Серијал за бездомните кучиња, милениците и за сите љубители на животните (22) Серијал текстови за кучињата скитници, милениците и за сите љубители на животните, подготвени од Илија Петковски, кој магистрира екологија и животна средина на „Сорбона“ во Париз, излегуваат на викенд-страниците на рубриката Магазин во „Нова Македонија“. Низ текстовите авторот ќе понуди современи хумани решенија за решавање на проблемот со бездомните кучиња и за ...

Во текот на изминатото деноноќие полициските службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода девет лица кои управувале моторни возила без возачка дозвола, соопшти Министерството за внатрешни работи. Меѓу приведените се и двајца малолетници, а едно од лицата било затекнато како управува возило и под дејство на алкохол. По две лица биле приведени во Скопје и Прилеп, а по едно во Кочани, Гевгелија, Кратово, Македонски Брод и ...

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие биле евидентирани шест случаи на семејно насилство, при што едно лице е лишено од слобода. Во Тетово, полициски службеници го привеле 37-годишниот Б.А., постапувајќи по пријава од неговата поранешна партнерка. Според пријавеното, по прекинот на нивната врска во април годинава, тој континуирано ја следел, телефонски ја вознемирувал од различни броеви и упатувал ...

Европската комисија ќе предложи покренување постапка за прекумерен дефицит против Бугарија, откако оцени дека земјата не ги исполнува фискалните критериуми пропишани од Европската Унија, пренесе МИА. Ова го потврди еврокомесарот за економија Валдис Домбровскис по состанокот на Советот за економски и финансиски прашања (ЕКОФИН) во Луксембург. Според Домбровскис, Европската комисија извршила анализа на буџетската состојба во неколку ...

Односите меѓу Македонија и Турција ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика во периодот што следува, порача премиерот Христијан Мицкоски по билатералната средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Во објава на социјалните мрежи, Мицкоски истакна дека на средбата била потврдена традиционално блиската, пријателска и стратешка соработка меѓу двете држави, која се темели на меѓусебна почит, доверба и искрено пријателство меѓу ...

Името на американскиот претседател Доналд Трамп утринава беше отстрането од фасадата на „Центарот Кенеди“ во Вашингтон, откако федерален суд пресуди дека преименувањето на институцијата не може да се изврши без одобрение од Конгресот, пренесе „Си-ен-ен“. Работите за отстранување на натписот започнале во раните утрински часови, кратко по истекот на рокот што судот ѝ го постави на федералната влада за спроведување на одлуката. Работниците ги ...

Осумдесет и три години од смртта на Коста Солев Рацин: Чествување на делото и пораките на македонскиот великан „Само борбата на самите Македонци може да ѝ даде слобода на Македониа – а секој друг — само робство! Вистинската слобода на Македониа нема да дојде от таму, ами само от самите Македонци и со примерот што го покажа Илинден! Секој друг пат е лага! ’Мајка Блгарија’ уште тогај стана најголемиот душман на вистинската слобода на ...

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишен маж, осомничен дека во периодот од јануари до јуни годинава во повеќе наврати извршил полов однос со 12-годишно девојче, со што сторил продолжено кривично дело „Силување на дете кое не наполнило 15 години“ од член 188, став 1 од Кривичниот законик. Според Обвинителството, осомничениот со девојчето, родено во 2014 година, контактирал и се ...

ЕВРОПСКАТА ДИЛЕМА ЗА ИЛИ ПРОТИВ ПРЕГОВОРИТЕ СО РУСИЈА НАТЕЖНУВА КОН – „ЗА“ Во Брисел повторно се отвора чувствителното прашање за улогата на Европската Унија во евентуалните мировни преговори за Украина, откако високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, иницираше дискусија за потребата од појасна и подобро координирана европска преговарачка позиција. Калас вели дека ЕУ треба да биде подготвена за сценарио во кое ќе се ...

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, порача дека доколку биде избран за генерален секретар на Обединетите нации, ќе се залага за прагматична дипломатија насочена кон решавање на проблемите, наместо за јавно осудување и морализирање. На прес-конференција во Виена, 65-годишниот аргентински дипломат изјави дека улогата на генералниот секретар не е да биде „лаички папа или судија“, туку активен посредник кој ...

