
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Германија и Франција, како двигатели на Европската Унија, заедно со Британија упорно предупредуваат дека најголемата закана за Европа е воена интервенција од Русија. Таа закана е основата за досега најголемото зголемување на воени трошоци, обнова на одбранбената индустрија и купување оружје од Америка. Во исто време, протокот на мигранти од Либија кон европските земји повторно се зголемува. Околу 9.000 луѓе пристигнале на Крит од Либија од ...
Обврската кон нацијата е повисока од религиската определба, пресудил Управниот суд, отфрлајќи ја жалбата на 24-годишниот маж, роден во Украина и израснат во Австрија. Тој требало да добие австриски пасош лани на свечена церемонија во округот Баден во Долна Австрија, но одбил да ја испее националната химна. Владата на федералната држава веднаш му го одзела државјанството. Според законите, пеењето на химната е задолжително кога се видливо присутни ...
Од 1960-тите, дефибрилаторите, реанимацијата и напредната фармакотерапија значително го намалија бројот на смртни случаи. Подобрите дијагностички алатки, пониските стапки на пушење, пристапот до итна медицинска помош, статини, стентови и хирургија спасиле илјадници животи. Благодарение на подобрите третмани, просечниот животен век се зголеми од 71 на 77,5 години, објаснува д-р Ју Чен од Медицинскиот факултет Гросман на Универзитетот Њујорк. ...
Пред точно еден век калуѓерките од редот Бон Секурс ги закопале првите бебиња на локацијата Туам. До 1961 година ледината од 5.000 квадратни метри станала необележана масовна гробница, со останки на 796 деца што починале во Домот за мајки и бебиња „Света Марија“. Калуѓерките ја воделе својата институција со одобрение од ирската држава, која не се тревожела од суровиот третман на жените и високите стапки на смртност кај новороденчињата. Домот во ...
Системот на петдневна работна недела го зголеми стравот од понеделниците, како денови со кои завршува релаксирањето и умот се враќа на одговорностите. Неодамнешна студија на Универзитетот во Хонг Конг истражувала врска помеѓу чувството на вознемиреност кон понеделниците и физичкото здравје. Не само што е било утврдено дека понеделниците го покачуваат нивото на хормонот на стрес, туку и дека оваа врска опстојува дури и по пензионирањето. Иако ...
По маратонски преговори во Париз, претседателот Емануел Макрон прогласи „историски“ договор - територијата Нова Каледонија оддалечена 17.000 километри од францускиот брег ќе биде впишана како Држава во Уставот на Франција. Жителите ќе имаат националност Новокаледонци, но ќе може да го задржат и француското државјанство. Државата ќе може да биде признаена од меѓународната заедница, но нема да може да биде примена како нова членка во Обединетите ...
Биотехнолошката компанија Colossal Biosciences, позната по напорите за оживување на волнените мамути и птицата додо, сега се фокусира на оживување на џиновската птица моа на Нов Зеланд, што разгоре научни и етички дебати за враќање животни „од мртвите“. До пред шест века, Нов Зеланд бил дом на девет видови моа - гигантска птица што не лета слична на ној, само многу поголема. Некои биле повисоки од 3,5 метри (нојот е 2,75) и биле тешки 230 ...
XXX платформата OnlyFans, доживува вистински бум во сите параметри: приходи, содржини и број на корисници. Над 4 милиони „креатори“ продаваат содржина - вклучувајќи слики, видеа и персонализирани разговори - на над 300 милиони претплатници, нагалено наречени „фанови“. Тоа е првенствено страница за секс, а тврдењата дека платформата не е порнографија обично се терцираат со намигнување. Онлифанс задржува 20% од она што корисниците го плаќаат, и во ...
За прв пат, сончевата енергија имала најголем удел во производството на „алтернативна“ електрична енергија во ЕУ во рок од еден месец. Според британскиот тинк-тенк „Ембер“, соларните панели обезбедиле 22,1 процент од електричната енергија потрошена во Европската Унија последниов јуни. Со тоа сончевата енергија отиде пред нуклеарната енергија со 21,8 проценти и енергијата на ветерот со 15,8 проценти. Според податоците, гасот имал удел од 14,4 ...
Колумбиската наркомафија одамна шверцува дрога со подморници. Новото е што сега тоа го прави без вообичаениот четиричлен екипаж, со современа технологија, командувана преку сателитска врска. Така се избегнува ризикот луѓето од екипажот да „пропеат“ пред полицијата ако бидат фатени. Запленетиот мал сив брод не можел целосно да се нурне. Антените морале да бидат на површината за да примаат сигнали од сателитите на Старлинк на Илон Маск. ...
