Унгарската полиција денеска ја забрани планираната Парада на гордоста во Будимпешта на 28 јуни, и покрај тоа што градоначалникот изјави дека парадата не е јавен настан, за кој не се потребни државни дозволи. Парламентот на Унгарија во март усвои Закон, според кој полицијата има овластување да ги забрани настаните организирани од ЛГБТ заедницата, Градоначалник на Будимпешта, Гергеји Карачон се обидува да го заобиколи Законот наведувајќи дека ...

Родителите на починатите лица во клубот „Пулс“ во Кочани денеска имаат средба со обвинителите од Основното јавно обвинителство, откако на саботниот „Марш за ангелите“побараа појаснување за поднесениот обвинителен акт во врска со трагедијата. Средбата е од затворен карактер и на медиумите не им е дозволен пристап во салата на Мултикултурниот центар каде влегоа четриесетина родители и блиски на починатите. Во обраќањето на маршот пред зградата на ...

Беживотно тело попладнево околу 14 часот е пронајдено во водите на Охридското Езеро, пред плажа на Градскиот кеј во Охрид. Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, кој истакна дека врз телото немало траги на насилство. Местото е обезбедено и во тек е истрага која треба да ги утврди причините за трагичниот настан и околностите што довеле до него. На лице место била повикана екипа на Службата за итна медицинска помош, ...

Нотарската комора бара зголемување на дел од нотарските тарифи, кои како што посочуваат не се зголемени повеќе од 25 години. Неминовно е да има измени во дел од нотарската тарифа од причина што зголемени се трошоците. Како Комора сме во корелација со Министерство за правда и Владата, како би можеле да не се оптерети буџетот на граѓаните и да се задржи нотарската професија, изјави претседателот на Нотарската комора Методија Ристоски. На денешниот ...

Претседателот на Ракометната федерација на Словенија, Бор Розман, најави дека неговата земја заедно со Македонија и со Србија се во преговори за поднесување заедничка кандидатура за организирање на Европското првенство во 2034 година. Според првичните размислувања, Македонија би била домаќин на група во првата фаза, како и на натпреварите од вториот сегмент. Словенците би организирале натпревари од двете фази, како и од полуфиналето, додека во ...

Состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани е непроменета. Петмина повредени се во странство, а петмина се во Скопје. Една пациентка е сè уште во тешка состојба, информираше попладнево на прес – конференцијата во Владата, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Мислам дека деновиве се направи проценка за позначително пресадување на кожа кај таа пациентка. Инаку, таму проблемот е инфективен и се третира на ...

Потпретседателката на СДСМ Каја Шукова во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 истакна дека земјата е целосно закочена, дека нема напредок во процесот на пристапување на Македонија кон ЕУ, а меѓународните позиции на државата се загрозени. Она што ние го гледаме во оваа една година е дека нема никакво подобрување на позициите на државата, а тоа е она што актуелната власт го ветуваше пред изборите. Позициите стануваат од ден на ден се полоши и ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека не гледа конструктивност од страна на опозициската СДСМ во однос на процесот на евроинтеграции на земјава и нагласи дека поради едноцифрениот рејтинг, кој сега го има партијата, има сериозна опасност дали таа таа ќе продолжи да постои по локалните избори. Гледате дека градиме, се бориме низ цел свет, а тој (Венко Филипче) со една изјава вика јас се прифаќам, се што ќе ми ставите на маса дајте да ...

Центарот за урагани со седиште во Мајами соопшти дека Ерик е на околу 110 километри западно од Пуерто Анхел, Мексико. Ураганот Ерик се засили на јачина од категорија 4 додека се приближува кон тихоокеанскиот брег на јужен Мексико денеска, соопшти Националниот центар за урагани на САД. Метрополозите предвидуваа дека ураганот ќе донесе обилни врнежи од дожд што би можеле да доведат до ненадејни поплави. Центарот за урагани со седиште во Мајами ...

Нападите врз иранските објекти за збогатување ураниум, како оној во Натанц, не носат ризик од нуклеарна катастрофа од размерите на Чернобил или Фукушима, објави Би-Би-Си, повикувајќи се на проценки од нуклеарни експерти. Според Би-Би-Си, целите биле објекти за збогатување ураниум, а не активни реактори во кои се случува нуклеарна фисија. Поради оваа причина, ризикот од ширење на радиоактивноста е минимален. Нема нуклеарна реакција во централа за ...

Судот во Солун вчера одобрил екстрадиција на 34-годишен државјанин на Северна Македонија во Германија, каде што се бара за учество во грабеж и убиство на 81-годишен маж, објави „Катимерини“. Тој бил уапсен во мај на граничната премин Евзони, при рутинска проверка која покажала дека против него е издадена европска потерница. Кривичните дела, според документите на германското обвинителство, се извршени во февруари во мал град во сојузната покраина ...

