Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Времето утре ќе биде променливо облачно, со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини во северозападните делови и врнежи од снег. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Времето утре ќе биде променливо облачно, со ...
Советникот за национална безбедност на словачкиот премиер Роберт Фицо, кој поднесе оставка во саботата поради неговите пораки до осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, рече дека се чувствува како „будала“ откако ги прочитал повторно. „Кога ги читам тие пораки денес, се чувствувам како будала. Тоа беше приватен разговор, да бидеме искрени, кој би бил среќен ако целата нација ги чита нивните пораки? Барем, јас лошо проценив“, изјави ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, денеска одржаа конференциски состанок со претставници на Европската Комисија како и директорката на Директоратот за проширување, Валентина Суперти. Исто така на состанокот беа вклучени и ресорните министри за транспорт, внатрешни работи и ...
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека се во тек подготвителни работи за повторно започнување на директните разговори меѓу Европа и Русија за војната во Украина. „Мора да се подготви, па затоа се во тек технички дискусии за да се подготвиме за ова“, рече Макрон, одговарајќи на новинар кој го праша претседателот за неговиот повик во декември за повторно започнување на разговорите со рускиот претседател Владимир Путин. „Важно е ...
Полицијата во бугарскиот град Бургас почна истрага за уште три салона за убавина, откако добила пријави од клиентки на синџирот салони дека се препознале во видеа на порно сајтови. Веќе една недела се проверуваат центрите за убавина во крајбрежниот град, а добиени се над 100 пријави од жени кои се во нелегално протечени видеа од третмани за депилација. Меѓу нив има малолетнички и малолетници. Интерпол и ФБИ ќе соработуваат со бугарската ...
Jавното обвинителство по службена должност веднаш да преземе мерки против лицата кои со име и презиме му се закануваат на новинарот на К5 ТВ Александар Видиновски, шират говор на омраза, ксенофобија, предизвикуваат национална нетрпеливост и упатуваат закани по неговиот живот, по објавата на неговото видео за непрописно паркираните возила пред Бугарската амбасада – реагира Македонската асоцијација на новинари (МАН). „Цитираме само некои од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникoт изјави дека неговата Републиканска партија мора да ја преземе контролата врз изборниот процес во околу 15 држави пред среднорочните избори закажани за ноември. „Републиканците треба да кажат: ‘Сакаме да ја преземеме контролата, треба да ја преземеме контролата врз изборите во најмалку 15 места’, рече Трамп во интервју со конзервативниот водител на подкаст и поранешен заменик-директор на ...
Утврдена е тешка кражба на електрична енергија од трафостаница, по што на сторителот му е изготвена фактура за надомест на штета во износ од 16 милиони денари или околу 260.000 евра, соопшти ЕВН Дистрибуција. Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побарал од МВР да се спроведе пребарување и да се вклучи вешто лице, поради основи на сомневање за кражба на електрична енергија во деловен објект на улица Бутелска во ...
Истрагата откри 890 сметки во швајцарската банка „Credit Suisse“ кои би можеле да бидат поврзани со нацистите, изјави американскиот сенатор Чак Грасли во вторник пред сослушувањето на сенатската комисија за правосудство за улогата на банката во холокаустот. Меѓу другото, станува збор за претходно непознати сметки на германското Министерство за надворешни работи, германска компанија за оружје и германската филијала на Црвениот крст, додаде ...
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во вторник изјави дека му наложил на министерот за надворешни работи Абас Аракчи да одржи „чесни и еднакви разговори“ со САД. Песков во објава на платформата за социјални медиуми X изјави дека му наложил на Аракчи да „спроведе фер и еднакви разговори, водени од принципите на достоинство, разумност и целесообразност, под услов да постои соодветна средина ослободена од закани и неразумни очекувања“. ...
По потпишувањето на мировниот договор, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека единици и воена опрема од земјите на НАТО, вклучувајќи воздушна сила и поморска поддршка, би можеле да бидат распоредени во Украина. Руте изјави дека странски воени контингенти ќе бидат распоредени во Украина по потпишувањето на мировниот договор. За време на својот говор во украинскиот парламент, Руте истакна дека штом ќе се склучи мировен договор, ...
