Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска во Скопје го промовираа новиот Кодекс на новинарите на Македонија, кој претставува модернизирана рамка за професионално и етичко известување прилагодена на предизвиците на дигиталната ера, социјалните мрежи и вештачката интелигенција. На почетокот на настанот беше посочено дека процесот за измена и дополнување на Кодексот започнал во 2024 година, по ...
Почеток на воспоставување нов стандард во парламентарниот живот, а не завршување на еден процес е усвојувањето на Кодексот за етичко однесување на пратениците, рече претседателот на Собранието, Африм Гаши, на промоцијата на документот кој претходно беше донесен од пратениците. Пред пратениците и претставници на меѓународната заедница, Гаши истакна дека долговечноста на демократијата ја гарантираат меѓусебната почит, одговорноста и свеста дека ...
Танкер бил погоден од проектил во Ормускиот Теснец, објави британскиот центар за Поморски безбедносни и трговски операции (УКМТО), пренесе „Си-ен-ен“. Повикувајќи се на неименуван американски функционер, „Волстрит џурнал“ објави дека Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) на Иран отворил оган врз два комерцијални брода во близина на теснецот. „Аксиос“, повикувајќи се на неименувани американски функционери, објави дека Иран испукал ...
Секоја аптека мора да ги има лековите што се на позитивната листа и што се издаваат на рецепт, истакна денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој ги повика граѓаните да пријават во Фондот, преку инфо-мејлот или формуларот за информации, доколку некоја аптека одбие да издаде лек на рецепт. – Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт, додаде Клековски, одговарајќи на новинарско ...
Проект поддржан од програмата Еразмус+ на Европската Унија Новите психоактивни супстанции сè поголем предизвик: Европска иницијатива нуди нови решенија за намалување на штети Новите психоактивни супстанции (НПС) претставуваат сè посериозен предизвик за јавното здравје ширум Европа. Нивната брза појава на пазарот, постојаното менување на нивниот хемиски состав и лесната достапност преку интернет создаваат нови ризици, како за лицата кои ги ...
Позитивната листа е проширена со три нови антикоагулантни лекови – „еноксапарин“, „надропарин“ и „ривароксабан“, кои од 1 јули се достапни во аптеките во земјата. Кај „еноксапаринот“ се достапни два бренда, кај „надропаринот“ е достапен еден бренд и кај „ривароксабанот“ во почетниот период ќе биде достапен еден бренд. Тоа ќе значи заштеда на граѓаните и олеснет пристап – истакна денеска на прес-конференција во Владата генералниот директор на ...
Криминалитетот во државата е на најниско ниво во последните 20 години, а во изминатите две години е намален за 30 проценти, објави Министерството за внатрешни работи. – Денес криминалитетот во државата е на најниско ниво во последните 20 години, а вкупниот криминалитет е намален за 30 проценти. Истовремено, ја зголемивме ефикасноста во откривањето на кривичните дела и нивните сторители на 69 проценти. Во борбата против организираниот криминал ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, официјалната посета на Државата Катар ја заокружи со две деловни средби, со извршните директори на „Катар Ервејс“ (Qatar Airways) и „Барзан Холдингс“ (Barzan Holdings). На средбата со раководството на „Катар Ервејс“, една од водечките светски авиокомпании, министерот Муцунски ја претстави инвестициската отвореност на Владата, а се разговараше и за можностите за ...
Надворешнотрговската размена на Македонија продолжила да расте и во првите пет месеци од 2026 година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика, пренесе МИА. Во периодот јануари – мај, вкупната вредност на извозот достигнала 217,98 милијарди денари, што е зголемување од 5,7 проценти во споредба со истиот период лани. Во исто време, увозот изнесувал 306,51 милијарди денари и е повисок за 5,91 процент. Најголем удел во ...
Македонско друштво „Илинден“-Тирана во соопштение за јавноста ги осудува сите обиди за одземање на правото на глас на Македонците кои живеат надвор од Македонија. Оценува дека таквиот потег е неприфатлив и претставува израз на длабоко непочитување кон Македонците во дијаспората. -Ние, Македонците надвор од Македонија, сакаме активно да учествуваме во градењето на слободна, демократска и просперитетна држава. Правото на глас ни припаѓа, пред ...
