Премиерот Христијан Мицкоски во интервју во Дневникот на МРТ ја оцени денешната средба со УПОЗ како конструктивна, потенцирајќи дека ги презентирале пред претставниците на синдикатот условите и правилата за покачување на платата на административците за 40 отсто и додавајќи дека сега очекува одговор од нивна страна дали го прифаќаат предлогот од страна на Владата. „Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која ...

Федералната агенција за спроведување на законите за вработување на САД во средата побара од судот да спроведе судска покана против Nike, обвинувајќи го производителот на спортска облека и опрема за дискриминаторски практики врз белците. Станува збор за Комисијата за еднакви можности за вработување (EEOC), федералната агенција задолжена за спроведување на законите за забрана на дискриминација при вработување, која во судскиот поднесок наведува ...

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција истакна дека не е во план зголемување на цените на паркингот. „Има институции што плаќаат, меѓу кои и вработените во Град Скопје, по повластени цени услуги во паркинзи – нема да има така. Таква работа нема да има. Вработените овде земаат плата и тие се исти како останатите граѓани во градот Скопје. И ќе си плаќаат колку што треба износ. Не може некој да плаќа 400 ...

Украина и Русија го завршија вториот ден од мировните преговори во Абу Даби во четвртокот во напорите да го завршат најразорниот конфликт во Европа од Втората светска војна, согласувајќи се за голема размена на затвореници, прва за пет месеци, соопштија официјални лица. Стив Виткоф, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека делегациите на САД, Украина и Русија се согласиле да разменат 314 воени ...

Има една стара приказна. Си било едно неотесано магаре заврзано во двор. Дошол Ѓаволот и го одврзал. Неотесаново магаре влегло кај комшијата и ја напраило бербат нивата, излегла комшиката и го убила неотесаново магаре. Газдата на неотесаново магаре кога видел ја убил комшиката, а кога излегол сопругот на комшиката го убил газдата на неотесаново магаре. Кога го прашале Ѓаволот: Зошто го направи тоа? Одговорил, јас само го одврзав неотесаново ...

Возачите на автобусите на ЈСП и на возилата на останатите јавни претпријатија во Скопје отсега самите ќе го сносат трошокот за сообраќајните прекршоци, порача денеска градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Тој појасни дека доколку возач помине на црвено или надмине брзина, казната нема да оди на сметка на претпријатието. За да се стави крај на нередот и злоупотребите, градот воведува модерни системи за контрола. „Возилата нема да можат да ...

„Ќе имаме можност да отпочнеме еден циклус на средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската Унија, кои што се резидентни во нашата земја, и ценам дека на овој начин можеме поблиску да ги доближиме активностите кои што како Влада ги правиме, а се поврзани со Реформската агенда“, вели Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Северна Македонија на денешниот брифинг за Реформската агенда со амбасадори на ...

За да може да полагаат за возачка дозвола, доволно е минимално, основно образование. Државата им обезбедува можности што тие треба да ги искористат. Имаме огромен број инструменти со кои се обидуваме да ја подобриме ситуацијата на Ромите, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска во врска со протестите на Ромите што бараат да бидат ослободени од обврската да полагаат возачки испит бидејќи се неписмени. Министерката денеска ...

СВР Скопје вчера и утрово добил две пријави за семејно насилство. Во 5 часот утрово 25-годишна жена пријавила дека синоќа околу 21 часот во домот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот партнер М.С.(41) од Скопје. Вчера во 11:30 часот 41-годишна жена од Скопско пријавила дека претходниот ден околу 13 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот девер Д.М. Полицијата работи на расчистување на случаите. ...

Во текот на петтата недела од 2026 година во Македонија се пријавени 1.498 случаи на заболени од грип или заболувања слични на грип, 12,3% помалку во споредба со претходната недела. Како што стои во последниот извештај на Институтот за јавно здравје, бројот на пријавени лица заболени е значително помал и во споредба со истиот период минатата сезона, за дури 50,7 отсто, а исто е намален и за 43 отсто ако се гледа просекот за последните 15 ...

Жител на скопско Кадино синоќа во 20:20 часот на автопатот Скопје-Велес кај клучка Кадино, бил уапсен поради возење под дејство на алкохол. Полицајците сопреле автомобил „опел“ со скопски таблички, управуван од В.Ѓ. (44), по што „дрегерот“ покажал дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,77 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. Автомобилот е одземен за понатамошна постапка. ...

