Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека 15 лица, меѓу кои и еден американски државјанин, се убиени, а 131 повредени во рускиот напад што се случи ноќта помеѓу понеделник и вторник. Само во Кијив се регистрирани околу 30 места каде што се случиле ракетни напади или каде што летале ракетни остатоци. Само во Киев се оштетени речиси 150 станбени згради. Во моментов е познато дека 131 лице е повредено, а 15 лица се убиени. Меѓу ...

Во централниот и во северниот дел на Израел ноќеска се огласија сирените за тревога од воздушен напад откако Иран истрела неколку ракети, соопшти израелската армија и ги повика жителите да се засолнат. Началникот на Генералштабот на иранската армија Абдолрахим Мусави претходно ги предупреди жителите на израелските градови Хаифа и Тел Авив да се евакуираат бидејќи следи „казнена операција“. Израселските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека ...

Универзитетскиот професор, Мерсел Биљали, во интервју за порталот Нова тв вели дека по локалните избори ќе се соочиме со тешка политичка криза. Вреди си живее во изолиран свет и се движи кон голема хаварија. Тие и меѓу себе немаат идеолошки разлики оти немаат никаква идеологија, освен ако власта сама по себе не се смета за таква. По локаните избори ќе се соочима со тешка политичка криза. Не ми е јасно дали тоа не го гледат тие самите или не го ...

Промената која ја видоа граѓаните од една година власт на Мицкоски е економска нестабилност, намалување на животниот стандард, најмала плата во регионот, мизерни услови за живот. Жанета Ќосе Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил во последната година како власт во земјава. Единствена промена што ја направи Мицкоски во последната година дена како Влада и четири години како локална власт е да го промени кројачот. Од одела купени на ...

Израел вчеравечер го уби високиот ирански генерал Али Шадмани, само неколку дена откако го елиминираше неговиот претходник Голам Али Рашид , соопштија утринава израелските одбранбени сили(ИДФ), пренесува Тајмс оф Израел. Во воздушен напад во понеделник вечерта загина генерал-мајор Али Шадмани , новиот началник на Централниот штаб на Хатам-ал Анбија, познат и како иранска воена команда за вонредни состојби. Тој беше на должност само околу четири ...

Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата што се обидувала да добие помош од камиони во Газа, при што загинаа најмалку 59 луѓе, соопштија медицински лица, според кои ова е еден од најкрвавите инциденти досега во растечкиот конфликт во појасот Газа, пренесува Ројтерс. Палестинските медицински лица изјавија дека во инцидентот загинале најмалку 59 лица, а 221 се ранети, од кои најмалку 20 се во критична состојба. Жртвите биле брзо ...

Во денешниот израелски напад уште една експлозија одекна во близина на седиштето на Иранската државна телевизија (ИРИБ). Израел вчера првпат ја нападна зградата на ИРИБ, сместена во северниот дел на Иран. По вчерашниот израелски напад, ИРИБ кратко време не емитуваше програма. По неколку минутен прекин, ИРИБ повторно почна да емитува програма, а на екраните има и порака дека „сите програми продолжуваат во живо, без прекини“, како и дека Израел ...

Украина побара итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) во врска со најновите руски воздушни напади, потврди денес постојаниот претставник на Украина во ОН, Андриј Мелник. Тукушто потпишав писмо до претседателот на Советот за безбедност на ОН, амбасадорката на Гвајана во ОН, Каролина Родригез-Биркет, со барање за свикување состанок на Советот за безбедност што е можно поскоро во врска со ескалацијата на рускиот ракетен ...

„Мојата поддршка за Георгиевски останува непроменета. Случајот против Љубчо Георгиевски и антибугарските изјави на водечките фактори во Република Македонија се апсолутно неприфатливи“, рече Радев, јавува БГНЕС. Според Радев, земја-кандидат за ЕУ која, како што вели тој, гласно рекламира дека ги исполнила критериумите не може да спроведува правни гонења врз етничка основа. Како што изјави тој, во тек е ново, уште поапсурдно, обвинение против ...

Во рамките на апелот за поддршка на настраданите од пожарот во дискотекат „Пулс“ во Кочани, Црвениот крст на Република Северна Македонија собра вкупно 153.931.166 денари во периодот од 16 март до 16 јуни 2025 година. Како што соопштуваат од Црвен крст, со денешниот трансфер, извршена е исплата на 156 лица, а во престојните денови ќе се изврши трансфер на средства и на уште 11 лица. -Со последниот денешен трансфер на 17.06.2025 година исплатени ...

И покрај тврдењата на Израел дека Иран бил само неколку месеци далеку од производство на нуклеарно оружје пред почетокот на превентивните израелски напади врз Техеран во петокот, американските разузнавачки проценки покажуваат дека Исламската Република не работела активно на производство на бомба и дека се потребни неколку години за да дојде до неа, јавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на четири извори запознаени со проценките на Вашингтон. Според ...

