Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Норвешката престолонаследничка, принцезата Мете-Марит повторно се извини во петокот за нејзиното пријателство со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, во еден од неколкуте скандали што го погодија кралското семејство на нордиската земја. „Исто така, се извинувам за ситуацијата во која го доведов кралското семејство, особено кралот и кралицата“, рече Мете-Марит во соопштение објавено од кралската палата. Новите досиеја поврзани со ...
Драстично намалување на бројот на студиските програми на универзитетите од сегашните повеќе од 1.300 очекува министерката за образование и наука Весна Јаневска со донесувањето и примената на новиот закон за високо образование. Таа смета дека јасно дефинираните критериуми ќе ги натераат високообразовните установи или самите да затворат или тоа да го направат по сила на законот. Министерката вели дека е неприфатливо она што сега се случува ...
Претпладнево избувнала експлозија, а потоа и пожар, во куќа во охридското село Велгошти при што, Е.Т.Ѓ. (44) од истото село се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. „Експлозијата е предизвикана од зголемена концентрација на гасови ( плин ) и останати фактори, кои допринеле за високо ниво на експлозивност. Благодарение на брзата реакција на ...
Канцеларијата на Обединетите нации за човекови права со седиште во Женева во петокот остро ги критикуваше најновите активности за населување на окупираните палестински територии, вклучувајќи го и Источен Ерусалим, обвинувајќи го Израел за воени злосторства. На 12-ти јануари израелските безбедносни сили урнале повеќе од 70 згради во Источен Ерусалим, уапсиле 25 Палестинци, претресле десетици домови и продавници и конфискувале имот. Очигледно е ...
Камерите кои ќе ловат прекршоци, вкупно 40 на број се исталираат на патот кон Охрид, а ќе бидат поставени и во градот и во соседна Струга. Системот „Безбеден град“ со инфраструктурата делумно е поставен и тоа четири камери се инсталирани на делницата од автопатот Охрид-Кичево, како и кај Ботун и Ново Села во Дебрца. Овие новоинсталирани камери засега не испраќаат казни, туку се во фаза на техничко тестирање и контрола на целокупната опрема. ...
Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете земји, притоа акцент се стави за можноста за воспоставување на нови авиолинии и подобро поврзување на врските меѓу двете земји. Вицепремиерот го запозна амбасадорот Миљаниќ со инфраструктурните проекти како и со ...
Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ (30.01.2026 – 05.02.2026) Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. ...
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи главната расправа за предметот против Раде Трајковски – Штекли и останатите обвинети за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги. На денешното рочиште беа презентирани материјални докази, вклучувајќи записници за претрес, потврди за привремено одземени предмети и форензички вештачења за пронајдени наркотични супстанци и биолошки траги. Пред судот беа изведени докази ...
Светските цени на храната во јануари се намалија петти месец по ред, а глобалните резерви на житни култури се приближија до историскиот максимум, соопшти денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Индексот на цените на храната на ФАО, кој ги следи месечните движења на цените на основните земјоделски производи на светскиот пазар, во јануари изнесуваше во просек 123,9 поени, што е намалување за 0,4 проценти во ...
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти го повтори својот апел за почитување на олимпиското примирје за време на Зимските олимписки игри во Милано-Кортина, во неговата порака за вредноста на спортот објавена денеска, на денот на церемонијата на отворање. „Во светот жеден за мир“, вели папата, „ни се потребни алатки кои можат да стават „крај на злоупотребата на моќ, покажувањето сила и рамнодушност кон владеењето на ...
Европската комисија прелиминарно утврдила дека популарната социјална мрежа TikTok, во кинеска сопственост, го прекршува Актот за дигитални услуги поради нејзиниот дизајн којшто наводно „предизвикува зависност“ кај корисниците. Карактеристиките коишто ја создавале зависноста според оценката на ЕК, вклучуваат бесконечно скролување, автоматска репродукција, push известувања и високо персонализиран систем за препораки. Комисијата нагласува дека ...
САД ги повикаа своите државјани веднаш да го напуштат Иран поради сериозни безбедносни ризици, тероризам, немири, киднапирање и притворања американски граѓани. Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така, се посочува дека граѓаните сами треба да си го организираат ...
Соединетите држави во петокот повикаа на нов договор за контрола на оружјето откако последниот договор за ограничување на руското и американското стратешко нуклеарно оружје истече во четврток вечерта, а Вашингтон го отфрли предлогот на Москва за негово автоматско продолжување. Русија во септември минатата година предложи двете страни доброволно да ги продолжат условите на договорот за една година за да се овозможи време за дискусија за ...
Џефри Епштајн наредил на две „странски девојки“ да бидат закопани во близина на неговиот ранч откако биле задавени до смрт за време на „груб, фетиш секс“, според е-пошта објавена во најновите досиеја на Епштајн, објави „Дејли Мејл“. Е-поштата, испратена од лице кое тврди дека работело за Епштајн, исто така содржи линкови кои наводно го прикажуваат покојниот педофил како се занимава со секс со малолетни девојки. Кореспонденцијата, прво ...
ерманскиот канцелар Фридрих Мерц на почетокот на март ќе го посети Вашингтон, во услови кога се прават напори за смирување на трансатлантските тензии меѓу европските земји и американскиот претседател Доналд Трамп, објави денеска германскиот весник „Велт“. Весникот наведува дека ова ќе биде трета посета на Мерц на САД. Од кабинетот на Мерц нема коментари во врска со посетата. ерманскиот канцелар Фридрих Мерц на почетокот на март ќе го посети ...
