И овој декември, Видеолотарија Касинос Австрија ја продолжи својата хумана мисија и традиција на општествена одговорност, реализирајќи ја 25-тата крводарителна акција. Акцијата се одржа во просториите на Институтот за трансфузиона медицина во Скопје. Во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот крст, компанијата уште еднаш ја потврди својата посветеност кон хуманите вредности и поддршката на доброволното крводарување. Оваа, ...

Членови на македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден вечерва ќе се соберат за да му оддадат почит на Дан Елкајам, кој загина во вчерашниот вооружен напад на Бонди плажата во Сиднеј. Елкајам бил популарен и талентиран фудбалер, дел од тимот што настапува во највисоката локална конкуренција, а во клубот играл околу една година. Клубот соопшти дека е „во шок и тага“ поради загубата. Во нападот, кој полицијата го третира како терористички, двајца ...

Земјоделците во Грција продолжуваат со блокадите низ целата земја, откако ја одбија поканата на грчкиот премиер за средба попладнево, а паралелно нивните барања писмено ги испратија до Владата. Во текот на денешниот ден, планирани се блокади за сообраќај на сите возила на граничниот премин „Богородица – Евзони“, во периодот од 12 до 16 и од 18 часот по локално време, додека пак на другите премини, „Ники – Меџитлија“ кон Македонија и Промахонас и ...

Македонија е длaбоко заглавена во судско обвинителска диктатура што го продолжува насилството на неправдата од времето на „шарената револуција“. Премногу долго живееме под ваквата диктатура и затоа обврска и одговорност на новата власт е под итно, радикално да го промени сегашниот правосуден систем за да го прилагоди на вистинските потреби на граѓаните за правда. За власта тоа значи соочување со нефункционален корумпиран правосуден систем кој не ...

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за новите санкции против Русија, вклучително и ставање на црната листа на 40 танкери за кои се тврди дека превезуваат руска нафта, изјави високата претставничка на Европската унија за надворешни работи, Каја Калас. „Денес ќе донесеме одлуки во врска со бродовите на „флотата во сенка“. Имаме четириесет дополнителни бродови, изјави таа за новинарите по пристигнувањето на закажаниот министерски ...

Израелскиот Национален совет за безбедност – НСЦ синоќа издаде ново предупредување барајќи од Израелците во странство да бидат повнимателни по нападот за време на прославите на Ханука во Сиднеј, во кој загинаа најмалку 16 лица, јави Си-Ен-Ен НСЦ во соопштение објави дека „двајца терористи отвориле оган врз семејствата што пристигнуваат на прославата на Ханука што ја организира еврејската заедница на плажата Бонди во Сиднеј, Австралија“. ...

Без вода се неколку улици на скопската територија поради скината цевка, информираат утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Прекинато било водоснабдувањето на корисниците од улиците „Будимпештанска“, „Хашка“, „Осло“, „Љубица Ѓеорѓиева“, „Урош Џудовиќ“ и на дел од „Женевска“ во Општина Карпош. Како причина, наведено е скината цевка од страна на приватна фирма. Од претпријатието потенцираа дека водоснабдувањето ќе биде ...

Утре ќе биде познато новото раководство на СДСМ, најави партискиот лидер Венко Филипче. На негово барање на почетокот на декември оставка поднесе целото раководство. Филипче вчера во изјава за централниот дневник на „Сител“ рече дека веќе е готов списокот со лицата кои ќе бидат дел од новото раководство и дека тоа ќе биде комбинација од искусни и млади луѓе. „Тука ќе се избере новото партиско раководство – новите потпретседатели и новите членови ...

Холивудските актери, како и американските политичари, оддаваат почит по смртта на режисерот Роб Рајнер и неговата сопруга Мишел, кои беа пронајдени мртви во нивниот дом во неделата, велејќи дека се „скршени“ по трагичната вест. Полицијата во неделата објави дека две лица се пронајдени мртви во домот на актерот и режисер Роб Рајнер во Лос Анџелес, додавајќи дека се истражуваат околностите за евентуалното убиство. Медиумите објавија дека станува ...

Лидерите на Европската Унија прават уште еден обид да ги прекинат преговорите насочени кон решавање на конфликтот во Украина и имаат намера да ја вовлечат цела Европа во војна со Русија, предупреди унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, на пат кон состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел. Тој рече дека сегашната ситуација наликува на развојот на настаните по руско-украинските разговори одржани во ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц во саботата вечерта направи остра паралела помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и Адолф Хитлер, предупредувајќи дека амбициите на Кремљ нема да застанат на Украина, пишува Политико. Зборувајќи на партиската конференција на Христијанско-социјалната унија во Баварија, која е тесно поврзана со неговата Христијанско- демократска унија, Мерц потсети на историскиот договор со кој сојузниците му ја предадоа ...

