Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Ленс го победи Рен со 3:1 на домашен терен во саботата вечерта во рамките на 21-то коло од француското фудбалско првенство и се врати на првото место на табелата, еден бод пред ПСЖ, кој ќе игра против Олимпик Марсеј на „Паркот на принцовите“ в недела. Рен поведе во осмата минута со голот на Арно Норден, но Ланс потоа го сврти резултатот. Одсон Едуар израмни во последните минути од првото полувреме, а на почетокот на второто полувреме ...
Саботата заврши без победник во италијанската Серија А, во Фиренца, играчите на Фиорентина и Торино одиграа 2:2 во рамките на 24-то коло. Фиорентина беше многу блиску до важна победа бидејќи водеше до 94. минута кога Марипан постигна гол за конечни 2:2 и го замолча стадионот „Артемио Франки“. Претходно, Торино поведе со голот на Касадеи во 26. минута, а резултатскиот пресвртот дојде во неколку минути од судиското продолжение. Прво, Соломон ...
Поранешниот француски министер за култура, Жак Матје Емил Ланг, поднесе оставка од функцијата претседател на Институтот за разбирање на арапскиот свет, соопшти француското Министерство за надворешни работи во саботата вечерта, по откривањето на неговите контакти со починатиот осуден сексуален злосторник Џефри Епштајн и покренување на финансиска истрага. Претходно во саботата, француските финансиски обвинители отворија истрага против Жак Ланг ...
Четири лица го загубија животите во саботата, а уште неколку други се повредени во серијата лавини во северна Италија. Во алпскиот регион Валтелина, лавина погоди тројца скијачи, при што загинаа двајца од нив. Италијанската планинска служба за спасување во Трентино пријави две лавини, од кои секоја уби по едно лице. Инцидент имаше и во долината Аоста на границата со Швајцарија и Франција, каде што лавина однесе две лица од група од пет ...
Данскиот министер за надворешни работи Ларс Леке Расмусен изјави во саботата дека ситуацијата со Сoeдинетите држави во врска со амбициите на американскиот претседател Доналд Трамп да го преземе Гренланд е подобрена, но дека кризата „не е завршена“. „Кризата не е завршена и сè уште немаме решение“, рече министерот на прес-конференција во Нуук, главниот град на поранешната колонија сега автономна данска територија. „Сега сме во многу подобра ...
Поранешната обвинителката од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Лејла Кадриу, во вчерашното издание на емисијата ВЕЧЕРНОТО ШОУ со Богдан Илиевски, излезе со лични сведоштва од работата во СЈО. Како тоа многу повеќе делувало на штаб на СДСМ, отколку на обвинителство. Инаку Кадриу, како што вели, била избркана од СЈО лично од Катица Јанева, со образложение дека „не била тимски играч“. Поранешната обвинителката од Специјалното јавно ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на партијата за лични интереси. Петрушевски наведува дека Апасиев, додека бил близок со поранешната власт на СДСМ и Зоран Заев, добивал „ресурси“ и бил дел од т.н. „шарена револуција“, но откако, како што тврди, тие извори ...
Фудбалерите на Брентфорд го изненадија Њукасл на гостински терен, победувајќи го со 3:2 во последниот натпревар од саботната програма на 25-то коло од англиската Премиер лига. Њукасл поведе со голот на Ботман во 24. минута, но до крајот на полувремето гостите го свртија резултатот во своја полза. Прво, Јанелт израмни на 1:1 во 37. минута, додека во судиското продолжение Тијаго беше прецизен од пенал за гостите на 2:1. Нов пенал беше досуден ...
Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во македонското Собрание, Драган Ковачки, вечерва гостуваше во Тема на денот на Сител телевизија при што одговори на лиферуваните лаги и манипулации со клевети изнесени во јавноста од страна на опозициската СДС, која тој ја оцени како полу распадната партија и воедно со јавноста сподели и прикажа дека го поседува највисокиот национален безбедносен сертификат – државна тајна, кој ...
