Јувентус и Лацио одиграа без победник 2:2 во дербито од 24-то коло од италијанското првенство играно во Торино во неделата вечерта. Иако Јувентус доминираше во текот на целиот натпревар, Лацио поведе со 2:0 благодарение на головите на Педро (45+2) на крајот од првото полувреме и Исаксен (47) на почетокот од второто полувреме. МекКени (59) го намали резултатот на 1:2, а Калулу (90+6) спаси бод за Јувентус во последните секунди од натпреварот. ...

Во последниот натпревар од неделната програма од 23-то коло од шпанското фудбалско првенство, Реал Мадрид ја победи Валенсија со 2:0 на гостински терен, намалувајќи ја разликата во однос на лидерот Барселона на еден бод. „Кралскиот клуб“ поведе во 65. минута кога Алваро Карерас премногу лесно „пројде“ низ домашната одбрана совладувајќи го македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски. Домашниот тим беше блиску до израмнување во ...

Министерството за надворешни работи на Норвешка во неделата соопшти дека нивната амбасадорка Мона Јуул поднесува оставка поради „сериозен пропуст во проценката“ околу нејзините врски со покојниот сексуален престапник Џефри Епштајн, како дел од растечкиот скандал во нордиската земја и низ цела Европа. Министерството претходно оваа седмица ја суспендираше Јуул од нејзините позиции како амбасадор во Јордан и Ирак, додека продолжува внатрешната ...

Умерениот социјалист Антонио Хозе Сегуро од централнолевичарската Социјалистичка партија (PS) е на пат да го победи својот крајнодесничарски противник, Андре Вентура, во вториот круг од претседателските избори во Португалија, според две национални телевизиски проекции базирани на излезни анкети. Проекциите покажуваат дека Сегуро ќе добие меѓу 67 и 73 отсто од гласовите, во споредба со 27 до 33 отсто за Вентура. Порадди овие прелиминарни ...

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во Дневникот на Сител телевизија, појасни дека станува збор за суштинска и долгоочекувана реформска мерка која воведува јасни правила, професионализам и одговорност во јавниот сектор. „Овој закон е на реформската агенда на државата повеќе од седум години. За првпат се нуди јасно и ...

Во последниот натпревар од 21-то коло од германското фудбалско првенство, Баерн го победи Хофенхајм со 5:1 во Минхен. По пет последователни победи и серија од седум кола без пораз, Хофенхајм пристигна во Минхен со многу оптимизам. Сепак, веќе во 17. минута стана јасно дека гостите тешко ќе дојдат до бод на „Алијанц Арена“. Имено, Кевин Акпогум направи пенал и доби црвен картон за прекршок во шеснаесетникот. Хари Кејн беше сигурен реализатор ...

Американската скијачка Линдзи Вон ја скрши левата нога на денешниот олимписки спуст, потврди болницата во Тревизо, каде што 41-годишната скијачка ѕвезда веќе е оперирана, објавија италијанските медиуми. „Американската скијачка Линдзи Вон беше примена во болница и за неа се грижеше мултидисциплинарен тим. Попладнево таа беше подложена на ортопедска операција за стабилизирање на фрактурата на левата нога. Следниот билтен ќе биде објавен утре во ...

Манчестер Сити се приближи на шест бода зад лидерот Арсенал со победата од 2:1 на гости против актуелниот шампион Ливерпул во последниот натпревар од 25-то коло од англиската Премиер лига. Ливерпул беше подобар тим во поголемиот дел од натпреварот и поведе во 74. минута со убавиот погодок на Шобошлаи од ослободен удар од 30 метри. Голманот на гостите Донарума направи голема грешка ставајќи само двајца играчи во ѕидот, а Унгарецот ја искористи ...

Царинската и гранична заштита на САД (CBP) планира да ги заостри условите за влез за туристи, објави агенцијата dpa во неделата, истакнувајќи дека рокот за приговори на предложените правила истекува во понеделник, но дека сè уште не е јасно како ќе се спроведуваат новите правила. По истекот на рокот за поднесување приговори на предложените измени, американската агенција ќе ги разгледа апликациите и би можела да направи дополнителни измени ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, гостувајќи во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител ТВ, остро реагираше на реакциите на опозициската СДСМ во врска со постигнатиот договор со синдикатите, оценувајќи дека станува збор за неосновани и политички мотивирани тврдења. „Од начинот на кој СДСМ го коментира овој договор, можам да кажам дека води една нихилистичка и самоуништувачка политика. Владата во континуитет носи решенија со кои ...

Во последниот натпревар од 21-то коло од германското фудбалско првенство, Баерн го победи Хофенхајм со 5:1 во Минхен. По пет последователни победи и серија од седум кола без пораз, Хофенхајм пристигна во Минхен со многу оптимизам. Сепак, веќе во 17. минута стана јасно дека гостите тешко ќе дојдат до бод на „Алијанц Арена“. Имено, Кевин Акпогум направи пенал и доби црвен картон за прекршок во шеснаесетникот. Хари Кејн беше сигурен реализатор ...

