Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Алавес со 2:1 на гостувањето во Виторија во последниот неделен натправар од 16-то коло на шпанското првeнство и со тоа ја намалија бодовната разлика зад лидерот Барселона на четири бода. Екипата на Чаби Алонсо поведе во 24. минута со голот на Килијан Мбапе. Алавес израмни во 70. минута со голот на Карлос Висенте, а голот на Родриго во 76. минута му донесе победа на „Кралскиот клуб“. Тоа беше 12-та победа на ...

Забелешките на генералниот секретар на НАТО, Халаншанецот Марк Руте, за Втората светска војна се неодговорни, изјави во неделата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Руте во говорот во Берлин во четвртокот рече дека НАТО треба да биде „подготвен за обемот на војната што ја претрпеле нашите дедовци и прадедовци или прапрадедовци“ и го повтори своето тврдење дека „ние сме следната цел на Русија“, јасно алудирајќи на настаните од Втората светска ...

„Она што е многу важно е тоа што конечно имаме економски раст во Република Македонија. Во седумте години владеење на СДС и ДУИ, тие за 7 години имаат 1,1% економски раст, а сега веќе имаме со последниот квартал 3,8% економски раст, тоа значи дека ние сме за три ипол пати и подобри и побогати како држава од тоа што ни оставија. Во следниот период очекуваме да имаме и поголем економски раст затоа што знаеме, можеме, имаме кадри и капацитет којшто ...

Разговорите во Берлин за предлозите за прекин на војната во Украина меѓу Володимир Зеленски и американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер завршија во недела навечер по повеќе од пет часа и ќе продолжат во понеделник, соопшти претствник на Киев. „Тие се согласија да продолжат утре“, изјави за новинарите украинскиот претседателски советник Дмитро Литвин. Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со американска делегација во ...

Бројот на жртвите од пукањето во неделата на прославата на еврејскиот празник на култната плажа Бонди во австралиски Сиднеј се искачи на 16, соопшти полицијата, додавајќи дека татко и син стојат зад нападот. Полицијата во објава на платфромата X соопшти дека 16 лица загинале а 40 се лекуваат во болница по пукањето. Во објавата не се прецизира дали оваа бројка го вклучува и осомничениот вооружен маж, кој подоцна во престрелка беше убиен. Двајцата ...

Најмалку 16 лица загинаа а 20 беа повредени откако училишен автобус што превезувал деца и возрасни се урнал во клисураво северна Колумбија. Во објава на X во неделата, гувернерот на регионот Антиокија, Андрес Хулијан, рече дека автобусот патувал од карипскиот град Толу до Меделин на училишна екскурзија и превезувал ученици од средното училиште Лисео Антиокењо. „Досега, повеќе од десетина лица се пријавени како починати, а 20 повредени. Целата ...

На поранешниот правобранител Фахми Стафа му е определен притвор во времетраење од 30 дена, поради опасност од бегство и влијание врз сведоци, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје. Судот го прифатил предлогот на Обвинителството, откако претходно во неделата, од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информираа дека Стафа дека во периодот од октомври до 13 декември 2025 година примил вкупно 50,000 евра за ...

Исламистичките власти на Сирија уапсија пет лица осомничени за поврзаност со смртоносниот напад врз американските и сириските војници во саботата во централен сириски град Палмира, соопшти Министерството за внатрешни работи во неделата. Напаѓачот, кој целеше конвој на американски и сириски сили во древниот град кој го разорија исламистите и џихадистите во речиси петнаесетгодишната граѓанска војна, уби двајца американски војници и еден цивилен ...

Претседателот на СДСМ Венко Филипче вечерва повторно апелира пратениците да ја потпишат предлог-резолуцијата поднесена од неговата партија за да се елиминираат, како што истакна, сите сомнежи за примање мигранти од Велика Британија во Македонија, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во вечерашното интервју во „Тема на денот”, на телевизија Сител. Филипче посочи дека власта ги граѓаните. Филипче во гостување на ТВ Сител рече дека темата ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Алијансата на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ) од Европскиот Парламент, учесници на меѓународната конференција „Quo vadis Europa 2025?”, што се одржа во Скопје. Како што информира Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова, гостите ја потврдија јасната заложба на АЛДЕ за деблокирање на македонскиот евроинтегративен пат, како и брзо и целосно интегрирање на Западен ...

