Често се вели дека Европа е искована во кризи. Но, колку сериозна мора да стане кризата за нашите лидери да ги здружат силите и да ја најдат политичката волја да дејствуваат? Речиси секој принцип врз кој е основана Унијата е нападнат“, предупреди Драги, откако во Шпанија ја доби наградата „Принцезата од Астурија“ за меѓународна соработка. Тој вели дека перспективата за Европа е една од најтешките по обединувањето. Го изградивме нашиот ...

Ново истражување покажува дека екстремните пожари во периодот од 2003 до 2023 година се намалени за 35%. Пожарите горат со послаб интензитет, а со текот на времето уништуваат и помала површина. Оваа година се истакнува како прилично добра. Вкупната изгорена површина во Африка, Америка, Азија и Европа е драматично намалена во споредба со претходните години. Ако овој тренд продолжи, 2025 ќе биде година со најмалку диви пожари во овој век. Тоа ...

Министерството за енергетика на САД објави јавен повик до енергетските компании да аплицираат за пристап до нуклеарен отпад што може да го преработат во гориво за напредни реактори. До 31 декември тие може да конкурираат за 19 метрички тони плутониум од демонтирани атомски бомби од времето на Студената војна. Компаниите што ќе ги исполнат условите ќе можат побрзо да добијат лиценца од Комисијата за нуклеарна регулација, која е потребна за ...

Од оваа недела САД префрлија 10 борбени авиони Ф-35 во Порторико, заедно со три беспилотни летала MQ-9. Повеќе од 4.500 маринци и морнари се сместија во Јужната команда на Флорида. Минатата недела претседателот Трамп јавно објави дека овластува тајни операции на ЦИА во Венецуела, а бомбардери Б-52 летаа близу нејзиниот брег. (Од вчера и најголемиот носач на авиони „Џералд Форд“ плови кон Карибите - н.з.). Најмалку пет сомнителни бродови што ...

577 луѓе на возраст од 18 до 88 години гледале 9 минутно видео од старата телевизиска серија „Алфред Хичкок претставува“ - поточно, епизодата наречена „Банг! Мртов си“. Притоа биле скенирани за да се види како се менувала мозочната активност додека гледале. Претходни истражувања покажале дека, во споредба со други видео клипови, баш овој клип ги предизвикува најсинхроните шеми на мозочна активност кај широк спектар на гледачи што го прави ...

Њу Делхи постојано е меѓу најзагадените градови во светот, но ситуацијата уште повеќе се влоши поради фестивалот Дивали. Експериментот за предизвикување дожд опфаќа активирање авиони или беспилотни летала, кои ќе распрснат честички од сребрен јодид со структура слична на мраз. На нив би требало да кондензира влагата од горните слоеви на воздухот, со што би се создале облаци што ќе донесат дожд и ќе ги исплакнат штетните микрочестички. ...

Дистописката приказна започнува во декември 2022 година. Како одговор на една објава на Фејсбук од член на Швајцарскиот национален совет, Брунишолц, мајстор за поправка на дувачки инструменти од Бургдорф, напишал: „Ако после 200 години ископате LGBTQI луѓе, врз основа на нивните скелети ќе најдете само а) мажи и б) жени. Сè друго е ментална болест промовирана преку наставната програма“. Не поминало долго време кога полицијата му тропнала на ...

Во фокусот на големо истражување на Универзитетскиот колеџ во Лондон бил семаглутидот, главната состојка на Вегови и на лекот Оземпик за дијабетес тип 2. Биле испитани податоци од 41 земја за 17.604 луѓе на возраст од најмалку 45 години кои биле или со прекумерна тежина или дебели. На половина од луѓето им биле давани неделни инјекции семаглутид, а на другата половина плацебо. Семаглутидот го намалил ризикот од големи срцеви проблеми за 20%. Врз ...

Под притисок од белгискиот премиер Барт де Вевер, ЕУ го одложи за самитот во декември прашањето за финансирање на обновата на Украина со руски пари. Десничарскиот фламански националист предупредува дека грабањето туѓи пари носи огромни финансиски и правни ризици за Белгија, каде што се чуваат повеќето руски средства. Оваа целосно луда идеја ќе ги оставеше Белгијците на цедило. Жал ми е што сега вперуваат со прст кон нас затоа што не се ...

Во 19-от пакет санкции за Москва откако почна руската воена инвазија врз Украина, Европската Унија вклучи и забрана за увоз на ВЦ шољи, бидеа, цвеќиња, мов, точачиња за деца, сложувалки и моторизирани пластични играчки. Фактот дека забранија увоз на нашите шољи ќе ги чини скапо. Мислам дека ќе им требаат ако продолжат со истите политики кон Руската Федерација, изјави Путин. Putin breaks silence on EU's flush-trating BAN on TOILETS to Russia ...