Македонските власти со новиот предлог Закон за заштита од пушење ги изедначија цигарите со алтернативните никотински производи, како што се електронските цигари, вејповите и никотинските ќесички. Сепак, голем број примери ширум светот покажуваат дека ваквиот пристап не го дава посакуваниот резултат. Напротив, во намерата за намалување на стапката на пушење успеале државите кои овозможиле широка употреба на помалку штетните никотински ...
Повеќе од две третини од луѓето што живеат во домаќинствата на ЕУ поседуваат свој дом, наспроти 32% кои живеат во изнајмени станови. Во Македонија околу 87 % живеат во свој дом, а 12,9% под кирија, покажуваат податоците на Евростат. Според последните достапни податоци на Евростат, во 2024 година, повеќе од две третини (68%) од населението што живее во домаќинствата на ЕУ поседувало свој дом, што е малку помалку од 69% во 2023 година. ...
Шефот на руската дипломатијата Сергеј Лавров ја обвини Украина за обидот за атентат на рускиот генерал-полковник Владимир Алексеев, кој денеска беше застрелан во Москва. Според Лавров, атентатот врз Алексеев е обид на украинскиот претседател Володимир Зеленски да го „саботира мировниот процес“ по преговорите во Абу Даби. Алексеев е хоспитализиран во тешка здравствена состојба. Тој е прв заменик-началник на Главната дирекција за разузнавање на ...
Националниот Џез Оркестар ќе одржи концерт со светски познатиот пијанист и органист Ренато Чико на 19 февруари, со почеток во 20:00 часот. Концертот ќе се одржи во Националната опера и балет во Скопје, под диригентската палка на маестро Џијан Емин. Ренато Чико е музичар чиј израз се обликувал на њујоршката џез-сцена во 1990-тите години. Во тој период, како член на оркестарот на Лајонел Хемптон и музички директор на Џон Хендрикс & Компани, ...
Десетина комбиња, пет камиони, возила на полицијата и царината вчера попладнево влегоа во просториите на поранешната фабрика ОХИС, каде што од вчеравечер се спроведува полициската акција која е поврзана со 5-те тони дрога запленети во Србија. Министерството за внатрешни работи соопшти дека во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презема соодветни мерки и активности на локации во Скопје и ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска 06 Февруари 2026 година започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јануари 2026 година. Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто ...
Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од која се очекува да обезбеди поквалитетна академска едукација и да ја поттикне научно – истражувачката дејност во државата. Денес на прес конференција, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ги ...
На ден 5.2.2026 година на 96 годишна возраст почина Д-р Коста Балабанов. Посмртните останки ќе бидат изложени на 7.2.2026 година-сабота од 14,30-15,30 часот во капелата на градските гробишта Бутел. Д-р Коста Л. Балабанов (1929-2026) е една од најистакнатите личности во македонската историја на уметност и во заштитата на културното наследство. Како историчар на уметност, конзерватор, научник, дипломат, професор и културен деец, тој остави ...
На 15 март, ден пред годишнината од трагедијата во Пулс, кочанскиот ПСК Осогово организира меморијален марш во чест на загинатата планинарка, Ивона Антова: „По повод една година од трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде животот го загуби нашата млада планинарка Ивона Антова, во нејзина чест и во спомен на 63-те прерано згаснати животи, Планинарско спортскиот клуб Осогово – Кочани на 15 март го организира првиот меморијален ...
Најмалку 31 едно лица загина а 169 се повредени во напад на бомба=самоубиец врз шиитска џамија во пакистанскиот главен град Исламабад, изјави пакистанската полиција во петокот. „Експлозијата се случила за време на петочната молитва во шиитска џамија“, изјави висок полициски извор кој зборуваше под услов да остане анонимен. Во соопштението на локалните власти во Исламабад се вели дека 31 лице загинало во нападот врз џамија во округот Тарлаи, ...
Холандија врати 3.500-годишна скулптура во Египет во четвртокот откако украдениот артефакт повторно се појави на холандски саем за уметност во 2022 година. Истрагата на холандската полиција и Инспекторатот за културно наследство минатата година потврди дека скулптурата која се појавила на меѓународниот пазар на уметнички и археолошки предмети, била украдена и нелегално изнесена од Египет, најверојатно за време на безредијата поддржани од ...
Поранешниот српски премиер и актуелен претседател на владејачката Српската напредна партија (СНС) и советник на претседателот на државата, Милош Вучевиќ, зборувајќи за претстојните парламентарни избори во Србија, изјави дека очекува претседателот Александар Вучиќ да биде иден премиер. „Не можам да кажам дека во секое време се согласував со сите негови потези, но се покажа дека знае што прави. Ова покажува кој е вистински државник. Не е реално ...
Видеолотарија Касинос Австрија, како општествено одговорна компанија, континуирано работи на едукација и информирање на играчите за ризиците што може да произлезат од прекумерното учество во игрите на среќа. Нашата цел е јакнење на јавната свест и промовирање одговорно однесување, со јасна порака дека играта треба да остане исклучиво форма на забава. Преку низа активности за информирање, поддршка и превенција, компанијата воспоставува високи ...
Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец понудил да го одмрзне финансирањето за проектот за стратешки тунел на Њујорк под реката Хадсон, вреден 16 милијарди долари, доколку демократскиот сенатор Чак Шумер ја поддржи идејата за именување на аеродромот Вашингтон Далес и станицата Пен во Њујорк по Трамп, изјави извор за Reuters во четврток. Порталот Punchbowl News прв објави, повикувајќи се на четири извори, за понудата која Шумер ...
Дел од западните медиуми објавија дека американската делагација во Оман ги напушти преговорите за иранската нуклеарна програма. Според нив, конвојот, што ги превезува американските претставници, го напуштил местото каде се одржуваат преговорите. Во главниот град на Оман, Мускат денеска почнаа разговорите помеѓу шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи и американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер. Тоа се први директни разговори по ...