Линдзи претрпе повреда, но е во стабилна состојба и е во добри раце со тим од американски и италијански лекари, објави американскиот скијачки и сноуборд тим откако американската скијачка Линдзи Вон доживеа тежок пад на спустот во неделата на Зимските олимписки игри во Кортина д’Ампецо. Американската скијачка ѕвезда, која се натпреваруваше на 41-годишна возраст и покрај повредата на коленото, по падот беше префрлена во болница со хеликоптер. ...

Се сеќавам имаше едно барање да се прибават некои списи од редовниот суд чиј претседател беше Владимир Панчевски. Претседател на Кривичниот суд Скопје, а тогаш довербата беше на највисоко ниво. Велите 40-50 отсто, ако не и повеќе. И се сеќавам дека претседателот на Судот не дозволи предметот да излегува од Судот. Значи имате потреба, дојдете, направете увид, во присуство на стручни работници, под камери, повелете, разгледајте што ви треба. Ќе ...

Поранешната обвинителка од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Лејла Кадриу, во соноќешното издание на емисијата „Вечерното шоу“ со Богдан Илиевски, излезе со лични сведоштва од работата во обвинителството дека тоа многу повеќе делувало на штаб на СДСМ, отколку на обвинителство. Инаку Кадриу била избркана од СЈО – формирано во текот на такнаречената „Шарена револуција“ во 2015 година која ја водеше СДСМ за собпрување на тогашната влада на ...

Како што истакнаа на заедничката прес-конференција претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деановски и претседателот на Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ), Благоја Ралповски, со оглед дека Општиот колективен договор во јавниот сектор е истечен, наскоро ќе треба да почнат преговорите за потпишување нов Општ колективен договор. „По скоро 1,5 година преговори и барање на Синдикатот на УПОЗ, постигнавме ...

Бугарските власти истражуваат убиство на шест лица поврзани со еколошка невладина организација, а полицијата соопшти дека истражува неколку верзии за настаните, вклучувајќи ја и можноста убиствата да биле поврзани со култ. На почетокот на февруари, полицијата пријави убиство на три лица во планинска куќа во сопственост на невладина организација, која се наоѓа во близина на превојот Петрохан, објавија бугарските медиуми. Во тоа време, беше ...

Новообјавените документи на Министерството за правда покажуваат дека истражителите, кои ги прегледувале снимките од надзорните камери од ноќта на смртта на осудениот сексуален злосторник Џефри Епштајн, забележале „портокалова“ фигура како се движи по скалите кон изолираното, заклучено ниво каде што се наоѓала неговата ќелија околу 22:39 часот на 9 август 2019 година. Тој запис во дневникот за видео надзор од Метрополитен поправниот центар се ...

Бетон Хол, кога, како што се претпоставува, му се приближиле двајца странски државјани со нож и пиштол, а во оваа прилика за „Блиц“ зборувала неговата мајка Ружа Кајмакоски, која сè уште е во шок од ситуацијата што се случила со нејзиниот син. Мајката на Даниел, Ружа, изјавила за „Блиц“ дека била видливо потресена од ситуацијата. „Ви благодарам за прашањето. Се слушнавме. Важно е што е жив, а прерано е да се каже дали е добро“, рекла таа, ...

Македонската тениска репрезентација е поразена во дуелот со Кипар со максимални 5-0 што се одигра во Никозија во рамки на Втората светска зона на Дејвис купот. Денешните три меча ги добија домашните тенисери, кои остварија прво победа во двојки, а потоа и во двата сингл меча. Во последниот меч младиот македонски тенисер (15 години) Марко Алексовски загуби од Константинос Мегалемос со 2-0 во сетови (7-6(8) и 6-1). Во првиот сет се водеше ...

Морган МекСвини, шеф на кабинетот на британскиот премиер Кир Стармер, поднесе оставка во неделата, додека расте притисокот врз Стармер околу назначувањето на Питер Манделсон за амбасадор во Соединетите држави, по откривањето на неговата поврзаност со осудениот сексуален злосторник и педофил Џефри Епштајн. Стармер се соочува со најсериозната криза во последните 18 месеци на функцијата поради одлуката да го испрати Манделсон во Вашингтон во ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на прес-конференција објави дека нема ниту намера ниту потреба да му се извини на Зоран Заев, туку дека напротив очекува поранешниот премиер и лидер на СДСМ да ѝ се извини на македонската јавност за сите милионски криминали што ги има правено и да се извини за сите национални предавства и понижувања. Претходно во неделата поранешниот премиер и поранешен лидер на сега опозициската СДСМ, се закани со ...

