Од 09.30 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато, соопштија од Ј.П. Македонијапат. Забрана за сообраќај од 08.05 часот е воведена за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има и на патот Гостивар-Маврово-Дебар, ...

Бранко Тричковски: Така што имам наталожености кои ми дозволуваат на развојот на ситуацијата да гледам како на егзил во кој оди татковината. Таа самата себе се прогонува, се изместува односно ја изместуваат од лежиштето, не во функција на ослободување од себе, за што јас се залагам, туку во функција на тотална културна, медиумска, институционална, политичка и секаква друга деградација на сите модерни национални и државни дострели, колективни и ...

Германските социјалдемократи (СПД) денеска го потврдија канцеларот Олаф Шолц како главен кандидат на партијата за парламентарните избори во февруари. Шолц беше номиниран за кандидат за канцелар од страна на извршната власт на партијата на крајот на ноември по бурна дебата. Пред ова, партијата две недели јавно дискутираше дали многу попопуларниот министер за одбрана Борис Писториус не треба да биде претставен како заменски кандидат. По поразот на ...

Гордан Калајџиев: Ако влијанијата на политиката врз судството се проблем, тогаш поголем проблем е политиката, отколку судството. Зборуваат за ниска доверба во судството, а која голема доверба ја имаат политичарите? Тоа се прашале ли? Кој им дава за право да сечат судски глави? Тоа не може. Во модерна правна држава, не може извршната власт по свое гледање, да сече глави во судската власт, не може. Судскиот совет е поставен за да биде брана, баш ...

Александар Вучиќ, претседателот на Србија, изјави дека денес добил известување од Азербејџан во врска со испораката на гас. Уште една лоша вест нѐ погоди утрово. Добивме известување од Азербеџан дека од денес не можеме да се ослониме на 1,7 милиони кубни метари гас којшто секојдневно пристигнуваше. Од денес ќе почнеме многу посериозно да ги трошиме нашите резерви,изјави Вучиќ. Се испостави дека било паметно што собиравме резерви. Имаме толку ...

Чудно е и однесувањето на СДСМ, Законот на бранители е нивен предлог, а тие ја напуштија собраниската сала. Цел ден дебати, кавги и обвинувања, тони потрошена хартија, дневници и патни трошоци за пратениците, прекувремени часови за собраниската администрација. Многу чинеше вчерашниот ден во Законодавниот дом кој немаше ниту ефект, ниту епилог. Трагикомично беше да се гледа гласањето за интерпелациите на двајцата вицепремиеро Меџити и Стоиљковиќ, ...

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин сака да се сретне со него и во моментов се договара средба, но не прецизираше временска рамка кога ќе се одржи. Трамп во четвртокот пред состанокот со републиканските гувернери во Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида, рече дека војната во Украина мора да заврши. Враќањето на Трамп во Белата куќа на 20 јануари ги зголемува надежите дека ќе се најде ...

Во пожарите кои беснеат во Лос Анџелес досега загинаа најмалку 11 луѓе, а околу 12.000 згради се пепел. Бројот на евакуирани се зголеми на околу 180 илјади. Материјалната штета, се разбира, сè уште е во доменот на претпоставките, бидејќи владините претставници се уште не дале проценка. AccuWeather, приватна фирма која обезбедува временски податоци, процени дека „изгореле“ помеѓу 135 и 150 милијарди долари. Американскиот претседател во заминување ...

Поранешен соработник на сирискиот лидер Башар ал Асад јавно е егзекутиран од борци поврзани со новата исламистичка администрација во земјата, објави Сириската опсерваторија за човекови права. Борците го застрелаа Мазен Кнене во глава на улица во Думар, предградие на главниот град Дамаск. Оваа област се смета за најбезбеден дел од градот од почетокот на сириската граѓанска војна. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика ...

Собранието до доцна синоќа расправаше по петте интерпелации поднесени против четворица членови на Владата и претседателката на собраниската Комисија за социјална политика. На првата пленарна седница по новогодишниот одмор, беше изгласана само интерпелацијата за претседателката на собраниската Комисија за социјална полтика Илире Даути, додека интерпелациите на четворицата членови на Владата поднесени од коалицијата „Европски фронт“ не поминаа. ...

