Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат директна финансиска поддршка за граѓаните и ги поттикнува инвестициите во поекономично, поефикасно и почисто греење. Во тек е јавниот повик за доделување субвенции за приклучување на природен гас и за набавка на котел на гас, преку кој домаќинствата можат да добијат финансиска поддршка до 30.000 денари, односно до 70 проценти од ...
Во овој момент водата во Гостивар останува да се користи како техничка без да има насоки дека може да се користи за пиење и готвење, дециден е премиерот Христијан Мицкоски. Како причина наведува појава на нова резидуална бактерија во водоводните инсталации поради која водата е забранета за пиење. Во врска со обвинувањата до Владата дека ништо не е направено да се спречи труењето на водата во Гостивар, премиерот одговори дека во 2021, кога ...
Епидемиолошката состојба во гостиварскиот регион покажува знаци на стабилизирање, соопшти денеска министерот за здравство Сашо Клековски. На прес-конференција посветена на актуелните здравствени предизвици, тој истакна дека бројот на новорегистрирани заболени се вратил на нивото од пред 25 јуни, што, според него, укажува на постепено смирување на кризата поврзана со водоснабдувањето. Клековски нагласи дека подобрувањето на состојбата е ...
Армијата ќе продолжи да им помага на граѓаните на Гостивар сè додека постои потреба од тоа, порача денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски при посетата на касарната „Јане Сандански“ во Штип, каде изврши увид во реновиран објект како дел од инфраструктурните проекти што се реализираат во армиските касарни низ државата. Мисајловски истакна дека Армијата и натаму ќе обезбедува техничка вода за жителите на Гостивар и дека на располагање ...
На Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани седум лица кај кои е потврдена западнонилска треска. Кај сите хоспитализирани има вирусно воспаление на мозокот и мозочните обвивки. Симптомите се висока температура, силна главоболка, дезориентираност, нарушена свест – информираше директорот на Клиниката, Фадил Цана. 76-годишен скопјанец, кој е сместен на одделот за интензивна нега на Клиниката за инфективни болести, сè уште е сериозна и ...
СДСМ бара итно да се направат анализи на водата во сите населени места во Македонија, а резултатите веднаш и целосно да бидат објавени пред јавноста, a за труењето на граѓаните мора да има кривична одговорност, посебно откако власта призна дека постои и ризик од хепатит А и Е и од други заразни заболувања по епидимијата предизвикана од загадената вода во Гостивар. -Не само политички, туку и кривично треба да одговараат Клековски, Андоновска, ...
Минатата година во Македонија биле регистрирани 2.185 разводи, што е за осум проценти повеќе во споредба со претходната година. Во истиот период биле склучени 10.507 бракови, односно 5,1 процент помалку отколку во 2024 година. Според статистиката, на секои 100 склучени бракови имало речиси 21 развод. Експертите оценуваат дека причините за разводите се различни и се движат од економски проблеми до нарушени меѓучовечки односи. Податоците ...
ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека СДСМ применува двојни стандарди во однос на случајот со загадената вода во Гостивар. Од владејачката партија тврдат дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, не бара одговорност од функционерите на својата партија во локалната власт. Според ВМРО-ДПМНЕ,поради кризата Владата и државните институции интервенирале со обезбедување флаширана и техничка вода за граѓаните. Во соопштението се наведува дека СДСМ нема ...
Левица обвини дека Владата за осум месеци двапати ја зголемила цената на парното греење, со вкупно поскапување од околу 12,2 проценти. Од партијата потсетуваат дека премиерот Христијан Мицкоски во 2022 година поскапувањето на парното го нарекувал грабеж врз граѓаните. Според Левица, Регулаторната комисија за енергетика наместо да ги заштити потрошувачите, новото зголемување го претставува како минимална корекција. Од партијата бараат Владата ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се соочува со сè поголем притисок по реконструкцијата на Владата, која предизвика незадоволство во неговата ЦДУ. Според последните анкети, десничарската Алтернатива за Германија за првпат има поголема поддршка од конзервативниот блок ЦДУ/ЦСУ. Истражувањата покажуваат и дека работата на Мерц ја одобруваат само 15 проценти од испитаниците. Политичките аналитичари предупредуваат дека септемвриските покраински ...
