Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Авион на воздухопловнатра компанија „Wizz Air“, кој во неделата утрото летал на линијата Скопје – Париз, принудно бил пренасочен на слетување на аеродромот во Брисел, откако екипажот известил вонредна состојба во текот на летот поради влошена здравствена состојба на патник. Според информациите до кои дојдоа медиумите, додека авионот бил во воздушниот простор над Луксембург, пилотите побарале итно слетување на бриселскиот аеродром Шарлоа, кој ...
При редовна сообраќајна контрола, полицијата запрела патничко возило марка „порше“ со тетовски регистарски ознаки, при што било утврдено дека возачот го управувал возилото без да поседува возачка дозвола. Како што соопшто МВР, ноќта кон неделата, околу 00:20 часот по полноќ на булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај го лишиле од слобода 27-годишниот Р.И. од село ...
На глобалните валутни пазари, американскиот долар зајакна во однос на кошничка валути минатата седмица по падот претходните две седмици, како резултат на нестабилноста на пазарите на капитал и загриженоста пред вонредните парламентарни избори во Јапонија. Индексот на доларот, кој ги покажива изведбите на американската во однос на шесте главни светски валути, зајакна минатата седмица за 0,55 отсто, на 97,68 поени. Истовремено, доларот зајакна ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони ги осуди антиолимписките демонстранти како „непријатели на Италија“ по насилството на протестот во Милано во саботата навечер и саботажите врз националната железничка мрежа. Инцидентите се случија на првиот целосен ден од натпреварите на Зимските олимписки игри, на кои Милано, финансиската престолнина на Италија, е ко-домаќин со алпскиот град Кортина д’Ампецо. Мелони ги пофали илјадниците Италијанци за кои ...
Бред Арнолд, фронтменот на рок-групата 3 Doors Down, почина на 47-годишна возраст по битка со ракот. „Тој почина мирно во сон во саботата, опкружен со својата сакана сопруга и семејство, „по храбра битка со ракот“, потврди неговиот менаџмент за агенцијата dpa. Во видео порака на Instagram минатата година, пејачот откри дека има рак. Во тоа време, тој рече дека лекарите му дијагностицирале рак на бубрезите во стадиум 4, кој веќе се проширил на ...
Владата постигна договор со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата за зголемување и усогласување на платите, со важност до 2028 година, со што ќе бидат опфатени околу 11.000 вработени во државната администрација, судовите и обвинителствата. Ова денеска го соопшти претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, по средбата со претставниците на синдикатите УПОЗ и САДУ. Премиерот истакна дека станува збор за поширок пакет мерки ...
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција нагласи дека одговорноста за картелскиот скандал со 5 тони дрога која од Македонија завршила во Србија води директно до врвот на власта, затоа цела недела нема информации, а а јавноста е сведок на организирана владина медиумска кампања за дефокус Димитријевиќ посочи дека цела недела нема одговор на клучното прашање, како толкава количина дрога поминала ...
„Како во сите скандали во кои има сомнеж за криминал, така и овој не поминува без вклученост во јавноста на името Зоран Заев и секако неговиот ученик и другар, Венко Филипче. Јавувањето во јавност на Заев е директно погодување во центар и изблик на нервоза на Заеви кои се фатени директно на лице место во медот. Заев лаже дека не гради во Дубаи, а за тоа има јавни сведоштва и факт е дека Заев заедно со Филипче има златна виза и е добро да ...
За тоа како се шверцуваат пет тони марихуана генералниот сектреар на СДСМ Саша Димитријевиќ нека го праша лидерот Венко Филипче, кој панично ја напушта државата на 2-ри февруари кон јужниот сосед, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата одговори на претходните обвинувања на СДСМ за тоа како заплената марихуана завршила во Србија каде што беше запленета од српската полиција. „Еве прецизен одговор за малиот Димитријевиќ за ...
Вистинската драма се одвиваше во Белград кога познатиот пејач Даниел Кајмакоски (43) беше киднапиран во близина на Бетон халата, каде што претходно настапуваше. Благодарение на брзата интервенција на полицијата и специјалните единици, пејачот Даниел Кајмакоски беше ослободен од рацете на киднаперите, но истрагата сè уште е во тек, јавуваат локалните медиуми. Како што објави Телеграф, најновите информации ги даде новинарот Младен Мијатовиќ, ...