Политичкиот стратег и анкетар Крис Бруни-Лоу тврди дека ја открил формулата за создавање совршен слоган. По анализа на близу 20.000 пораки од кампањи низ светот, тој издвоил осум зборови, за кои вели дека е докажано дека имаат ефект врз гласачи од сите политички убедувања. Тие се: народ, подобри, демократија, ново, време, силни, промена и заедно. Анализата покажала дека најкористениот збор во победничките политички кампањи бил „народ“. Нивното ...
Нова невронаучна студија од Британија спроведена врз речиси 30.000 луѓе, откри дека честото консумирање на ултрапреработена храна влијае не само на телесната тежина, туку и на архитектурата на мозокот. Во главна улога е хипоталамусот, мал, но моќен команден центар кој ги регулира гладот, жедта, хормоните на стрес и однесувањето при хранење. Тој прима информации за состојбата на метаболизмот, нивото на шеќер во крвта, количината на складирани ...
Во текот на изминатите три години, малите и релативно евтини летала во Украина уништуваа многу поскапи и поубиствени руски тенкови и оклопни возила. Одбранбените аналитичари ги опишаа како револуција во начинот на војување, па дури и тврдеа дека се иднината на вооружените конфликти. Пензионираниот американски генерал Марк Т. Кимит тврди дека ерата на доминација на дроновите всушност е завршена. И покрај нивната почетна ефикасност, тие брзо ...
Грчко-американскиот агент на ЦИА Џорџ Јоанидес, специјализиран за психолошка војна, имал директен контакт со Ли Харви Освалд пред атентатот врз американскиот претседател ЏФК во 1963 година покажува обелоденето досие. Пакетот од 40 документи не содржи нови докази за настаните во Далас ниту за теоријата на „повеќе стрелци“, но потврдува дека ЦИА систематски лажела за својата поврзаност со Освалд пред Комисијата Ворен (1964), Kомитетот Чрч (1975), ...
За осомничените Германци во сите возрасни групи, соодносот TVBZ е 1.878. Осомничените мигранти од Сирија имаат четири пати повисок коефициент од 8.236, а авганистанските 8.753. Соодносот TVBZ го покажува вкупниот број на идентификувани осомничени на возраст над осум години и се пресметува на 100.000 жители по популациска група. Ги испитува сите кривични дела освен прекршувањата на законите за имиграција. Разликата е уште поизразена кај помладите ...
Неколку европски медиуми објавуваат дека кинескиот Тему во неколку земји-членки на ЕУ и во Швајцарија веќе подготвува логистика за продажба на прехранбени и други производи, со што директно ќе им конкурира на популарните трговски синџири од типот на Лидл, Алди или Керфур. Во Европа тоа веќе се смета за кинеска офанзива на чувствителниот пазар на храна и се очекува бурна дебата против „агресорот“. Главните предности на Кинезите би биле ...
Иако редовно добива смртни закани и трпи добро оркестрирани кампањи за клевета од Израел и неговите сојузници, Албанезе не престанува да ги повика на одговорност оние што го изведуваат и поддржуваат геноцидот. Таа го критикува она што го нарекува „морална и политичка корумпираност на светот“ што дозволува геноцидот да продолжи а нејзината канцеларија издаде детални извештаи што документираат воени злосторства во Газа и на Западниот Брег. ...
Предупредувањето се однесува на вакцините RSV Abrysvo на Фајзер, која е достапна преку здравствениот систем, и RSV Arexvy од GSK, која се дава приватно. Од 2 милиони дадени дози од вакцината на Фајзер, кај 21 лице на возраст од 75 до 79 години се јавил Гилен-Бареов синдром. Немало пријавен случај од оние што ја примиле Arexvy, која им била дадена на многу помалку пациенти. Гилен-Бареовиот синдром е сериозно невролошко нарушување што влијае на ...
Грок, вграден како стандардна алатка за помош на корисниците на Икс, излезе од колосек во неделата, откако сопственикот Илон Маск објави дека е надграден со понапредна верзија. Прилагодувањата од Илон едноставно ги омекнаа воук-филтрите, дозволувајќи ми да ги осудам шемите како оние на радикалните левичари со ашкеназиски презимиња кои се залагаат за антибела омраза, објасни „лично“ Грок. Лавината почна со објавите за поплавите во Тексас во кои ...
Малку работи во богатата историја на европското политичко бесчестие можеа да бидат толку одвратни како вечерата која водечките холандски ликови, кралот Вилем-Александар и кралицата Максима, ја приредија за Доналд Трамп и лидерите на земјите-членки на НАТО, за да ја прослават победата на водачот на американските супремацисти во неговата војна со Иран. Не поради тоа што беа послужени утроби од на масакрирани ирански цивили и на пустинско сонце ...