Добро е што темпото на мировните преговори за Украина се забрза и многу сум среќна што во нив клучна улога игра пристапниот процес, бидејќи секогаш кога станува збор за важни настани во историјата преку пристапувањето кон Унијата можевме да добиеме добар одговор и сигурна сум дека тоа ќе се случи и овој пат, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос пред почетокот на заседанието на Совет за надворешни работи на ЕУ во Брисел. – Гледаме дека ...

Најниска температура од -6 степени утрово е измерена во Скопје-Петровец и Берово, -5 во Битола и Демир Капија, -4 во Тетово, и Струмица, -3 во Прилеп, Штип и Кавадарци, -2 во Крива Паланка, Охрид, Куманово, Велес и Mаврови Анови, а над нулата е само во Гевгелија, Kрушево и Попова Шапка – 1 Целзиусов степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во утринските и претпладневните часови наместа има појава на магла. Во текот на денот ...

Патнички авион речиси се судрил во текот на летот со американски воен авион во близина на венецуелскиот брег во петокот, објавија Асошиејтед Прес и Њујорк Тајмс, повикувајќи се на податоци од радиокомуникации и следење на летот. Инцидентот се случил во време на засилување на американската морнарица на Карибите и заканите на американскиот претседател Доналд Трамп да нападне „наркотерористи“ на венецуелска територија. Летот 1112 на ЏетБлу наишол ...

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе поднесе „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“, соопшти владејачката партија. „Со оваа Резолуција се става крај на манипулациите на СДСМ за мигрантите и организираната и координирана кампања од страна на опозицијата, која влева несигурност и паника меѓу граѓаните. Лажните сценарија на СДСМ паѓаат во вода, државата има јасна политика против ...

Екипата на Баерн Минхен го постигна својот 50. гол вчеравечер во ремито 2:2 со Мајнц во 14. коло од германската Бундес лига. Тимот од Минхен постави нов рекорд по ефикасност во Бундес лигата. Претходно не се случило некој тим да стигне до 50 погодоци по само 14 рунди. Во 14 натпревари од Бундеслигата, Баерн постигна 51 гол, а прими 11. Тие имаат 38 бода и се први на табелата. За споредба, во сезоната 2024/25, Баерн постигна 42 гола во 14 ...

Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска остро го осуди нападот врз Евреи на плажата Бонди во Сиднеј, нарекувајќи го „чин на чисто зло“ и јасен пример на тероризам и антисемитизам. Во крвавиот терористички напад на познатата плажа Бонди во Сиднеј вчера, загинаа најмалку 16 лица, меѓу кои и еден од напаѓачите, а повеќе од 40 се повредени. Нападот се случил на првиот ден од еврејскиот празник Ханука, кога две вооружени лица отворија оган врз ...

Најновиот развој на настаните поврзани со руската воена агресија врз Украина, односите меѓу ЕУ и Кина и ситуацијата на Блискиот Исток, ќе бидат главни теми на заседанието на Совет за надворешни работи на ЕУ, со кое ќе претседава високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас. Состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ ќе започне со размена на мислења со нивниот украински колега Андриј ...

ИНО ФАБ ЛАБ, лабораторијата за прототипирање на Техноилошко-металуршкиот факултет во Скопје ги презентираше резултатите од проектот „Рециклиран филамент за 3Д принтање“ кој што се реализира преку програмата „Екосистем за еко-иновации и циркуларна економија на Западен Балкан“ (EICEE – Western Balkan Eco-Innovation and Circular Economy Ecosystem) – проект кофинансирана од Европската Унија и Владата на Црна Гора. Клучен резултат од овој проект е ...

Ракометарот на Еурофарм Пелистер Дејан Манасков вчера бил приведен во Охрид по завршување на ракометен натпревар. -На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М.(33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што, вчера се одржуваше во спортската сала „Биљанини извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го осуди вчерашниот вооружен напад на прославата на еврејскиот празник Ханука во Сиднеј, велејќи дека го предупредил својот австралиски колега дека поддршката на земјата за палестинската државност ќе го поттикне антисемитизмот. Две вооружени лица отворија оган за време на прославата на првата ноќ на Ханука на плажата Бонди во Сиднеј, убивајќи најмалку 16 лица, посочија австралиските власти, во намерен ...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 7.20 часот регистрираше земјотрес, чиј епицентар бил во пограничното епицентрално подрачје Урошевац, на 42 км северно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.3. Според досегашните податоци со кои располага ...

