Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува сериозна загриженост за нападите, омаловажувањата и смртните закани упатени кон новинарот на Канал 5 Телевизија, Александар Видиновски, по неговата објава на социјалните мрежи во врска со непрописно паркирани возила на тротоарот пред Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Овие постапки претставуваат директен напад врз безбедноста на новинарите и сериозно загрозување на ...
Финикс Санс ги победија Портланд Треилблејзерс со 130:125 на гостински терен, а Колин Гилеспи ги предводеше до победата со 30 поени, што е негов личен рекорд. Гилеспи постигна осум тројки и имаше 10 асистенции за Санс, кои го надминаа заостанувањето од 19 поени и победија по седми пат во десет натпревари. Грејсон Ален исто така беше расположен, постигнувајќи 24 поени, од кои шест беа тројки. И Марк Вилијамс впиша 24 поени и 12 скока, а Џордан ...
Светло обоен автомат за продажба на колекционерски предмети неочекувано се појави во „срцето“ на американската војска еден ден непосредно пред Божиќ. Само неколку седмици подоцна, го снемало, пишува „Бизнис Инсајдер“. Автоматот кој продавал запечатени, светло шарени мистериозни кутии што содржеле различни содржини, од пакети со картички Покемон, сликички од спортисти или потпишани спортски дресови во замена за минимум 80 американски долари, ...
Советот за безбедност на ОН ги осуди најновите напади на бунтовниците во југозападен Пакистан во кои загинаа десетици луѓе, повеќето цивили. Безбедносните сили во понеделникот ги продолжија своите операции во областа каде што дејствуваат бунтовниците. Пакистанските власти соопштија дека голем број милитанти се убиени во последните денови во немирната покраина Белуџистан, откако таму започнаа десетина координирани напади во саботата, насочени ...
Извршниот директор на „Тесла“ и „Х“, Илон Маск, ја критикуваше одлуката на Шпанија да ги забрани социјалните медиуми за лица под 16 години и да ограничи содржини што промовираат омраза. Маск напиша на „Х“ дека Санчез е „тиранин и предавник на шпанскиот народ“, а подоцна додаде дека е „вистински фашистички тоталитарец“. Шпанскиот премиер Педро Санчез претходно изјави дека целта е да се заштитат децата од „дигиталниот див запад“ и ја нагласи ...
На 7 февруари на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани ќе се одигра хуманитарен фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Вардар и на ГФК Осогово, информираат од Вардар: „На 07.02 во 14:00 часот, ФК Вардар ќе одигра пријателски натпревар против екипата на ФК Осогово во Кочани. Натпреварот има хуманитарен карактер и се организира во чест и сеќавање на трагичниот настан од 16 март. Сите собрани средства ќе бидат наменети за изградба на ...
Поранешниот сопруг на поранешната прва дама Џил Бајден, 77-годишниот Вилијам Стивенсон, е обвинет за убиство на неговата нова сопруга, соопштија официјални лица во вторник. Вилијамсон беше уапсен и обвинет за убиство по смртта на неговата сопруга, повеќе од еден месец откако полицијата реагираше на семејна расправија во дом во Делавер. Вилијам Стивенсон беше приведен во понеделникот под обвинение за убиство на Линда Стивенсон, според ...
Адвокатката Кетрин Болковац, поранешна членка на правниот тим на американското Министерството за правда, тврди дека „речиси 80% од малолетните девојчиња на Џефри Епстин, кои се жртви на трговија со луѓе, доаѓале од Балканот“. Болковац е Американка која поранешна работела и како набљудувачка во Меѓународната полициска работна група на Обединетите нации во Босна и Херцеговина. Во текстот на Сибел Едмондс, поранешна преведувачка во ФБИ и ...
Метрополитенската полиција поведе кривична истрага против поранешниот британски амбасадор во Вашингтон и европски комесар за трговија, Питер Манделсон, поради наводи за злоупотреба на службената положба, потврдено е по проценката на материјалите кои се однесуваат на неговата наводна комуникација со осудениот американски сексуален престапник Џефри Епштајн. Истрагата е иницирана откако беа објавени имејлови од Министерството за правда на САД, ...