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека имал многу добри средби со украинскиот претседател Володимир Зеленски и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Во објави на социјалната мрежа „Трут Соушал“, тој напиша дека на двете средби биле разгледани повеќе важни теми, без да открие дополнителни детали. Зеленски и Нетанјаху престојуваа во Вашингтон по повод комеморацијата за американскиот сенатор Линдзи Греам. Греам важеше за еден од ...
Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност нè очекува денеска, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 11 до 21 степен Целзиусов, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 31 до 38 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде околу 18 степени, а ...
Дел од жителите на скопското село Долно Лисиче денеска во одреден временски период ќе останат без електрична енергија поради планиран прекин во снабдувањето. Според информацијата од Регионалниот центар за управување со кризи, кој се повикува на податоци од ЕВН Македонија, прекинот ќе ги опфати жителите на потегот кај Трејд, Делта МКС и Про авто маркет. Без струја корисниците ќе бидат во периодот од 09:00 до 15:00 часот. Поврзани вести: ...
Патнички крузер со 238 лица се насука на реката Дунав во близина на романскиот град Салција, откако екстремно ниското ниво на водата го оневозможило неговото движење. Поради инцидентот, бугарската гранична полиција започнала евакуација на 186 патници од бродот „Викинг Улур“, кој плови под швајцарско знаме, додека 52 членови на екипажот останале на бродот. Според бугарското Министерство за внатрешни работи, акцијата за евакуација започнала ...
Во Europe House Skopje денеска ќе се одржи настанот „Resilient AI & EU Opportunities“, посветен на примената на вештачката интелигенција во деловниот и јавниот сектор, како и на можностите што ги нудат европските програми за поддршка на дигиталната трансформација и иновациите. Настанот, организиран од „Силајз“ ДООЕЛ, ќе се одржи од 11 до 13 часот, а во негови рамки ќе бидат претставени најновите трендови и практични решенија поврзани со ...
Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе ја одржи својата 37. седница, на која една од главните точки на дневниот ред ќе биде изборот на заменик-претседател на Комисијата. Покрај оваа одлука, членовите на ДКСК ќе разгледуваат повеќе предмети што се во нивна надлежност, како и други прашања и предлози поврзани со работата на институцијата. На дневниот ред се и предмети поднесени од укажувачи, по кои Комисијата ќе постапува ...
Најмалку 50 лица се повредени, а десетици се водат како исчезнати по силниот земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што денеска ја погоди Јапонија. Потресот ја погоди префектурата Кумамото на јужниот остров Кјушу, предизвикувајќи прекини во снабдувањето со електрична енергија, оштетувања на патишта, мостови и бројни објекти. Најдраматична е состојбата во трговскиот центар „Еон“, каде кратко по земјотресот дошло до силна ...
Општина Прилеп информира дека во среда, 29 јули 2026 година, ќе се спроведе втората фаза од превентивната ларвицидна дезинсекција на нејзината територија. Акцијата ќе ја реализира ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје, а стручен надзор над спроведувањето ќе врши ЈЗУ Центар за јавно здравје Прилеп. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени околу 30 хектари површини со стоечки води и потенцијални жаришта за развој на комарци. Ќе се третираат бари, ...
Универзитетската клиника за урологија официјално ги пушти во употреба новите оперативни сали, современ хируршки комплекс изграден и опремен според највисоките светски стандарди. Новите сали овозможуваат значително подобрување на условите за изведување хируршки интервенции, поголема безбедност за пациентите, повисок квалитет на здравствените услуги и модерни услови за работа на медицинскиот персонал. Како симболичен почеток на работата на ...
Со свечена церемонија вечерва беше отворено 56. издание на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“, а градоначалникот Тони Коњановски порача дека Битола повторно станува место каде што се среќаваат културите, традициите и народите од целиот свет. Отворањето беше означено со традиционалното фолклорно дефиле низ Широк Сокак, на кое стотици учесници од земјата и странство ги претставија богатството на народните носии, ...