Собранието вечерва со седум гласа „за“ и 52 „против“ ја отфрли интерпелацијата за првиот потпретседател на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ. Одговорност за работата за спроведување на Рамковниот договор поради неспособноста и неговиот пораз во унапредувањето на меѓуетничките односи, побара вечерва коалицијата „Европски фронт“ од вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ. Интерпелацијата ја ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва потврди дека САД воведоа санкции за Нафтената индустрија на Србија (НИС) и додаде дека Србија ништо не придонела за тоа. Во обраќање до граѓаните, тој рече дека САД издале официјално соопштение за тоа и оти тие само што почнале „одлуките да ги објавуваат на нивните веб-страници“. – Добивме многу објаснувања во актот за предизвестување и сакам да кажам дека тие објаснувања ќе продолжиме да ги добиваме ...

Дуња Иванова Филхармонија тргна по главите на неколкумина, до вчера членови на тоа мало, навидум хармонично семејство. Која е Филхармонија? Зградата ли е Филхармонија? Луѓето се Филхармонија, оние исти луѓе кои се познаваат од деца. Уште колку ,,ножеви” ви останаа во фундусот…?! Филхармонија тргна по главите на неколкумина. Посилни сте, несомнено. Но со која победа ќе се гордеете? Пред многу скоро време се појави искра светлина дека состојбите ...

Пратениците попладнево, со 61 глас „за“, 22 против и без ниту еден воздржан, ја поддржаа интерпелацијата на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади Илире Даути што ја поднесе пратеничката група на Левица. Собранието констатира дека наводите во интерпелацијата на работата на Даути се основани. На седницата не присуствуваа пратениците на СДСМ. Интерпелацијата ја образложи Сашко Јанчев кој рече дека Даути со ...

По стапувањето во штрајк на вработените во Државното правобранителство пред два дена, во вторник, на 14 јануари, на протест излегуваат вработени од шест министерства, како и од Државниот завод за статистика. Ова во изјава за МИА го потврди претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, кој рече дека засега се очекува на протест да излезат вработените од министерствата за култура, животна средина, европски прашања, дигитална трансформација, ...

Во Собранието, во рамки на 29-тата седница, попладнево почна расправата по првата точка од дневниот ред – интерпелација за работата на Илире Даути – пратеничка на Алијанса за Албанците од коалицијата „Европски фронт“, претседателка на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади. Интерпелацијата во ноември до Парламентот ја поднесоа шесте пратеници на Левица, а денеска ја образложи пратеникот Сашко Јанчев. Рече дека Илире ...

Нано Ружин: Мислам дека условот на ВЛЕН потполно и одговара на владата, бидејќи таа мораше да најде и бара изговор на кој начин да ги откочи блокадите со кои што се соочува нашата држава заради нерегулирањето на уставниот статус на Бугарите и останатите етнички заједници во Македонија, така што под притисок и на меѓународната заедница, меѓутоа и на внатрешните, би рекле, незадоволства на граѓаните, што Албанија е пред нас, мислам дека можеби ќе ...

Рускиот суд треба да осуди тројца адвокати кои работеа за опозицискиот политичар Алексеј Навални и беа обвинети во 2023 година за обвиненија за „екстремизам“, пренесува Радио Слободна Европа. Рочиштето за изрекување на пресудата за адвокатите Вадим Кобзев, Алексеј Липцер и Игор Сергунин треба да започне на 10 јануари во 10 часот по локално време во Владимирската област источно од Москва. Тие се обвинети за учество во „екстремистичка“ ...

Зоран Иванов: Фатив нешто на Алфа интервју со Претседателката. Кажа некои фини логични нешта ама и покажа флагрантно, за професор по право плус, непознавање на меѓународните обврски и околности. Нашата, (со нејзиниот вокабулар), во собранието има прифатена меѓународна обврска, значи законски прифатена обврска со „француската“ за уставните, тој факт го игнорира, но ако успее да ја смени рамката, јавно ќе и се поклонам, ако не успее, очекувам ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги замоли претставниците од околу 50 нации да ја задржат својата воена поддршка за Украина, велејќи дека „би било лудо сега да се испушти топката“, објавија светските медиуми. – Јасно е дека новото поглавје започнува за Европа и за целиот свет за само 11 дена од сега, во време кога треба да соработуваме уште повеќе, уште повеќе да се потпираме еден на друг и заедно да постигнеме уште поголеми ...

Дијана Имери Илкоска во објавениот текст наведувајќи ги нејзините автобиографски податоци и изнесувајќи ги личните наводи дека е преквалификувана за работното место кое го извршувала во НУ Филхармонија изоставила да го наведе фактот дека во ниту еден момент не била присилена да го напушти работно место наставник на неопределено време (во ДМБУЦ Илија Николовски – Луј Скопје) и да прифати да биде ангажирана на работно место на определено време. ...

