Драго ми е што денес присуствуваме на еден значаен инфраструктурен проект за Општина Карпош и би сакал лично да се заблагодарам на градоначалникот, бидејќи ова беше заглавен проект, ова беше проект кој без разлика што имавме обезбедено средства не можевме да го реализираме и откако Сотир беше избран за градоначалник заедно со службите во општината успеаа да ги решат сите предизвици кои што постоеа на овој проект, изјави министерот за транспорт, ...

Теории на заговор дека масакрот на плажата Бонди во Австралија, во неделата за еврејскиот празник Ханука, бил операција под „лажно знаме“ спроведена од Израел се проширија на интернет. Во терористичкиот напад загинаа најмалку 16 лица, а над 40 се повредени. На профили на социјалните мрежи на Reddit и X, многу од нив со големи следбеници, се шири теоријата дека Израел стои зад нападот во предградието на Сиднеј, вклучувајќи тврдења дека Мосад го ...

САД и Македонија се обединети во многу нешта, вклучително и нашето споределено уверување дека транспарентноста на институциите и силни економии се основа на успешна демократија, траен просперитет и безбедни заедници. Сакам да ја поздравам соработката меѓу САД и Македонија во зајакнување на инстуциите, промовирање на економската соработка, и испорачување резултати за граѓаните, порача американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер на ...

ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и од ЗНАМ подготви и поднесе Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција, составена од девет точки со која еднаш засекогаш се става крај на манипулативната тема со мигранти, изјави Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Со Резолуцијата, како што посочи, се осудува секое манипулативно однесување и се ...

Градоначалникот на Демир Капија Лазар Петров доби кривична пријава од ОВР Неготино за загадувањето на водата во Прждево во текот на неговиот претходен мандат. Кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кавадарци е поднесена и против П.Ј.(50) од Неготино, против Општина Демир Капија и Јавно претпријатие за комунални работи „Бошава“ од Демир Капија, поради постоење основи за сомнение дека сториле кривично дело „загадување на животната ...

Кремљ денеска соопшти дека одбивањето на Украина да се приклучи кон НАТО е клучно прашање во сите мировни преговори и треба да биде предмет на посебни, поконкретни разговори. – Секако, ова прашање е едно од главните и е предмет на посебна дискусија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој додаде дека Москва очекува информации од САД по разговорите во Берлин со Украина и европските земји. Претседателот на Русија, Владимир Путин постојано ...

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска оствари средба со израелската амбасадорка во земјава, Вивиан Аисен, како и со почесниот конзул на Израел во Македонија, Градимир Шумковски. -Денеска остварив исклучително конструктивна и пријателска средба со амбасадорката на Државата Израел, Н.Е. Вивиан Аисен, како и со почесниот конзул на Израел во Македонија, г. Градимир Шумковски. Во рамки на разговорот ја претставив визијата за развој на ...

Во штала во скопското село Арнакија вчера избила тепачка помеѓу шестмина, кои биле во два табора од по тројца. Во тепачката се користеле и тврди предмети, при што едно лице е тешко повредено, а две завршиле со полесни повреди. Се тепале М.З.(24), Л.З.(21) и Р.З.(59), од една страна и А.З.(63), С.З.(30) и Б.З.(35) од друга страна, при што со тешки телесни повреди се здобил Р.З., додека со повреди се здобиле М.З. и Б.З. По целосно документирање на ...

Претседателот Володимир Зеленски се откажа од барањето за членство на Украина во НАТО. Го смета тоа за „компромисна отстапка“, иако сојузниците на Киев веќе ја отфрлија таа можност. Зеленски вчера во Берлин пет часа разговарал со американските мировни пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, од кои очекува безбедносни гаранции „слични на Членот 5 од НАТО“. Зеленски се надева и на гаранции од европските сојузници, Канада и од Јапонија. Како услов за ...

Празниците се време за среќа, а во декември, месецот на желби и надежи, треба да се сонуваат големи соништа. Играта на среќа „Лото 7“, е најдостапната дестинација за сонување и носи многу можности за изненадување. Сите оние на коишто бројот 7 им е среќен број, ги потсетуваме дека од 10 до 31 декември играта на среќа „Лото 7“ дава уште точно 7 можности за 7-ка во 2025 година, преку 7-те кола во коишто ќе се извлекуваат добитните лото бројчиња. Со ...

Посебна атмосфера, богата програма со забава, музика, многу подароци и изненадувања за сите генерации, најавува градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој ги повикува скопјани, попладне во 18 часот, на плоштадот „Македонија“ заедно да присуствуваат на осветлување на градот по повод новогодишните и божиќните празници. Како што истакнува Ѓорѓиевски, годинава празничниот дух повторно се враќа на плоштадот „Македонија“. -Нашиот град е најубав тогаш кога ...

