Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Исклучително добро зачуваниот фосил, откриен во североисточната кинеска провинција Лиаонинг, задржува јасни отпечатоци од обемни пердуви околу неговиот скелет Кинеските научници идентификуваа нов вид пердувест диносаурус, кој датира од пред приближно 120 милиони години, нудејќи нови физички докази за да помогнат во откривањето на еволутивниот пат на летот на диносаурусот. Исклучително добро зачуваниот фосил, откриен во североисточната кинеска ...
Некои чекори на држави од Вишеградската група, плус Хрватска, во врска со борбата против инфлацијата Инфлацијата е симптом на подлабоки економски процеси. Затоа и лекувањето мора да биде пошироко од монетарната политика. Вистинскиот предизвик за Македонија не е само да ја намали инфлацијата. Вистинскиот предизвик е да ја намали инфлацијата без да ги жртвува инвестициите, индустријата и идниот економски раст. А токму тука започнува разликата ...
Уште еден помалку препознаен аспект на нашиот државен и национален опстанок Во Уставот формално не би се впишале само неколку илјади лица попишани како Бугари. Во политичка смисла, Македонија би го отворила својот највисок правен акт за држава што има повеќе од шест милиони жители и која веќе подолго време покажува амбиција да биде арбитер на македонските идентитетски прашања. Таму каде што денес се бара впишување, утре ќе следуваат нови ...
Кина доби повеќе од 1.400 регистрирани музеи во текот на изминатите пет години, со што вкупниот број на национално ниво достигна 7.188 до крајот на 2025 година, според статистиката објавена од Националната администрација за културно наследство. Повеќе од 91 отсто од овие музеи се отворени за јавноста бесплатно. Во текот на изминатата година музеите низ целата земја беа домаќини на повеќе од 40.000 изложби и организираа над 580.000 образовни ...
Современите безбедносни предизвици бараат засилена меѓународна соработка, силни институции и заеднички пристап кон дигиталните, хибридните и геополитичките закани. Ова беше една од главните пораки на меѓународната безбедносна конференција што се одржа во Скопје. Во рамки на конференцијата беа организирани пет тематски панели на високо ниво, посветени на актуелните глобални и регионални безбедносни предизвици. На панелот за мултилатералната ...
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) соопшти дека во земјава е регистриран првиот случај на Зика вирусна инфекција. Според проценките на здравствените власти, во моментов ризикот за населението е низок. Од ИЈЗ информираат дека на 17 јуни 2026 година е добиен конфирматорно позитивен наод за Зика вирусна инфекција од Одделението за вирусологија. Пациентот бил контактиран од надлежен епидемиолог, по што му биле препорачани соодветни превентивни ...
Огнени маси што се прелеваат една во друга, создавајќи впечаток на енергија која постојано се раѓа, се трансформира и исчезнува – тоа е првиот впечаток што го доживува посетителот при средбата со платната на уметницата Бојана Артиновска од Битола. Нејзината изложба, насловена „Оган“, синоќа беше отворена во галеријата на Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци. Непосредна, отворена и топла, исто како боите на нејзините платна, ...
Кривичниот суд попладнево, по сослушување на осомничените во случајот за проневера во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), одлучи на три лица да им биде определен притвор од 30 дена, додека на петмина им е изречен куќен притвор. Во 30-дневен притвор одат поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиевски, како и уште две лица со иницијали О.М. и Ѓ.Ч. Куќен притвор им е определен на Н.Л., И.П., И.Ш., С.Т. и К.А., додека мерки на ...
Израел и Хезболах постигнаа договор за прекин на огнот, кој стапи во сила денеска во 16 часот по локално време (15 часот по средноевропско време), по посредство на САД и Катар и со поддршка од Иран, пренесе „Ројтерс“. Договорот доаѓа по нова ескалација на судирите во јужен Либан, каде што во изминатите часови беа регистрирани жестоки напади и човечки жртви. Според либанската Национална новинска агенција, во израелските воздушни напади ...
Лидерите на Европската Унија најавија дека во октомври 2026 година ќе одржат стратешка дискусија посветена на проширувањето на Унијата и неопходните реформи, во услови на обновен импулс во пристапниот процес. Во заклучоците од состанокот на Европскиот совет, одржан на 18 и 19 јуни во Брисел, се посочува дека дискусијата ќе се одвива во контекст на новата динамика во процесот на проширување и врз основа на принципите утврдени со Декларацијата ...