На Меѓународниот аеродром Скопје денеска официјално ќе биде промовиран првиот лет од Скопје до Прага на авиокомпанијата „Визер“, со што оваа компанија на листата на летови од скопскиот аеродром додава уште една дестинација. Новата авиолинија уште во јули ја најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објавувајќи дека е потпишан договор за пет нови дестинации од скопскиот аеродром – Стокхолм – Скопје и Мадрид – Скопје од ...

Сопственикот на продавница за овошје, Ахмед ал Ахмед од Сиднеј, кој ја грабна пушката од еден од напаѓачите при масакрот на плажата Бонди во Сиднеј, Австралија, се опоравува в болница по операцијата на рани на раката и раката, соопшти неговото семејство. Ахмед ал-Ахмед беше идентификуван на социјалните мрежи како минувачот што се скрил зад паркирани автомобили, потоа се нафрли на еден од напаѓачите одзади, ја грабна пушката и го соборил на ...

Суд во Хонг Конг го осуди медиумскиот тајкун Џими Лаи, прогласувајќи го виновен за заговор за дослух со странски сили и за објавување бунтовнички материјали. ДПА пренесува дека 78-годишниот основач на продемократскиот весник „Епл дејли“ е прогласен за виновен по сите три обвиненија, од кои две се однесуваат на дослух со странски сили. Лаи се изјасни за невин по сите точки од обвинението и сега се соочува со можна доживотна казна затвор. Казната ...

Министерството за надворешни работи на Палестина го осуди нападот врз Евреите во Сиднеј. Министерството во соопштението истовремено изрази целосна солидарност со пријателска Австралија. Австралија ја призна Палестинската држава во септември, заедно со Велика Британија и Канада, што претставуваше историски пресврт во рамките на повеќедецениската надворешна политика на Западот и одговор на војната на Израел во Газа, потсети британскиот весник. На ...

Генератор на плутониум изгубен од американската Централна разузнавачка агенција (CIA) во 1965 година за време на тајна операција на Хималаите би можел да стане извор на контаминација за реката Ганг или да послужи како основа за создавање валкана атомска бомба, објави во саботата весникот The New York Times. „Во 1965 година, САД планирале да ја шпионираат Кина, која штотуку детонираше атомска бомба. CIA испратила планинари да постават нуклеарен ...

ОВЕН Денот е погоден за заклучување на финансиски прашања и материјални работи. Внимателно размислете како пристапувате кон деловните преговори – тие може да се покажат како важни во наредните денови. Она што ќе го постигнете денеска ќе ви донесе задоволство. БИК Денеска сосредоточете се на важните аспекти од вашиот секојдневен живот. Финансиските прашања ќе бараат ваше внимание, затоа не одложувајте со донесување одлуки за нив. Завршете го она ...

Во понеделникот на територијата на Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринските температури се движат од минус 6 до 0, додека соодветно највисоките во текот на денот ќе достигнат меѓу 12 и 13 Целзиусови степени. Во Скопје претпладне во делови од котлината има појава на магла. Во текот на денот времето ќе ...

Јувентус ја победи Болоња со 1:0 на гостински терен во последниот неделен натпреват од 15-то коло од италијанското фудбалско првенство. Решавачкиот погодок го постигна Хуан Кабал во 64. минута по центаршутот на Кенан Јилдиз. Само четири минути подоцна, Болоња остана со играч помалку откако Торбјорн Лисакер Хегем заработи црвен картон откако го собори Лоис Опенда како последен одбранбен играч. Јуве ја затресе и противничката мрежа во 37. минута, ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
100%
1018
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
89%
1019
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
90%
1019
weather icon

Софија

5ᴼ / 2ᴼ
1.03
68%
1019
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.3
87%
1020
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
0.45
93%
1018
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
77%
1015
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
50%
1014
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1015
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 6ᴼ
2.68
86%
1019
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
95%
1020
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
76%
1017
Currency

61.55

Currency

52.5597

Currency

70.2651

Currency

34.8418

Currency

38.1047

Currency

66.0411

Currency

7.46486

Currency

0.65312

Currency

0.33374

Currency

0.52442

Currency

1.22957

Currency

0.58675

Родиум

258813.51

Рутениум

29192.88

Платина

64478.87

Сребро

2159.30

Цинк

3.04

Бакар

11.02

Иридиум

145787.60

Злато

139515.92

Паладиум

54591.97

Калај

43.93

Алуминиум

2.95

Кобалт

58.42