Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 19 декември просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 134,46 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 154,75 евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 125,35 евра за мегават час, а на MEMO 126,30 евра. Цена на Storage ...
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска големиот верски празник Св. Никола, патронот на град Штип, го помина во овој град, каде што присуствуваше на свечената литија и чинот на кршење на празничниот колач. Чествувањето се одржа во присуство на Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски, како и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, заедно со бројни верници и граѓани. Во рамки на денешната ...
Медиумите веќе го покажаа системот по којшто кујните на СДСМ пласираат лажни вести, манипулации и напади врз нивните редакции и новинари. Секогаш кога СДСМ се фатени во криминални тендери, во скандали, во договори со мигранти, посегнуваат по дефокусирање на вниманието на јавноста и со прес-конференции со напади врз медиумите и новинарите. Денеска објавуваме уште еден доказ дека кујните на СДСМ функционираат исто како во времето на Зоран Заев. ...
Француските пратеници денеска не успеаја да постигнат компромисен закон за буџетот за 2026 година, според кој намалувањето на јавните трошоци ќе продолжи во новата година и ќе се гласа за итен привремен буџет додека не се донесе вистински. Членовите на заедничкиот комитет на пратеници од двата дома на Парламентот ја напуштија седницата по помалку од еден час дискусии за законот за буџетот. Премиерот Себастијан Лекорну изјави дека в понеделник ќе ...
Следната недела треба да се одржи првиот состанок со странските експерти кои ќе бидат ангажирани за случајот за случајот со медицински неоправдани операции на срце кој го обелодени интервентниот кардиолог Сашко Кедев. – Процедурите од наша страна се поминати. Пратени се кај нив. Во моментов се преведуваат сите материјали на англиски јазик. Материјалот е обемен и ценам дека првата средба која ќе биде онлајн ќе се одржи наредната недела. Не сакам ...
Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) денеска ги објави резултатите од обдукцијата на новороденчето кое почина на оваа клиника. Според официјалниот наод, на телото на бебето нема физички повреди на ниту еден орган, а смртта настанала како последица на тешка респираторна инсуфициенција, односно сериозни проблеми со дишењето. Како што појаснуваат од ГАК, станува збор за респираторен стрес синдром, односно незрелост на ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари работен состанок со Џејсон Винички, заменик-директор за буџет и финансиска одговорност во Канцеларијата за техничка помош-ОТА на Министерството за финансии на САД. На состанокот се разговараше за унапредување на буџетските процеси во рамки на Реформската агенда и имплементацијата на Законот за буџети, при што беше нагласено дека поддршката од Канцеларијата за техничка помош (ОТА) при ...
Новогодишниот концерт на македонската вокална интерпретаторка и музичарка Зарина Првасевда со наслов „Кадифено“ ќе се одржи во Филхармонија утре со почеток во 19.30 часот. На прес конференцијата денеска, на која покрај Зарина, беа присутни и професорот и музичар Тони Арслан, македонскиот виртуоз на виолина, како и младата и надежна контрабасистка, Андреа Мирческа, беа изнесени детали за концертот „Кадифено“, кој претставува уникатно музичко ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја држи годишната прес-конференција, која ја организира повеќе од 20 години. За време на денешната конференција тој одговара на прашања од руски граѓани, некои однапред избрани, а некои во живо. Темите се од економијата и социјалната политика до војната на Русија во Украина и односите со Западот. На ѕидот зад Путин има мапа на Русија на која се гледа дека во границите на земјата не е само Крим, туку и ...
Државната изборна комисија (ДИК) денеска го заклучи Избирачкиот список за гласањето на повторените избори за градоначалник во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа. Изборите ќе се одржат веднаш по новогодишните и божикните празници на 11 јануари 2026. Во Гостивар во Избирачкиот список се запишани 82.870 граѓани со право на глас, во 78.185 гласачи се постојани жители на општината, во посебниот ИС за лица кои живеат во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја суспендираше програмата за лотарија за зелена карта откако официјални лица изјавија дека осомничениот за пукањата на Универзитетот Браун и Технолошкиот институт во Масачусетс влегол во земјата преку тој систем. Министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем изјави доцна во четвртокот дека, по наредба на Трамп, Службата за државјанство и имиграција на САД веднаш ќе ја запре програмата за виза за ...
