Повеќе од 290 лица загинаа во четврток во пад на патнички авион во индискиот град Ахмедабад, соопшти полицијата, а здравствените власти потврдија дека еден патник ја преживеал најлошата воздушна катастрофа во светот во последната деценија. Авион на индиската воздухопловна компанија „Air Indiа“ со 242 патници се урна само неколку минути по полетувањето од Ахмедабад на западот од земјата на летот кон аеродромот „Гетвик“, јужно од британската ...

Откако Комисијата за заштита на конкуренцијата изрече казна од над 700.000 евра за компанијата Фарма Трејд во однос на набавка на инсулин во 2016 од таму стигна реакција до медиумите. Од Фарма Трејд велат дека тие немаат никакво картелско здружување со веледрогеријата д-р. Пановски. Нивното соопштение го пренесуваме во целост: По повод изнесените наводи од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата, со кои нашата компанија се доведува во ...

Авион на „Ер Индија“ што леташе кон Лондон со 242 лица се урна кратко по полетувањето во близина на аеродромот Ахмедабад. Патничкиот авион се урна во округот Меганинагар. Според најновите информации, повеќе од 200 лица загинаа. Шефот на градската полиција изјави дека е пронајден еден преживеан. Станува збор за британско-индиски државјанин, Вишвас Кумар Рамеш. Дел од авионот се урна во хотел каде што живеат лекари. Федерацијата на сите индиски ...

За седум години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра, а само во период од последните 4 години од нивното владеење 3,3 милијарди евра што покажуваат податоците за движење на јавниот долг по години од 2017 наваму, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во одговор на пратеничко прашање на собраниска седница. Димитриеска Кочоска истакна дека во континуитет претходната Влада се повикува дека 2 милијарди биле ...

Заталкано зрно од огнено оружје оштетило два објекта во Скопје. Како што информира МВР, првиот случај вчера бил пријавен во СВР Скопје. Е.Л.(37) од Скопје пријавил дека вчера околу 15.00 часот во неговиот дом на подрачјето на Гази Баба паднало заталкано зрно од огнено оружје и го оштетило плафонот. Во вториот случај исто така бил пријавен во СВР Скопје. Б.С.(51) од скопското село Љуботел пријавил дека вчера околу 15:20 часот на подот во продажен ...

Извршниот директор на „Ер Индија“, Кембал Вилсон изјави дека има преживеани патници од денешната авионска несреќа. – Повредените патници се хоспитализирани во локалните болници. Засега нема точни податоци колку патници преживеале, објави Вилсон на Икс. И началникот на полицијата во Ахмедабад, Гјанандер Синг Малик изјави дека има преживеани и оти спасувачките служби го пребаруваат теренот. Британскиот државјанин со индиско потекло Вишваш Кумар ...

Цените на нафтата паднаа кон 69 долари на меѓународните пазари во четвртокот, бидејќи инвеститорите беа примерени од веста за нова рунда разговори за нуклеарната програма на Иран, намалувајќи ги стравувањата од прекини во снабдувањето од Блискиот исток. На лондонскиот пазар, цената на барел попладнево беше за 63 центи пониска отколку на вчерашното затворање на тргувањето и изнесуваше 69,14 долари. Вчера тргувањето го заврши во минус од 2,90 ...

Во законодавниот дом денеска се одржа 53. пленарна седница на која беа разгледани 14 од вкупно 20 точки на дневниот ред. На седницата мнозинството пратеници ги донесоа Одлуката за распишување јавен оглас за избор на претседател и членови на Советот за граѓански надзор, измените на Законот за фитофармација, измени и дополнувања на Законот за животната средина, потоа измените на Законот за заштита од вознемирување на работно место, измените на ...

Треба да го одржиме кредибилитетот на процесот на проширување и нашите интереси во областа на безбедносната во однос на Западен Балкан. Треба да го одржиме ветувањето што им го дадовме на сите ваши земји дека сме посветени на реформите и на нашите заеднички вредности, бидејќи иднината на Западен Балкан, Молдавија и Украина е во Европа, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис по средбата со претседателката на Молдавија, Маја Санду, јави ...

Општина Куманово ги повика заинтересираните здруженија да се пријават за финансиска поддршка за организирање на превентивни мерки и активности од областа на социјалната и детската заштита, информираа денеска од општината. На повикот можат да конкурираат здруженија регистрирани во Централниот регистар, да имаат програма и активности насочени кон ранливите категории на граѓани од областа на социјалната и детската заштита, да функционираат најмалку ...

Пропадна обидот на либералката Моника Зајкова да се смени изборниот модел така што Македонија да биде една изборна единица, а да се гласа отворени листа. Предлогот-измените на Изборниот законик, предложени од ЛДП, доби поддршка од само 19 пратеници од опозицијата. „ Не е фер гласовите на околу 30.000 до 40.000 граѓани да одат во вода, само поради изборниот модел. Ова не е само политичка неправда, туку е уставна повреда на начелото за еднаквост ...

