Во време кога Европа сè погласно зборува за критични минерали, стратешки суровини, енергетска независност и индустриска конкурентност, Македонија не може да си дозволи рударството да го третира само како контроверзна тема. Напротив, прашањето за минералните суровини станува дел од новата европска економска реалност во која државите што располагаат со ресурси треба да одлучат дали ќе ги управуваат одговорно или ќе останат настрана од процесите ...

Првите километри од автопатот Тетово – Гостивар се очекува да бидат завршени во текот на следната година, а доколку градежните работи продолжат со сегашната динамика, целиот автопат треба да биде пуштен во употреба до крајот на 2028 година, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, пренесе МИА. При посетата на Општина Тетово, Николоски истакна дека проектот напредува според планираното, откако се решени сите ...

„Астерфест“ од 4 до 8 август во Струмица Традиционално по 21. пат ќе се одржи интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ од 4 до 8 август, во Струмица. Според годинашното фестивалско мото „Со отворени очи“, независните филмски автори метафорично ја повикуваат публиката да гледа како животот тече како на филмска лента низ големиот број приказни раскажани од различни краишта на светот. Физиономијата на фестивалот, кој е препознатлив не само ...

Вештачката интелигенција предизвикува загриженост поради влијанието врз животната средина. Центрите за податоци трошат големи количества електрична енергија и вода, а нивната потрошувачка расте заедно со популарноста на генеративната вештачка интелигенција. Американските центри за податоци потрошиле 176 терават-часа електрична енергија во 2023 година, или околу 4,4 проценти од вкупната потрошувачка во САД. Сепак, експертите предупредуваат ...

Повод: Извештајот на Државниот завод за статистика (ДЗС) за трендот на извозот и увозот во периодот јануари-мај 2026 година во споредба со истиот период во 2025 година Последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) за надворешната трговија во периодот јануари_мај 2026 година се повеќе од добра економска вест. Тие покажуваат дека македонската економија и понатаму создава нова вредност, дека индустријата произведува, дека компаниите ...

Изложба на лумен-принтови на Кети Талевска Бакревска ќе биде поставена в четврток, во 20 часот, во КСП „Центар Јадро“, Скопје. Изложбата „Фрагменти од НАС“ претставува интимно визуелно истражување на жената како слоевито суштество – тело, мисла и дух – изразено преку специфичниот јазик на лумен-принтот, фотографски процес во кој сончевата светлина дејствува како коавтор. Во оваа серија, уметницата му дозволува на моментот да се случи ...

Некои кучиња јадат бавно, а други го јадат својот оброк во еден здив. Некои само ќе душкаат околу ќесето со храна, а некои пак самите ќе земаат храна од неа. Ако храната се наоѓа на место до кое кучето може да стигне без проблем, тогаш кучето може да изеде повеќе отколку што треба, може да ја истури храната на подот или да ја оштети амбалажата, создавајќи вистински неред. Постојаната достапност на храната го отежнува одржувањето јасна рутина ...

Пејачката на хитот „Тотал Еклипс оф д харт“ (Total Eclipse Of The Heart), Бони Тајлер, почина на 75-годишна возраст, се наведува во соопштение објавено на нејзината веб-страница. Велшката поп-ѕвезда, чие вистинско име е Гејнор Хопкинс, почина само неколку месеци откако беше лекувана на интензивна нега, каде што беше ставена во индуцирана кома по итна операција на цревата, пренесе ДПА. Во соопштението објавено на официјалната веб-страница на ...

Се следи состојбата со цените на горивата, ќе видиме како ќе се одвива, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој напомена дека економските мерки остануваат на располагање, но не кажа дали ќе се активираат. Како што истакна Мицкоски одговорајќи на новинарски прашања, Македонија има убедливо најниска цена на горивата и успеа во јуни да има најниско ниво на инфлација од сите држави во регионот. – Живееме во прилично предизвикувачо ...

Македонија Сиљановска-Давкова: Единството на НАТО останува клучно во време на нови безбедносни предизвици Македонската претседателка побара поголема соработка, инвестиции во одбраната и посилна отпорност на Алијансата Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на самитот на НАТО во Анкара порача дека Алијансата влегува во период во кој се соочува со сложени безбедносни предизвици што бараат поголема политичка кохезија, повисоки одбранбени ...

