Многу работа, па самечки живот во тесна соба, вакво било искуството на битолчанката Дијана Петанчевска која неколку сезони си ја пробувала среќата готвејќи крај море во хрватскиот град Пула. И покрај предизвиците, таа се врати во родниот град. Седумнаесетгодишниот Дарко учи во средно медицинско училиште. Во слободно време работи келнер за сопствена заработувачка. Битола е град со богата културна и туристичка понуда и се поголем број туристи. А, ...

Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани се одржува комеморативен настан во организација на Општината, со наслов „Во сеќавање - посветено на загинатите од пожарот во дискотеката Пулс“. Вчера градоначалникот Крстевски го откажа концертот за Петровден на барање на родителите на настраданите. Попладне во 18 часот и пет минути ќе започне четиринаесеттиот „Марш за ангелите“. Семејствата и роднините бараат правда и одговорност за трагичната ...

Повеќе патници за влез отколку за излез од државата. Ваква беше сликата денеска на ГП Богородица на македонско грчката граница. Во последните 24 часа, границата преку овој премин ја преминале 24.425 патници. Таму е подигната и дополнителна кабина за две ленти за излез од Македонија Статистиката говори дека низ Богородица поминале околу 20 илјади патници од странство од кои доминираат Србите. Тие одлучиле да патуваат за Грција низ Македонија иако ...

Македонија е сè уште под закана на пожарите, гори во Дојран, Велес и Македонски Брод, а под контрола се пет меѓу кои и оние од подрачјето на главниот град. Премиерот со тврдење дека има индиции и основани сомневања за намерно организирани активности. Доколку се докажат, предупреди дека за некои лица нема да биде добро. Во билтенот на МВР, последниот случај е за 61 годишник од с. Огњанци кој палел сува трева и ѓубриште кај старата депонија. ...

Наместо досегашните три, ин витро пациентите во иднина ќе добиваат шест бесплатни обиди за да зачнат потомство. Ова го предвидуваат усвоените измени на Законот за здравствено осигурување. Партиципацијата се укинува, а се скратува и времето на чекање за добивање ваучер, кој отсега па натаму на семејствата ќе им се доставува во дигитална форма. Од 16 илјади родени деца минатата година, околу 1.200 биле медицински потпомогнати зачнувања. Се ...

Лебното зрно е поквалитетно и родот е подобар. Очекуваме околу 280 000 тони. Производството е поголемо, иако приносите на пченицата не се според очекувањата, оценуваат од Асоцијацијата на земјоделци и фармери. Вниманието е свртено кон цената. Иако пред жетвата со откупувачите е договорена цена од 12 денари плус транспортни трошоци, тој договор не се почитува Решено е складирањето во овластени силоси, но уште е отворено прашањето за ...

Прекинувачите за контрола на горивото за моторите на авионот „Ер Индија“ што се урна минатиот месец, биле преместени од позиција „работи“ во позиција „прекин“, неколку моменти пред ударот, со што двата мотора останале без гориво, се вели во прелиминарниот извештај од истрагата. Од Бирото за истрага на авионски несреќи, исто така, посочуваат дека двајцата пилоти биле збунети околу промената на поставката на прекинувачот. Во несреќата загинаа 260 ...

Центарот за управување со кризи информира дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се евидентирани вкупно 38 пожари на отворен простор. Од нив, три се сè уште активни, пет се ставени под контрола, а триесет се целосно изгаснати. Активни пожари се регистрирани во општина Дојран (село Николич), Велес (село Џидимирци) и Македонски Брод, каде пожарот зафаќа простор помеѓу селата Црешнево, Крапа и Локвица. Под контрола се ...

Денеска нè очекува сончево и потопло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималните температури ќе се движат во интервал од 9 до 20 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 26 до 36 степени. Времето во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер, главно од јужен правец. Температурите ќе се движат во интервал од минимални 12 до максимални 35 ...

Скопската градоначалничка Данела Арсовска заврши на ургентниот центар во ГОБ „8-ми Септември“ по физичкиот напад на дивоградба во Општина Чаир. Увидот на дивоградбата во Општина Чаир се претворил во закани, навреди и физички напад над градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и вработени во нејзината администрација. Арсовска по излегувањето од Ургентниот центар раскажа дека при увидот на Бит-Пазар биле опколени од поголема група луѓе, по што ...