На 50-тина училишта ширум државава ќе се постават фотоволтаични системи во текот на летниот период, информира денеска владината прес-служба. Министерството за образование и наука склучи договор за неповратен грант од 1,1 милион евра со Банка за развој при Совет на Европа за инвестирање во обновливо извори за енергија. Со оваа инвестиција ќе се заштедат големи буџетски средства, а тие пари потоа ќе можат да се реинвестираат во инфраструктурни ...

Руските напади, во текот на вчерашниот ден и денеска, врз Херсонската област повредија девет лица и оштетија станбена инфраструктура, соопштија локалните власти. Според извештаите, триесет и четири населби биле цел на артилерија и беспилотни летала. На 18 јуни во 18:00 часот по локално време, беа пријавени повредени осум цивили , вклучувајќи двајца мажи во Комишани и Ромашково, и шест други во Билозерка, Берислав, Антоновка и регионалниот главен ...

Израелската војска рано утрово соопшти дека извршила повеќе воздушни напади врз Иран. Целите биле главниот град Техеран и други области на земјата, соопштија вооружените сили околу 4 часот наутро. Претходно, Иран испали неколку ракети кон Израел, според израелската војска. Првично немаше извештаи за жртви од меѓусебните напади. Кратко потоа, израелските вооружени сили ги повикаа жителите на областите во иранските градови Арак и Хондаб да ...

Рано утрово, серија гласни експлозии се слушнаа во областите на Ерусалим и Тел Авив, пренесуваат медиумите. Израелската армија претходно предупреди за нови ракетни напади што доаѓаат од Иран, што предизвика тревога во многу делови од Израел. Експлозиите, слушнати околу 7:10 часот наутро по локално време, биле најмоќните во Ерусалим од почетокот на војната, предизвикани од израелскиот напад врз Иран, кој започна на 13 јуни. Претходно, „Тајмс оф ...

Американскиот претседател Доналд Трамп одобри план за напад врз Иран, но не донесе конечна одлука дали ќе биде спроведен, објави Си-Би-Ес Трамп го одложил почетокот на нападот во случај Иран да се согласи да се откаже од својата нуклеарна програма, изјавил висок разузнавачки извор за Си-Би-Ес. Се наведува дека Американците размислуваат за американски напад врз подземниот објект за збогатување ураниум на Форд во Иран. Можеби ќе го направам тоа, ...

Иран за првпат денеска лансираше ултратешка балистичка ракета со среден дострел „Саџил“ во борбени услови, и таа ракета беше лансирана во правец на Израел, објави Корпусот на иранската револуционерна гарда. ИРГК, исто така, објави дека неколку претходни операции успешно го уништиле израелскиот систем за воздушна одбрана и дека таа серија напади ќе биде насочена и континуирана. „Саџил“ е двостепена балистичка ракета со максимален дострел од 2.000 ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека му дал на Иран „краен ултиматум“, додека Вашингтон размислува за потенцијална воена интервенција во таа земја. Трамп рече дека мислењата за таа интервенција во Вашингтон се поделени, но дека Иран не може да има нуклеарно оружје, пренесува Си-Ен-Ен. Иран не може да има нуклеарно оружје. Јас не гледам на долг рок, туку на краток рок. И тоа го говорам веќе 20 години“, рече тој, одговарајќи ...

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека од 13 јуни Иран истрелал над 400 балистички ракети и околу 1.000 дронови врз Израел. Нешто повеќе од 20 балистички ракети погодиле урбаните области во Израел, при што загинаа 24 луѓе, над 500 се повредени, а предизвикана е и голема штета. ИДФ наведува дека од 1.000 беспилотни летала, но помалку од 200 навлегле во израелскиот воздушен простор. ИДФ тврди дека сите ирански дронови биле пресретнати од ...

Апелацискиот суд во Нови Сад го укина притворот на уште петмина осомничени во случајот со падот на бетонската настрешница на железничката станица во тој град, кога загинаа 16 лица. Тие беа осудени на домашен притвор од три месеци. Со таа одлука на судот, ниту еден од 13-те приведени по падот на настрешницата повеќе не е во затворски притвор. Обвинението, кое обвинителството го поднесе на 30 декември, беше вратено кон средината на април од страна ...

Српската криминалистичка полиција ја спроведува својата најголема антикорупциска операција досега, во рамки на која уапси сопственици на над 20 фиктивни компании, објави српската национална телевизија РТС. Полицијата ги уапси сопствениците и директорите на над 20 компании за кои вели дека преку симулирана работа со фиктивни компании се занимаваат „исклучиво со перење пари“, на вредност која се проценува на неколку стотици милиони динари (стотици ...