Американската администрација се согласи да одржи разговори со иранските претставници во Оман, а консултациите се очекува да се одржат на 6 февруари, објави Барак Равид, новинар за американскиот онлајн портал Аксиос, повикувајќи се на информирани извори. Според неговиот извор во една арапска земја, „се очекува нуклеарните разговори меѓу САД и Иран да се одржат во Оман в петок“. Според овие информации, „администрацијата на Трамп, на барање на ...
Најмалку 35 лица загинаа, а речиси 400 се повредени во бури предизвикани од обилни снежни врнежи што ја погодија северна Јапонија во последните две недели, соопшти денеска јапонската влада. Петнаесет префектури се погодени, а снегот достигна до два метра во најтешко погодените области. Најголем број смртни случаи е пријавен во префектурата Ниигата – 12, вклучувајќи маж на околу 50 години пронајден на покривот на куќа и постар маж кој паднал ...
Излезе на површина несериозноста, неодговорноста и поигрувањето на Слободан Трендафилов со чувствата и иднината на работниците. Откако се постигна договор и се закажа средба меѓу Владата и гранковиот синдикат УПОЗ за зголемување на платите на административните службеници и до 40%, претседателот на ССМ се јави на социјалните мрежи, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Во стил на инфлуенсер, Трендафилов објави статус со фотографија ...
Поплаките од жртвите во салоните за убавина во бугарскиот град Бургас кои тајно ги снимале своите клиенти растат, известува бугарската телевизија бТВ. Скандалот со видеа снимани со скриени камери во салони за убавина разрасна откако почна да се дознава дека снимките била прикачени на десетина страници со порнографска содржина. Жртви на криминалната активност се десетици жени. Истрагата продолжува со испрашувања, а инспекциите беа завршени во ...
На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути благо падна во раното претпладневно тргување во средата. Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 97,35 поени, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 97,50 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 155,40 на ...
Битолчанец што бил баран со потерница од Основен суд Битола бил уапсен завчера. Како што соопшти СВР Битола, во понеделникот во 10:55 часот на ул. „Бошко Најдовски“ во Битола, бил уапсен Р.Т.(44) од Битола, којшто бил баран по распишана централна потерница од Основен суд Битола за издржување на казна затвор во траење од една година и шест месеци. Уапсениот е спроведен во Затвор Битола за издржување на казната. Битолчанец што бил баран со ...
Повикот на американскиот претседател Доналд Трамп до неговите републиканци да ги „национализираат“ изборите предизвика во вторникот критики од пратениците на демократите, вклучително и неколку републиканци, а демократите изразија загриженост дека тој има намера да се меша во ноемвриските избори што ќе ја одредат контролата врз Конгресот. Во подкаст интервју со поранешниот заменик-директор на Федералното биро за истраги (FBI), Ден Бонгино, ...
Идентификуван е крадец во Кавадарци и дел од украденото е најдено. Полицијата во Кавадарци вчера имале службен разговор со Б.Б.(29) од Кавадарци и направиле претрес во неговиот дом со судска наредба. Притоа биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела „кражба“. Одземеното ќе биде вратено на сопствениците. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против Б.Б. ќе бидат поднесени ...
Цените на акциите паднаа на Волстрит во вторникoт, а технолошкиот сектор беше под најголем притисок, губејќи ги сите добивки од претходниот ден, бидејќи инвеститорите се несигурни пред објавувањето на деловните резултати од „Alphabet“ и „Amazon“. Индексот Dow Jones изгуби 0,34 отсто, на 49.240 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,84 отсто, на 6.917 поени, а индексот Nasdaq потона за 1,43 отсто, на 23.255 поени. По порастот претходниот ден, ...
По пријава од физичко лице за откриени гранати, екипа на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) излегла на терен на трасата каде што се изведуваат работи за изградба на гасовод. Интервенцијата е извршена од страна на пиротехничар од ДЗС – Зоран Пеeв од Штип. Притоа безбедно се отстранети шест артилериски гранати со калибар од 75 милиметри, што потекнуваат од периодот на Првата светска војна, заостанати од Солунскиот фронт, информира ДЗС. ...