Украина стана непријател на Унгарија поради нејзината желба да ја лиши Будимпешта од руските енергетски ресурси, изјави во саботата унгарскиот премиер Виктор Орбан. „Украинците мора да разберат дека мора да престанат постојано да бараат Брисел да ја исклучи Унгарија од евтините руски енергенси. Додека Украина го прави ова, таа е, извинете, наш непријател. Киев ги крши нашите фундаментални интереси со тоа што постојано бара и поттикнува Брисел ...
Илјадници луѓе се собраа во Милано во саботата на протестот против одржувањето на Зимските олимписки игри (ЗОИ), ден по церемонијата на отворање во северниот италијански град, при што некои демонстранти фрлаа петарди и се судрија со полицијата. Група од околу стотина демонстранти, според медиумските извештаи, во саботата фрлале петарди, чадни бомби и шишиња кон полицијата откако се одвоија од главната маса демонстранти во Милано, градот ...
Двајца француски авантуристи го завршија своето епско патување од нивниот роден град до Шангај по речиси година ипол патување низ 16 земји, речиси целосно пеш. Уморни но одушевени, Лоик Воазо и Бенжамин Умбло се прегрнаа покрај реката на шеталиштето Бунд, додека во заднината трепкаа светлините на кинеската финанскиска престолнина. Двесет ишестгодишниот Воазо и една година повозрасниот Умбло тргнаа од Анси во југоисточна Франција во септември ...
На телевизија Сител во Тема на денот вечерва гостуваше генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки кој дискутираше за новиот состав на Извршниот комитет составен од луѓе со различни искуства во извршната и во законодавната власт, како и млади луѓе кои ќе придонесат за реализација на политиките на партијата. „Имаме една промена од 20 до 25% во Извршниот комитет, еден спој на искуство, на луѓе со различни портфолија, луѓе коишто имаат ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа по влажни коловози, информираат од ЈП „Македонијапат“. Поради појава на магла, на патниот правец Попова Шапка – Лисец е забележана намалена видливост до 100 метри. Од „Македонијапат“ предупредуваат дека на одредени делници кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. Оттаму апелираат до возачите да управуваат внимателно, да ја почитуваат ...
Борусија Дортмунд го победи Волфсбург со 2:1 на гостински терен во 21-то коло од Бундеслигата и го забележа својот петти последователен триумф во германското првенство. Јулијан Брант ѝ донесе водство на Борусија со погодокот во 38. минута, а Константинос Кулиеракис израмни за Волфсбург со гол во 52. минута. Победничкиот гол за Борусија го постигна Серу Гираси во 87. минута. Борусија Дортмунд е втора на табелата со 48 бода, три помалку и еден ...
На Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани попладнево Осогово и Вардар одиграа хуманитарен натпревар во спомен и во чест на настраданите во трагедијата од 16 март лани во дискотеката „Пулс“ . Западната трибина на „Мантов“ беше полна како ретко кога во последните неколку години. Проценките велат дека имало најмалку 1 200 гледачи. Вардар славеше со 4:1, иако „жолто-сините“ поведоа први. Но, резултатот на овој меч беше во втор план од идеата ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во саботата Русија се обидува да склучи билатерален договор со Соединетите држави за обновување на економската соработка меѓу двете земји што потенцијално би го заголемил американскиот притисок врз Киев за брзо постигнување договот со Москва а на штета на украинските интереси. „Русите и Американците можат да разговараат за некои прашања што се однесуваат на Украина зад грбот на Украина“, ...
Двегодишно дете додека играло во близина на семејната куќа во Битола, било нападнато од кучиња скитници, а поради сериозноста на повредите пренесено е итно во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Спроед полицискиот билтен, инцидентот се одиграл во петокот, а во СВР Битола бил пријавен од доктор од битолската Клиничка болница, кој утврдил тешки телесни повреди кај двегодишно дете. СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот. ...
Јупитер е убедливо најголемата планета во нашиот Сончев систем, но новите мерења покажаа дека е малку помала отколку што се веруваше претходно. Користејќи податоци од роботското вселенско летало „Juno“ на американската агенција за вселенски истражувања (NASА), научниците ги добија најточните мерења на обликот и големината на петтата планета од Сонцето досега. Овие информации овозможуваат поцелосно разбирање на гасниот џин и неговата ...
Рано утрово околи 6,30 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје. Малолетникот, според пријавеното, половина час по полноќ бил физички нападнат од 18-годишник во обложувалница во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Рано утрово околи 6,30 часот во Полициската станица Кисела Вода ...
