Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Доделувањето на Оскарите, еден од најзначајните светски телевизиски настани, од 2029 година ќе се префрли од телевизијата Еј-Би-Си на платформата Јутјуб, соопшти Американската академија за филмски уметности и науки. Телевизијата Еј-Би-Си ќе го пренесува настанот до 2028 година, кога ќе се одржи јубилејното 100-то доделување на Оскарите, а од 2029 до 2033 година, Јутјуб ќе ги поседува ексклузивните права за пренос во живо. Со овој договор Јутјуб ...
Брижит Макрон се соочува со тужба од неколку организации, вклучувајќи и групи за женски права, откако беше снимена како упатува навредливи зборови кон феминистки кои протестираа на театарска претстава во Париз. Повеќе од 300 жени, поточно 343 – што е историски симболичен број во францускиот феминизам, оваа недела поднесоа тужба против првата дама на Франција за јавна навреда. Видеоснимката, направена минатата недела, ја прикажува Брижит Макрон ...
Мислам дека прашањето за заемот за репарации е затворено, затоа што нема доволна поддршка меѓу земјите членки на Унијата за таквиот предлог, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан пред почетокот на Самитот на ЕУ во Брисел. – Целата идеја е глупава. Постојат две земји кои се во војна. Тоа не е Европската Унија, туку Русија и Украина и Европската Унија би сакала да ги одземе парите од една од завојуваните страни, а потоа да и ги даде на ...
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска изјави дека е уверена оти лидерите на Европската унија ќе постигнат договор за користење на замрзнатите руски средства за финансирање на одбраната и обновата на Украина пред денешниот самит на ЕУ. Во разговор за германскиот радио канал Дојчландфунк, таа рече дека ова нема да биде прв пат да се најде решение во многу сложена ситуација. Лидерите на Европската ...
Руска дипломатска делегација ќе отпатува во Флорида оваа недела на разговори со американските претставници вклучени во напорите на претседателот Доналд Трамп да посредува во мировен договор во украинскиот конфликт. Делегацијата наводно ќе биде предводена од високиот преговарач Кирил Дмитриев и треба да се сретне за време на викендот со специјалниот претседателски претставник на САД, Стив Виткоф, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, во Мајами, ...
СДС продолжува да тоне се подлабоко. Наместо промени, нови лица и свеж кадар, на раководни позиции СДС повторно стави стари и излитени лица уште од времето на Зоран Заев, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Венко Филипче најави таканаречена „Нова сила“, а всушност врати стари лица на Заев, со кој ја приватизираа и на крај ја раскрчмија СДС. Старите кадри претставени како ново раководство на СДС, Заев му ги напиша, а Филипче само ги ...
На денешниот Европски совет ќе имаме интензивни дискусии за финансиската поддршка на Украина и најважно е на крајот да обезбедиме финансирање за Украина за следните две години, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен пред почетокот на Самитот на ЕУ во Брисел. – Денес мора да најдеме решение. Нема да го завршиме Европскиот совет без решение за финансирањето на Украина за следните две години. Имаме двете опции и за ...
Интегрално соопштение од ВМРО-ДПМНЕ: „Криминалот на СДС и ДУИ во македонска Лотарија доби уште една институционална потврда. Државниот завод за ревизија констатира серија сериозни нерегуларности во финансиското работењето на институцијата под раководството поставено токму од СДС и ДУИ. ДЗР утврди дека постои злоупотреба на 2 милиони евра, пари на граѓаните кои Перпарим Бајрами и Артан Груби ги фалсификувале, злоупотребиле или прикриле. И сето ...
Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) денеска во Скопје ќе ја одржи конститутивната седница. Како што инфомираат од институцијата, конституирањето на ова тело се одржува во согласност со Статутот на ЗЕЛС, во рок од три месеци по спроведувањето на локалните избори. Делегатите на оваа седница ќе ги изберат членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС и на Надзорниот одбор. Во рамки на овој настан, членовите на ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони, пред заминувањето на самитот на Европската унија во Брисел, изјави дека земјата е „отворена за секое решение“ во врска со замрзнатите средства на руската Централна банка, како и дека нема да испраќа војници во Украина. Мелони во италијанскиот парламент истакна дека користењето на руските замрзнати средства „без цврста правна основа“ во овој момент „би ѝ ја донело на Русија првата вистинска победа“, пренесува ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека го одобрил договорот за извоз на природен гас во Египет во вредност од 35 милијарди долари, најголемиот договор за гас во израелската историја. Договорот би можел да помогне и во подобрувањето на односите меѓу Израел и Египет, затегнати во изминатите две години поради војната на Израел против палестинскиот Хамас во Појасот Газа. Гасот во Египет во следните 15 години ќе го испорачува ...