Европската Унија в понеделник официјално ќе ја отвори првата фаза од пристапните преговори со Украина и Молдавија, откако земјите-членки постигнаа согласност и беше надмината претходната блокада од Унгарија. Актуелното претседателство со Советот на Европската Унија соопшти дека е усвоен заеднички став за отворање на преговарачкиот процес, со што се завршени сите неопходни подготовки за следниот чекор во евроинтеграцијата на двете земји. ...

Филмот „Силјан“ на македонската режисерка Тамара Котевска ја освои наградата „Фипресци“ на 66. Филмски фестивал во Полска. Станува збор за признание што го доделува Меѓународната федерација на филмски критичари, една од најрелевантните професионални организации во областа на филмската критика. Наградата има особена тежина бидејќи доаѓа од меѓународната критичка јавност и претставува признание за авторската вредност, филмскиот јазик и ...

По светската премиера на „Скејтбордингот не е за девојчиња“, во режија на Дина Дума на фестивалот „Трибека“ во Њујорк, пристигнаа и првите меѓународни критики, кои го препознаваат филмот како силна, искрена и општествено релевантна приказна за женската автономија, семејството, сиромаштијата и судирот меѓу традицијата и современиот живот. „Синеуропа“ пишува: „Дума покажува сигурен режисерски глас и јасна контрола врз материјалот со кој работи. ...

Додека либералните политички елити во Брисел продолжуваат да ја градат својата стратегија врз санкции, геополитички конфронтации и растечки воени буџети, од економските центри на континентот пристигнуваат поинакви сигнали. Сè повеќе претставници на бизнис-заедницата предупредуваат дека долготрајната изолација на Русија носи висока цена за европската индустрија, за компаниите и за животниот стандард на граѓаните. Европските компании сакаат ...

Јадењето големи количества ултрапреработена храна како што се чипс, бисквити и преработено месо може значително да го зголеми ризикот од развој на деменција, предупредуваат истражувачите. Научниците од Универзитетот „Харвард“ откриле дека луѓето што секојдневно консумираат големи количества ултрапреработена храна имаат дури 58 проценти поголема шанса да развијат деменција во споредба со оние што ја јадат поретко. Истата студија покажа дека ...

Тетарот „Војдан Чернодрински“ за претставата „Црнила“ од Коле Чашуле, во режија на Дејан Пројковски, се закити со пет награди на годинашниот, 60 – ти јубилеен МТФ „Војдан Чернодрински“. Наградата за режија ја доби режисерот Дејан Пројковски, наградата за машка улога „Кирил Ристоски“ ќе му биде врачена на Димитар Ѓорѓиевски за улогата на Фезлив, наградата за млада актерка и се доделува на Сара Спиркоска за улогата на Неда, наградата за ...

Утре во 20.00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде отворена тринаесеттата самостојна изложба на сликарката м-р Славица Танеска, насловена „Борба без победник-отворено дело на преобразби и раскол“. Изложбата е резултат на повеќегодишно истражување на авторката, започнато со анализирање на птиците, а подоцна конкретизирано кон петлите. -Петлите поставени во борба се само симбол и алегориски приказ на борбата меѓу ...

Класика меѓународен фестивал Струмица 2026 Како и секоја година, и годинава во програмата на „Класика меѓународен фестивал Струмица 2026“ беше предвиден концерт со изведба на хорска музика, што полека станува традиција. Во прекрасниот амбиент на Светиот храм „Св.Петнаесет тивериополски свештеномаченици“ во Струмица се одржа воодушевувачки концерт на камерниот женски хор „Керамија“. Концертот се слушаше со уши и срце. Започна со композицијата ...

ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ЃУБРИВА СТАНУВААТ ГЛАВНА АЛАТКА ЗА ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА ГЛОБАЛНАТА КРИЗА Кога се зборува за последиците од конфликтот на Блискиот Исток, најчесто во фокус се цените на нафтата и природниот гас. Но во европските институции сѐ поголема загриженост предизвикува една друга, многу потивка криза што е во подем, а тоа е т.н. кризата со вештачките ѓубрива. Зад секое зрно пченица, секој килограм пченка или секој тон сончоглед стои азотно ...