Бугарија со еврото е во рекорден дефицит, со растечки долг и со сериозни предупредувања од Брисел По некоја случајност, буџетите и во Македонија и во Бугарија се предизвици што се близу центарот на политичките и економските дебати. Разликата е во тоа што во Македонија, Владата и Собранието ги отворија разговорите за ребалансот на државниот буџет, пред сѐ заради прераспределба на средства во насока на поддршка на капиталните инвестиции и ...

Во првите шест месеци од годинава, Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид опслужиле вкупно 1.955.648 патници, што претставува зголемување од 28 проценти во споредба со истиот период минатата година. Во истиот период биле реализирани 13.167 летови, односно 7,6 проценти повеќе отколку лани. Само во јуни преку двата аеродрома патувале 374.714 патници, што е раст од 15,6 проценти на годишно ниво. Генералниот ...

Американското Министерство за правда соопшти дека осум лица се обвинети за наводен заговор за напад врз настан на Ултимејт фајтинг шампионатот (УФЦ), кој се одржал пред Белата куќа во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп. Според обвинителството, осомничените планирале да употребат беспилотни летала со експлозив за да предизвикаат евакуација на присутните, по што снајперисти требало да ги нападнат лицата означени како ...

Бројот на загинати во двата силни земјотреси што ја погодија Венецуела се зголеми на 3.889 лица, додека 16.740 се повредени, а 17.907 останале без домови, покажуваат најновите официјални податоци. Панамериканската здравствена организација (ПАХО) предупреди дека по катастрофата постои зголемен ризик од ширење на заразни болести поради прекините во здравствените услуги, пренатрупаните привремени засолништа и недостигот од чиста вода. ...

Израел ја предупредил американската администрација за наводен ирански план за атентат врз претседателот Доналд Трамп, објавија Си-Ен-Ен и „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на неименувани извори. Веста ја пренесе и германската новинска агенција ДПА. Според извештаите, предупредувањето од израелска страна содржело информации за конкретен наводен план, иако детали за него не биле јавно објавени. Американски функционер за Си-Ен-Ен изјавил дека ...

Во рекордно време се заврши карго-обиколницата во Скопје, со што товарните возови веќе нема да минуваат низ центарот на градот. Тоа значи две работи – прво, еколошки е одлично, второ, ќе значи кратење на времето, а на тој начин ќе ја направи Македонија уште поатрактивна за карго-сообраќај – изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски при денешната работна посета во Гевгелија. Пругата од Илинден до Драчево, како ...

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска изрази загриженост во врска со информациите за постапувањето кон пратениците на граничниот премин Ќафасан и очекува целосно и транспаретно разјаснување и утврдување на околностите за случајот од властите во Албанија. – Како претседател на Собранието, изразувам загриженост во врска со информациите за постапувањето кон пратениците на Собранието на Република Северна Македонија на граничниот премин ...

Полициски службеници денеска на различни локации реализирале низа превентивни активности за безбеден сообраќај, спречување пожари, за заштита од телефонски измами и кражби. На минувачите, полицајците им поделиле и едукативни материјали во форма на летоци со едукативните препораки. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес денеска на наплатна станица „Сопот“ на автопатот Скопје-Велес, реализирале сообраќајна превентивна ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од 11 до 20 степени, а дневните ќе достигнат од 28 до 34 степени. Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде 15, а максималната ќе достигне 34 степени. Според прогнозата на УХМР, во сабота ќе преовладува сончево и топло време со ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран дека секој нов напад врз бродови ќе предизвика уште посилен одговор, откако американските вооружени сили извршија нови операции против Иран. – Ова е одмазда за вчерашните бомбардирања на бродови од страна на Иран. Ако се повтори, ќе биде уште полошо! – напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут Социал“ (Truth Social). Централната команда на САД (CENTCOM) соопшти дека е извршен нов ...