Претседателот на СДСМ Венко Филипче вечерва повторно апелира пратениците да ја потпишат предлог-резолуцијата поднесена од неговата партија за да се елиминираат, како што истакна, сите сомнежи за примање мигранти од Велика Британија во Македонија, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во вечерашното интервју во „Тема на денот”, на телевизија Сител. Филипче посочи дека власта ги граѓаните. Филипче во гостување на ТВ Сител рече дека темата ...

Во последниот натпревар од 16-то коло од англиската Премиер лига во неделата, Брентфорд и Лидс Јунајтед во Лондон одиграа нерешено 1:1. Џордан Хендерсон му донесе водство на домашниот тим во 70. минута. Доминик Клајверт-Луин го постигна израмнувачкиот гол за Лидс во 82. минута. Брентфорд е на 14-то место со 20 бода, додека Лидс Јунајтед е на 17-то место со 16 бода, први над зоната за испаѓање. Екипите од врвот на табелата остварија победи во ова ...

Од 17:30 часот сообраќајот на ГП Богородица (Евзони) е затворен за секаков тип на возила, соопшти АМСМ. АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...

Во натпреварот од 14-то коло од германското фудбалско првенство, Баерн во Минхен одигра 2:2 против последнопласираниот Мајнц. Ленарт Карл им донесе водство на Баварците во 29. минута, Кацпер Потулски израмни во судиското продолжение на првото полувреме, а Ли Џе-Сунг им донесе водство на гостите во 67. минута. Конечните 2:2 ги постави Хари Кејн од пенал во 87. минута. Баерн сега води на табелата со 38 бода, додека Мајнц е на последното, 18-то ...

На Холандија ѝ се потребни најмалку 150 милијарди евра инвестиции во следните десет години за да ја подобри продуктивноста, заедно со олабавени регулативи за имиграција на висококвалификувани странски работници и подобрено снабдување со електрична енергија, препорача поранешниот шеф на технолошкиот гигант ASML во извештај. Холандската економија треба да порасне за 0,5 отсто, а повисоки стапки на раст од најмалку 1,5 до 2,0 отсто бараат 151 ...

Мерките на Владата во областа на туризмот даваат резултати и затоа во првите 10 месеци од годинава имаме повеќе од 5 отсто зголемување во вкупна бројка на туристи и близу 9 отсто странски туристи, но и околу 3 милиони преноќувања. Затоа ќе продолжиме со ваквите политики, бидејќи туризмот е многу значаен за помала земја како нашата и за промоција но и за кеш пари за македонската економија, вели премиерот Христијан Мицкоски. Очекува на крајот на ...

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Како што претходно беше известено, станува збор за поранешниот државен правобранител Фехми Стафа. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка ...

Две деца и тројца возрасни се повредени во сообраќајната несреќа која во саботата вечерта околу 20 часот се случи пред селото Палчишта на делницата од автоматот Гостивар-Тетово, извести денеска Министерството за внатрешни работо. Во судирот учествувале автомобил „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, кој го управувал 23-годишен жител на тетовскот село Урвич, и автомобил „мерцедес“ со австриски национални ознаки со кој управувал 27-годишнил од ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го осуди пукањето што се случи во неделата на прославата на еврејскиот празник Ханука во Сиднеј, велејќи дека го предупредил својот австралиски колега дека поддршката на земјата за палестинската државност ќе поттикне антисемитизам. Двајца вооружени мажи отворија оган за време на прославата на Ханука на култната плажа Бонди во Сиднеј, убивајќи најмалку 11 лица во она што австралиските власти го оценија како ...

Патниците во Париз отсега може да патуваат до центарот на градот од неговиот јужен дел со жичница долга 4,5 километри, за која се вели дека е најдолгата урбана жичарница во Европа, објави операторот „Île de France Mobilités“. Новата линија, која започна со работа во саботата, ќе има пет станици и ќе биде поврзана со градското метро. Проектот чинеше речиси 138 милиони евра. Се очекува да ја користат околу 11.000 патници дневно. Времето на ...

Полициски службеници по наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го лишија од слобода Ф.С. поради сторено кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“, објави во неделата Министерството за внатрешни работи. Како што објави НетПрес во саботата вечерта под сомнение за поткпу од неколку десетици илјади евра бил уаспен поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, ...