Со компјутерски моделирања направени се стотици студии за распрснување ситни аеросоли (SAI) во стратосферата, кои би ги рефлектирале сончевите зраци, би фрлале невидлива сенка на Земјата и така би ја заштитиле од глобалното затоплување. Експертите од Универзитетот Колумбија предупредуваат дека реалните услови во природата не дозволуваат контролирање на овој теоретски процес. Дури и најнапредните симулации се идеализирани. Реалната ситуација е ...

„Економист“ тврди дека легализацијата на кокаинот нуди многу предности за општествата, но додава дека оваа идеја сè уште не е прифатлива за политичарите и нивните гласачки бази во повеќето земји. Единствениот и најефикасен начин за намалување на убиствата, насилството и корупцијата би бил легализирање и регулирање на производството и потрошувачката на кокаин. Ова би ја спуштило цената, а со тоа и потенцијалниот профит од шверцот, кој е главниот ...

Клетките на нашето тело постојано се под дејство на внатрешни и надворешни фактори што може да ја оштетат структурата на ДНК, што се одразува и врз стареењето и врз развојот на рак. Матичните клетки имаат способност да се самообновуваат и да преземаат различни улоги, во зависност какви клетки му се потребни на организмот. Во овој контекст, истражувачи од Универзитетот во Токио анализирале матични клетки што произведуваат зрели меланоцити (McSCs) ...

Овој глобален стриминг сервис работи во Бразил уште од од 2011 година и има голем пазар од преку 20 милиони претплатници). Од друга страна, Бразил има сложен даночен систем со многу нивоа (федерални, државни и локални даноци), вклучително даночни права за услуги од забава и даноци на услуги). Нетфликс беше обвинет дека неправилно ги плаќал овие даноци, особено за приходи од претплати и дигитални услуги. Тоа го чинеше непланиран расход од близу ...

Еуростар нарачал вкупно 30 двокатни возови, со опција да купи уште 20. Првите шест треба да бидат оперативни од мај 2031 година. Ова ќе го зголеми капацитетот за транспорт на патници, но ќе овозможи и постепено ослободување од 34 возови од постарата генерација на „Алстом Авелија Хорајзон“, кои се во употреба од крајот на минатиот век. Еуростар ќе ја задржи флотата од 17 возови „Сименс е320“. Новите возови Целестија се долги по 200 метри и ќе ...

Првите протести поминале без инциденти, но синоќа група демонстранти со факели, камења и шишиња ги нападнале полициските кордони пред објектот за сместување азиланти во даблинскиот кварт Сагарт. Едно полициско возило било запалено. Полицијата привела шест лица. Десетгодишното девојче било сексуално нападнато додека било под државна грижа. Агенцијата за детска и семејна заштита објави дека девојчето „исчезнало“ на пат кон центарот на Даблин. ...

Интернетот се претвори во фабрика за содржини од вештачка интелигенција - и тоа неверојатно брзо. Како што алгоритмите сè повеќе го дефинираат дигиталниот наратив, предизвикот за луѓето не е да го запрат развојот на ВИ, туку да ги направат генерираните содржини транспарентни и да го одржат кредибилитетот на статиите создадени од луѓе, забележуваат авторите на истражувањето од Graphite.io. Анализата на повеќе од 65.000 URL-адреси во периодот од ...

Новиот извештај на Фондацијата за политика за глобално затоплување (GWPF) дава преглед базиран врз основа на податоци од набљудувања и докази за глобалните климатски трендови, а не од пресметки на климатски модели. Глобалната клима претставува многу сложен систем. Многу компоненти и нивните меѓусебни односи сè уште не се целосно разбрани или можеби дури и не се препознаени и затоа не се вклучени во климатските модели, наведува авторот Оле ...

Во експлозијата во комплексот Сазхаломбата на „МОЛ“, оддалечен дваесетина минути од Будимпешта, немало повредени лица, но најголемата рафинерија за нафта во Унгарија некое време ќе биде исклучена од погон. Оваа рафинерија ја преработува суровата нафта што Русија ја испорачува преку нафтоводот „Дружба“ и е клучен јазол во унгарската и во централноевропската енергетска мрежа. Нафтата рафинирана во Сазхаломбата главно ги снабдува домашните пазари, ...

Бројни студии покажуваат дека многу цицачи, вклучувајќи ги и луѓето, поседуваат биолошки алатки што се неопходни за состојба на успаност, но ни недостасува кодот што би можел да ги активира. Научниците притоа прават разлика помеѓу успаност и хибернација. Успивањето е краткорочно забавување на метаболизмот - ден или два, додека хибернацијата трае со недели или месеци. За време на успивањето, телото драстично ја намалува температурата, пулсот и ...

„Германија се врати!“ изјави Фридрих Мерц во мај, ветувајќи пред нацијата дека ќе ја изгради најмоќната армија во Европа, способна да ѝ се спротивстави на Русија. Повторно дозволи големи задолжувања и пренасочи трошоци кон одбраната. Потоа создаде специјален фонд од 500 милијарди евра за да ја зајакне критичната инфраструктура – патиштата, мостовите и пругите што се неопходни за брзо префрлање тенкови и војници кон источниот фронт, ако избувне ...

