„Охридско лето“ По неколкуте успешни гостувања на одлични солисти и ансамбли со различна жанровска програма за кои публиката покажа голем интерес, репертоарот на класична музика на 66. „Охридско лето“ повторно беше исполнет со импресивен настап на Камерниот оркестар на Националната опера и балет под диригентската палка на Бисера Чадловска и сопранот Наде Талевска, која беше солист на вечерта. Професионализмот и големиот креативен потенцијал ...

Телата на двајца планинари од Босна и Херцеговина се пронајдени на планината Елбрус, додека спасувачките екипи и понатаму трагаат по уште тројца членови на експедицијата. Поради исклучително неповолните временски услови, се стравува дека и тие ги загубиле животите. Руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека двајца членови на седумчлената планинарска група се спасени и медицински згрижени. Според информациите, експедицијата од ...

Поранешниот заменик генерален секретар на Обединетите нации, Олара Отуну од Уганда, е седмиот официјален кандидат за функцијата генерален секретар на светската организација. Кандидатурата на 75-годишниот Отуну ја поднесе Владата на Уганда, а Обединетите нации денеска официјално ги известија земјите-членки за неговата номинација. Отуну има долгогодишно искуство во системот на Обединетите нации. Од 1997 до 2005 година ја извршуваше функцијата ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува утре надлежните институции да соопштат дека водата во Гостивар повторно е технички исправна за користење, посочувајќи дека во тек е хиперхлорирање на водоводната мрежа и дека досегашните анализи покажуваат позитивни резултати, пренесе МИА. Одговарајќи на новинарско прашање по увидот во градежните работи на клучката кај Момин Поток, Мицкоски изјави дека екипи на ЈП „Водовод и канализација“ од Скопје се ...

Берлинската полиција објави фотографија од 21-годишен осомничен за вмешаност во нападот на Парадата на гордоста во германската престолнина, во кој едно лице загина, а најмалку 16 беа повредени. Во тек е интензивна потрага по осомничениот низ градот, пренесе МИА. Според германските власти, станува збор за лицето идентификувано како Абдул Б., кое по инцидентот успеало да избега. Нападот се случи синоќа кога возило влета во толпа луѓе во паркот ...

Едно лице загина, а најмалку 16 се повредени откако возило синоќа влета во толпа луѓе за време на Парадата на гордоста во Берлин. Поради инцидентот, германската полиција ја прекина манифестацијата неколку часа по нејзиниот почеток, пренесе МИА. Според полицијата, дел од повредените се наоѓаат во животна опасност. На местото веднаш интервенираа екипи на итната медицинска помош и пожарникари, кои им укажуваа помош на повредените. Во објава на ...

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се реализира со забрзана динамика. Две галерии се целосно завршени, а на третата интензивно се работи. Во следните неколку месеци ќе отвориме уште 10 километри коишто се најкомплицирани, 10 километри каде што влегуваат тунелите и галериите, најави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска изврши увид во градежните активности на трасата и изградба на ...

Градежните работи на клучката кај Момин Поток се реализирани 75 проценти, а проектот ќе биде целосно завршен и пуштен во употреба до Нова година, најави денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, при увидот на терен заедно со премиерот Христијан Мицкоски, пренесе МИА. Според Ѓорѓиевски, проектот пред седум месеци бил во застој, со реализирани само 10 проценти од постапката за експропријација, додека денес таа е целосно завршена, а ...

Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност, а дневната температура ќе достигне до 35 степени Целзиусови. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој повремено ќе биде засилен во западните делови на земјата, каде ќе дува од западен правец, додека долж Повардарието ќе преовладува југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат меѓу 7 и 16 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 28 до 35 степени ...

На граничниот премин „Богородица“ утрово е регистрирана зголемена фреквенција на возила, при што времето на чекање за излез од државата изнесува околу 30 минути. Според информациите од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ), на останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози, но интензитетот на возила ...

Скопје денеска одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес што на 26 јули 1963 година однесе 1.070 животи, повреди повеќе од 3.000 лица и остави над 200.000 жители без покрив над главата. Трагедијата засекогаш го промени ликот на градот, но истовремено стана симбол на меѓународната солидарност, пренесе МИА. Во рамки на одбележувањето, во 10 часот делегација на Собранието, составена од пратениците Сергеј Попов и Даниела Николова, ќе ...