Србија ја разгледува можноста за купување удел од пет до десет отсто во унгарскиот проект за нуклеарна централа Пакс 2, чија изградба официјално започна претходно оваа седмица, а експертите го гледаат тоа како чекор напред во долгорочната енергетска стабилност на регионот. Доколку Белград одлучи да учествува во проектот Пакс 2, Србија би го направила првиот конкретен чекор кон враќање кон нуклеарната енергија по повеќе од три ипол децении, ...

Во саботата вечерта во Велес бил притворен 52-годишен жител кој јавил во полициска станица и ги омаловажувал полициските службеници, а потоа на улица „Јовче Тикваров“, го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. При преземање мерки, кај мажот идентиикуван со иницијалите М.У. биле измерени 3,06 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на ...

Возрасен маж од Свети Николе е уапсени откако во саботата вечер со остар предмет во семејниот дом со остар предмет им упатувал закани на неговите два сина, а физички го нападнал едниот син. Индиценетот е пријавен во полицијата е пријавен еден час откако се одиграл, по што полициските службеници го уапсике 65-годишниот маж. Притоа, било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,16 промили алкохол во крвта. По ...

Во случајот „Тенк“, набавката на блиндираниот „мерцедес“, Владата не била обврзана да објавува оглас, односно да распишува тендер. Значи, не била должна. Можела да го купи „мерцедесот“ со спогодба во четири очи, затоа што законот тоа го дозволува, бидејќи е специфична набавка. Се набавува возило што ќе се користи за специјални услови, како за нашето државно раководство, така и за гости кои доаѓаат. Такви автомобили поседуваат и други држави, ...

Матеј Белистојановски ѝ донесе златно одличје на македонската карате репрезентација на европскиот шампионот до 21 година во кипарски Лимасол, натпреварувајќи се во категоријата до 67 килограми на Белистојаноски во завршната борба го совлада Гркот Георгиос Балиотис со 2-0. Резултати – Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Лимасол: У-21 -67 кг Матеј Белистојаноски – Микита Бахамолец (ВКФ) 9-1 Матеј Белистојаноски – Ригерс Рами ...

Македонската Дејвис куп репрезентација е поразена од Кипар и во третиот меч кој беше во конкуренцијата двојки. Стефан Мицов и Амар Хусеиновиќ по поразите вчера во сингл мечевите, денес претрпеа неуспех и во заедничкиот меч, па домаќинот во Никозија зголеми на недостижни 3-0. Хусеиновиќ и Мицов беа поразени од двојката Менелаос Ефстатиу и Елефтериос Неос со 2-0. По сетови Кипар беше подобар со 6-2 и 7-5 во првиот неделен меч. На програмата се ...

Високо рангираниот функционер на Хамас, Халед Мешал, денеска изјави дека палестинското исламистичко движење нема да го предаде своето оружје и ќе отфрли какво било странско владеење над Појасот Газа, и покрај повиците за разоружување од Израел и САД, објавија француските медиуми. „Криминализирањето на отпорот, неговото оружје и оние што го водат е нешто што не треба да го прифатиме“, рече Мешал на конференција во Доха, додавајќи дека ...

Во саботата полициски службеници од СВР Струмица го уапсиле 38-годишниот О.В.) од Струмица, осомничен дека истиот ден, како и ден претходно во два наврати учествувал во извршување на кривични дела измами, каде оштетени се 84-годишна и 68-годишна жителка на Струмица, а во еден случај во обид да биде измамена 77-годишна жителка на Струмица. Имено, откако едно лице им се јавувало на фиксни телефонски броеви на пријавителките и претставувајќи се ...

Канцеларијата на 14-oт Далај Лама, чие вистинско име е Тензин Гјатсе, во неделата објави дека протераниот будистички тибетски духовен водач, кој се споменува во досиејата Епштајн, „никогаш не се сретнал“ со Џефри Епштајн, откако медиумите го поврзаа со американски сексуален престапник. Пребарувањето на милиони документи од досиејата на Епштајн, објавени од Министерството за правда на САД и прегледани од AFP, откри дека името на Далај Лама се ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
76%
1008
weather icon

Белград

3ᴼ / 3ᴼ
8.23
70%
1011
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
2.57
78%
1009
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
7.72
75%
1012
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
5.51
89%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
97%
1009
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
3.6
74%
1006
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
87%
1006
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
87%
1006
weather icon

Букурешт

-1ᴼ / -2ᴼ
8.75
78%
1019
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1012
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
8.23
86%
1013
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Злато

159436.20

Бакар

11.83

Кобалт

64.04

Родиум

336779.07

Сребро

2497.79

Цинк

3.29

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.07

Калај

46.06

Иридиум

215504.98

Платина

67484.42

Паладиум

54077.56