На утрешната пленарна собраниска седница се очекува да биде ставен предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, соопшти претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите. Сѐ уште не е пратена покана до Коцевски дека на утрешната седница на дневен ред ќе биде ставено неговото разрешување, но таа би требало да му биде доставена во текот на денов. До крајот на декември се очекува да се ...

Руската централна банка поднесе тужба во Москва барајќи 230 милијарди долари отштета од белгиската клириншка куќа „Euroclear“, првиот чекор откако Кремљ предупреди дека тоа ќе биде правен кошмар за Европската унија поради плановите за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина. Европската унија сака да искористи дел од средствата на Руската централна банка во вредност од приближно 210 милијарди евра, запленети во Европа ...

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска поднесува официјална пријава до Државната комисија за спречување корупција (Антикорупциска), околу случајот на „Сити Аутсорсинг“. „Фирма која добила 161 тендер, вредни 9 милиони евра а само годинава заработила речиси половина милион евра. Фирма со семејни врски на Ивица Томовски, актуелниот директор на СОЗР со оваа фирма. ДКСК минатата недела отвори предмет за овој случај, но нема да дозволиме тоа да биде ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје најави нов прекин на водоснабдувањето на подрачјето на општина Карпош, поради санација на состојбата откако е скината цевка од страна на приватна фирма на ул. Бриселска бр.17. Така, од 12 часот без вода се корисниците од следниве улици: Бриселска, Његошева, Гаврил Лесновски, Копенхагенска, Софиска, Стокхолмска и Петар Драганов. Водоснабдувањето ќе продолжи по завршувањето на зафатот. И претходно претпладнево ...

Репаративниот заем за Украина е доведен во прашање откако Италија, Бугарија, Малта и Чешка се придружија на белгиското противење и повикаа на „алтернативни решенија“. Лидерите на ЕУ ќе се соберат во четврток за да одлучат како да ги задоволат финансиските и воените потреби на Киев за следните две години. Предлогот на Европската Унија за издавање заем за репарации на Украина се соочува со „различни притисоци од различни страни“, предупреди ...

Празниците се време за среќа, а во декември, месецот на желби и надежи, треба да се сонуваат големи соништа. Играта на среќа „Лото 7“, е најдостапната дестинација за сонување и носи многу можности за изненадување. Сите оние на коишто бројот 7 им е среќен број, ги потсетуваме дека од 10 до 31 декември играта на среќа „Лото 7“ дава уште точно 7 можности за 7-ка во 2025 година, преку 7-те кола во коишто ќе се извлекуваат добитните лото бројчиња. Со ...

Украинските и руските власти утрово објавија дека собориле повеќе од 130 дронови над нивните територии во текот на претходната ноќ, објави парискиот весник „Ле Монд“ на својата веб-страница. Руските сили ја нападнаа Украина претходната ноќ со 153 нападни дронови од типот „Шахед“ и „Гербера“, лансирани од регионите Курск, Орјол, Приморско-Ахтар, Милеровск, Шаталовск, Шудина и Гвардија, објавија утрово украинските воздухопловни сили, прецизирајќи ...

Бугарските власти побарале од Европскиот парламент одземање на пратеничкиот имунитет на европратеникот Илхан Ќучук врз основа на тужба што против него ја покренал еден од неговите локални асистенти, јави бриселскиот портал „Еурактив“, повикувајќи се на извори во ЕП. Се очекува ваквото барање да биде разгледано за време на овонеделната сесија на Европарламентот, што почнува доцна попладнево во Стразбур. Барањето за одземање на пратенички имунитет ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека ја унапредува својата техничка и оперативна подготвеност, преку набавка на нова современа опрема и две специјализирани возила. Новата опрема значително ќе ги зајакне капацитетите на УХМР за спроведување на хидролошки, хемиски и еколошки мониторинг, овозможувајќи попрецизно следење на состојбата на водните тела на национално ниво. Со тоа се создаваат услови за подобра проценка на хемискиот ...

Зголемено ниво на реките во однос на просекот за декември се бележи денеска на Пчиња кај Катлановска бања, на Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Црн Дрим кај Ложани, како и на Сатеска кај Ботун, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Сепак, не сите водотеци бележат раст. Нивото на Брегалница кај Берово и Штип, Пчиња кај Пелинце и Црна Река кај Новаци се под просечните декемвриски ...

