Историски трилер Истанбул 1923… – Имаме договорен сигнал, драг господине – кочинарот се поднаведна за да го слушнат во кабината од пајтонот. – Дали си сигурен, Карпис Карапетјан? – Апсолутно, господине Гаврило Колароски. – Престани да ме титулираш, човеку! – Кога сме во акција, практикувам одредена дистанца. – Марш! Низ вратата од кабината се провре висок, силен маж. Во раката држеше бастун. Беше облечен во модерна облека од „времето на ...

Историски трилер Привремено престојуваше во прекрасна вила во Џихангир во близината на сарајот Долмабавче. Долго време се подготвуваше за враќање во Македонија. Сега таму, во Европа, започнаа да дуваат пријатни ветрови иако татковината врескаше од неправди. Одамна беше кога како момче од десетина години мораше да се раздели од домот и заедно со татка си да се упати во белиот свет по корка леб. Судбината сакаше неговиот татко да го даде за ...