Пожарот кај Николич е сè уште активен, но не претставува реална опасност за имотите во селото кое петти ден живее во надеж дека конечно ќе биде изгаснат. Таму се гаснеше од копно и воздух а дежурни екипи сè уште се на терен кои го контролираат. За градоначалникот на Дојран, пожарот нема да му наштети на туризмот во Дојран кој секојдневно се полни со домашни и странски туристи. Во гаснењето на пожарот освен домашните сили учествуваа и два ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против две лица, државјани на Република Албанија, за кои се обезбедени докази дека ловеле риба со мрежа во води во кои е забранет риболов, во Охридското Езеро на околу 6,5 километри од месноста Свети Стефан. На 4 јули биле затекнати во кајче на наведената локација, со висечка рибарска мрежа и уловени три парчиња охридска пастрмка, со што како соизвршители сториле кривично ...

Пресвртница во работата на јавната администрација. Вработување преку компетенции, транспаренти огласи, фер процес на унапредување, заострување на казнената политика за административците кои не работат или не се појавуваат на работното место. Министерот Минчев очекува новиот пакет закони да стави крај на партизацијата и клиентелизмот и почетокот на професионална јавна администрација. За новиот пакет закони за администрацијата кои се веќе во фаза ...

Се заострува реториката меѓу Скопје и Софија. Откако бугарскиот министер за надворешни работи Горгиев го именуваше Мицкоски со северномакедонски премиер, а шефот на македонската влада му возврати дека глушецот добил наредба да го задева лавот, бугарскиот премиер Жељасков побара извинување. Претходно реагираше и бугарското МНР, со обвинување за непочитување на принципите за добрососедство. „Наративот и изразот на премиерот Христијан Мицкоски ќе ...

Под висок ризик од пожари се централниот дел од Македонија и кумановскиот регион. ЦУК објави мапи со детектирани точки кои се потенцијални жаришта за пожари. Сите институции се мобилизирани, а на терен се пожарникари, шумска полиција, ЦУК и локалното население. Неколку пожари и натаму активни, продолжи да гори во Дојран, кај селото Николич, во Чашка под Солунска глава, Куманово, Македонски Брод. По повеќе од 12 дена под контрола пожарот кај ...

На 10.07.2025 полициски службеници од СВР Битола на ул. „Генерал Васко Карангелески“ во комплекс „Нов Пазар“ во Битола го лишиле од слобода К.С.(42) од Битола. Имено, истиот ден Ј.С. (70) од Битола во СВР Битола пријавил дека настанала расправија околу местоположба на тезга со А.Б. (55) од Битола, кој физички го нападнал. Подоцна, според пријавеното, дошол и К.С. (син на Ј.С.) и со остар предмет му нанел повреди на А.Б. Со возило на Итна ...

Се заострува политиката Скопје – Софија. Бугарското МНР реагира на реториката на македонските власти, вчерашната изјава на премиерот Мицкоски според нив е некомпатибилна со елементарни норми на дипломатскиот и политичкиот дијалог. А Министерството за надворешни работи, вчера побара од министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев извинување поради тоа што во интервју за бугарски медиум се пофали дека неговата држава станала фактор ...

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот 42-годишен битолчанец вчера во „Новиот пазар“ во Битола, се обидел да лиши од живот едно лице. Му пришол од зад грб додека оштетениот редел роба на тезгата и го нападнал со кујнски нож, при што му задал два удари и убодни рани во ...

Одложен почетокот на судското рочиште за случајот „Онкологија“. Сепак, во Кривичен утрово на обвинителна клупа седнаа ексдиректорот ниво Васев и тројца онколози. Се товарат за тешки кривични дела поврзани со несоодветен третман на пациенти со малигни болести. Според обвинителниот акт осомничените се гонат за тешки кривични дела против здравјето на луѓето, случајот беше отворен во јануари годинава, денеска требаше да почне главната расправа. ...

Во денешното пукање на влезот во селото Батинци убиен е припадник на АРМ. Денеска (11.07.2025) околу 10:15 часот во СВР Скопје, М.Е. пријавил дека на влезот на с. Батинци, скопско, М.Џ. пукал со огнено оружје кон патничко возило „Киа“ кое било во движење. А.М.(50) се здобил со прострелни рани во пределот на градниот кош и бил пренесен во ГОБ„Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, каде во 11.00 часот од страна на доктор била ...

Судскиот процес против четворица лекари онколози, меѓу кои и поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за несовесно лекување на пациенти, во предметот „Онкологија“, се одложи за 5 септември поради отсуство на второобвинетата Мери Пешевска. Одбраната, пред почетокот на денешното рочиште, достави дополнение на докази со кои се спорат вештачењата на Обвинителството. Адвокатот на Нино Васев, до Судот доставил дополнителен доказ, со ...