Македонскиот фудбалски шампион Вардар го заврши настапот во европските купови откако беше елиминиран од летонскиот првак Рига во второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. „Црвено-црните“ одиграа храбар натпревар на гостувањето во Летонија и во регуларниот дел славеа со 1-2, резултат кој поради поразот од 2-3 во првиот меч во Скопје значеше продолженија. Сепак, во екстра-времето домаќинот ја искористи бројчаната предност и ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 28.07.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.379,72 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се зголеми за 12,60 поени, односно за 0,13%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,68 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти ...
Шеесет и деветгодишна скопјанка пријавила дека била физички нападната од роднина по претходно недоразбирање поврзано со имотно-правни односи. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, Е. Ч. (69) од Скопје вчера во 15:50 часот го пријавила случајот во СВР Скопје. Таа навела дека на 25 јули 2026 година околу 17:00 часот, на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија околу имотни прашања, била физички нападната од С. ...
Премиерот Христијан Мицкоски следната недела очекува намалување на цените на горивата, посочувајќи дека акцизите се анализираат на секои две недели и дека во понеделник ќе биде направен просекот за втората половина од месецот, по што ќе се утврдат новите цени на нафтените деривати. „Добро е што веќе два дена по ред цената на нафтата паѓа. Денеска се стабилизира некаде меѓу 85 и 86 долари за барел, па очекувам следната недела да има поголемо ...
Вардар попладнево ќе го одигра реваншот против летонска Рига во второто квалификациско коло од Конференциската лига, во обид да избори пласман во следната рунда од натпреварувањето. По елиминацијата од квалификациите за Лигата на шампионите, македонскиот шампион го продолжи европскиот настап во Конференциската лига, но пред себе има тешка задача. „Црвено-црните“ ќе бркаат негатива од еден гол, откако првиот натпревар во Скопје го загубија со ...
Триесет и двегодишен жител на струшкото село Лабуништа е приведен откако полицијата кај него пронашла бела прашкаста материја. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, лицето било лишено од слобода на 27 јули 2026 година околу 22:20 часот на улицата „Димитар Влахов“ во Струга. Според полицијата, откако ги забележал полициските службеници од ОВР Струга, тој фрлил пакување со бела прашкаста материја, кое било пронајдено и одземено. ...
Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за социјала, млади и демографија Ѓоко Велковски извршија увид на повеќе локации во Општина Илинден каде се реализираат капитални инфраструктурни проекти. Во рамки на посетата со градоначалникот Александар Георгиевски извршија увид во градежни активности на новиот стадион, како и во детската градинка Гоце Делчев која се проширува. Според премиерот Христијан Мицкоски, во моментов во низ државата се ...
Ирак започна да користи алтернативна копнена рута за извоз на нафтени деривати кон Европа, испраќајќи тешко гориво преку Сирија и понатаму преку медитеранските пристаништа, поради ограничувањата во Ормутскиот теснец. Од април досега, преку оваа рута биле извезени околу 2,1 милион тони нафта, изјави Ахмед Кубаџи, заменик-претседател на сириската државна нафтена компанија, во интервју за весникот „Д Нешнал“. Според неговите информации, ...
Опозициската СДСМ повторно предупреди дека државата е пред банкрот и нагласи дека премиерот „Ханс Христијан Мицкоски шири Приказни за мали деца. Бајки, а ги празни државните претпријатија за да го покрие „долгот што самиот го направил“. СДСМ потсетува дека парите за враќање на кинескиот кредит се земени од МЕПСО, од МНАВ и од Лотарија, јавни претпријатија кои се задолжени кај домашните банки. -Зема заем за да врати заем. Претурање од шупливо ...
Откако вчера гостиварчани добија одобрение да ја користат водата во градскиот водовод како техничка, бројот на новопријавени случаи од епидемијата во Гостивар порасна за 109, па Министерството за здравство најави дека ќе воведе засилен надзор за постакутната фаза од епидемијата со која ќе се следат заразните болести што може да се јават. Според министерот за здравство Сашо Клековски просечно во изминатите 10 години во Гостивар во јули имало ...