
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, имал телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Марк Руте, на кој се разговарало за актуелната трагедија во Кочани, соопшти Владата. Според информациите премиерот и генералниот секретар на НАТО разговарале за можно активирање на НАТО-системот за справување со несреќи. Владата соопшти и дека на денешната вонредна седница, која ќе се оддржи во 16 часот, ќе донесе одлука за седумдневна жалост ...
Министерството за образование и наука информира дека семејствата на повредените од несреќата во Кочани кои во моментов се наоѓаат во Скопје, можат да ги користат услугите за сместување и исхрана на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во општина Карпош, студентскиот дом „Томе Стефановски – Сениќ“ во Гази Баба, ученичкиот дом во рамки на државното училиште за рехабилитација „Партенија Зографски“ исто така во Гази Баба, како и на ученичкиот дом во рамки ...
Со длабоко сочувство кон семејствата и блиските на сите засегнати од трагедијата во Кочани, Министерството за здравство изразува солидарност и поддршка во овие тешки моменти. Веднаш по несреќата, здравствениот систем беше целосно мобилизиран, а сите болнички капацитети се ставени во функција за да се обезбеди најдобра можна грижа за повредените. Во моментов, 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, каде што ...
Повредените од пожарот во дискотеката во Кочани се згрижени низ државните болници и на Клинички центар во Скопје и на сите им е укажана медицинска помош, засега имаат капацитети државните болници да ги згрижат сите повредени, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари. Нагласи дека засега има доволни количини крвни единици, но доколку има потреба ќе упатат апел до граѓаните за дарување крв. Била понудена помош и од држави од соседството, ...
Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија! Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива, а болката на семејствата, на најблиските и пријателите е неизмерна. Во овие моменти на длабока тага, нашите мисли се со оние што ги загубија своите сакани. На повредените им посакувам брзо закрепнување, а на семејствата на загинатите – сила да ја издржат оваа незамислива загуба, напиша премиерот Христијан Мицкоски на „Фејсбук“. Премиерот ги ...
Искри од пиротехнички средства го зафатиле таванот кој лесно бил запалив и најверојатно го предизвикале пожарот во дискотеката во Кочани. Во пожарот кој брзо се проширил животот го загубиле 51 лице, а над 100 се повредени и се префрлени на клиниките во Штип и Скопје. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и потврди дека приведени се лицата кои се поврзани со организацијата на концертот во кочанската дискотека. Нагласи дека ...
Министерството за внатрешни работи ги приведува сите кои на каков било начин се поврзани со организацијата на концертот во дискотеката во Кочани во која ноќеска настанал голем пожар и има жртви. Министерството за внатрешни работи активно работи на утврдување на причините за трагедијата, додека во тек е испрашување на сведоци и одговорни лица. Надлежните служби работат на утврдување на причините за катастрофата. Сите надлежни служби, вклучително ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува длабоко жалење во врска со трагедијата во дискотека во Кочани.Бидејќи станува збор за трагедија од големи размери во која има и човечки жртви, Агенцијата ги повикува медиумите да бидат особено внимателни во известувањето со цел да се почитува достоинството на жртвите и да не се предизвикува дополнителна болка на нивните семејства. Од овие причини, информациите коишто ќе бидат објавени ...
Најмалку 50 лица се загинати, а стотици се повредени во дискотека во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на позната група, потврдија од МВР за МИА. Според информациите објавени во дел од медиумите пожарот најверојатно настанал поради употреба на пиротехнички средства. Повредените во пожарот, освен во Кочанската општа болница, пренесени се и во Штипската болница, во „8 Септември“ и на Скопските клиники. Министерот за ...
Голема трагедија во Кочани, има жртви во пожар во дискотека. МВР ги приведува сите вклучени во организацијата на концертот. Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен. Бројот на жртви и повредени во пожарот се утврдува. Сè уште се преземаат дејствија и се врши увид, се вели во соопштението од ОЈО. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на ...