Македонската репрезентација е на 62-та позиција на јулската ранг-листа на Светската фудбалска федерација (ФИФА), што е за пет места подобар пласман од претходната листа, објавена во април. Во периодот помеѓу две ранг-листи на ФИФА, црвено-жолтите освоија вкупно 15,21 поени, со нерешениот резултат со Белгија дома (1-1) и со победата на дуелот со Казахстан на гости (1-0), во натпреварите одиграни во јуни, во квалификациите за пласман на Светското ...

На 10.07.2025 во 21.00 часот во близина на бензинска пумпа во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.С.(74) од с Мала Речица, тетовско. Тој околу 20 часот на негова нива во Тетово вршел земјоделски работи и при тоа на три места во нивата запалил сува трева и отпадоци. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници се упатиле кон местото на настанот и го лишиле од слобода С.С., а огнот бил изгаснат од страна на ТППЕ ...

Турската фирма „Чагатај кабло“ ќе отвори нов објект во ТИРЗ „Бунарџик“, а денес ќе биде удрен камен-темелникот. Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека станува збор за дополнителен влог од шест милиони евра и 200 нови работни места. „Имаме инвестициски процес во периодот што следи“, потенцираше тој. „Нова инвестиција ќе има утре, „Чагатај кабло“ која веќе функционира кај нас, но ќе најават проширување, дополнителна инвестиција од 6 ...

Во Кривичниот суд Скопје денеска треба да почне судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и тројца лекари за несовесно лекување пациенти. Првообвинетиот, Васев како директор на клиниката, во соизвршителство со друг лекар се товари за тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување болни. Во Обвинителниот акт стои дека со медицинските вештачења е утврдено дека кај 29 пациенти првообвинетиот применил ...

Израелскиот премиер уверува дека Тел Авив работи на ослободување на половина од заложниците – во замена за 60-дневен привремен прекин на огнот со Хамас. Нетанјаху, исто така, рече дека неговата влада е подготвена да преговара за траен прекин на огнот откако примирјето ќе стапи на сила, но ќе се врати во војна доколку тоа не се постигне. „На почетокот на овој прекин на огнот, ќе започнеме преговори за трајно завршување на војната, што значи траен ...

Социјалните движења и поддржувачите на бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва на протест во Сао Паоло против американскиот претседател Трамп. Синдикатите и левичарските движења повикаа на оданочување на милијардерите. Бразилскиот претседател да Силва изјави дека ќе воведе одмазднички тарифи за САД доколку Трамп го исполни ветувањето за зголемување на увозните даноци за 50% во врска со кривичниот процес против неговиот претходник, Жаир ...

Од Центарот за управување со кризи информираат дека до граѓаните се испратени тест-пораки со цел да се провери можноста за масовно известување во евентуална кризна ситуација. Овој систем овозможува испраќање итни пораки до сите корисници на мобилни телефони кои се наоѓаат на определана географска област, без разлика кој мобилен оператор го користат. Цел е навремено и ефикасно информирање и тревожење на населението во случаи на пожари, поплави, ...

САД и Русија разменија нови идеи за мировните преговори во Украина, но тоа не значи дека одат напред кон постигнување договор, велат во Стејт департментот. Изјавата доаѓа откако државниот секретар Рубио разговараше со рускиот министер за надворешни работи Лавров во Малезија на маргините на состанокот на АСЕАН. Претседателот Трамп објави дека ќе даде важна изјава за Русија во понеделник. „Разбираме дека овие работи бараат време и трпение, но ...

Состојбата со пожарите ставена под контрола. Активни се 7 пожари на територијата на земјава, 27 пожари кои беснееја на повеќе локации се изгаснати. Сè уште гори во Општина Чучер Сандево меѓу селата Блаце и Горњани, во Општина Прилеп гори мешана шума над селото Бешиште, во Општина Македонски Брод има пожар меѓу селата Црешново и Локвица, во село Крапа гори нискостеблеста шума. Сè уште е активен и пожарот во дојранското село Николич, пожар има и ...

Малиџано

31 минута - Бриф
weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1010
weather icon

Белград

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
92%
1015
weather icon

Загреб

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
1017
weather icon

Софија

15ᴼ / 14ᴼ
4.12
63%
1012
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.3
85%
1012
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
2.06
66%
1015
weather icon

Атина

19ᴼ / 18ᴼ
0.0
80%
1013
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
88%
1011
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
94%
1011
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
5.14
94%
1012
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
74%
1016
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
56%
1015
Currency

61.5038

Currency

53.207

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

1.25929

Currency

0.59948