Петнаесет мигранти, единаесет мажи и четири жени, загинаа во Егејското Море во вторникот откако нивниот брод се судри со брод на крајбрежната стража кај грчкиот остров Хиос, соопшти крајбрежната стража во средата утрото Службеник на крајбрежната стража изјави дека забележале брод што превезувал мигранти кон грчкиот остров Хиос и им наредил да се вратат назад. „Шверцерите маневрирале кон бродот на крајбрежната стража, предизвикувајќи го ...
ОВЕН Денеска многумина од вас ќе почувствуваат дека светот околу вас не ви го дава она што го сакате. Добрата вест е дека барем ќе разјасните што ви треба и постои можност наскоро да го добиете. Сепак, бидете подготвени дека за посериозна промена ќе мора да си обезбедите поголем избор. БИК Денеска дозволете работите да се одвиваат природно. Дури и ако ви е тешко да прифатите дадена ситуација, обидете се, бидејќи отпорот само ќе ја комплицира. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека би сакал Владимир Путин да „ја заврши војната“ во Украина, но исто така рече дека рускиот претседател го одржал своето ветување за привремено запирање на нападите врз Киев и другите украински градови. Американскиот претседател разговараше со новинарите во вторникот откако Русија ги продолжи своите масовни напади врз Киев во текот на ноќта, пред продолжувањето на разговорите во ...
ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато во 8:30 часот, а водата ќе биде повторно пуштена по завршувањето на санацијата на дефектот. Исто така, поради уличен дефект ф-225м на ул. ...
Во Македонија денеска се одбележуваат 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите. Централното чествување по повод раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност ќе биде во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде цвеќе ќе положат премиерот Христијан Мицкоски, делегација на Собранието, ...
Во среда на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно време со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Утринските температури се движат од 1 до 7 додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во опсегот меѓу 6 и 11 Целзиусови степени. Во Скопје и околината денеска исто така, ќе биде ...
Фудбалерите на Барселона се пласираа во полуфиналето на шпанскиот Кралски куп, откако го победија второлигашот Албасете со 2:1 на гости. Албасете сензационално го елиминираше Реал Мадрид во претходното коло на патот до четвртфиналето, но не успеа да направи уште едно изненадување. Барселона поведе во 39. минута со голот на Ламине Јамал, додека Роналд Араухо го постигна вториот гол за каталонскиот тим во 56. минута. Албасете, кој се ...
НАТО започна со воено планирање за мисијата „Арктичка стража“, изјави во вторникот портпаролот на воената команда на алијансата (SHAPE), во екот на тензиите меѓу САД и европските сојузници околу Гренланд. Повторените изјави на американскиот претседател Доналд Трамп дека сака да американски суверенитет врз Гренланд, заедно со обвинувањата дека европските сојузници не успеале соодветно да го обезбедат големиот арктички остров од навадни закани ...
Арсенал се пласираше во финалето на англискиот Лига куп откако го победи Челзи со 1:0 во реваншот на својот стадион „Емирати“. Арсенал го доби првиот натпревар на „Стемфорд Бриџ“ со 3:2. Арсенал го обезбеди своето место во финалето на Лига Купот благодарение на голот во судиското продолжение на поранешниот напаѓач на „Сините“, Каи Хаверц. Во нивното прво финале на Лига Купот од 2018 година, лидерите во Премиер лигата ќе се соочат или со ...
Франција ќе ги стави валутните осцилации на девизните пазари на дневен ред на финансиските разговори на Г7 доколку е потребно, изјави во вторникот министерот за финансии Ролан Лескур. Американскиот долар падна на најниско ниво во однос на еврото во повеќе од четири ипол години минатата седмица, а кинескиот јуан е слаб со години во однос на другите главни светски валути, давајќи му на кинескиот извоз конкурентска предност, забележува Reuters. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави воспоставување стратешки резерви на клучни минерали, со поддршка на државната банка за финансирање на извозот EXIM од 10 милијарди долари. „Со години, американските компании беа загрозени од недостиг од стратешки важни минерали за време на периоди на нарушување на пазарот“, рече Трамп на состанокот во Овалната соба во понеделникот. Проектот на трезорт (Project Vault) ќе ги заштити американските ...