Имплантот е ултратенок безжичен микрочип со димензии од 2 на 2 милиметри и е двојно потенок од човечко влакно. Се вградува под мрежницата и безжично се поврзува со видеокамера на специјални очила. Уредот работи со видеокамера која ја снима сцената пред пациентот, а потоа вештачката интелигенција се користи за претворање на информациите во инфрацрвен сигнал кој се испраќа до имплантот. Тој ги ги стимулира неоштетените неврони на внатрешната ...

Ова беше важна недела за обидите на претседателот Доналд Трамп да ја заврши војната во Украина. По двочасовниот разговор со својот руски колега Владимир Путин тој во петокот во Белата куќа се сретна со украинскиот лидер Володимир Зеленски. Во оваа битка за наклонетоста од Трамп победи реалноста, која е сурова за Зеленски. Украинската делегација дојде во Вашингтон со надеж дека претседателот Трамп ќе го поддржи нивниот план да ѝ се вратат во ...

Луѓето со векови развиваат технологија што им овозможува да го пребаруваат и да го слушаат небото, очекувајќи сигнал од вонземна цивилизација. Со копнени и вселенски телескопи и радио-приемници што следат милијарди ѕвезди и планети досега имаме откриено повеќе од 6.000 егзопланети поволни за развој на живот и на цивилизации со кои би можеле да комуницираме. Човештвото упорно испраќа пораки, но досега не стигнал никаков одговор. Постојат неколку ...

Министерството за државна безбедност во Пекинг тврди дека американската Агенција за национална безбедност извршила долгорочен кибернетски напад врз кинескиот Центар за време, се пробила во системите на персоналот и презела доверливи информации. Податоци и акредитиви за вработените биле украдени уште во 2022 година, а потоа биле користени за следење на нивните комуникации преку мобилните уреди и мрежите. Центарот за време е многу битен ...

Новиот предлог за промена на правилата за членство во ЕУ е во рана фаза и би требало да биде одобрен од сите земји, според тројца европски дипломати и еден функционер на ЕУ запознаен со дискусиите. Иницијативата би им овозможила на земјите што се на пат кон членство, како Македонија, Црна Гора, Украина и Молдавија, да добијат повеќето од придобивките од членството во ЕУ, но барем во почетокот да немаат право на глас додека Унијата не го заврши ...

Австралиските тропски дождовни шуми во Квинсленд станаа првите во светот што се префрлија од апсорбент на јаглерод во извор на емисии поради сè поекстремните температури и посувите услови. Промената, која се однесува на стеблата и гранките на дрвјата (не и на кореновиот систем), започнал пред околу 25 години, според ново истражување објавено во Nature темелено на податоци од 50 години. Дрвјата складираат јаглерод додека растат а го ослободуваат ...

Новите податоци покажуваат дека странците сочинуваат значителен дел од луѓето што во Италија живеат во апсолутна сиромаштија. Во меѓувреме, сиромаштијата кај семејствата со двајца италијански родители се намалува. „Увезуваме сиромашни луѓе. Од вкупното имигрантско население, 35,6 проценти живеат во апсолутна сиромаштија. Оваа стапка е пет пати повисока од онаа на Италијанците“, пишува Маурицио Белпјетро од Ла Верита. Од 2,2 милиони домаќинства ...

Генералот Вилијам „Хенк“ Тејлор, командант на 8-та американска армија во Јужна Кореја, вели дека дека експериментира со генеративни чет-ботови со вештачка интелигенција за да го „изостри“ процесот на донесување одлуки. Тоа го прави при секојдневните обврски во канцеларија и се воздржува да ја користи на терен. Чет и јас станавме многу блиски во последно време. Како командант, сакам да бидам сигурен дека донесувам добри одлуки во вистинско време ...

Настанот се одржал со силно полициско присуство, додека про-палестинските демонстранти скандирале анти-израелски слогани пред зградата. Внатре, израелски адвокат зборувал за проблемот со сексуалното насилство поврзано со конфликти во неколку земји каде што жените биле цел на масовно силување и други видови сексуални напади. Една од организациите што повикале на откажување на настанот било феминистичкото друштво на универзитетот (?!). Ова не е ...

weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
94%
1021
weather icon

Загреб

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
91%
1020
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
4.63
72%
1019
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.58
89%
1019
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
96%
1020
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
88%
1013
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1015
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
87%
1017
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
2.24
90%
1018
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
92%
1019
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
8.23
100%
1015
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
4.12
76%
1019
Currency

61.64

Currency

52.9026

Currency

70.5804

Currency

35.1533

Currency

38.273

Currency

65.8934

Currency

7.48586

Currency

0.68919

Currency

0.34063

Currency

0.5251

Currency

1.24455

Currency

0.58842

Платина

52864.82

Цинк

3.22

Калај

40.49

Иридиум

145787.60

Алуминиум

2.91

Рутениум

29192.88

Злато

134976.58

Никел

473258.99

Бакар

10.96

Сребро

1876.20

Родиум

255598.44

Паладиум

46361.38