Универзитетскиот професор Мерсел Биљали во интервју за Нова тв вели дека нема услови за посериозна војна меѓу Иран и Израел. Не сум сигурен дека двете држави и Иран и Израел сакаат некоја подолготрајна војна. Мислам дека се работи за воени лекции за конкретни активности и верувам брзо такви напади ќе завршат. Иран има таква географска конфигурација да скоро никогаш не е можна копнена војна. Израел скоро го има уништено Хезбулах, така да ...

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека во денешниот израелски напад врз Хан Јунис, Појасот Газа загинаа 45 луѓе. Израелската армија отворила оган додека луѓето чекале камиони со хуманитарна помош од Обединети Нации. Во нападот повредени се десетици лица. Палестинците тврдат дека израелските сили постојано отвораат оган врз луѓето кои се обидуваат да обезбедат храна од дистрибутивните центри управувани од Хуманитарната фондација ...

Армијата на Обединети Арапски Емирато (ОАЕ) денеска евакуира 24 луѓе од нафтен танкер по судирот со друг брод. Несреќата се случи источно од Ормуски Теснец, најважниот нафтен премин во светот. Танкерот Адалин пловел кон Суетски Канал. Армијата на ОАЕ распореди бродови на крајбрежна стража, кои го пребаруваат подрачјето и да го евакуираат екипажот. Британската компанија за поморска безбедност „Амбри“ (Ambrey) објави дека причината за инцидентот ...

Кривична пријава доби директорот на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ во Кичево, затоа што од 2020 година до денеска постапувал спротивно на прописите за заштита на животната средина и природата. Како што соопштија од МВР, тој формирал дива депонија на повеќе илјади квадратни метри во населена зона во Кичево, за која давал задолженија на вработените секојдневно да складираат, оставаат или расфрлаат отпадни материи. Кривична добиле и ...

Откако Трамп вчера си замина порано од Самитот Г7 во Канада, францускиот претседател Макрон на новинарите им сугерираше дека американскиот претседател заминува да преговара за прекин на огнот помеѓу Иран и Израел. „Ако САД можат да постигнат прекин на огнот, тоа е многу добра работа и Франција ќе го поддржи тоа, рече Макрон на самитот на Г7 во Кананасикс. Американскиот претседател на социјалната мрежа Truth Social напиша: Францускиот претседател ...

Фатмир Битиќи: Во далеку посложени услови и со повисока инфлација, ние направивме максимум што можеше да се направи со различен сет на мерки. Денес Владата има уште полесни услови и две алатки во рака – а не ги користи. Комисијата за заштита на конкуренција требаше да има капацитет и да постапува. Имаше дојави за картелско здружување и ништо не се случи. Потребна е примена на законите. Не може, ако е увезен производ, неговата цена во соседството ...

Триесет и четири лица загинаа вчера во Појасот Газа кога израелски војници отворија оган врз толпа луѓе кои се обидуваа да стигнат до американско-израелските центри за дистрибуција на храна, соопштија здравствените власти, а очевидци го потврдија нападот. Тоа е најкрвавиот случај на ваков тип на напад откако минатиот месец беше воведен новиот систем за дистрибуција на хуманитарна помош, велат тие. Триесет и три жртви паднаа на југ во близина на ...

Лидерите на седум водечки демократски економии во светот, собрани на самит во Канада под покровителство на групата Г7, дадоа заедничка изјава за медиумите по состанокот. Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток во последните неколку дена, конфликтот меѓу Израел и Иран, беше главна тема на дискусија, а во оваа прилика членовите на групата Г7 изјавија дека „ја повторуваат својата поддршка за безбедноста на Израел“ и дека се „доследни во својот ...

Израел и Иран денеска ги продолжија воздушните напади едни врз други петти ден по ред, а американскиот претседател Доналд Трамп ги повика жителите на Техеран да се евакуираат, наведувајќи го она што тој го нарече „отфрлање на нуклеарниот договор од страна на Иран“. Се очекува Трамп да го напушти самитот на Г7 во Канада подоцна вечерва – еден ден порано поради случувањата на Блискиот Исток, соопшти Белата куќа. Американската телевизија Фокс њуз ...

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија никогаш не ставила, ниту ќе стави вето на европскиот пат на Македонија. Изјавата ја даде на заедничка прес-конференција со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и албанскиот претседател Бајрам Бегај, по Самитот на ПСЈИЕ. Постои Договор за добрососедство, пријателство и соработка од 2017 година и два протоколи. Постои Преговарачка рамка од 2022 година, европски консензус од сите земји ...