Ноќта е најтемна пред зората, до исполнување на барањата – порака од студентите на протестот во Белград. Протест на 15-ти март за 15-те жртви во Нови Сад. Студентите рекоа дека нема повеќе да дозволат корупцијата да загрози нечиј живот. Сообраќајот е во прекин околу Народното собрание и во центарот на градот. Дали е мирно или има проблеми во одржувањето на редот со оглед на тоа што протестите се масовни и има народ од цела Србија, во Дневникот ...
СВР Битола и Секторот за компјутерски криминал при МВР поднесе кривична пријава против В.Т. (29) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“. Полициски службеници, со судска наредба, извршиле претрес во домот на пријавениот, при што во неговиот компјутер биле пронајдени и одземени видеозаписи од експлицитни видеа и слики со порнографски материјал од деца. Од 2021 до ...
СВР Битола поднесе кривична пријава против П.Ж.(55) и Р.И.(58), двајцата од Демир Хисар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кривично дело „несовесно работење во службата“. Во 2023 и 2024 година, пријавените, вработени во Шумско – стопанска единица „Илинска планина“ – Демир Хисар, дозволиле да има неконтролирана – бесправна сеча и на тој начин била нанесена штета на шумскиот фонд на Јавното претпријатие „Национални шуми“ ...
Претседателот на Сојузот на синдикатите е перјаница на нападите кон Владата уште во првите сто дена работење на оваа Влада, вели премиерот Мицкоски. Трендафилов ја злоупотребува својата организација, зашто во раководството на Синдикатот има луѓе кои не го делат неговото мислење. Наместо вистински борец за заштита на работничките права, почна да се пресметува со мене и со Владата, вели премиерот Мицкоски за работењето на претседателот на ССМ. ...
Денеска во 12.45 часот преку линијата 112 било пријавено дека во Мавровското езеро биле забележани две лица кои се качиле во чамец и почнале да се движат по езерото. Набргу, чамецот се превртел, а лицата се држеле за чамецот додека брановите ги воделе кон браната. За настанот биле известени Центарот за управување со кризи, Итна медицинска помош и Национален парк Маврово. Припадници на Специјалната антитерористичка единица Тигар и Хеликоптерската ...
Мицкоски не сака реформи, туку судство по своја мерка, вели лидерот на опозициската СДСМ Филипче. Според него заканите на премиерот дека ќе му се случел народ на судството е порака дека власта не сака ниту подобро, ниту независно судство и ја повика да почне да спроведува вистински реформи. Премиерот Мицкоски уверува дека се работи за последниот штит на претходната власт од неколкумина судии и обвинители. Случувањата во правосудството се ...
Затворена нелегална работилница за производство на производи од месо. Нештетно уништени се околу 200 килограми небезбедни производи. За сторениот прекршок на нелегалниот оператор изречена му е и парична казна, соопшти АХВ. Агенцијата спровела 154 вонредни инспекциски надзори во магацини и ладилници за храна. Недоследности се утврдени кај 41 оператор, издадени се решенија за наредба. Изречени се 15 парични казни и уништени се десеттина килограми ...
Пазарот на јајца во земјава во моментов е стабилен. Колку и дали недостигот на конзумни јајца на светските пазари ќе се почувствува кај нас за велигденските празници, големите производители, живинарски фарми, не сакаат да предвидуваат. Малите производители и трговците, пак, категорично ги отфрлаат најавите дека ќе нема доволно јајца за Велигден. А поради иселувањето, побарувачката е дури и намалена. До крајот на април е намалена маржата на ...
Денеска, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, го ставија во функција новиот Центар за услуги наменет за граѓаните на Штип и околината. „Претставува исклучителна важност за нас како Министерство за дигитална трансформација што од одличната соработка со општина Штип, произлезе овој нов проект, нов Центар за услуги кој истовремно е и меѓу првите во Македонија што го ...
Студентите дочекани во Белград, се очекува најголемиот протест во историјата на Србија. Протестот, кој започнува во 16 часот, ќе биде организиран низ повеќе зони во различни делови на Белград. Вчера полицијата уапси шестмина активисти и членови на опозициска партија под сомнение дека подготвуваат акции против уставниот поредок и безбедноста. Каква е ситуацијата денеска во Белград, дали студентите веќе почнаа да се собираат на локациите, во ...