Што сакаше да каже американскиот претседател кога ја нарече Европа „земја од Третиот Свет“? Кога американскиот претседател Доналд Трамп деновиве напиша дека „Европа станува земја од Третиот Свет“ затоа што прима „криминалци од Третиот Свет“, тој не употреби само навредлива политичка квалификација. Тој активираше поим што повеќето луѓе го користат секојдневно, а ретко кој знае што навистина значи. Во јавниот говор денес „Трет Свет“ најчесто се ...

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека Иран „очајно сакаат да постигнат договор“. – Едноставно не знам дали се достојни да склучат договор. Не знам дали ќе го почитуваат договорот, тоа е проблемот – им рече тој на новинарите на авионот „Ер Форс Уан“, пренесува „Тајмс оф Израел“. На прашањето зошто Иран би нападнал комерцијални бродови ако сака да постигне договор, како што тврди, Трамп рече дека тие се малку луди – Тие се малку ...

Авионска дезинсекција против ларви од комарци ќе се изврши утре (10 јули) рано наутро на подрачјето на Скопје. Како што соопшти Град Скопје, доколку временските услови не дозволуваат дезинсекција, ќе се прска првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Град Скопје ги известува пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. Авионска дезинсекција против ларви од комарци ќе се ...

Наградата „Роксан Стојанов“ е создадена со јасна мисија – да им даде поддршка на младите танцови уметници во моментот кога таа поддршка може да биде пресудна за нивниот понатамошен професионален пат. Заминувањето на Виола во Париз е потврда дека оваа награда не е само признание туку вистинска можност за учење, искуство, инспирација и за отворање нови врати, порачуваат организаторите Победничката на првото издание на националната награда ...

Продолжуваме да бидеме посветени на испорачување проекти како наш врвен приоритет – истакна премиерот Христијан Мицкоски за време на денешниот престој во Битола, каде што изврши увид во изградбата на основно училиште. Во изјава за медиумите Мицкоски посочи дека Владата ќе продолжи со интензивна работа и со цел решавање на проблемите на граѓаните. – Продолжуваме да бидеме посветени на испорачување проекти како наш врвен приоритет. За жал, ...

Завршивме неколку големи проекти во Гевгелија, со што инфраструктурно градот доби нов лик, едно модерно место за живеење. Вкупно инвестираме над 165 милиони денари, поддршката од Владата за Гевгелија ќе продолжи и во таа насoка ќе работиме на изградба на нов влез во градот – најави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета на Гевгелија. Заедно со градоначалникот изврши увид во ...

Со презентација на докази од телефонски апарати на дел од обвинетите, комуникации меѓу нив, како размена на пораки на „Фејсбук“, „Вибер“ и „Месинџер“, во судницата во „Идризово“ денеска продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, пренесува МИА. Од одбраната имаше реакции дека во дел од презентираните документи никаде не се спомнува „Пулс“. Воедно, еден од адвокатите рече дека по обвинетите се плука во медиумите, биле ...

Лекот „фостер“, инхалациска терапија за астма и за хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) се очекува од 1 август да биде достапен во аптеките без доплата и со партиципација од 280 денари, а за антикоагулансот „ксарелто“ (ривароксабанот) од 1 јануари ќе се плаќа партиципација од само 160 денари. Ова денеска на прес-конференција го истакна директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој посочи дека има два начина за ...

Македонците во Албанија и понатаму се соочуваат со низа предизвици поврзани со зачувувањето на јазикот, културниот идентитет и опстанокот на традиционалните населени места. Иако македонското малцинство е официјално признато, претставниците на заедницата укажуваат дека се потребни дополнителни напори и поголема институционална поддршка за унапредување на правата и можностите на Македонците во Албанија. Во регионите каде што традиционално живее ...

Во Основниот суд во Куманово денеска почна судењето против 25 годишниот Трајче Бојковски, од општина Старо Нагоричане. Обвинетиот овчар денеска беше спроведен во Основниот суд Куманово од затвор Куманово. Судијата Мирсад Суроји го праша за основни податоци, обвинетиот гледаше кон таванот, во еден момент се смешкаше. Судијата даде пауза, по што обвинетиот одговори и го потврди идентитетот. На судењето присуствуваа смејеставата и бранителите на ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1028
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
70%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
88%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.69
93%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
84%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
65%
1027
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
74%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
3.09
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
63%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
0.89
75%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
89%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76