Од наш агол ЃУБРИВОТО И ГЕОПОЛИТИКАТА Зад драматичниот раст на цените на ѓубривата се крие приказна за три кризи во една – енергетска, геополитичка и прехранбена. Но уште повеќе се крие приказна за падот на европската конкурентност! Со години Европската Унија градеше економски модел заснован на евтина енергија, глобални синџири на снабдување и уверување дека меѓународната трговија секогаш ќе ги надомести сопствените слабости. Денес сите три ...

Прометот во индустријата во април годинава е зголемен за 7,3 проценти во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), пренесе МИА. Според главните индустриски групи, на годишно ниво најголем раст е забележан кај капиталните производи, каде прометот е зголемен за 12,7 проценти. Пораст има и кај интермедијарните производи, без енергија, од 3,4 проценти, како и кај нетрајните ...

Дали Југозападен Балкан е во енергетска дилема меѓу Вашингтон и Пекинг (прв дел) Она што пред неколку години звучеше како футуристичка идеја, денес станува дел од сериозни геополитички стратегии и на САД и на Кина. Најновиот сигнал дојде од официјален извештај на американскиот Стејт департмент, упатен до Конгресот деновиве, во кој Западен Балкан и Македонија се посочуваат како дел од идните енергетски и нуклеарни иницијативи на Вашингтон. Но, ...

Корисниците на Фејсбук, Инстаграм и Месинџер повторно можат да пристапат до своите профили, откако глобалниот прекин на услугите на компанијата „Мета“ траеше повеќе од еден час. Од компанијата соопштија дека системите постепено се враќаат во нормална функција, но предупредија дека ќе биде потребно дополнително време за целосна стабилизација на сите услуги. „Се враќаме, иако можеби ќе биде потребно малку време за сè целосно да се врати во ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и значително посвежо во однос на изминатите денови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а долж Повардарието повремено и засилен. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утринските температури ќе се движат од 8 до 16 степени, додека дневните ќе достигнат од 22 до 28 степени Целзиусови, што претставува забележителен пад во споредба со ...

Најмалку 30 жени биле уапсени во западниот авганистански град Херат поради наводно кршење на кодексот за облекување што го наметнаа талибанските власти, соопшти агенцијата на Обединетите нации за права на жените, наведувајќи дека дел од приведените подоцна биле ослободени. Според информациите на ОН, апсењата се случиле во деновите пред протестите во округот Инџил, каде што граѓани се собрале за да го изразат своето незадоволство од ваквите ...

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, е избран за вршител на должност претседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), регионална организација што ги обединува стопанските комори од земјите на Западен Балкан. Одлуката била донесена едногласно на седницата на Управниот одбор на КИФ, одржана во Белград, при што Азески добил мандат да спроведе темелни структурни реформи во организацијата, како и во Бизнис советот, ...

Стотици илјади корисници ширум светот денеска пријавија проблеми со пристапот до Фејсбук, додека дел од корисниците се соочија и со потешкотии при користењето на Инстаграм и Месинџер. Според податоците на платформата DownDetector, проблемите започнале околу 9:30 часот по источноамериканско време, при што биле регистрирани повеќе од 100.000 пријави за недостапност на Facebook. Корисниците најчесто пријавувале дека не можат да се најават на ...

Петто издание на фестивалот „Преку езерото“ Петтото издание на фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ ќе се одржи од 8 до 15 јули во Дојран, Струмица и Гевгелија. – Оваа година по петти пат фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ останува доследен на тоа да биде фестивал на филмови од тој регион и да не се шириме надвор од тој архипелаг, кој има мошне значајно место во светот на кинематографијата. Оваа ...

Повеќе земји испратиле предлози до администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за можни алтернативи за справување со енергетската криза поврзана со транспортот во Ормускиот Теснец, предизвикана од војната против Иран, надевајќи се дека ќе добијат политичка и финансиска поддршка во Вашингтон, пренесува „Политико“. Зголемените цени на гасот поврзани со затворањето на Ормускиот Теснец станаа голем политички проблем за Белата куќа, ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на бизнис-форумот Македонија – Турција во Истанбул, значаен економски настан посветен на продлабочување на билатералната соработка, привлекување инвестиции и отворање нови можности за партнерства меѓу компаниите и институциите од двете држави. Форумот ги обедини претставниците на владите, институциите и бизнис-заедниците од Македонија и Турција, со цел ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.51
79%
1028
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.5
94%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.13
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
0.51
76%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
1.34
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42