Само неколку дена по најавите за можна пресвртница во американско-руските односи, Белата куќа неочекувано ја откажа планираната средба со Москва за нормализирање на работата на дипломатските мисии. Одлуката доаѓа во период на зголемена глобална несигурност, а аналитичарите шпекулираат дека станува збор за или внатрешнополитичка калкулација во САД – или нова порака до Кремљ дека ништо не е договорено додека не е јавно потпишано. Во меѓувреме, ...

Пакистан ги затвори своите воздушни и копнени патишта со соседен Иран поради ескалацијата меѓу Иран и Израел, оставајќи стотици луѓе блокирани од двете страни на границата, соопштија официјални лица. Влезот во Иран „е суспендиран до понатамошно известување“, изјави Ата ул Муним, службеник на еден од премините во округот Чаги. Сепак, на границата немаше „забрана за трговски“ активности и пакистанските државјани кои треба да се вратат во својата ...

Авион на „Луфтханза“ кој летал од Франкфурт до Индија бил принуден да се врати вчера поради закана за поставена бомба, изјавија од германската федерална полиција за ДПА. Одделот за корпоративна безбедност на „Луфтханза“ ја предупредил полицијата за заканата, по што авионот се вратил во Франкфурт на Мајна, каде што безбедно слетал околу 18:30 часот по локално време. Авионот LH752 бил на пат кон градот Хајдерабад и се вратил додека летал над ...

Марјан Илиевски утре ќе биде промовиран во нов селектор на сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија. Илиевски се договори со раководството на федерација да ја преземе селекторската позиција од Александар Јончевски. Поранешниот кошаркар и тренер во минатото соработуваше со претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Томица Главчев во тимот на Блокотехна. Промоцијата на Илиевски ќе се случи утре на прес-конференција закажана ...

Американскиот претседател Доналд Трамп повика на масовна акција за апсење и протерување на недокументирани мигранти, оценувајќи ја како „најголемата програма за масовна депортација во историјата“. Во објава на неговата платформа Трут Соушл (Truth Social) доцна синоќа, Трамп ги повика федералните агенти од Службата за имиграција и царина (ICE), како и други институции, да направат сè што можат за да ја спроведат оваа иницијатива, особено во ...

Иран го погуби Есмаил Фекри, осуден шпион кој беше прогласен за виновен за соработка со израелската разузнавачка агенција Мосад и обид за пренесување класифицирани информации во замена за пари. Погубувањето се случи во понеделник наутро по конечното одобрување на смртната казна од страна на Врховниот суд, објавува Tehran Times. „Есмаил Фекри, агент на Мосад осуден за тешки кривични дела – корупција и војна против Бога (мохаребе), е обесен по ...

Украина наводно лансирала беспилотни летала во рускиот регион Татарстан, при што загинал еден, а 13 биле повредени, објави гувернерот Рустам Миниханов на 15 јуни, пишува Кијив Индипендент, пренесува ЦивилМедиа. Украинските беспилотни летала наводно биле соборени, но остатоците паднале врз фабрика во градот Јелабуга, каде што се произведуваат руски дронови за напад од типот Шахед, предизвикувајќи пожар. Според Миниханов, станува збор за ...

По иранскиот ракетен напад врз Израел, вкупно 135 лица беа примени во израелските болници. Медицинскиот центар „Волфсон“ во Холон, израелски град во областа Тел Авив, соопшти дека примил 65 повредени по најновиот напад од балистички ракети од Иран, објави „Тајмс оф Израел“. наведува дека петмина се во критична состојба, седум се во умерено сериозна состојба, а останатите се лесно повредени. Медицинскиот центар „Шамир“ во Бер Јаков наведува дека ...

Амбасадата на Иран во Русија денес објави дека иранскиот парламент одобри договор за сеопфатно стратешко партнерство со Русија. Претседателот на парламентот Мохамед Багер Галибаф го испрати одобрениот „Сеопфатен договор за стратешко партнерство со Русија до претседателот на земјата Масуд Пезешкијан во форма на закон“, објави амбасадата на својот Телеграм канал. Претходно, Советот на чуварите на Уставот на Иран – специјално тело за надзор кое ја ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
72%
1016
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
4.63
61%
1018
weather icon

Загреб

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
60%
1018
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
58%
1019
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
3.42
80%
1021
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 11ᴼ
1.03
64%
1016
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
7.2
72%
1014
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
3.6
49%
1013
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
48%
1014
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 9ᴼ
6.17
82%
1021
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
2.57
60%
1019
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
7.72
68%
1015
Currency

61.53

Currency

53.5432

Currency

69.8134

Currency

34.869

Currency

37.9335

Currency

66.0382

Currency

7.50983

Currency

0.65819

Currency

0.34762

Currency

0.52431

Currency

0.60463

Currency

1.27209