Русија е подготвена за новата реалност на свет без ограничувања за контрола на нуклеарното оружје по истекот на договорот „Нов СТАРТ“, изјави во вторникoт рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, нагласувајќи дека Москва нема да биде провоцирана во трка во вооружување по неговото истекување. Русија нема да подлегне на „провокации“ и да влезе во нова трка во вооружување откако ќе истече договорот „Нов СТАРТ“ оваа седмица, ...

Москва, 3 февруари 2026 (МИА) - Русија е подготвена за нова реалност во свет без ограничувања на контролата на нуклеарното оружје откако договорот за намалување и ограничување на стратешкото офанзивно вооружување (договор „Нов старт“) ќе истече во текот на неделата, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков. На средбата со новинари во руската амбасада во Кина тој рече дека Москва нема да преземе никакви ...

Договорот Нов СТАРТ меѓу Соединетите Држави и Русија истекува утре, со што се укинуваат последните преостанати заемни ограничувања врз двата најголеми нуклеарни арсенали во светот. Престанокот на важноста на договорот им става крај на повеќе од половина век напори на Москва и Вашингтон, со различни нивоа на недоверба, да ги ограничат своите арсенали — напори што се протегаа од Ричард Никсон и Леонид Брежњев во 1972 година, па сè до Роналд ...

Договорот за контрола на нуклеарното вооружување меѓу Русија и САД истекува за неколку часа, зголемувајќи го ризикот од нова трка во вооружување во која сè поголема улога ќе има и Кина. Доколку во последен момент не се постигне договор, двете најголеми нуклеарни сили во светот за првпат по повеќе од половина век ќе останат без никакви ограничувања за своите нуклеарни арсенали, пренесува Би-би-си. Договорот „Нов СТАРТ“, потпишан во Прага во ...

Руската државна корпорација за атомска енергија Росатом соопшти дека започнала изградба на нови реактори во унгарската нуклеарна електрана Пакш. Како што наведуваат од компанијата, бетонирањето на темелите на реакторската зграда означува премин на објектот во статус „нуклеарна електрана во изградба“, согласно стандардите на Меѓународна агенција за атомска енергија. Унгарската агенција за атомска енергија ги издала потребните дозволи за ...