Денеска во 01.55 часот на магистралниот пат Штип – Кочани, кај с. Долни Балван, општина Карбинци, полициски службеници го лишиле од слобода И.Д.(21) од Пробиштип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,70 промили алкохол во крвта, по што веднаш ...
Американскиот претседател Трамп оптимист по средбата на претставникот Виткоф со рускиот претседател Путин во Москва. Верува дека постојат реални шанси за спроведување на предлогот за 30-дневен прекин на огнот во Украина. „Мислам дека работиме одат добро. Како што слушнавте од Украина, мислам дека сега ни оди добро и со Русија. Разговаравме со рускиот претседател Путин. Сакаме да ја завршиме оваа војна“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД. И ...
Цената на 450 грама бел леб се стабилизира на 30 денари. За добар дел од граѓаните лебот е скап, велат домашниот леб е поевтин и повкусен. Според земјоделците, лебот не треба да е поскап од 20 денари, бидејќи цената на пченицата е ниска. Цената на лебот не зависи само од брашното, велат пекарите, туку и од цената на струјата и најмногу од скапата работна рака. Македонија и годинава ќе биде увозно зависна за лебното жито. Годишните потреби се ...
Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во рамки на кампањата „Каде што срцето е дома“ во организација на Министерството за локална самоуправа ќе присуствува на поставување на камен темелник на реконструкција на локалниот пат Драчево-Мотел Китка делница село Црвена Вода „Китка“ во Општина Студеничани. Како што најавија од владината прес-служба, проектот е од првиот јавен повик на Владата во вредност од ...
Министерот за здравство, Арбен Таравари, за време на својата официјална посета на Словачка, ја посети болницата „Бори“, најголема и најмодерна во оваа земја, каде што се запозна со најновите иновации во медицината, вклучувајќи и виртуелна медицина – револуционерна технологија која планира да ја воведе и во нашите болници. - Во Братислава ја посетив болницата „Бори“, каде што одблизу видов како виртуелната медицина го трансформира здравствениот ...
Вчера во 15.20 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Р.П.(30), Б.В.(25) и И.З.(67), сите од Кавадарци. Тие се сомничат дека на нива, во близина на крстосница Градско, сопственост на правно лице од Скопје, предизвикале пожар и одзеле повеќе предмети. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а повредени лица нема. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Р.П., Б.В. и И.З. ...
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека на денешната седница на совет се донела одлука за финансиска помош за жртвите од семејно и родово базирано насилство. Како што истакна, наскоро ќе биде распишан Јавен повик на кој жртвите ќе можат да се пријават, а се гарантира и целосна дискреција на истите. Општина Кисела Вода, ќе доделува финансиска помош на жртвите на семејно и родово базирано насилство. Борбата за ...
Здружението на инженери поднесе претставка до Регулаторната комисија за енергетика, со барање за измена на правилата за снабдување на електрична енергија со став за спречување на неправедните наплати во сметките за домаќинствата и елиминирање на дополнителната неоправдана заработувачка. Бараат да се изврши измена на правилата за снабдување со струја и да се воведе месечно отчитување на броилата, а во случај да не биде регистрирана потрошувачката ...
Кривичниот суд попладнево соопшти дека ја преиначил одлуката со која сопственикот на компанијата Пуцко петрол, Асмир Јахоски, кој е осомничен во истрагата за набавка на нафтени деривати за потребите на државата, беше упатен во куќен притвор. Одлуката доаѓа по жалба на Обвинителството. На Јахоски му е определен 30-дневен притвор и тој треба да биде спроведен во затворот во Шуто Оризари. „Мерката куќен притвор, определена со решение на судија на ...
Земјоделците своите субвенции ги добиваат навремено. Денеска се реализираше исплатата на мерките за директни плаќања за одгледани и продадени или заклани бројлери во регистрирани кланични капацитети и директни плаќања за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети, соопштуваат од МЗШВ. Исплатени се 10.909.520,00 денари за мерката за одгледани и продадени или заклани бројлери се земјоделските стопанства кои имаат одгледани и ...