Во „Тема на денот“ на МРТ гостуваше организациониот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, кој говореше за активностите на институцијата насочени кон модернизација на возниот парк, намалување на злоупотребите на службените возила и регулирање на статусот на државниот имот. Осврнувајќи се на воведувањето на обоените регистарски таблички за службените возила, Томовски оцени дека мерката дала ...
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека денеска не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 36 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така, сончево време со мала до умерена облачност, додека во ...
ДВЕ РЕДАКЦИСКИ АНАЛИЗИ ЗА ИРАН Со почетокот на церемонијата на погребот на иранскиот ајатолах Али Хамнеи, настан што долго време во Иран е подготвуван да не биде само ритуал на длабока жалост на нацијата и државата туку и порака до светот за обединет Иран и нов историски почеток со нова улога на регионален и глобален план за Иран, редакцијата на „Нова Македонија“ и уредничкиот колегиум за читателите на весникот изготвија две анализи, два ...
Меѓународниот аеродром „Катанија-Винченцо Белини“ на Сицилија и денеска останува затворен поради засилената активност на вулканот Етна. Сите летови се пренасочуваат кон аеродромот во Палермо, а авиокомпаниите организираат автобуски превоз за патниците. Етна продолжува да исфрла пепел, а според најновите податоци вулканскиот облак достигнува висина од околу 4.500 метри. Италијанската цивилна заштита уште на 26 јуни го зголеми нивото на ...
На 19. Меѓународен фестивал на современата драматургија „Кољада плејс 2026“ („Kolyada Plays“), што неодамна се одржа во Екатеринбург, Русија, независниот театар „Вортекс“ од Скопје доби престижно признание. Со специјалната награда „Метална комета“ беше наградена претставата „Кокошка“, работена во копродукција меѓу театарот „Вортекс“ и НУ „Театар Комедија“. Претставата е поставена по текст на рускиот драмски автор Николај Кољада, во режија на ...
Животни Повеќето сопственици не сакаат да ги оставаат своите кучиња сами предолго. Меѓутоа, сопствениците на мачки, генерално, помалку размислуваат за тоа прашање – на крајот на краиштата, мачките се познати по нивната независност. Меѓутоа, експертот за однесување на мачките Стивен Квант за „Њузвик“ вели дека сопствениците на мачки треба да размислат за тоа. И покрај стереотипот за нивната наводно повлечена природа, постои ограничување на ...
По спектакуларните настапи како специјален гостин и поддршка на Џим Џефрис на неговата европска турнеја, еден од најдобрите австралиски стенд-ап комичари, Амос Гил, ова лето доаѓа во Македонија со своето најново и наградувано соло шоу „The Pale, Stale, Straight White Male“. Публиката ќе има можност да го погледне во Охрид, каде на 21 јули ќе го отвори 8. Интернационален фестивал на комедијата „Summer Comedy Marathon“ 2026, настан кој „Друга ...
Изјави на европски челници што не кореспондираат со духот на самитот на НАТО во Анкара Според американскиот „Волстрит џурнал“, во услови на „…растечка недоверба меѓу Брисел и Вашингтон, Макрон оценил дека прекумерната зависност на Европа од Америка станала безбедносен ризик за самата Европа…“ – Повлекуваме линија. Нема враќање назад – рече Макрон, според извори цитирани од американскиот медиум „Волстрит џурнал“. Вашингтон со отворени и ...
Воена анализа: Падот на Константиновка како сигнал за новата фаза од руско-украинскиот конфликт Во секоја војна постои разлика меѓу спектакуларните операции што доминираат во медиумскиот простор и тивките фронтовски поместувања што ја определуваат конечната воена рамнотежа. Украинските напади врз аеродроми, складишта, воени постројки и инфраструктура во руската заднина несомнено имаат свое оперативно и психолошко значење. Тие покажуваат дека ...
Вашингтон повторно ги (по)врзува Москва и Киев Помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков изјави дека Доналд Трамп во саботата разговарал со Владимир Путин еден час и 25 минути, при што понудил американска помош во наоѓањето решение за војната во Украина. Тоа беше четврти телефонски разговор меѓу двајцата лидери од почетокот на годинава, одржан по иницијатива на американскиот претседател. Разговори што ја вратија надежта за мир Ушаков го ...
