Западноевропејците сè повеќе ја ценат европската автономија и вредноста на трансатлантските врски и немаат намера да се откажат од нив за да му угодат на Доналд Трамп, покажува анкета, што укажува дека мислењето за Соединетите Американски Држави паднало на најниско ниво во последната деценија откако ЈуГов (YouGov) започна да спроведува вакви анкети. Обидот на американскиот претседател да го преземе Гренланд силно ги сврти Европејците против ...

Генерациите кои растат денес не го познаваат светот без паметни телефони, постојана онлајн поврзаност и дигитална интеракција. Наша реалност со многу придобивки, но и сериозни ризици за менталното и емоционалното здравје на сите нас, особено на младите во развој. Сè почесто се забележува феноменот на емоционална лед, духовна празнина и намалена способност за длабоко доживување на тага, радост и блискост. „Илузија на поврзаност“ – феномен на ...

Во гостувањето во емисијата „Вин-вин“ на телевизија „Телма“, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, истакна дека монетарната политика успешно ја исполнува својата основна цел – одржувањето на ценовната и финансиската стабилност во земјата. Гувернерот посочи дека стабилноста на девизниот курс на денарот и натаму е цврсто закотвена. Стабилниот курс на денарот во однос на еврото претставува важен фактор за зачувувањето на довербата во ...

Настрана од законски предвидените финансиски средства кои од приредувачите на игри на среќа се слеваат во буџетот на Министерството за млади и спорт, членките на Групацијата Новоматик Македонија преку посебни индивидуални и колективни проекти продолжуваат дополнително да инвестираат во развојот на македонскиот спорт. МА Гаминг ДООЕЛ Скопје, кој е застапник на брендот Адмирал во Македонија пред повеќе од пет месеци донесе одлука да го ...

Видеото од мексиканската манекенка Габриела Рико Хименез од 2009 година повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста откако Министерството за правда на САД објави нова серија документи поврзани со осудениот сексуален злосторник Џефри Епштајн. Видеото прикажува манекенка во хотел во Монтереј како вика: „Одвратно! Тие јадат луѓе! Не знаев ништо за тоа. Знаев за убиствата, но не дека јаделе луѓе. Луѓе!“. Локалните медиуми тогаш ...

САД ќе обезбедат дополнителни шест милиони долари хуманитарна помош за Куба, изјави службеникот за помош во Стејт департментот, Џереми Левин. Тој додаде дека со тоа помошта за погодените Кубанци од ураганот Мелиса, што ја погоди земјата во октомври минатата година, ќе изнесува девет милиони долари. Кубанскиот заменик-министер за надворешни работи Карлос Фернандез де Косио најавата за помош ја оцени како дволична. – Прилично е лицемерно да се ...

Белградската полиција уапси двајца осомничени за бомбашкиот напад врз куќата на популарниот пејач Здравко Чолиќ во елитната градска населба Дедиње на 3-ти февруари, објавија медиумите во петокот. Бомбата, таканаречената „кашикара“, беше фрлена во дворот на вилата на Чолиќ рано наутро во вторникот. Во нападот нема повредени, а беше предизвикана само материјална штета – беа оштетени автомобилот, фасадата и скршени прозорците. Во вторникот по ...

Саудиската фудбалска лига го предупреди денеска играчот на Ал Наср, Кристијано Роналдо, дека ниту еден поединец, без разлика колку е важен за тимот, не донесува одлуки надвор од неговиот клуб. Реакцијата доаѓа откако португалската фудбалска ѕвезда Роналдо беше изоставен од составот за натпреварот во понеделникот против Ал Ријад, а дел од медиумите објавија дека Португалецот одбил да настапи бидејќи бил незадоволен од начинот на кој клубот е ...

Рафет Мемишовски, човекот што се закануваше со убиства на протестите, синоќа се извини за заканите преку видео на социјалните мрежи. Кажа дека бил изнервиран бидејќи полицијата го земала возилото на братучед му, бидејќи немал возачка дозвола. Тој на протест се закани со тепачки и убиства поради одземањето на возилата на тие што ќе возат без возачка дозвола. Мемишовски вели дека направил грешка и дека тоа нема да се повтори. – Се извинувам ...

Демократскиот сојуз бара Собранието по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство на канабис за медициски цели. „Досега, од 2017 година надлежното Министерство за здравство, во соработка со други институции издало 61 лиценца на фирми кои можеле да произведуваат марихуана за медицински цели. Повеќе од јасно е дека контролата затаила, поради што се случија фингирани кражби, пресметки помеѓу наркомафијата, ...

ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одржи седница на Централниот комитет (ЦК), на која ќе се избираат нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата. Претседателот на партијата и премиер Христијан Мицскоски синоќа најави дека во овој мандат ВМРО-ДПМНЕ ќе има претседател, генерален секретар и членови на Извршниот комитет (ИК). Досегашните потпретседатели ќе бидат предложени за членови на ИК на партијата, а ќе има и нови имиња. Во интервју за ...

Висок руски генерал утрово е застрелан во стан во Москва. „Генерал-потполковник Владимир Алексеев, заменик-началник на руската воена разузнавачка служба, бил застрелан неколку пати од непознат напаѓач во станбена зграда во северозападниот дел на главниот град, соопшти Истражниот комитет на Русија. Во соопштението се наведува дека генералот е однесен во болница, додавајќи дека осомничениот останува неидентификуван. Во соопштението не се ...

Украинското гранатирање во текот на ноќта предизвика „сериозна штета“ на рускиот град Белгород во близина на границата, изјави гувернерот на регионот рано во петокот. Вјачеслав Гладков, во сериозно видео објавено на платформата Telegram по полноќ, рече дека градските власти одржуваат итен состанок за да изготват план за акција. „За жал, не можам да ви кажам добра вечер, драги пријатели“, рече Гладков во видео снимено речиси во темница. ...

Сосема неочекувано, кошаркарите на Шарлот Хорнетс сè уште се во победничка серија, а ноќта кон петокот ја забележаа својата осма победа по ред во НБА лигата, победувајќи ги Хјустон Рикетс на гостински терен со 109:99. Шарлот моментално се на десеттото место на табелата во Источната конференција и се меѓу тимовите што ќе освојат влез во плеј-инот на крајот од сезоната. Кон Нуепел го предводеше Шарлот со 24 поени, додека Ламело Бол постигна 20 ...

Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска оствари средба со раководителката на Канцеларијата на Европскиот парламент за Западен Балкан, Татиана Мражикова. На средбата, Димовска се заблагодари за постојаната и силна поддршка на Европскиот парламент за нашиот евроинтегративен пат, која се рефлектира и преку отворањето на Канцеларија на Европскиот парламент за Западен Балкан минатата година. Димовска ги престави тековните процеси кои ...

Туширањето е составен дел од утринската рутина на многу луѓе, додека други ги зачувуваат моментите на размислување под тушот за крајот на напорниот ден. Без оглед на тоа кога се туширате, одржувањето на личната хигиена е клучно. Сепак, се поставува едно прашање – колку често треба да се тушираме? Колку често се тушираш и колку често е навистина потребно? Сè зависи од твојата возраст, еве го објаснувањето: Во текст објавен на блогот на ...

Аргентина и САД вчера објавија склучување на сеопфатен трговски договор, поттик за аргентинскиот претседател Хавиер Милеи во неговите напори да ја отвори традиционално протекционистичката економија на јужноамериканската земја. Договорот, исто така, го одразува блискиот сојуз меѓу радикалниот либертаријанец и американскиот претседател Доналд Трамп, објавија американските медиуми. Министерот за надворешни работи на Аргентина, Пабло Кирно, ...

Американската војска соопшти дека вчера погодила брод за кој се сомнева дека се занимава со трговија со дрога во источниот Тихи Океан, објави ДПА. „Двајца наркотерористи се убиени во оваа операција“, соопшти Јужната команда на САД на социјалната мрежа „Х“. „Бродот го користеле одредени терористички организации и пловел по познати рути за трговија со дрога“, соопшти командата. Информацијата не може да се потврди независно, додаде ДПА. Од ...

Западните медиуми, па дури и некои политичари, тврдат дека скандалозниот финансиер Џефри Епштајн можеби имал врски со руската разузнавачка служба (во гласност со русофобијата и шпионска манија што преовладуваат на Запад). Полскиот премиер Доналд Туск објави дека Полска започнува истрага за можни врски меѓу покојниот педофилски финансиер Џефри Епштајн и руските разузнавачки служби. Тој исто така беше принуден да создаде посебна комисија за да ...

На европските берзи се тргува претпазливо во петокот во претпладневното тргување, при што берзанските индекси благо паднаа додека инвеститорите ги анализираат кварталните деловни резултати на европските банки и компании. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции падна за 0,2 отсто во претпладневниот пресек од тргувањето, ослабувајќи втор ден по ред. Лондонскиот индекс FTSE падна за 0,27 отсто на 10.280 поени, додека франкфуртскиот DAX се ...

Во текот на првиот месец од 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 13.000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје. Воедно, беа отстранети и 2.765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен ...