Во паркиран автомобил „дачиа дастер“ со албански таблички вчера на улицата „Партизанска“ во Струга вчера доцна попладнето полицијата пронашла отворен патнички куфер и ќеса со марихуана, додека во багажниот простор биле пронајдени пакување со бела прашкаста материја, два пиштоли, 105 куршуми различен калибар, дигитална вага и други предмети. Притоа е уапсен Ф.Ж.(37) од струшкото село Велешта, кој седел во паркираниот автомобил. Во паркиран ...
ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато во 8:30 часот, а водата ќе биде повторно пуштена по завршувањето на санацијата на дефектот. ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека ...
Конфликтот околу потеклото на познатиот десерт чоколадни топчиња Mozartkugel продолжува откако покраинскиот суд во Салцбург ѝ забрани на една слаткарница да го бара оригиналниот рецепт, објавија австриските медиуми. На почетокот од минатата седмица, покраинскиот суд во Салцбург ја прифати тужбата поднесена од слаткарницата „Fürst“ против нејзиниот конкурент „Holzermayr“, која се рекламира како наследник на оригиналниот рецепт за топчињата ...
Американскиот претседател Доналд Трамп негираше дека бил пријател со Џефри Епштајн, обвинувајќи го починатиот осуден сексуален престапник за заговор против него. Минатата недела, Министерството за правда на САД објави последна серија од над 3 милиони страници, 2.000 видеа и 180.000 слики според Законот за транспарентност на досиејата на Епштајн, закон потпишан од Трамп во ноември, со кој агенцијата е принудена да објави податоци поврзани со ...
Американскиот претседател Доналд Трамп доцна во понеделникот изјави дека неговата администрација бара милијарда долари отштета од Универзитетот Харвард. „Сега бараме милијарда долари отштета и не сакаме ништо повеќе да имаме со Универзитетот Харвард во иднина“, рече Трамп во објава на Truth Social, без да прецизира какви конкретни штети предизвикал универзитетот. Администрацијата на Трамп поднесе жалба на судската одлука во декември со која ...
Во зимските денови, кога се поминува повеќе време дома, Државна лотарија им овозможува на граѓаните практична можност за забава и добивки. Сите љубители на игрите на среќа може да ја испробаат својата среќа преку едноставната и сигурна платформа за играње лото и џокер онлајн на официјалната веб-страница loto.mk. Со само еден клик, секој може да го уплати своето лото-ливче брзо и сигурно, без потреба од чекање во редици. Резултатите се ...
Врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград била фрлена бомба. Тој, неговата сопруга и ќерка биле дома во тие мигови. Инцидентот во белградската елитна населба Дедиње се случил вчеравечер. Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек. Деталите засега не се познати, но наводно никој не е повреден во експлозијата, но имало голема материјална штета, пишува Telegraf.rs. ...
Русија е подготвена за новата реалност на свет без ограничувања за контрола на нуклеарното оружје по истекот на договорот „Нов СТАРТ“, изјави во вторникoт рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, нагласувајќи дека Москва нема да биде провоцирана во трка во вооружување по неговото истекување. Русија нема да подлегне на „провокации“ и да влезе во нова трка во вооружување откако ќе истече договорот „Нов СТАРТ“ оваа седмица, ...
Тројцата убиени мажи што вчера биле пронајдени во поранешниот планинарски дом „Петрохан“ на Стара Планина во Бугарија биле припадници на паравоена ренџерска агенција, јавија бугарските медиуми. „Петрохан“ кој е на север-северозапад од главниот град на Бугарија. Трите жртви пронајдени убиени во „Петрохан“ се Дечо В. (45), Ивајло И. (49) и Пламен Ст. (51), објави бТВ. Тие биле членови на паравоена организација. Станува збор за „Национална ...
Управата за јавни приходи (УЈП) извести дека започнала исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025 година. За последното тромесечје на 2025 година ќе бидат исплатени вкупно 924,5 милиони денари кон 526.123 корисници на апликацијата МојДДВ. До денеска исплатени се 184,5 милиони денари, кон 104.000 корисници на апликацијата МојДДВ. Исплатата на средствата продолжува, како што се обработуваат налозите, ...