Полицијата вчеравечер го уапсила К.С.(33) од селото Радожда, Струшко, откако добила пријава дека тој го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и им ја оштетил оградата. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид. Полицијата вчеравечер го уапсила К.С.(33) од селото Радожда, Струшко, откако добила пријава дека тој го нарушил јавниот ред и ...

Хуманоидните роботи дизајнирани за различни задачи сега можат да делат еден „мозок“ со вештачка интелигенција кој ги координира нивните дејства на повеќе локации истовремено. Компанија со седиште во Велика Британија претстави систем со вештачка интелигенција кој виртуелно може да работи како „заеднички мозок“ за флоти роботи изградени за различни намени во фабрики, услуги и домови истовремено. Компании како „Тесла“, „Бостон Дајнамикс“ и ...

Владата го прифати барањето на УПОЗ но не во целост, но важно е дека се прифати да се исплаќаат додатоците на плати за работниците во државната управа и правосудството, изјави претседателот на синдикатот Трпе Деановски по денешната средба со премиерот Христијан Мицкоски и владини претставници. -Како што најавуваме минатата година, ќе бидат на неколку години, на 3 рати, по 8 проценти за жал, не по 10. Пак ќе повторам за жал, не ги добивме ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на денешната прес конференција за медиумите, испрати силна порака дека Скопје излегува од финансискиот и институционален колапс и влегува во период на стабилизација, развој и најголема инвестициска офанзива во својата историја. Тој истакна дека при преземањето на функцијата затекнал урнат систем, град на раб на банкрот, јавни претпријатија со блокирани сметки, вработени без плати, ...

Со оглед дека во Бугарија се предвидени нови предвремени парламентарни избори и функционирање на техничка извршна власт нема со кого да се разговара на тема уставни измени и продолжување на евроинтегративниот процес. Ова од Тетово денес го оцени претседателот на партијата Движење Беса, Биљал Касами, кој имаше средба со новинарите. – Владата е посветена на сите обврски преземени во делот на интегрирањето да ги реализира што побрзо. Што се ...

Родителите и семејствата на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“ имаат информации дека еден од обвинетите во судскиот процес врши притисок врз сведоците на Обвинителството. -Имаме сознанија дека лицето Ј.Ј. кое се наоѓа на издржување мерка притвор во затворот во Скопје, му дава мобилен телефон на користење на лицето Тодор Јованов, брат на монструмот, кој преку Вибер-комуникација врши притисок врз сведоците на Обвинителството. Ги ...

Во неготинското село Пепелиште вчера приквечерта бил фатен осомничен за кражба на нафта. Според соопштението од МВР, полицајци од Одделот за гранични работи и миграциии го уапсиле О.П. (51) од Пепелиште, под сомнеж за кривично дело „кражба“. Имено, полицајците запреле „ровер фрилендер” со велешки регистарски ознаки, кое О.П. го управувал. Извршен е преглед, при што во возилото биле пронајдени и одземени 25 туби со по 20 литри нафта за кои не ...

Русија и Украина ја спроведоа својата најнова размена на воени заробеници, при што секоја од нив прими по 157 војници, објави руското Министерство за одбрана во четврток. Дополнително, тројца цивили киднапирани од украинските сили за време на нивниот упад во Курската област беа ослободени, се вели во соопштението. Размената беше објавена претходно во текот на денот од страна на специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, кој рече дека ...

Седма година по ред македонската јавност ќе гласа на националниот избор за најпосакуван автомобил во Македонија „Златно тркало“, според читателите на четири автомобилски медиуми. Овој национален избор се одржува во организација на најстариот автомобилски медиум во Македонија – Авто Плус, а во соработка и како ко-организатори се Carclub, CarsByVik и RPM.mk. Од денеска номинираните кандидати ќе конкурираат за титулата – најпосакуван автомобил. ...