Фудбалските натпревари на шпанските прволигаши Севиља и Жирона и второлигашите Кадиз и Алмерија, кои требаше да се играат в саботата, беа одложени поради пороен дожд, објави организаторот на натпреварувањето во Ла Лига. Во јужната покраина Андалузија, каде што требаше да се играат двата натпревара, 11.000 луѓе беа евакуирани како мерка на претпазливост поради поројните дождови и излевањето на реките. „По добивањето инструкции од регионалната ...
Француското национално финансиско обвинителство во саботата соопшти дека отворила истрага против поранешниот министер за култура Жак Матје Емил Ланг и неговата ќерка Каролин Ланг под сомнение за „перење пари поврзано со сериозна даночна измама“, во потег поврзан со починатиот осуден сексуален престапник Џефри Епштајн. Притисокот врз Ланг да поднесе оставка од функцијата претседател на Институтот за арапски свет во Париз се зголемува откако ...
Италијанската полиција во саботата соопшти дека се сомнева дека подметнувачите на пожар ја нападнале железничката инфраструктура во близина на северниот град Болоња, предизвикувајќи големи прекини во железничкиот сообраќај на првиот ден со целодневна програма на Зимските олимписки игри. Пожарот зафатил прекинувач и ги прекинал електричните кабли што се користат за детектирање на брзината на возовите, предизвикувајќи доцнења до два часа за ...
Редеакцијата на КУРИР дојде до ексклузивни фотографии од просториите на компанијата „CBD Medplant“ од каде во саботата утрото полицијата изнесе 21 тон марихуана. Утрово во голема полициска акција беа изнесени 21 тон марихуана од фирмата „CBD Medplant“. Еден од формалните сопственици на оваа фирма е Христијан Котев, но според информации реален сопственик е неговиот татко Тони Коцев. Постариот Коцев е поранешен претседател на огранокот на СДСМ ...
Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, по враќањето во Бања Лука од Соединетите држави аде што престојуваше изминатите неколку дена, во саботата повторно се закани со отцепување, тврдејќи дека во Вашингтон добил поддршка за политиките што ги застапува во Вашингтон. Додик, заедно со членката на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, и вршителката на должноста претседателка на Република Српска, Ана Тришиќ Бабиќ, беа во ...
Македонскиот пазар на недвижности влегува во фокусот на странски инвестициски фондови, потврди гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Според неговите информации, дански фонд веќе купил околу 40 стана во новоградба во централното градско подрачје на Скопје, како дел од инвестициска стратегија ориентирана кон недвижности. Дали становите ќе се издаваат или ќе се чуваат како „замрзнат капитал“ засега не е познато, но Славески предупреди ...
По неколкуте случаи во Штип кога во телефонски јавувања неколку жители беа измамени за поголеми суми од лица кои се пртставувале како лекари а во врска со наводно повреди на нивни блиски, таква лоша среќа ја снашла и 76-годишна битолчанка. Жената во петокот пријавила во СВР Битола, дека била измамена од страна на за неа непознато машко лице, кое телефонски ѝ се јавило и се претставило како лекар, по што ѝ кажало дека нејзината внука е тешко ...
Министерството за внатрешни работи извести во саботата дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета големо количество марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1.300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тони марихуана и биомаса. Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на ...
Каталонскиот фудбалски гигант официјално објави во саботата дека се повлекува од проектот Суперлига, оставајќи го само својот најголем ривал, Реал Мадрид, како предлагач на натпреварувањето. „ФК Барселона објавува дека денеска формално ја извести European Super League Company и клубовите кои беа дел од неа дека се повлекува од проектот Суперлига“, објави Барселона. Идејата за започнување Суперлига, која имаше цел да им користи на најбогатите ...
Двегодишно дете додека играло во близина на семејната куќа во Битола, било нападнато од кучиња скитници, а поради сериозноста на повредите пренесено е итно во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Спроед полицискиот билтен, инцидентот се одиграл во петокот а во СВР Битола бил пријавен од доктор од Клиничка болница Битола кој утврдил тешки телесно повредени кај двегодишно дете, СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот. ...