Редакциски уводник Постојат датуми што ги бележиме во календарот затоа што се државни празници. Постојат и датуми што ги славиме затоа што нè потсетуваат на значајни историски настани. Но постојат и ретки денови што ги надминуваат календарот, политиката и времето. Денови што стануваат дел од идентитетот на еден народ. За Македонија таков ден е 2 Август – Илинден! Во македонската историја има многу славни личности, многу храбри битки, многу ...
Илинден – факел и светилник на историски и национален незаборав Илинден е час -славен. Илинден е миг – револуционерен. Илинден се борбените месеци и крвавите години на македонскиот дух од 1903-та. Незаборавник. Илинден е крвава и славна победа на НОБ/НОВ. Илинден е државотворниот АСНОМ. Непокор. Илинден е историски чин. Илинден е незаборавник – Илинденска епопеја. Вечен илинденски оган кој тлее низ години, декади и векови. Илинден е ...
2 август 2026 Од Илинден 1903 до АСНОМ 1944 — пат поплочен со жртвата на генерации македонски синови и ќерки кои вечно веруваа во идејата за слободна Македонија, се наведува во честитката од ЛДП, која МИА ја пренесува интегрално. Нивниот стремеж стана наша реалност. Нивната жртва — наш вечен завет. Денес им оддаваме длабока почит на сите генерации кои го сонуваа, се бореа и го дадоа најскапото за слободна и самостојна држава. Оваа земја е ...