Оваа година започнува 8-мата сезона на националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“. Како дел од овогодинешната едукативна серија, подготвивме вкупно 28 текстови (по еден за секој ден од февруари), кои обработуваат различни ретки состојби од кои заболуваат граѓаните во Македонија. Текстовите се стручно подготвени, но напишани на јазик разбирлив за сите. НЕДОСТИГ НА КАРНИТИН ПАЛМИТОИЛ ТРАНСФЕРАЗА II – МИОПАТСКА ФОРМА/ CARNITINE ...
На својот фејсбук профил, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави дека министерството во координација со повеќе надлежни институции ќе започне постапка за конфискација на нелегално изграден објект на аеродорм Стенковец. Министерството за транспорт како институција која е надлежна за објекти од прва категорија како што се аеродроми, болници кои третираат терциерна здравствена заштита, градби за високо образование, ...
Сторителот на обидот за атентат врз генерал-потполковник Владимир Алексеев, Љубомир Корба, е приведен во Обединетите Арапски Емирати, соопшти во неделата Центарот за односи со јавноста на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ). „Со помош на партнери од Обединетите Арапски Емирати, рускиот државјанин Љубомир Корба, роден во 1960 година, кој беше директен сторител на злосторството, беше приведен во Дубаи и предаден на руската страна“, ...
По многу нестабилното тргување, индексот Dow Jones достигна рекордно ниво на Волстрит минатата седмица, додека S&P 500 и Nasdaq ослабеа поради остриот пад на цените на акциите на неколку големи технолошки компании. На европските берзи, цените на акциите пораснаа минатата седмица, благодарение на подобрите од очекуваните деловни резултати од повеќето европски банки и компании. Индексот FTSE во Лондон зајакна за 1,4 отсто, на 10.369 поени, ...
Директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски, вели дека јавната расправа за минималната плата во земјава е оптоварена со погрешни споредби и неточни заклучоци, при што, како што оценува, се „мешаат баби и жаби“. Во контекстот на барањата минималната плата да достигне 600 евра нето и тврдењата дека Македонија е на дното во регионот, Клековски посочува дека клучниот проблем лежи во мешањето на нето и бруто ...
Нешто повеќе од милион гласачи во североисточниот шпански регион Арагон излегуваат на гласачките места во неделата, каде што конзервативците се надеваат на победа што би го загрозила социјалистичкиот премиер Педро Санчез на национално ниво. Арагон се смета за показател за расположението на шпанскиот народ, бидејќи од воведувањето на демократијата во 1977 година, победничката партија во овој регион последователно ги добива изборите на ...
ВМРО-ДПМНЕ реагираше на јавниот статус на поранешниот премиер Зоран Заев, обвинувајќи дека тој, како што наведуваат, се јавил во одбрана на криминал поврзан со големите заплени на дрога во струмичкиот регион. Од партијата тврдат дека последните денови јавноста сведочи на конфискација на значителни количини дрога која, според нивните наводи, потекнува од фирми и лица блиски до Заев и неговото политичко опкружување. „Олицетворението на ...
Изминатите 24 часа најмногу врнежи од дожд се регистрирани во Маврови Анови – 10 литри на метар квадратен, а најмалку – 1 литар на метар квадратен во Прилеп и Крива Паланка. Утрово најладно било во Попова Шапка и Берово каде е измерена температура од -1 степен, а најтопло било во Гевгелија со измерени 7 степени Целзиусови. На Попова Шапка е измерена снежна покривка во висина од 55 сантиметри. Времето денеска ќе биде променливо облачно, ...
Весникот The Washington Post објави во саботата дека се повлекува од позицијата неговиот извршен директор и издавач, Вил Луис, само неколку дена по големите отпуштања во компанијата во сопственост на еден од најбогатите луѓе на планетата Џеф Безос, „која е темел на американското новинарство“. Најавата од средата за планот за отпуштање на околу 300 од неговите 800 новинари дојде како шок, во услови на растечко зближување меѓу сопственикот на ...
Поранешниот премиер Зоран Заев реагира на обвинувањата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и бара јавно извинување од пратеникот Бране Петрушевски за како што вели, лагите, клеветите и злоупотребата на неговото име во „режирана драма“ околу конфискацијата на десетици тони медицински канабис, поради наводно несоодветно чување и складирање. Во објава на Facebook, Заев вели дека се неточни сите обвинувања кои владејачката партија ги упатува кон него во ...