Шестиот Висок совет за соработка меѓу Грција и Турција ќе се одржи во Анкара на 11 февруари. Деталната програма и агенда ќе бидат објавени од Министерството за надворешни работи, соопшти портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина. -Грција пристапува кон дијалогот со верба и самодоверба, секогаш земајќи го предвид меѓународното право и без апсолутно никаква намера ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со европратеникот Томас Вајц, кој е главен известувач за извештаите на Европскиот парламент за напредокот на Република Македонија кон членство во Европската Унија. На средбата, како што соопшти Министерството за европски прашања, било разговарано за процесот на европска интеграција и за последниот извештај на Европскиот парламент за Република ...

Полицијата уапси триесет и осум годишен маж од Охрид, кој лажно пријавувал сообраќајни незгоди во Штип и во Виница, при што „заработил“ околу 3,6 милиони денари. Имено, на 04.02.2026 од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција преземени се оперативно тактички мерки за расчистување на претходно сторени кривични дела Измама во врска со лажни ...

Окружното обвинителство во Софија почна предистражна постапка по објавите во медиумите дека на порно-сајтови се појавиле видеа од гинеколошки прегледи вршени во Софија. Според обвинителството, од 1 јануари до вчера порнографски материјал бил дистрибуиран во градот Софија преку информатичка или комуникациска технологија – кривично дело според член 159, став 2 од Кривичниот законик. Надзорен обвинител дал детални упатства за тоа што треба да се ...

Командирот на противпожарната едница Кочани, Драган Апостолов на денешното судење за „Пулс“ кажа дека ноќта на кобниот настан бил дома кога добил телефонски повик во 02.47 часот за пожар во дискотеката, по што ги известил и повикал сите команданти на смена, а побарал и помош од Противпожарната Виница, Штип, Свети Николе и Пробиштип за да помогнат во гаснење на пожарот. Целата опрема и вработени од ТППЕ Кочани била ангажирана и излезена на ...

Утре ќе се задржи променливо облачно време, наместа со повремен слаб дожд, освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²), прогнозира Управата за хидрометеоролошки работа (УХМР). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има в недела и на почетокот на следната седмица, кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од ...

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ воведе специјален пакет за оперативен третман за вратна (цервикална) дискус хернија со промотивен попуст од 20%. Пакетот нуди комплетен третман и рехабилитација на пациентот и во него се вклучени: оперативно лекување, болнички престој, сите потребни лабораториски испитувања, постоперативно следење на пациентот и физикална терапија во спортскиот центар „Премиум“. Интервенциите ги изведува искусен тим ...

Фондацијата за правда Хедвотерс со седиште во Минеаполис доделила вкупно 3.321.013 долари во кеш и друг вид помош од 2014 година на групи кои сега се обидуваат да ја следат Службата за имиграција и царина (ICE) или протестираат против агенцијата, според анализа на Daily Caller News со која биле опфатени даночни пријави, веб-страници на активистите и нивните објави на социјалните медиуми. -Она што го гледаме на улиците на Минеаполис и низ ...

Кина цврсто ја поддржува Куба во заштитата на нејзиниот национален суверенитет и безбедност, се спротивставува на неоснованото мешање од страна на надворешни сили и ги отфрла сите обиди да се лиши кубанскиот народ од неговото право на опстанок и развој, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во Пекинг. Ванг Ји ја даде изјавата за време на состанокот со својот колега Бруно Родригез Париља, кој не е само министер за надворешни ...

Командирот на противпожарната едница Кочани, Драган Апостолов на денешното судење за „Пулс“ кажа дека ноќта на кобниот настан бил дома кога добил телефонски повик во 2:47 за пожар во дискотеката, по што ги известил и повикал сите команданти на смена, а побарал и помош од Противпожарната Виница, Штип, Свети Николе и Пробиштип за да помогнат во гаснење на пожарот. Целата опрема и вработени од ТППЕ Кочани била ангажирана и излезена на терен – ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
76%
1008
weather icon

Белград

3ᴼ / 3ᴼ
8.23
70%
1011
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
2.57
78%
1009
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
7.72
75%
1012
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
5.51
89%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
97%
1009
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
3.6
74%
1006
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
87%
1006
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
87%
1006
weather icon

Букурешт

-1ᴼ / -2ᴼ
8.75
78%
1019
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1012
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
8.23
86%
1013
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Цинк

3.29

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.07

Платина

67484.42

Бакар

11.83

Родиум

336779.07

Иридиум

215504.98

Злато

159436.20

Паладиум

54077.56

Калај

46.06

Сребро

2497.79

Кобалт

64.04