Мариус Борг Хојби, 29-годишниот син на норвешката престолонаследна принцеза Мете-Марит од куса врска со осудуван злосорник во која била пред да се омажи за принцот Хакон, се изјасни за невин по четири обвиненија за силување во вторникот на почетокот на судењето кое го засрами кралското семејство. Облечен во зелени панталони и зелен џемпер, со впечатливи очила и обетки, Хојби изгледаше невознемирен од судењето, објави новинар на AFP во ...
Обвинителите во Париз извршија рација во канцелариите на платформата за социјални медиуми X на Илон Маск. Рацијата ја спроведува француската единица за сајбер криминал, се потврдува во соопштението. Франција отвори истрага минатиот месец по ширењето на сексуално експлицитни „дипфејк“ видеа генерирани од Grok на X, по претходната истрага за антисемитските испади на четботот во текот на летото. Сопственикот Елон Маск и поранешната извршна ...
Значаен успех на „Реплек“ во пробивањето на портфолиото на компанијата на строгите странски пазари. Со регистрацијата на Реконазол, производ за третман на дерматолошки состојби во Обединетото Кралство, „Реплек“ го направи својот прв важен чекор за пласман на британскиот пазар. Одобрението за Реконазол (ketoconazole) 2% шампон е издадено од британската Агенција за лекови и здравствени производи (MHRA), регулаторно тело на Обединетото Кралство ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини најостро и недвосмислено ги демантира „неоснованите, манипулативни и свесно лажни тврдења на СДСМ, кои уште еднаш покажуваат дека како опозиција немаат ниту аргументи, ниту кредибилитет – туку само потреба да ја прикријат сопствената одговорност за финансискиот хаос што го оставија зад себе и во секторот енергетика“. „Осврнувањето на министерката Сања Божиновска за состојбата на ...
Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, информираше градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Кај мене дадениот збор е обврска, а не формалност пред избори. Ова е вест што значи нов почеток за нашиот град и за илјадници граѓани кои секојдневно го користат јавниот превоз“, истакна Ѓорѓиевски. Како што беше посочено и од премиерот Христијан Мицкоски, на Град ...
Технолошкиот милијардер Илон Маск изјави во понеделникот дека ја споил својата вселенска компанија „SpaceX“ со компанијата за вештачка интелигенција „xAI“. Споените компании планираат да градат центри за податоци во вселената, рече Маск на веб-страницата на „SpaceX“, додавајќи дека очекува тоа да стане најевтиниот начин за производство на компјутерска моќ за вештачка интелигенција (ВИ) во рок од две до три години. Спојувањето ќе му овозможи ...
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и неговата сопруга поранешната државна секретарка и неуспешна демократска претседателска кандидатка од 2016 година, Хилари Клинтон, ќе сведочат во конгресната истрага за покојниот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епштајн, изјави официјален претставник во понеделникот. Одлуката би можела да го спречи планираното гласање во Претставничкиот дом, контролиран од републиканците, за да се ...
Најновата колекција документи објавени од случајот Џефри Епштајн вклучува непроверени референци за меѓународна политика на високо ниво, споменувајќи го руското раководство и претседателот на Украина. Меѓу повеќе од 3 милиони страници објавени од Министерството за правда на САД, еден документ од 2012 година го дискутира поранешниот пратеник во руската Дума, Илја Пономарев, шпекулирајќи дека би можел да го замени Владимир Путин. Во посебна ...
Најновите претпоставки за смртта на тројцата мажи што биле пронајдени убиени вчера во планинарскиот дом „Петрохан“, кој е на север-северозапад од главниот град на Бугарија, се дека станува збор за убиство, оти пред инцидентот во домот најверојатно имало уште најмалку еден или двајца мажи, кои според некои шпекулации се упатиле кон Бургас. Според првиот човек на селото Гинци, кое е најблиску до планинарскиот дом, во домот постојано имало до ...