Во првата половина од годинава во Албанија влегле 9.166.350 албански и странски посетители во или 6,6 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година. Според податоците објавени од државниот институт за статистика(ИНСТАТ), во периодот јануари-јуни, во земјата влегле 5.059.069 странски државјани, што претставува зголемување од 6,2 отсто додека влезот на албански државјани изнесува 4.107.281, што е зголемување од 7,1 отсто. Само во ...

Брод со 11 европски туристи и двајца членови на екипажот, исчезна во близина на заливот на индонезискиот остров Сулавеси. Индонезиските власти соопштија дека е почната потрага по бродот, кој испловил од островот Танџунг Унауна во петокот наутро и се упатил кон пристаништето Мариса во соседната покраина Горонтало, но не пристигнал како што били планирано. На бродот имало еден чешки државјанин, еден Белгиец, пет холандски државјани, тројца ...

Властите во Франција и Шпанија наредија евакуација на повеќе од 220.000 луѓе поради големите шумски пожари што беснеат во двете земји. Во југозападна Франција, во регионите Жиронд и Ланд, властите евакуираа околу 200.000 луѓе. Рано изутринава, речиси 60.000 жители мораа да ги напуштат своите домови во близина на Бордо, а претседателот Емануел Макрон ја повика војската да помогне во гаснењето на пожарите. Пожарот во Жиронд досега проголта ...

Во електровлечната подстаница Драчево, лоцирана помеѓу железничките станици Лисиче и Драчево, е извршена кражба од големи размери, при што е предизвикано целосно уништување на значаен дел од електроенергетската опрема на железничката инфраструктура, информираат од МЖ Инфраструктура. При кражбата, како што посочуваат, биле насилно превртени два големи електроенергетски трансформатори, секој со тежина од над 30 тони. Од трансформаторите било ...

Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира. Редовен карго сообраќај на Коридор 10 кој носи најмногу приход на Железници ќе има, патнички возови за Велес, Гевгелија, Прилеп и Битола ќе има, напиша вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук0профил, после брзата реакција на надлежните институции по направената штета на ЈП МЖ Инфраструктура. – После тешката штета нанесена од кражбата и ...

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе истрага против виш референт за шалтерски услуги во прилепскиот Центар за вработување, осомничен дека во период од три месеци побарал и примил поткуп од 18.000 денари од корисник на социјална помош, ветувајќи му дека нема да му биде укинат надоместокот и дека неговата сопруга ќе биде евидентирана како активен барател на работа. Осомничениот бил приведен при примопредавање на последниот износ, а ...

Министерот за здравство Сашо Клековски ја посети Специјалната болница за белодробни заболувања во Лешок по најавите во медиумите дека водата за пиење во болницата не е во исправна состојба. Зборувајќи за моменталната здравствена состојба на граѓаните од Гостивар тој истакна дека се забележува намалување на бројот на лица што се јавуваат за лекарска помош. – Денеска имаме состојба од 80 новопријавени пациенти што е двојно намалување од ...

Околу еден милион денари се потребни за санација на кровните конструкции на Општинското основно училиште (ООУ) „Ванче Прќе“ и на градинката „Вера Циривири-Трена“ покажаа пресметките на проценителите по силното невреме проследено со дожд и ветар кој се движел со бризина од 134 километри на час во Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов вели дека ова се пресметките на проценителите за штетите на институциите кои се под надлежност ...

Редакциска аналитичка опсервација: Доколку се затвори Ормускиот Теснец во пакет со Баб ел Мандеб, се затвора геостратегискиот обрач околу енергетскиот систем на светот Додека погледите на светот се вперени кон иранско-израелската конфронтација и американското воено присуство во Персискиот Залив, една на изглед очекувана, но стратешки многу поважна вест пристигна од Јемен. Хутите прогласија поморска блокада на Саудиска Арабија, образложувајќи ...

МВР соопшти дека на 23.07.2026 во 22:30 часот во село Муртино, Струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Ф.Р. (29), Е.И. (31) и С.Ш. (24), сите од село Банско, струмичко, зашто при преглед на патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, во кое биле затекнати, се пронајдени кокаин и марихуана. Лицата се задржани во Полициската станица Струмица и на 24.07.2026 врз основа на судска наредба е извршен претрес ...

По значајниот исчекор што Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го направи со воспоставувањето институционална заштита на македонскиот рубин како автентично минерално богатство на Македонија, започнува нова фаза – негова промоција, заедно со целокупното геолошко наследство на државата. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и претседателот на Здружението за промоција на природните ...