Рускиот министер за надворешни работи Александар Грушко денеска изјави дека Русија нема да прави компромиси кога станува збор за распоредување на контингенти на НАТО, ударно оружје или членство на Украина во Северноатлантската алијанса. -Членството на Украина во НАТО, како и распоредувањето на воени контингенти и ударно оружје на нејзина територија, е апсолутно неприфатливо за нас, изјави Грушко за Спутник, додавајќи дека ставот на Москва е ...
Томе Христоски, кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Крушево, доби кривична пријава од ОВР Прилеп за „поткуп при избори и гласање“. Како што соопшти МВР, на 14 октомври, пред првиот круг на локалните избори, Христоски. дал поткуп во износ од по 1.000 денари на четири лица да гласаат за него како кандидат за градоначалник на општина Крушево. Покрај него, кривична пријава за помагање во поткуп при избори добил и Т.Ш.(36), кој за истата ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја остава отворена можноста за војна со Венецуела, според интервју за телевизијата NBC објавено во петокот. „Не ја исклучувам“, изјави Трамп за NBC News во телефонско интервју. Трамп, исто така, рече дека ќе има дополнителни запленувања на танкери за нафта во близина на венецуелските води, според објавеното интервју. Во вторникот Трамп нареди „блокирање“ на сите санкционирани танкери за нафта ...
Поднесена е кривична пријава против 33 лица и две правни лица за сторени кривични дела од областа на корупција и економски криминал, 11 лица се лишени од слобода, а по двајца се трага, соопшти полицијата. Во текот на ноќта на 17 и 18.12.2025 година, спроведена е координирана акција на повеќе локации во Скопје и околината, во Куманово, Неготино, Велес, Пехчево, Пробиштип и во Кочани. Во акцијата од слобода се лишени 11 лица. Вчера (18.12.2025 ...
На денешната прес конференција на министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева Старделова, деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Светозар Антовиќ, како и претставниците на медицинските факултети во Тетово и Штип, беа презентирани новите програми за специјализации, со кои темелно се менува пристапот во креирање на медицинскиот кадар. Политиките, мерките и предлозите кои ги ...
Министерствата за надворешни работи на секоја една држава се главниот, носечкиот столб на нејзината одбрана, но и незјината експанзија. Сеедно дали се работи за „тврда“ или „мека“ одбрана, односно експанзија. Ова не требе да се разбере како потценување на улогата на останатите органи на државата. Напротив! Тие се исклучително важни, но нивната работа во голема мерка зависи од анализите и проценките на министерството за надворешни работи. Тоа е ...
По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата, на кој беше истакната нејзината клучна улога во одржувањето на јавниот ред и мир и во заштитата на безбедноста на граѓаните на главниот град. Во своето обраќање, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски нагласи дека Интервентната полиција во изминатиот период се етаблирала како еден од носечките столбови на ...
Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ (12.12.2025 – 18.12.2025) Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите. Технолошкиот процес ...
На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ – SMART/МК 2030, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски истакна дека, според најновите резултати во GovTech Maturity Index (GTMI) 2025 на Светска банка, Македонија е препознаена како земја со високо ниво на зрелост во дигиталната трансформација на јавниот сектор. „Во ...
Во ноември годинава е констатиран годишен раст од 11% на вкупните депозити и од 12,7% на вкупната кредитна поддршка, соопшти Народна банка. Анализирано на годишно ниво, порастот од 11% на вкупните депозити во поголем дел се должи на растот на депозитите на секторот „домаќинства“, а иако има раст и во депозитите на корпоративниот сектор – тој сепак е значително помалку. На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 12,7%, како резултат на ...