Случаен минувач снимен на видео како разоружува вооружен човек за време на нападот во кој загинаа 12 лица на плажата Бонди во Сиднеј во неделата е прогласен за херој, а неговата постапка веројатно спасила многу животи. Видеото што кружи на социјалните мрежи покажува маж во бела кошула како трча низ паркингот кон маж во темна кошула, кој држи пушка. Потоа тој се нафрла на вооружениот човек одзади и му го грабнува оружјето. Видеото го покажува ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изрази задоволство од резултатите од тест-периодот на проектот „Безбеден град“, истакнувајќи дека граѓаните значително ја намалиле брзината на возење, а бројот на сообраќајни незгоди е во опаѓање. Како што нагласи, единствената цел на проектот е спасување човечки животи. „Тест периодот покажува дека Македонија има сила да биде нормална земја. Горд сум што македонските граѓани покажаа дека и во тест ...

Меѓународниот Аеродорм Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места, се вели во најновата анализа на специјализираниот веб сајт за авиосообраќај, “exyuaviation.com”. За првиот квартал од 2026 година скопскиот аеродром нуди 316.528 повеќе седишта споредено со истиот квартал од 2025 година, што го прави апсолутен лидер во регионот. Зад Маѓународниот Аеродром Скопје е аеродромот со Белград со 267 илјади повеќе ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека радарските системи за контрола на летање функционираат нормално и дека во јавноста се пласираат неточни информации за наводен прекин на нивната работа. „Си работат радарите, сè си е функционално. Сè си функционира нормално“, рече Мицкоски, обвинувајќи ја опозицијата дека намерно шири дезинформации и создава непотребна паника кај граѓаните. Изјавата на премиерот доаѓа по информациите дека македонското небо ...

Натпреварот од шпанската лига меѓу Леванте и Виљареал, кој требаше да се игра во недела навечер, е одложен поради дождовни бури во регионот Валенсија. Откажен е и кошаркарски натпревар помеѓу Валенсија и Сарагоса. Шпанската метеоролошка служба AEMET издаде „црвено“ предупредување, очекувајќи 250 литри дожд на квадратен метар. Пред една година, 230 луѓе загинаа во ненадејни поплави во регионот Валенсија откако реките се излеаја од своите корита ...

Европската иднина на Западен Балкан е неопходност, а не алтернатива, а проширувањето на Европската Унија претставува стратешка инвестиција во стабилна, безбедна и обединета Европа – ова е централната порака што беше испратена од годишната регионална конференција на либералите „Quo vadis Europa 2025?”, која вчера и денес се одржа во Скопје, во организација на Либерално-демократската партија (ЛДП), во соработка со Алијансата на либерали и ...

Полицијата во Провиденс уапси „лице од интерес“ во врска со пукањето на Универзитетот Браун во кое загинаа двајца студенти а девет други беа повредени, од кои седум се во критична состојба. Портпаролката на јавната безбедност на Провиденс, Кристи ДосРејс, за Reuters изјави дека „лице од интерес“ е во притвор по пукањето на универзитетот во градот Род Ајленд. Повеќе од 400 полицајци беа испратени во саботата во потрага по осомничен со огнено ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Буџетот е ликвиден и оти тековно се извршуваат сите обврски. Датумот 15 декември бил поставен како рок, не за затворање на трезорот, туку како датум кога институциите треба да ги достаат сите тековни расходи за да може навреме да се завршат исплатите, а не да останат незавршени и да се книжат до година. Добро е, според него, институциите да го почитуваат рокот, но ако некој дојде по тој рок нема да биде ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека системот „Сејф сити“ ќе функционира со јасно утврден праг на толеранција, но исклучиво за прекршоци, додека за потешките случаи ќе следуваат постапки со кривична одговорност. Тој појасни дека правилата за толеранција не ги утврдува МВР, туку институција која сега е во рамки на Министерството за енергетика, во согласност со важечките прописи. Според Тошковски, ваков праг на толеранција ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
93%
1018
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
89%
1019
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
89%
1019
weather icon

Софија

4ᴼ / 2ᴼ
2.06
67%
1019
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.38
90%
1020
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
94%
1019
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
3.6
78%
1016
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
66%
1014
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
81%
1015
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
84%
1019
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
96%
1020
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
82%
1017
Currency

61.55

Currency

52.5597

Currency

70.2651

Currency

34.8418

Currency

38.1047

Currency

66.0411

Currency

7.46486

Currency

0.65312

Currency

0.33374

Currency

0.52442

Currency

1.22957

Currency

0.58675

Цинк

3.04

Паладиум

54591.97

Алуминиум

2.95

Кобалт

58.42

Платина

64478.87

Рутениум

29192.88

Бакар

11.02

Иридиум

145787.60

Сребро

2159.30

Калај

43.93

Злато

139515.92

Родиум

258813.51