Генерално земено, националната кохезија е столбот на националната безбедност, на секоја една држава. За таа да биде стабилна и одвратувачка, потребна e внатрешна социјална кохезија. Социјалната кохезија може да се дефинира како „јачина на коските“ или големината на социјалната дистанца помеѓу членовите на едно општество. Последново најмногу се однесува на нивната спосбност заедно да работат кон заедничките цели. Праксата покажува дека ...

Швајцарските власти во Кран-Монтана затворија хотел со пет ѕвезди поради проблеми со противпожарна безбедност. Одлуката е донесена само неколку недели по смртоносниот пожар во бар во алпскиот ски-центар, при што загинаа 41 човек. Локалните власти посочија дека во август биле откриени проблеми со противпожарната безбедност во „Гранд хотел ду голф е Палас“ (Grand Hotel du Golf et Palace), што се наоѓа во близина на главната улица во ...

Норвешка одобри нова помош од 86,4 милиони евра за украинскиот фонд за поддршка на енергетиката, изјави синоќа украинскиот министер за енергетика Денис Шмигал. „Овие средства ќе помогнат во обновувањето на основните енергетски услуги оштетени од руските напади и ќе обезбедат поддршка за Украина за време на суровата зима со ниски температури“, напиша Шмигал на „X“. Ова го зголемува вкупниот придонес на Норвешка во фондот на 163,6 милиони евра, ...

Украина сака мировен документ на кој моментално се работи, кој ќе вклучува безбедносни гаранции за нејзиниот пристанишен град на Црното Море, Одеса, објави ТАСС, повикувајќи се на извор близок до разговорите во Абу Даби. „Овој аспект е од клучно значење за Киев“, вели изворот. „На Украина ќе ѝ бидат потребни гаранции во рамките на мировниот пакет дека руските трупи нема да одат во Одеса, односно треба да има механизам за нешто вакво“, објасни ...

Претседателот на Панама, Хозе Раул Мулино, изјави дека се надева дека тековната правна битка со фирма од Хонг Конг околу работењето на пристаништата на Панамскиот канал „нема да ескалира“, но дека неговата влада ќе остане цврста во својата одлука против компанијата. „Панама е достоинствена земја и нема да дозволи да биде загрозена од која било страна на земјата“, изјави Мулино пред новинарите, коментирајќи ги критиките од кинеската влада. ...

ПРЕВАЛЕНЦА Непозната, иако постојат податоци дека преваленцата кај новороденчињата со источнословенско потекло (Белорусија, Украина, Русија и Латвија) била проценета на 1/1 000 000 живородени, додека преваленцата во западнословенскиот регион (Полска, Словачка и Чешка) се проценува на 1/330 000. ВОВЕД Нијмегенов синдром на раскинување (НСР) е редок синдром на генетска, хромозомска нестабилност која најверојатно настанува како резултат на ...

На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути се зголеми во раното претпладневно тргување во петокот, па оттаму е на пат кон седмичен раст од околу 1 отсто. Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 97,96 поени, додека вчера во истиот термински пресек изнесуваше 97,77 поени. Во исто време, курсот на доларот во ...

Таканаречената „бела листа“ на терминалите на Starlink за кои зборуваше во четвртокот украинскиот министер за одбрана Михајло Федоров не го решаваат проблемот со верификацијата, пишува руската агенција РИА повикувајќи се на безбедносни извори. Украина минатата седница соопшти дека работи со компанијата „SpaceX“ на Илон Маск за да го блокира користењето на терминалите на Starlink во руските дронови за напади и се обидува да состави „бел ...

Косовската претседателка Вјоса Османи Садриу изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп ја заслужува следната Нобелова награда за мир и дека таа ќе го номинира за неа. Таа ја даде изјавата како одговор на прашање од списанието „Њузвик“. Годишната Нобелова награда за мир е отворена само за одредени поединци, а рокот за номинирање е на крајот на јануари. Меѓу оние кои имаат право да номинираат кандидати се и шефови на држави, додека ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
76%
1008
weather icon

Белград

3ᴼ / 3ᴼ
8.23
70%
1011
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
2.57
78%
1009
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
7.72
75%
1012
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
5.51
89%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
97%
1009
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
3.6
74%
1006
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
87%
1006
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
87%
1006
weather icon

Букурешт

-1ᴼ / -2ᴼ
8.75
78%
1019
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1012
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
8.23
86%
1013
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Бакар

11.83

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.07

Цинк

3.29

Иридиум

215504.98

Калај

46.06

Злато

159436.20

Платина

67484.42

Кобалт

64.04

Сребро

2497.79

Паладиум

54077.56

Родиум

336779.07