Интегрален текст од обраќањето на премиерот Христијан Мицкоски на промоцијата на Нац. стратегија за развој на ИКТ СМАРТ/МК 2030 „Денес не промовираме само еден стратешки документ. Денес ја потврдуваме нашата решителност да ја изградиме модерната, паметна и дигитална држава. Држава што работи за граѓаните, држава што е транспарентна, ефикасна и правична. Националната стратегија за развој на ИКТ – СМАРТ/МК 2030 е визија, но и јасен план. Таа е ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Киев не покажал подготвеност за територијални отстапки и мир. -Русија засега не гледа подготвеност на Киев да разгледува територијални прашања. Киев одбива мирно да го заврши конфликтот. Русија е подготвена и сака конфликтот во Украина да заврши мирно, рече Путин на почетокот на својата годишна прес-конференција, каде што му поставуваат прашања новинари и граѓани. Тој потсети дека во 2022 ...
Сезоната на празници се приближува, а заедно со добрата храна и пијалаци, употребата на пиротехника е честа појава, па затоа е важно да се запомнат големите ризици што доаѓаат со тоа. Употребата на пиротехнички средства за време на празниците предизвикува голем број повреди секоја година кои во голема мера можат да се избегнат. Повредите од пиротехнички средства се значително почести кај младите луѓе, а децата под 16 години сочинуваат речиси ...
Утрово во Денвер беше испишана нова историја во НБА лигата со асистенцијата на Никола Јокиќ до Џејлен Пикет која беше негова 5661-ма во кариерата со што го израмни тогаш легендарниот Карим Абдул Џабар и стана центар со најмногу асистенции во историјата на НБА лигата. Кариерата на Џабар траеше двојно повеќе од онаа на Јокиќ, па се претпоставува дека Јокиќ ќе стаса до недостижен рекорд во број на асистенции за играч на центарската позиција. Никола ...
Папата Лав Четриринаесетти доби нов автомобил – помоќен, технолошки понапреден и поскап од возилата што ги возат повеќето граѓани низ целиот свет. Пред неколку дена, „Бе-ем-ве груп“ официјално му го достави ноиот „бе-ем-ве IX 60“, целосно електричен полутеренец којшто стана новиот „папамобил“ во гаражите во Ватикан. Тоа е еден од најлуксузните и најмодерни електрични модели од германскиот производител. Опремен е со најнови безбедносни системи, ...
Австралиската влада објави воведување на откуп на оружје по нападот на плажата Бонди во Сиднеј, најсмртоносниот од пукањето во Порт Артур во 1996 година, кога беа убиени 35 лица, објави денеска Би-Би-Си. По тој масакр, австралиските власти воведоа најстроги мерки за контрола на оружјето, но по најновиот напад владата одлучи да воведе дополнителни мерки. Во пукањето во неделата за време на прославата на еврејскиот празник Ханука, беа убиени 15 ...
Полицајци од Одделот за криминалистички работи – Ѓорче Петров и Одделот за криминалистички работи – Кисела Вода при СВР Скопје, по издадена судска наредба, вчера во 14.20 часот во Скопје го уапсиле скопјанецот С.Х. (40). Тој бил баран со потерница за издржување казна затвор во времетраење од четири години и 10 месеци, поради сторени кривични дела „грабнување“ и „силување“. По целосно документирање на случајот, уапсениот осуденик ќе биде ...
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се чини дека сериозно ја сфатил пораката од народот и гласачите на партијата по драстичниот пораз на партијата на локалните избори. На 20 декември се очекува Ахмети да преземе длабока реформа на партијата, отстранувајќи околу 70 проценти од раководството и заменувајќи го со нови членови, пишува тетовасот. Според информациите, во првиот бран промени биле вклучени седум имиња: Фатмир Дехари, Муса Џафери, Џеват Адеми, ...
Прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg /m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерните места во Скопје – Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, покажуваат податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, соопшти Министерството за животна ...