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаело Гроси, изјави дека Иран нема намера да развива нуклеарно оружје. Тој во изјава за Си-Ен-Ен рече дека извештајот на МААЕ покажува дека нема докази дека Иран систематски се обидува да се движи кон нуклеарно оружје. „Она што го објавивме е дека немаме доказ за систематски обид да се помине на нуклеарно оружје. Се наоѓаме во момент на посебна тензија. Тие имаат многу ...

Во интервју за порталот Нова тв, универзитетскиот професор Мерсел Биљали на прашањето дали се можни предвремени избори вели дека тоа е логичен исход на нештата. При таква реалност посакувам само Господ да се грижи за нас, оти ние немаме луѓе на кои би се надавале. Да не беше така немаше да се доведеме до вакво срамно дереџе. Од второрангирана држава по сите прашања (после Словенија), сега сме само пред Косово. И таа веројатно брзо ќе не надмине. ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа синоќа оствари победа во првото коло на W75 ИТФ турнирот во Загреб откако ја совлада Ралука Георгина Шербан од Кипар со 2:1 во сетови (6:4, 3:6 и 6:4) за 2 часа и 52 минути. Во првиот сет се водеше изедначена борба, а притоа Лина постојано беше во предност по 2:2 во сетови, Ѓорческа поведе со 4:2, а ривалката изедначи и сетот македонската тенисерка го заврши со 6:4. Во вториот сет на стартот ...

Европската Унија мора да продолжи да ја поддржува Украина во нејзината борба против руската агресија заради сопствената безбедност, бидејќи Украина во моментов стои како „прва линија на одбрана“ на Европа, изјави денес во Стразбур високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, за време на пленарната седница на Европскиот парламент посветена на подготовките за претстојниот самит на НАТО во Хаг, јавува ...

Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа разговарале телефонски, веднаш по брифингот на претседателот во Собата за кризи, изјави официјален претставник на Белата куќа за Асошиетед Прес. Официјалниот претставник не откри детали за нивниот разговор. Нетанјаху изјави за медиумите во понеделникот дека разговарал со Трамп телефонски речиси секој ден откако започна конфликтот меѓу Израел и Иран минатата недела. Пред состанокот, ...

Иранските воздухопловни сили извршија напад врз израелските воздушни бази од кои израелски авиони извршија воздушни напади врз Иран, соопшти иранската војска. Како одговор на дрскиот напад на израелскиот режим на исламска иранска територија, борците на воздухопловните сили на корпусот на гардата на Исламската револуција, во десеттиот бран на операцијата „Ветување Садек 3“, ја планираа и изведоа операцијата „Тасир“, чија цел беа воздушните бази ...

Пораки со заканувачка содржина добивале дел од родителите на починатите во трагедијата во Кочани а дел од тие пораки и јавно ги објавуваат. Со случајот се запознаени и МВР од каде што информираат дека секторот за компјутерски криминал во МВР сеуште нема добиено пријава, а по допрен глас од добиени информации од јавноста, интензивно презема дејствија за испитување на наводите и веќе постапува по однос на откривање на идентитет на лицето кое ...

Многу лидери се обидоа да ги решат своите трговски спорови со Трамп. Но, на враќање од самитот, Трамп се пожали дека партнерите на САД, особено Европејците, во моментов не нудат фер договор. Состанокот на Г7 во Кананаскис, Канада, заврши со едногласно мислење дека Иран не може да се здобие со нуклеарно оружје, но со несогласувања околу декларацијата за Украина. САД се спротивставија на заедничката изјава за Украина што би содржела строг јазик со ...

Од скоро 28.000 места во учебната 2025/2026 година за учениците кои ќе можат да се запишат во средните општински училишта, од нив 18.500 места се предвидени за упис во средните стручни училишта, од кои 6.725 места се во дуално образование во 269 паралелки. За таа цел Владата и Министерството за образование и наука го зголемиле бројот на стипендии за дуално образование на 1.570, а зголемен е и бројот на компании кои покрај теоретската настава во ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
72%
1016
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
4.63
61%
1018
weather icon

Загреб

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
60%
1018
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
58%
1019
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
3.42
80%
1021
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 11ᴼ
1.03
64%
1016
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
7.2
72%
1014
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
3.6
49%
1013
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
48%
1014
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 9ᴼ
6.17
82%
1021
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
2.57
60%
1019
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
7.72
68%
1015
Currency

61.53

Currency

53.5432

Currency

69.8134

Currency

34.869

Currency

37.9335

Currency

66.0382

Currency

7.50983

Currency

0.65819

Currency

0.34762

Currency

0.52431

Currency

0.60463

Currency

1.27209