Бугарскиот премиер Румен Радев на својот прв состанок на Европскиот совет во оваа функција испрати јасна порака дека Софија е подготвена да стави вето на предложениот 21. пакет санкции на Европската Унија против Русија доколку рускиот православен патријарх Кирил остане на санкциската листа, пренесе „Ројтерс“. Како што пренесува бриселскиот портал „ЕУаливе“, Радев пред новинарите во Брисел изјавил дека не смее да се мешаат политиката и ...
На првото пријавување за упис во средните училишта за учебната 2026/2027 година, кое се реализираше од 12 до 17 јуни, се пријавиле 15.075 ученици, а успешно се запишале 13.397, покажуваат податоците на Министерството за образование и наука. Од вкупниот број запишани ученици, 9.813 ќе следат настава на македонски јазик, 3.357 на албански, 213 на турски и 14 на српски јазик. Во гимназиското образование се запишале 4.278 ученици, додека ...
Коалицијата „Менуваме “ најави протест кој ќе се одржи на 25 јуни во 17.30 часот пред Министерството за социјална политика. Целта на протестот е изразување незадоволство од институционалните практики и да се упати повик за достоинствен живот и еднаков третман на лицата со попреченост. Во рамки на активностите, коалицијата информира дека е поднесена кривична пријава против министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, ...
Во Скопје утре ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради одржувањето на Парадата на гордоста „Скопје Прајд 2026“, која годинава се организира под мотото „Сите нека знаат“. Настанот е најавен како протестен марш посветен на човековите права, еднаквоста и достоинствениот живот на ЛГБТИК+ заедницата во земјава. Организаторите велат дека годинашниот марш ќе испрати пораки за видливост, солидарност и отпор кон дискриминацијата. Собирот на ...
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека за време на актуелната епидемија на ебола во Демократска Република Конго и Уганда се заразиле 75 здравствени работници, од кои 17 починале. Претставничката на СЗО во Бунија, Мари-Розелин Белизер, изјави дека засега не е утврдено дали медицинските лица се заразиле на работното место или во приватниот живот, пренесе „Ројтерс“. Таа нагласи дека организацијата работи на подобрување на ...
Речиси секој петти граѓанин на Европската Унија се соочува со некакво ментално нарушување, а околу 60 проценти од засегнатите не добиваат соодветна здравствена поддршка, покажуваат податоците на Организација за економска соработка и развој. Според организацијата, менталните болести секоја година се поврзуваат со околу 28.000 предвремени смртни случаи во Европа, пренесе МИА. – Во 2023 година, речиси едно од пет лица страдало од ментално ...
Основното јавно обвинителство Куманово поднесе обвинителен акт против 25-годишен жител на Старо Нагоричане, осомничен за четири убиства и два обиди за убиство извршени во периодот од јануари 2025 до февруари 2026 година. Според Обвинителството, обвинетиот со умисла одзел живот на четири жени и се обидел да убие уште две. Вештачењата покажале дека делата ги извршувал од ниски побуди, односно со намера да ги задоволи своите полови нагони кон ...
Неизвесност околу шестата точка од меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран во врска со „обврската на Вашингтон и регионалните партнери за рехабилитацијата на економскиот развој на Иран“ Нацрт-договорот, односно меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран за мир, сочинет во 14 точки, во шестата точка посочува дека Техеран (се разбира, под услов да ги исполни обврските поврзани со својата нуклеарна програма во понатамошните преговори) ќе може ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) едногласно ја усвои новата Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026–2030, документ што предвидува 113 мерки и 388 активности насочени кон намалување на корупциските ризици во клучни сектори. Стратегијата ги опфаќа јавните набавки, надзорот над спроведувањето на законите, правосудството, транспортот и инфраструктурните проекти, просторното и ...
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција побара притвор за осум лица и мерки за претпазливост за уште четворица осомничени во истрагата за наводна проневера на повеќе од 180 милиони денари во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Сите 12 лица приведени во вчерашната акција, меѓу кои и поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, се изведени пред судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд ...