Националната агенција за заштитени подрачја од Корча соопшти дека во текот на 2024 година, Меѓународниот попис на водни птици документирал податоци за три вида птици во Преспанското Езеро, Мала Преспа. Според агенцијата, евидентирани се мала црна патка со 56 единки, голема црната чапја (корморан) со 33 единки и големата бела чапја (корморан) со 13 единки. Меѓународниот попис на водни птици е многу важна активност, што се одржа во Албанија ...

Премиерот на Гренланд Муте Егеде, кој се залага за негова независност, денеска изјави дека Гренланд мора да остане обединет откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, најави дека сака да ја преземе контролата врз територијата, која е дел од Данска. Во изјава за гренландскиот весник Сермициак, Егеде ги повика жителите на Гренланд да не паничат, откако интересот на Доналд Трамп да ја преземе контролата врз територијата го фрли во ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во американската воздухопловна база Рамштајн во Германија се сретна со генералниот секретар на НАТО Марк Руте. Фокусот беше на зајакнување на воздушната одбрана на Украина и вклучување на земјите од НАТО во набавката на оружје според данскиот модел. Заедничката задача на нашите партнери е да обезбеди силна позиција за Украина за да донесе праведен и траен мир. Разговаравме и како платформата на ...

Зоран Иванов Сите навалија на Костадинов. Познат бугарски политичар шовинист и провокатор, а поради негова изјава Македонија да се споела со Бугарија. Но може и покроце и по “позитивно”. Повикот, да речеме, допира до дамнешна теза за Балканска федерација која на времето содржела некаква фина интернационална желба. Еве, на пример, наместо интелектуално и институционално лелекање на барањето на Костадинов, ајде, по принципот на нашиве уставни, со, ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во американската воздухопловна база Рамштајн во Германија се сретна со генералниот секретар на НАТО Марк Руте. Фокусот беше на зајакнување на воздушната одбрана на Украина и вклучување на земјите од НАТО во набавката на оружје според данскиот модел. Заедничката задача на нашите партнери е да обезбеди силна позиција за Украина за да донесе праведен и траен мир. Разговаравме и како платформата на ...

Цените на угостителските услуги во декември 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 6.1 %. Во споредба со ноември 2024, пак, цените пораснале за 0.6 %, соопшти Државниот завод за статистика. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – декември 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5.6 %, додека во однос на декември 2023 година, е забележан ...

Деканот на Правниот Факултет при Универзитетот во Тетово, Сафет Емурли информира дека на Артан Груби, кој е вработен како професор на отсекот по новинарство, му е испратено решение за отказ. Дел од медиумите информираа дека постапката за отказ била почната поради тоа што не се појавил на работа во текот на декември. Груби бил таму вработен од 2012 година, а поради вршење јавна функција, местото било во мирување се до август 2024 година кога се ...

Некои се надеваат СДСМ да оствари лош резултат на локалните избори за да профитираат, вели Венко Филипче во интервју за „Независен“ Претседателот на СДСМ вели дека најголем дел од неговата енергија и време посветил на разговори со сите поранешни функционери. Мнозинството од нив ја прифатиле иницијативата за соработка, но некои одлучиле да стојат настрана, па дури и да се надеваат на лош резултат на СДСМ на локалните избори, вели Венко Филипче во ...

Венко Филипче: За жал, има мал број поранешни функционери кои одлучиле да стојат настрана. Некои од нив се надеваат дека СДСМ ќе оствари лош резултат на локалните избори, па тие ќе можат политички да профитираат или да бараат одговорност од актуелното раководство. Овој пристап е нечесен, нефер и пред сè штетен – не за мене или раководството, туку за партијата и сите граѓани кои ја поддржуваат СДСМ. Оние кои решиле да не помогнат во најтешките ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
36%
1008
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.6
79%
1009
weather icon

Загреб

13ᴼ / 11ᴼ
3.6
80%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
32%
1007
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.86
58%
1007
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
84%
1014
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
3.13
41%
1010
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
3.09
49%
1012
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
4.63
43%
1012
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 17ᴼ
5.14
60%
1009
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
3.09
46%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 20ᴼ
5.14
47%
1009
Currency

61.525

Currency

54.1533

Currency

72.3411

Currency

34.9893

Currency

39.3371

Currency

66.0463

Currency

7.52996

Currency

0.67484

Currency

0.37844

Currency

0.52704

Currency

1.40608

Currency

0.64154

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.39

Кобалт

42.99

Никел

15352.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.47

Сребро

1050.65

Злато

107959.96

Бакар

9.23

Паладиум

31121.92

Платина

31329.90

Родиум

172810.26

Цинк

2.58