Повод: Финалната декларација на НАТО од Анкара: „Рејунион“ на трансатлантскиот Сојуз-потврда на членот 5, ама и нова распределба на товарот меѓу Америка и Европа Кога пред само неколку месеци американскиот претседател Доналд Трамп отворено го доведуваше во прашање опстанокот на НАТО, заканувајќи се со можно американско повлекување од Алијансата и обвинувајќи ги европските сојузници дека живеат под американски безбедносен чадор без да ја ...
Јавното претпријатие за државни патишта и Европската банка за обнова и развој – ЕБОР денеска потпишаа договор за грант за изградба на автопат Скопје – Блаце. Парите за грантот се од Инвестициската рамка на ЕУ за Западен Балкан, во висина од 30,8 милиони евра, а кредитот е 167,6 милиони евра. Договорот го потпишаа директорите на двете институции, Коце Трајановски и Фатих Туркменоглу. Изградбата на автопатот Скопје – Блаце, од клучката кај ...
Околу 30 ученици во текот на јуни и јули ја претставуваат Македонија на меѓународни научни олимпијади, а сите трошоци за нивното учество ги покриваат Министерството за образование и наука и Владата, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска, пренесе МИА. Во објава на Фејсбук, Јаневска истакна дека државата втора година по ред целосно ги финансира патувањата и котизациите за младите натпреварувачи, со што нивните семејства не ...
Во турската престолнина Анкара денеска почнува дводневниот самит на НАТО на кој ќе учествува и претседателката Гордана Силјановска-Давкова. Таа утре ќе учествува на Состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, што ќе се одржи во претседателскиот комплекс „Бештепе“. Таа ја ја предводи македонската делегација, во чиј состав се министрите за одбрана Владо Мисајловски, и за надворешни работи и надворешна трговија ...
Основното јавно обвинителство Скопје побара од Основниот кривичен суд да им изрече мерки на претпазливост на тројца осомничени за напад врз малолетник во парк во населбата Маџари, пренесе МИА. Според Обвинителството, тројцата на 22 јуни физички нападнале дете родено во 2011 година, удирајќи го со тупаници и клоци, при што му нанеле и расекотини по телото со нож. Предложените мерки вклучуваат забрана за напуштање на живеалиштето или ...
Неколку милиони луѓе денеска се придружија на погребната поворка за починатиот ирански врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, во Техеран, објави државната агенција ИРНА, без да наведе точен број. Многумина од учесниците во поворката скандираа „Одмазда, одмазда“, како и „Смрт за Америка“ и „Смрт за Израел“. Некои поддржувачи на свештеникот држеа транспаренти на кои американскиот претседател Доналд Трамп беше прикажан како цел. Хамнеи беше ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека решението за војната во Украина е поблиску отколку што јавноста претпоставува и најави дека ова прашање ќе биде една од темите на претстојниот Самит на НАТО во Турција. Трамп рече дека и Русија и Украина се заинтересирани за завршување на конфликтот. -Претседателот Путин сака ова да заврши. Тоа го велам многу категорично – изјави Трамп. Тој откри дека за време на викендот имал телефонски ...
За да им се излезе во пресрет на жителите кои претрпеа поголеми штети поради неодамнешните обилни врнежи од дожд и невремето што го зафати подрачјето на град Скопје, Општина Кисела Вода отвора постапка за доделување еднократна парична помош за овие граѓани. Како што се наведува во соопштението од општината, лицата кои ќе аплицираат за оваа помош, потребно е до Архивата на Општина Кисела Вода да достават барање придружено со следната ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно ја нападна италијанската премиерка Џорџа Мелони на социјалните мрежи, објавувајќи нејзина фотографија со коментар дека е „потребна забрана за приближување“. За време на состанокот на Г7 во француското одморалиште Евијан минатиот месец, Трамп и Мелони беа фотографирани како разговараат, но Трамп по тој разговор во интервју за ТВ Ла 7 изјави дека премиерката на Италија го молела да се фотографираат. ...
Времето кога Европа можеше да ја препушти својата одбрана и безбедност на Америка е завршено, оценија генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во заеднички авторски текст за весникот „Економист“. Тие признаа дека Европа во рамките на Северноатлантскиот сојуз долго време била премногу потпрена на воените капацитети на Вашингтон, но нагласија дека суровата реалност и опасностите на ...