На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути стагнира во раното претпладневно тргување во четвртокот. Индексот на доларот, кој ја икажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 98,41 поени, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 98,40 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 155,10 на ...
Советот на јавни обвинители денеска на седница треба да определи вршител на должноста јавен обвинител откако државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во вторникот си поднесе неотповиклива оставка, по што Собранието истиот ден го констатираше престанокот на неговата функција. Седницата Советот на јавни обвинители е закажана во 11 часот. Вршителот на должност се назначува согласно член 25, став 4 од Законот за јавното обвинителство, а се ...
Американската војска во среда соопшти, објави Reuters, дека извршила смртоносен напад врз брод во источен Пацифик. Американската војска, исто така, потврди дека убила четворица мажи. „Разузнавањето потврди дека нападнатиот брод се движел по позната рута за трговија со дрога во источен Пацифик и бил вклучен во операции за шверц“, соопшти Јужната команда на САД во објава на X. Нападот е продолжение на кампањата што ја започна американскиот ...
Кошаркарите на Мемфис ја победија Минесота со 116:110 на гостински терен во НБА лига во ноќта од средата кон четвртокот, додека Чикаго го победи Кливленд со 127:111 пред своите навивачи. Минесота не можеше да победи без својот најдобар играч, Ентони Едвардс, кој го пропушти овој натпревар, а во неизвесниот дуел од почетокот до крајот, гостите направија малку поголема разлика во резултатот во третиот период, а потоа ја задржаа предноста до ...
Наспроти каминот и Белата куќа украсена со божикни мотиви, американскиот претседател Доналд Трамп им се обрати на Американците во живо, а во својот 20-минутен говор најмногу ја нападна поранешната влада и неговиот претходник, Џо Бајден. Откако ги наведе и наброја сите свои и достигнувања на неговата администрација, тој започна со обвинувања против претходната демократска влада предводена од Џо Бајден. „Во јануари го наследив хаосот на Бајден, ...
На њујоршки Волстрит, берзанските индекси паднаа четврти ден по ред во средата, со најголем пад на акциите во технолошкиот сектор, бидејќи инвеститорите стануваат сè позагрижени за огромните трошоци за развој на вештачка интелигенција. Индексот Dow Jones падна за 0,47 отсто на 47.885 поени, додека S&P 500 се лизна за 1,16 отсто на 6.721 поен, а индексот Nasdaq потона за 1,81 отсто на 22.693 поени. Откако се приближија до рекордни нивоа ...
ОВЕН Денеска веројатно ќе доживеете тензија во комуникацијата со најблиските или роднините. Обидете се да избегнете ескалација на конфликтите и изразете ги своите мислења мирно и деликатно. Вашата подготвеност да слушате ќе ви помогне полесно да ги решите проблемите. БИК Денот ќе ви биде исполнет со емоции и ќе ви биде потребна поддршката од вашите најблиски. Ако нешто ве мачи, не го потиснувајте – изразете го отворено, но не барајте премногу од ...
Во четвртик во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Претпладне наместа има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Утринските температури се во интервалот меѓу минус 5 и минус 1, додека соодветно највисоките во текот на денот ќе се движат од 11 до 13 Целзиусови степени. Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде променливо облачно и претежно облачно. Претпладне во делови од котлината има појава на ...
Западен Балкан може да избере да остане заробен во минатото или да продолжи напред кон заедничка иднина во Европската унија, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во средата вечерта по самитот ЕУ-Западен Балкан. „Да бидеме јасни, покрај техничките детали на процесот, треба да се направи фундаментален политички избор: изборот помеѓу останување заробен во минатото или движење напред кон заедничка иднина во Европската Унија, ...
Фудбалерите на Манчестер Сити се пласираа во полуфиналето на англискиот Лига куп откако го победија Брентфорд со 2:0 пред своите навивачи. Рајан Черки ги доведе „Граѓаните“ во водство во 32-та минута, а Савињо ја потврди победата со гол во 67-та минута. Место меѓу првите четири екипи избори и Њукасл Јунајтед со победа од 2:1 против Фулам. Јоане Виса им донесе водство на домашните во 10. минута, Саша Лукиќ израмни шест минути подоцна, а Луис ...
