоволен од Маск и неговата иницијатива за владина ефикасност, но и двајцата се согласуваат дека наскоро ќе биде време Маск да се врати во своите бизниси и да преземе споредна улога, изјавиле за порталот Политико тројца ...

Една година откако владата на Нов Зеланд го забрани користењето на мобилните телефони во училиштата, нема многу показатели дека е постигната посакуваната цел – да им се олесни на децата да се фокусираат на наставата на часовите за да можат полесно да го совладуваат материјалот. Слични се и резултатите од анализите во други земји и региони што им ги забранија телефоните на децата во училиште – во Австралија, Франција, Британија, во Италија, Кина ...

Една година откако владата на Нов Зеланд го забрани користењето на мобилните телефони во училиштата, нема многу показатели дека е постигната посакуваната цел – да им се олесни на децата да се фокусираат на наставата на часовите за да можат полесно да го совладуваат материјалот. Слични се и резултатите од анализите во други земји и региони што им ги забранија телефоните на децата во училиште – во Австралија, Франција, Британија, во Италија, Кина ...

Во очекување на досега најсилниот царински удар од Доналд Трамп, кој се закани со реципрочни царини од 20% за повеќето стоки, дури и за традиционалните сојузници на САД во Европа и од Азија, Кина настојува да ги да се позиционира како глобален лидер на слободната трговија. Претседателот Си Џинпинг во петокот ја нарече Кина „чувар на слободната трговија“. Два дена подоцна, министрите за трговија на Кина, Јапонија и Јужна Кореја се договорија ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
3.09
28%
1008
weather icon

Белград

34ᴼ / 33ᴼ
1.54
29%
1008
weather icon

Загреб

31ᴼ / 29ᴼ
3.6
44%
1006
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
4.12
47%
1011
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
1.39
36%
1008
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 27ᴼ
3.09
50%
1007
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
3.09
56%
1010
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
48%
1011
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
3.6
33%
1010
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 30ᴼ
1.54
38%
1009
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 31ᴼ
2.57
33%
1007
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 25ᴼ
6.17
100%
1012
Currency

61.53

Currency

52.2341

Currency

71.3036

Currency

34.2221

Currency

38.3778

Currency

65.7502

Currency

7.28976

Currency

0.66451

Currency

0.36143

Currency

0.52409

Currency

1.30996

Currency

0.61091

Алуминиум

2.59

Иридиум

142542.81

Кобалт

42.99

Никел

15120.00

Рутениум

24370.27

Калај

33.93

Сребро

1189.48

Злато

107277.33

Бакар

10.07

Паладиум

36426.80

Платина

44823.37

Родиум

176829.11

Цинк

2.71