По соопштението на Комисијата за заштита на конкуренцијата во кое се вели дека имало картелско здружување, попладнево се огласија од фармацевтската куќа „Д-р Пановски“. Оттаму велат дека АД „Д-р Пановски“ досега не примил пресуда од Управниот суд, ниту од други надлежни институции. „Споменатата јавна набавка, во изминатите 8 години, веќе беше предмет на интерес на надлежните државни институции. Во интерес на објективно информирање на јавноста, ...

Германската економија треба да расте скромно оваа година, по двете години пад на активноста, а во 2026 година растот треба значително да се забрза, покажаа новите проценки од четири економски институти во четвртокот. Килскиот институт за светска економија (IfW) ја подобри својата прогноза за раст за оваа година на 0,3 отсто, бидејќи активноста се зголемила за 0,4 отсто во првиот квартал, посилно од очекуваното. Досега очекуваа стагнација. ...

Европската комисија во четвртокот го опиша откажувањето на состанокот на Конференцијата на европски рабини (CER), кој требаше да се одржи во Сараево следната седмица, како „жално“. „Жално е што надлежните власти во Босна и Херцеговина ја повлекоа поканата за состанокот на Конференцијата на европски рабини во Сараево“, изјави портпаролот на Комисијата, Маркус Ламерт. „Слободата на вероисповед и слободата на здружување се загарантирани со Уставот ...

Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) информира дека денеска од околу 12:00 часот во кругот на поранешната депонија Вардариште на поголема неутврдена површина гаснат запалена сува трева и отпаден материјал. Во гаснењето учествуваат седум противпожарни возила и најмалку 20-тина пожарникари. Без снабдување со струја се 47.000 корисници во Скопје, откако по пожарот што се случи денеска напладне во депонијата Вардариште ...

Повеќе од сто тела се префлрени во болницата во индискиот град Ахмедабад откако авион на „Air India“, кој полета за Лондон со 242 патници, се урна неколку минути по полетувањето од западниот индиски град во четврток, соопштија властите, а се очекува бројот на жртви да расте. Авионот летал кон британскиот аеродром „Гетвик“, јужно од Лондон. Полицијата соопшти дека „Boeing 787-8 Dreamliner“, еден од најмодерните патнички авиони во светот, се урна ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК на партијата Бране Петрушевски бара Јавното обвинителство да истражи како претседателот на СДСМ, Венко Филипче добил подарок луксузно ауди од фирма што добивала тендери од држаата. – Филипче добил подарок ауди Q8 од фирма тендераш, до кога Јавното обвинителство ќе молчи? Има ли некој во СДСМ став или ставот е да се молчи, па ќе помине – праша Петрушевки. Луксузното ауди од 130.000 евра го добил од фирмата ...

Како Влада продолжуваме со одговорно и транспарентно информирање за состојбите коишто се преземени и активности од страна на институциите, а коишто се однесуваат на грижата на сите погодени во трагедијата во Кочани, соопшти Марија Митева, портпарол на Владата на Република Македонија на денешната прес-конференција со доктор Катерина Мирчовска, директор на болницата во Кочани и доктор Гордана Герогиева. „Во однос на Пониква која ќе биде ...

Фудбалски навивач кому му се слоши на стадионот во 72. минута од квалификацискиот натпревар за Светското првенство меѓу Финска и Полска во Хелсинки во вторникот почина ден подоцна во болница, објави француската новинска агенција AFP, повикувајќи се на финската полиција. Откако на навивачот нагло му се слошило, му беше укажувана итна медицинска помош на самите трибините а натпреварот беше прекинат 40 минути. Иако беше итно префрлен во болница, од ...

Одбивањето на Израел да дозволи хуманитарна помош во Појасот Газа и нападите врз дистрибутивните центри предизвикуваат глад кај цивилите, што претставува воено злосторство, обвини во четвртокот министерката за надворешни работи на Шведска. „Употребата на гладување на цивилите како метод на војување е воено злосторство. Хуманитарната помош што спасува животи никогаш не смее да се политизира или милитаризира“, изјави Марија Малмер Сенергард на ...

Населбата Стаклара во општина Кисела Вода конечно ќе добие чиста вода за пиење, откако започна реализацијата на проектот за изградба на водоводна мрежа – мега проект што жителите го чекаа повеќе од 50 години. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски информираше дека станува збор за изградба на водоводна мрежа во должина од околу 6 километри, што ќе се реализира во две фази. Првата е поддржана од Министерството за животна средина преку Европската ...