Фудбалерите на Реал Мадрид обезбедија место во осминафиналето на шпанскиот Кралски Куп откако го победија третолигашот Талавера де ла Реина со 3:2 на гостински терен. Головите за „Кралскиот клуб“ ги постигнаа Килијан Мбапе (41 од пенал и 88) и Манеул Ферандо (45+1-автогол), додека погодоците за домаќините ги постигнаа Нахуел Аројо (80) и Гонзало Ди Ренцо (90). Во последните моменти од натпреварот, домаќините имаа одлична шанса да го израмнат ...
Американскиот Сенат во среда го потврди милијардерот приватен астронаут Џаред Исакман за администратор на НАСА, со што застапникот на мисијата на Марс и поранешен соработник на шефот на SpaceX, Елон Маск, стана 15-ти шеф на вселенската агенција. Taка заврши повеќемесечната сага кога претседателот Доналд Трамп ја повлече неговата номинација како дел од расправијата со технолошкиот милијардер Илон Маск. Гласањето за Ајзекман, кого Трамп оваа ...
Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва жилаво го постави најострото барање досега за трговскиот договор меѓу Европската Унија и Меркосур. Лула оцени дека ако европските лидери не ја одобрат спогодбата оваа недела, Бразил ќе се повлече од целиот договор и нема да продолжи со договори за време на неговиот мандат. Преговорите за трговскиот договор меѓу ЕУ и Меркосур се протегаат од 1999 година и опфаќаат четири јужноамерикански земји: ...
Денешниот лидерски собир донесе јасна порака дека лидерите на ЕУ цврсто ја поддржуваат иднината на Западниот Балкан во Европската Унија, се наведува во писмената изјава на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта објавена по завршувањето на денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан, на кој учествуваше и премиерот Христијан Мицкоски. – Проширувањето останува клучно за нашите заеднички цели. Тоа е вистинскиот избор од три причини: прво, од ...
Руската воена агресија врз Украина и растечките геополитички предизвици ја нагласуваат потребата од сè посилни врски меѓу ЕУ и Западен Балкан, се наведува во „Декларацијата од Брисел“ усвоена на денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан, на кој учествуваше и премиерот Христијан Мицкоски. – Ние, лидерите на Европската Унија (ЕУ) и нејзините земји членки, во консултација со нашите партнери од Западниот Балкан, денеска го заклучивме следново: Денешниот ...
Фудбалерите на Париз Сен Жермен се победници на Интерконтиненталниот куп на ФИФА откако го победија бразилскиот Фламенго со 2:1 во финалето во катарскиот Ал Рајан по изведувањето на пенали. Натпреварот заврши 1:1, а рускиот голман Матвеј Сафонов одлично се снајде во изведувањето на пенали, одбрани дури четири пенали од бразилските играчи. Францускиот тим поведе во 38. минута со голот на Квича Кваратшкелија, а Жоржињо израмни од пенал во 61. ...
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на Самитот ЕУ–Западен Балкан во Брисел порача дека земјава очекува јасна поддршка од Европската унија за продолжување на процесот на европска интеграција и деблокирање на преговорите со Унијата. Муцунски оцени дека самитот е важна можност да се потврди стратегијата на ЕУ за проширување и да се испрати позитивна порака до регионот, но и да се отворат конкретни разговори за надминување на ...
Нова категорија билети за Светското првенство 2026, наменета за најлојалните навивачи, воведе денеска Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА). ФИФА одлучи да конвертира дел од билетите – приближно 10 проценти од вкупниот капацитет – од во моментов најприфатливата категорија („ниво на вредност“) во нова категорија наречена „ниво на влез“. Билетите во оваа категорија ќе имаат иста цена за сите натпревари на сите национални селекции на Светското ...
Американскиот Сенат во среда со огромно мнозинство гласаше за усвојување закон за одбрана од 901 милијарда долари што вклучува поддршка и за Украина и за Европа, испраќајќи го до Белата куќа, која соопшти дека претседателот Доналд Трамп ќе го потпише. Законот за овластување за национална одбрана, или NDAA, е компромис од неколку различни мерки усвоени претходно оваа година од Претставничкиот дом и Сенатот. Тој дозволува рекордни 901 милијарда ...