ЈУЛИ ВО КИНОТЕКАТА НА МАКЕДОНИЈА Програмата на Кинотеката на Македонија за јули претставува внимателно осмислена филмска целина, која ги обединува највредните аспекти на македонската кинематографија: почитта кон авторите што оставиле длабока трага во националната култура, афирмацијата на современото филмско творештво и грижата за зачувување на богатото филмско наследство. Во текот на целиот месец публиката ќе има можност да проследи ...

Публиката ќе има можност да проследи разновидна програма составена од класични и од современи остварувања, авторски омажи и специјални проекции што отвораат простор за ново читање на македонската филмска историја. Од историски епопеи и интимни семејни драми, преку урбани приказни и современи авторски визии, до експериментални и аматерски филмски форми, програмата нуди богат пресек на различните поетики и генерации што ја создавале и ја ...