Вимблдон го зголеми наградниот фонд за оваа година на 53,5 милиони фунти (72,59 милиони долари), што е за седум отсто повеќе отколку во 2024 година и двојно повеќе од она што го нудеа пред десет години, објави во четвртокот All England Lawn Tennis Club (AELTC). Поединечните победници ќе добијат по три милиона фунти, што е за 11,1 отстот повеќе од наградниот фонд што го освоија Шпанецот Карлос Алкараз и Чехинката Барбора Крејчикова минатата ...

Авион на индиската воздухопловна компанија „Air India“ кој летал кон Лондон со 242 патници се урна во четвртокот неколку минути по полетувањето од западниот индиски град Ахмадабад, соопштија полицијата и авиокомпанијата, без да прецизираат дали имало жртви. Конечната дестинација на авионот бил британскиот аеродром „Гетвик“, соопшти „Air India“, а полицијата објави дека авионот се урнал недалеку од аеродромот. Веб-страницата за следење на летови ...

САД веруваат дека Израел е подготвен да изврши напад врз Иран и би можел да започне воена акција против нуклеарните објекти на Иран во наредните денови. Медиумите NBC и CBS, информираа дека Израел се движи кон долго закануван воен напад, неколку часа откако САД објавија дека ќе евакуираат дел од персоналот од регионот поради страв дека би можеле да бидат цел на одмазднички акции од страна на Иран. Овие потези дојдоа откако американскиот ...

Со стапување во сила на новиот закон за игри на среќа, кој е во владина процедура, се очекува да се намали бројот на клубовите кои приредуваат игри на среќа, рече премиерот Христијан Мицкоски. – По неколку месеци работа на Законот за игри на среќа и на неговото усогласување, тој е готов. Очекувам овој месец да ја помине владината процедура и потоа да влезе во Парламентот. Ќе има многу новини и измени и очекувам со усвојувањето законот, бројот на ...

Шестата рунда американско-ирански нуклеарни преговори ќе се одржи во Мускат во недела, изјави министерот за надворешни работи на Оман во четвртокот, откако американскиот претседател Доналд Трамп повтори дека на Техеран нема да му биде дозволено да има нуклеарно оружје. Трамп во средата изјави дека американскиот персонал се преместува од Блискиот исток, бидејќи „тоа може да биде опасно место“. Повикувајќи се на американски и ирачки извори, ...

Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) доби нов духовен водач за Дебарско-кичевската епархија. На денешната седница на Светиот архиерејски синод, без ниту еден глас против, за нов митрополит е избран Неговото Високопреподобие, игуменот Георгиј (Ѓорѓевски). Со овој избор, завршува периодот на вакуум што траеше од ноември минатата година, кога се упокои митрополитот Тимотеј – еден од највлијателните архиереи во ...

Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од резултатите во туризмот во првиот квартал и очекува бројката на странски гости да расте и во вториот. Планот на Владата е годинава да се стигне до четири милиони ноќевања. – Јас сум исклучително задоволен, бидејќи е тоа квалитетен и значаен податок, особено за услужната и угостителска дејност. Можам да кажам дека во првите четири месеци бројот на туристи расте со историски 20 проценти во споредба со ...

Нa програмата на претпоследниот ден на фестивалот ќе биде претставата „Пар распар“ од Нил Сајмон, на Театар Комедија во 18 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“. Претставата е во режија на Нина Николиќ, а играат: Валентин Костадиновски, Атанас Атанасовски, Григор Јовановски, Тони Денковски, Сергеј Димоски, Виктор Арсов, Жаклина Петровска и Маја Љутков. Во 21 часот ќе следува „Слепци“ во режија на Кендрим Ријани, на сцената „105“. Во ...

Патнички авион за долги летови „Boeing 787 Dreamliner“ со капацитет до 240 патници на воздухопловната компанија „Air India“ се урна на аеродромот во западниот индиски град Ахмедабад, објавија телевизиските станици во четврток, без да прецизираат дали има жртви. Авионот летал за Бирмингем, изјави извор од авијацијата за Reuters. Несреќата се случила за време на полетувањето, објавија телевизиските станици. Sнимките покажуваат запалени остатоци и ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
77%
1018
weather icon

Белград

20ᴼ / 16ᴼ
2.06
73%
1018
weather icon

Загреб

23ᴼ / 19ᴼ
2.06
52%
1021
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
77%
1018
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.14
67%
1014
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
1.03
87%
1021
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
2.06
56%
1014
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
82%
1016
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
64%
1016
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 20ᴼ
5.81
60%
1013
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 16ᴼ
4.63
55%
1020
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
56%
1014
Currency

61.535

Currency

53.6163

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.56

Иридиум

142633.96

Кобалт

42.99

Никел

14785.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.35

Сребро

1169.00

Злато

108316.04

Бакар

9.69

Паладиум

3343.68

Платина

40695.48

Родиум

176025.34

Цинк

2.60