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс славеа на гостински терен против Феникс Санс со 116:114 и го задржаа четвртото место на Западот. Леброн Џејмс им донесе водство на Лос Анџелес со две слободни фрлања на 3 секунди до крајот, а потоа блокираше потенцијален победнички тројка од Грејсон Ален од другата страна на теренот. Лука Дончиќ заврши со 29 поени, Џејмс со 26 и Деандре Ајтон со 20 за Лејкерс, кои заостануваа со 77:71 пред да го задржат Феникс ...

Првата градска жичарница во поширокото париско подрачје, во регионот Ил де Франс, наречена C1, беше отворена пред неколку дена во департманот Вал де Марн. Оваа жичарница, најдолгата градска жичарница во Европа со траса од 4,5 километри помеѓу градовите Кретеј и Вилнев-Сен Жорж, која ќе се помине за 18 минути, ќе превезува патници од четири градови во овој департман и ќе го скрати времето на патување за половина, според порталот BFM TV. -Се ...

Милитантните групи почнаа да користат вештачка интелигенција веднаш штом програми како ChatGPT станаа широко достапни. Во годините потоа, тие сè повеќе користат генеративни програми за вештачка интелигенција за да создадат реалистични фотографии и видеа. Додека остатокот од светот брза да ја искористи моќта на вештачката интелигенција (ВИ), милитантните групи исто така експериментираат со технологијата, дури и ако не се сигурни што точно да ...

Најмалку пет лица се уапсени на грчки брод додека пловел во Атлантскиот океан, во сопственост на познат грчки наркобос, а откриена е поголемо количество кокаин што може да достигне и до над пет тони, јави дописничката на МИА од Атина. Полициската истрага е во тек и засега не постојат официјални информации, но според медиумите акцијата била спроведена од Секторот за борба против дрога на грчката полиција и во соработка Американската агенција за ...

Чешкиот претседател, Петр Павел, денеска ја претстави новата чешка Влада, предводена од лидерот на партијата АНО, Андреј Бабиш. Владата ја сочинуваат министри од партијата АНО, Слобода и директна демократија (СПД) и партијата „Мотористи“, чија главна агенда е спротивставување на климатските политики на ЕУ, објави Радио Прага. АНО ќе има осум министерски места покрај премиерската, СПД ќе има три министри, а Мотористите четири. Коалицијата ...

Во две контроли вчера на автопатот Табановце-Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ на МВР во два одвоени настана, ги уапсиле Б.И (38) од Куманово и Б.С (41) од Скопје. Полицајците првин сопреле автомобил „Голф“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Б.И. и при преглед на возилото биле пронајдени се 272 парчиња разновидна брендирана стока, без документација. Стоката е одземена, а возачот ...

Македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), упати апел до Македонците во Албанија, да се изјаснат за Македонци, врз основа на законските одредби, тука и соодветната одлука на албанската влада, процес кој е во тек. – Драги сограѓани Македонци во Република Албанија, ви се обраќаме со отворен и искрен повик, во момент од особено значење за афирмацијата на македонскиот идентитет, достоинство и права како автохтона ...

Татко и син, дел од екстремистички мрежи, стојат зад најсмртоносното масовно пукање во Австралија. Саџид Акрам (50), и неговиот 24-годишен син Навид отворија оган на прослава на еврејскиот празник Ханука на плажата Бонди во Сиднеј, убивајќи 16 лица и повредувајќи 42 други, вклучувајќи двајца полицајци. Саџид Акрам, австралиски државјанин роден во Пакистан, пристигнал во земјата во 1998 година со студентска виза. Неговиот син е роден во ...

Лишени од собода возачи во Штип, Кочани, кумановско и кичевско затоа што управувале возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената, двајца од нив предизвикале и сообраќајни незгоди -На 14.12.2025 во 14:13 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Н.(57) од Штип. Претходно, во 14:00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Штип, тој со неговото возило „сеат“ со штипски регистарски ознаки учествувал во сообраќајна ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
100%
1018
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
89%
1019
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
90%
1019
weather icon

Софија

5ᴼ / 2ᴼ
1.03
68%
1019
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.3
87%
1020
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
0.45
93%
1018
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
77%
1015
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
50%
1014
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1015
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 6ᴼ
2.68
86%
1019
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
95%
1020
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
76%
1017
Currency

61.55

Currency

52.5597

Currency

70.2651

Currency

34.8418

Currency

38.1047

Currency

66.0411

Currency

7.46486

Currency

0.65312

Currency

0.33374

Currency

0.52442

Currency

1.22957

Currency

0.58675

Родиум

258813.51

Иридиум

145787.60

Калај

43.93

Рутениум

29192.88

Злато

139515.92

Платина

64478.87

Алуминиум

2.95

Паладиум

54591.97

Бакар

11.02

Цинк

3.04

Сребро

2159.30

Кобалт

58.42