Умереното консумирање кафе може да заштити од ментални нарушувања, според најновите истражувања на научниците. Сепак, вишокот може да има спротивен ефект. Утринската шолја кафе може да биде не само засилувач на енергија туку и сојузник на менталното здравје. Најновото истражување сугерира дека луѓето што пијат две-три шолји кафе дневно се помалку изложени на ризик од развој на ментални нарушувања. Интересно е тоа што заштитниот ефект на ...
Преговорите меѓу САД и Иран, кои требаше да се одржат денеска во швајцарско планинско одморалиште, се одложени, соопшти швајцарското Министерство за надворешни работи. Одлуката следува откако Белата куќа потврди дека американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ја одложил средбата со членовите на иранскиот преговарачки тим, пренесе „Бизнис инсајдер“. Официјално, причината е опишана како „логистичка“, но повеќе медиуми наведуваат дека ...
Лидерите на 27-те земји членки на Европската Унија на Самитот во Брисел едногласно усвоија заклучоци за поддршка на Украина, што претставува прв ваков консензус од март минатата година, пренесе „Ројтерс“. Во изминатиот период усвојувањето на заеднички ставови беше блокирано од тогашниот унгарски премиер Виктор Орбан, поради што останатите земји членки носеа одделни декларации со поддршка од 25 или 26 држави. Во дел од случаите на Орбан му се ...
За време на длабок сон, телото ги регенерира клетките, произведува хормони за регенерација и ѝ помага на кожата да ја одржи својата еластичност. Ако доцна легнеме и го нарушиме природниот ритам, последиците се видливи: темни кругови под очите, губење на сјајот и побрзо формирање брчки. Затоа, не е доволно да „спиеме осум часа“ – важен е и моментот кога одиме на спиење. Прекумерната консумација на слатки газирани пијалаци и преработена храна, ...
Премиерот Христијан Мицкоски порача дека на Македонија ѝ се потребни институции кои ќе размислуваат долгорочно и ќе работат врз основа на јасна визија, а не на краткорочни политички потреби. На петтиот состанок посветен на Националната развојна стратегија 2024–2044, Мицкоски оцени дека документот претставува еден од најзначајните стратешки акти во поновата историја на државата, бидејќи е резултат на широк општествен консензус и вклученост на ...
Јавното обвинителство соопшти дека е известено за смртта на Љупчо Грнчиштанов, поранешен генерален инспектор во Дирекцијата за заштита и спасување и еден од обвинетите во предметот за трагедијата во Кочани. Според информациите од Обвинителството, Грнчиштанов починал откако му се слошило во неговиот дом. Основното јавно обвинителство Скопје ќе издаде наредба за обдукција за да се утврдат точните причини за смртта. Грнчиштанов ја извршувал ...
Тироидната жлезда, иако е мала, игра клучна улога во регулирањето на метаболизмот, нивото на енергија, срцето, мускулите, коските, па дури и расположението. Кога таа не ги добива соодветните хранливи материи, тоа може да доведе до хроничен замор, бавен метаболизам и други нарушувања. Затоа е важно да вклучите во вашата исхрана храна што го поддржува нејзиното правилно функционирање. 1. Морски алги: Тие се богати со јод, кој е неопходен за ...
Владата, на предлог на Министерството за здравство, ја усвои информацијата за формирање Центар за итна медицинска помош во Скопје, со цел подобрување на системот за итен медицински одговор, побрзи интервенции и поефикасно спасување човечки животи. Според Министерството за здравство, реформата предвидува издвојување на Итната медицинска помош како самостојна институција, што треба да овозможи поголема организациска и оперативна независност. ...
Граѓаните треба да добијат можност директно да инвестираат во големи енергетски проекти, наместо своите заштеди исклучиво да ги вложуваат во недвижности, смета претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), Ацо Ристов, пренесе МИА. Говорејќи на тркалезната маса „Зајакнување на конкурентноста – Енергетската транзиција, CBAM и иднината на македонската индустрија“, ...
Царинската управа поднесе кривична пријава против лекар и медицинска сестра поради обид за криумчарење на 199 вијали ботокс, чија вредност се проценува на околу 615.000 денари. Според информациите од Царинската управа, против осомничените до Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава за кривичните дела криумчарење и царинска измама. Случајот бил откриен при детална контрола на поштенска пратка пријавена за увозно ...