Џејмс Харден го имаше своето деби за Кливленд откако тој и Донован Мичел заедно ги постигнаа последните 16 поени на Кавалирс во победата од 132:126 над домаќинот Сакраменто Кингс кои го загубија својот 12-ти натпревар по ред. Харден, кој беше разменет од Лос Анџелес Клиперс во вторникот, имаше бавен почеток во офанзивната игра, но се врати за да помогне во серијата од 18:5 што го реши натпреварот. Харден го заврши дуелот со 23 поени, додека ...
Скандалот со запленетата дрога во Струмица, потсетува на најмрачните периоди од светката криминална историја, повеќе од две третини од од вкупно 27 тони дрога се поврзуваат со фирма која директно води до кадри и блиски соработници на СДСМ и кланот Заеви, реагираше во неделата владејачката ВМРО-ДПМНЕ по неколкудневната полициска акција во која од претпријатија во Скопје и струмичко се запленети околу 40 тони марухуана. Како што се наведува во ...
Поранешниот басист на легендарната група Blondie, Фред Смит, почина на 77-годишна возраст беше објавено во саботата, а музичката заедница и обожавателите ширум светот ѝ оддаваат почит на една од иконите на рокенролот. Смит, кој починал во четвртокот, беше еден од основачите на Blondie заедно со Деби Хари, но својата репутација ја прошири и работејќи во бендот Television, што остави неизбришлив белег на њујоршката панк и арт-рок сцена. ...
Угледни и богати цариграѓани. Живееја богоугодно и со најголемо внимание ги воспитуваа своите синови во христијански дух. Кога синовите им пораснаа, ги пратија на студии во Вирит (Бејрут); но се случи бура го потопи коработ. По Божја Промисла Јован и Аркадиј беа некако спасени и исфрлени од брановите на брегот, но на две различни места, така што секој мислеше за другиот дека потонал. Од тага еден за друг обајцата се замонашија во два различни ...
Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива во зимски услови, по наместа по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто-мото сојузот на Македонија. АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно со ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во среда во Вашингтон, на разговори за американските преговори со Иран, објави канцеларијата на Нетанјаху во саботата. Ирански и американски претставници одржаа во петокот индиректни нуклеарни разговори во оманската престолнина Мускат. Двете страни изјавија дека наскоро очекуваат нови разговори. Регионален дипломат информиран од Техеран за ...
ОВЕН Денеска бидете внимателни со луѓе кои не ги познавате доволно добро. Можеби ќе споделите лични информации кои подоцна би можеле да бидат погрешно искористени. Денот е одличен за забава со вашата сакана личност – во кино, театар или пријатна прошетка. БИК Денеска ќе сакате да бидете меѓу луѓе и да се опуштите. Исклучок се оние од вас кои претпочитаат осаменост затоа што се инспирирани од нова идеја или активност. Денот е погоден за ...
Јапонците избираат нов долен дом на парламентот на предвремените избори в недела, а анкетите укажуваат на јасна победа на Либерално-демократската партија (LDP) на десничарската премиерка Санае Такаичи, која ја презеде функцијата пред нешто повеќе од три месеца. Ова значи дека LDP повторно би можела да има апсолутно мнозинство во моќниот дом на националниот парламент кој има 465 пратеници. Партијата, која владее речиси континуирано од 1955 ...
Во неделата на тертиторијата на Македониај ќе преовладува променливо облачно време, претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините на северозапад врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Утринските температатури се движат од 0 до 6, додека највисоките дневно соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 4 и 14 Целзиусови степени. И во Скопје и околината денеска ќе биде ...
Фудбалерите на Барселона ја победија Мајорка со 3:0 на домашен терен, во првиот саботен натпревар од 23-то коло од шпанското првенство и се зацврстија на врвот на табелата. Барселона поведе во 29. минута со голот на Роберт Левандовски, а предноста ја удвои со одличен погодок Ламине Јамал во 61. минута. Дани Олмо асистираше за двата гола. Конечниот резултат го постави Марк Бернал во 83. минута. По третата последователна победа, 19-та во ...