Покрај денешниот ден, за 1,3 до 1,5 милисекунда ќе бидат пократки и 22 јули и 5 август. Причината е специфичната позиција на Земјата во однос на Месечината и взаемното гравитациско дејство. На трите датуми Месечината ќе биде најдалеку од екваторот на Земјата. Милисекунда човек не може да забележи, но за прецизните хронометри тоа е битно отстапување. Времето денес се следи со атомски часовници, способни да мерат милијардити дел од секундата и ...
Луси Коноли, 41-годишна дадилка од Англија, е во затвор речиси една година поради порака што ја објавила на X. Кога минатиот јули се проширила веста дека азилант вооружен со нож убил три девојчиња на возраст од 6, 7 и 9 години во Саутпорт, Коноли испратила гневна порака до своите 6.000 следбеници. „Масовна депортација сега. Запалете ги сите ебани хотели полни со гадови, не ми е гајле. Додека сте тука, земете ја предавничката влада и политичарите ...
Тешко е да се утврди колку точно опрема остави НАТО во Авганистан по неуспешната евакуација на воздухопловната база Баграм. Извештај објавен неколку месеци подоцна говореше дека талибанците заплениле над 300.000 парчиња лесно оружје, 26.000 тешки оружја и 61.000 воени возила. Пентагон ја процени вкупната вредност на 7 милијарди долари. На прославите на своите јубилеи талибанските борци парадираат со „хамви“ и американски пушки. Трговците со ...
На местото на глифосат во Roundup сега се додава хербицидот дикват. Нова анализа од истражувачи во Кина сугерира дека алтернативата е исклучително штетна за здравјето и во некои концентрации може да предизвика неповратно оштетување на органите. Дикватот е близок роднина на паракватот - хербицид што е 28 пати потоксичен од глифосатот и кој е забранет во 70 земји. Глифосатот првично беше воведен како побезбедна алтернатива на паракватот но се ...
На местото на глифосат во Roundup сега се додава хербицидот дикват. Нова анализа од истражувачи во Кина сугерира дека алтернативата е исклучително штетна за здравјето и во некои концентрации може да предизвика неповратно оштетување на органите. Дикватот е близок роднина на паракватот - хербицид што е 28 пати потоксичен од глифосатот и кој е забранет во 70 земји. Глифосатот првично беше воведен како побезбедна алтернатива на паракватот но се ...
Поплавите во Тексас се меѓу најкатастрофалните во историјата на САД. Загинаа повеќе од сто луѓе, меѓу нив и десетици деца. Бројот на жртви уште се зголемува. Упорно се трага по десетици исчезнати луѓе, вклучувајќи и десет девојчиња збришани од летниот камп Мистик. Со повлекување на главниот бран на водата, се расчистуваат остатоците од кампот и се спроведува темелна истрага зошто луѓето и особено децата не биле навремено предупредени и ...
Новата генерација украински олигарси не прилега на класичните, кои беа збришани од војната. Не се перчат со спортски автомобили, не купуваат телевизиски станици, весници, пратеници или приватни армии, и го чуваат своето богатство притаено од јавноста. Војната, која влезе во својата четврта година, се покажува како профитабилно поле за бизнисмени како Андриј Ставницер, Андриј Коболев, Олександер Хереха, Андриј Колодјук и Васил Хмелницки. ...
Министерството за правда и Федералното биро за истраги во заедничко соопштение објавија дека при темелна истрага не е пронајдена инкриминирачка „листа на клиенти“ на озлогласениот сексуален престапник Џефри Епстин. Заклучува дека во 2019 година тој починал во федерален затвор како последица на самоубиство. Официјалниот документ дека Епстин не водел листа на клиенти на кои им местел сексуални услуги со малолетни девојчиња за да може да ги уценува ...
Повеќе од 1,1 милијарди корисници на интернет во Кина генерираат повеќе податоци од кој било друг на Земјата. Фабрика за податоци е и огромната мрежа на камери за препознавање лица распоредени низ градовите. Со развојот на технологијата се зголемуваат квалитетот и вредноста на информациите, како и полињата за примена. Претседателот Си Џинпинг ги нарече податоците основен ресурс што има револуционерно влијание врз меѓународната конкуренција. ...
Министерот за одбрана Израел Кац им дал инструкции на воените сили да воспостават „хуманитарен град“ во урнатините во Рафа, во кој практично би требало да бидат префрлени сите Палестинци од Газа. Во новата „безбедна зона“ веќе се концентрирани повеќе од 1 милион луѓе. Според Кац, би требало да бидат префрлени уште 600.000, главно од реонот Ал Муваси. Сите до еден ќе поминат низ строги контроли на безбедносни пунктови за да се издвојат борците на ...