М-р Анита Спасовска, сертифициран тренер по НЛП-методологија По повеќе од две децении практично искуство во менаџментот, лидерството и организацискиот развој, м-р Анита Спасовска денес работи со компании, лидери и поединци, помагајќи им да изградат поефикасна комуникација, посилно лидерство и одржливи резултати. Луѓето ретко свесно избираат да ги повторуваат истите резултати. Сепак, многумина со години ги повторуваат истите модели на ...

Сточарите бараат итна вакцинација на овците за да се спречи ширењето на болеста сипаници кај малите преживари. Предупредуваат дека ситуацијата е алармантна и дека не е доволно да се врши само идентификација и утврдување на жариштата, заболените грла и зафатените стада. Тие денеска, на состанок во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), биле информирани дека в понеделник ќе се одржи средба со ветеринарните служби, за да се дефинираат ...

Неконзистентност на надворешната политика на Софија: Бугарија не сака членство во милитантната европска Коалиција на подготвените, а обезбедува широка логистика за САД во војната со Иран Во политиката ретко постои поголем тест за кредибилитетот од моментот кога истата власт треба да примени идентични принципи врз различни кризи. Токму таков тест деновиве ја очекува Бугарија. Од една страна, владата најавува дека ќе побара парламентарно ...

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард, на вчерашната конференција за печатот посветена на монетарната политика, одговарајќи на новинарско прашање, го истакна проектот за воспоставување регионална инфраструктура за инстант плаќања на Западен Балкан и го потврди очекуваното приклучување на Северна Македонија кон платформата клонот на ТИПС. Во своето обраќање, претседателката Лагард посочи дека по успешното ...

Одбележување 63 години од катастрофалниот скопски земјотрес на 26 јули 1963 година На 26 јули 1963 година, во 5 часот и 17 минути, Скопје беше потресено од катастрофален земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала. Само дваесет секунди беа доволни да се урне градот, а последователните помали потреси продолжија до 5.43 часот, оставајќи зад себе сцена на разурнување и човечка трагедија. Под урнатините останаа 1.070 животи – 478 ...

Дебитантското остварување на Срѓан Јаниќијевиќ премиерно во Олденбург Македонскиот филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“, дебитантско остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ, ќе ја има својата светска премиера во официјалната конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Олденбург. Од фестивалот официјално потврдија дека филмот е избран во официјалната конкуренција и ќе се натпреварува за фестивалските награди. Фестивалот ...

Заврши 17-то Патувачко кино на „Македокс“ Веќе седумнаесет години, Патувачкото кино на „Македокс“ ги поврзува луѓето преку документарните приказни и ги собира на плоштадите, во училишните дворови и на другите јавни простори, кои се претвораат во кино за една вечер. Покрај филмските проекции, секоја киновечер нуди можност за средба, разговор и за заедничко споделување приказни што инспирираат, отвораат прашања и поттикнуваат дијалог. ...

Парацетамолот е ефикасен и безбеден лек кога се користи според упатствата, но предозирањето може да предизвика сериозно оштетување на црниот дроб. Поскапите брендирани производи генерално не се поефикасни од обичниот парацетамол, бидејќи содржат иста активна супстанција. Сепак, студиите покажуваат дека парацетамолот сè уште е најбезбедниот лек кога станува збор за бремените жени. Парацетамолот е еден од најчесто користените лекови за болка и ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.87
19%
1011
weather icon

Белград

37ᴼ / 36ᴼ
0.45
34%
1012
weather icon

Загреб

39ᴼ / 39ᴼ
0.5
21%
1012
weather icon

Софија

33ᴼ / 33ᴼ
4.43
20%
1012
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
4.18
21%
1012
weather icon

Љубљана

37ᴼ / 36ᴼ
1.79
27%
1014
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
5.36
36%
1011
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
3.44
20%
1012
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
6.32
25%
1011
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 34ᴼ
4.47
34%
1013
weather icon

Будимпешта

41ᴼ / 38ᴼ
2.24
20%
1013
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 30ᴼ
5.56
100%
1012
Currency

61.525

Currency

53.2455

Currency

71.6902

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Рутениум

53852.50

Сребро

1994.05

Паладиум

43499.96

Иридиум

252383.36

Родиум

274085.11

Калај

56.46

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.25

Платина

56135.20

Бакар

13.51

Цинк

0.00

Злато

136962.18