Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Министерот за здравство, Азир Алиу оствари средба со претставници на Светска банка, на која се дискутираше за тековните и идните активности поврзани со воспоставување систем за проценка на лицата со попреченост, како дел од Проектот за администрирање на социјалното осигурување (СИАП), поддржан од Светска банка. -Нашиот пристап како Министерство за здравство е да бидеме отворени и да имплементираме политики базирани на потребите. Заедно со сите ...
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 6 во врска со став 2 од Кривичниот законик. Осомничената, доктор – офталмолог при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, побарала од лице од ресенско подарок во износ од сто евра за да изврши службено дејствие коешто секако би морала да го изврши, односно да изведе операција – отстранување на катаракта кај ...
Партиите ги готват списоците со кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. ВМРО-ДПМНЕ објави најмногу кандидати, најголем број досегашни градоначалници кои повторно добија доверба. Владејачката партија прва соопшти дека за градоначалник на град Скопје, ќе го кандидира актуелниот градоначалник на Кисела Вода Орце Ѓоргиевски, убедени дни се дека нивниот кандидат ќе победи со голема разлика. СДСМ сè уште тактизира со објавувањето ...
Во Лондон потпишана декларацијата за стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство. Документот има за цел да ги зајакне и унапреди стратешките односи меѓу двете земји. На средбата меѓу македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски и неговиот домаќин државниот секретар за надворешни работи Дејвид Лами станало збор и за договорот „влада со влада“, кој ќе ја зголеми трговијата, ќе го поттикне економскиот раст и ќе ...
Сите конкурси во јавната администрација се јавни и транспарентни, објавени на единствена електронска платформа. Селекцијата е дигитализирана и автоматизирана со бодирање според објавените критериуми за стручност, работно искуство, лични и технички компетенции. Секој административен службеник ќе биде избран, унапреден и оценуван според својот професионален капацитет и квалитет, а не според политички влијанија. Новите законски решенија ...
Општините ги потпишаа договорите за 828 проекти од јавниот повик за унгарскиот кредит во вредност од 225 милиони евра. Најмногу средства ќе бидат вложени во транспорт, 132 милиони евра за 589 проекти за патишта и улици. Ќе се инвестира и во животната средина, водоводната и канализациска мрежа, образованието, во изградба на градинки и училишта. Со најмногу проекти аплицирала општина Битола. Ресорниот министер најави чести теренски посети за да се ...
Потпишана Декларација за стратешко партнерство, ги зајакнуваме билатералните односи со Обединетото Кралство, информираше министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски кој деновиве престојува во работна посета на Обединетото Кралство, заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски. „Денеска, во британскиот Форин офис, остварив средба со државниот секретар за надворешни работи, развој и Комонвелт на Обединетото Кралство ...
Владата вчера на седница на предлог на Министерството за финансии го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025, во којшто се вградени и амандманите коишто беа усвоени во текот на расправата на матичната Комисијата за финансирање и буџет, а со кои се обезбедуваат дополнителни средства во Министерството за транспорт, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Министерството за образование и наука. Станува збор за дополнителни ...
Новина во АБА лигата ќе биде и поделбата во две групи на екипите за сезоната 2025/26. Со новиот број на екипи вкупно 18 ќе значеше и дополнителни четири натпревари. Ова пред сè ќе беше проблематично за тие екипи што имаат настапи и во европските купови. Во новата сезона од АБА лигата членови ќе бидат романскиот Клуж и австриската екипа Виена, како и Босна и Илирија кои преку АБА 2 лигата изборија пласман во елитното балканско натпреварување. ...
Европската комисија презентираше план за Буџетот на Европската унија од два трилиони евра во следните седум години. Шефицата Фон Дер Лајен уверува дека Брисел мора да инвестира повеќе во капацитетите за одговор и во независноста. Предлог-буџетот треба да му овозможи на блокот да одговори на кризи како што се војната во Украина, климатските промени, железничката и енергетската мрежа, земјоделството. „Одвојуваме 100 милијарди евра за Украина. ...
Украинскиот министер за надворешни работи Сибиха вели дека Украина е подготвена за понатамошни мировни преговори со Русија, но не предложи конкретен датум. Го повтори повикот на Киев за средба меѓу руските и украинските лидери, велејќи дека тоа би бил најефикасниот чекор кон постигнување договор за прекин на огнот. На фронтот продолжуваат битките, расте бројот на жртви и повредени. Тече рокот од 50 дена од САД, за кое време Москва треба да ...
Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...
Центарот за управување со кризи утрово го објави извештајот за пожари на отворен простор (16/17.07.2025). Според објавата на ЦУК, во текот на изминатото деноноќие имало вкупно 21 пожар, од кои: 3 се активни, 1 е под контрола, додека 17 се изгаснати. Активни пожари има во Општина Велес: кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана шума); Општина Македонски Брод: помеѓу с.Црешнево, с.Локвица, с.Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска ...
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска ќе учествува на Форум на високо ниво за проширувањето, насловен „Градење инклузивна иднина во проширена ЕУ: Улогата на социјалниот дијалог, граѓанското општество и вклученоста на младите“, кој ќе се одржи во Брисел, во организација на Европскиот економско-социјален комитет (ЕЕСК). Министерот Муртезани ќе учествува на воведната сесија на Форумот на ВИП тркалезната маса, заедно со ...
Администрацијата на Трамп верува дека прекин на огнот во Сирија е можен. Вчера израелската војска почна воздушни напади во Дамаск, погодувајќи го седиштето на сириското Министерство за одбрана и во близина на претседателската палата во ридовите надвор од главниот град. „Ние презедовме огромна обврска да ја стабилизираме Сирија. И нашиот специјален пратеник, амбасадорот Барак, го води тоа. Знаеме за таа ескалација. Ја повикуваме сириската влада, ...
Во Собранието ќе заседаваат две комисии – Комисијата за одбрана и безбедност и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Пред членовите на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог на одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија. На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог на ...
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од северен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. ...
Најмалку 20 лица загинаа во јужна Газа во обид да добијат храна, соопшти Хуманитарната фондација за Газа, поддржана од САД и Израел. Според извештаите, 19 лица биле прегазени во стампедо, а едно лице било избодено со нож на пунктот во областа Кхан Јунис. Стампедото најверојатно било предизвикано од луѓе во толпата кои биле поврзани со Хамас. Обединетите нации нотираат дека изминатите шест недели имало најмалку 875 убиства на хуманитарните ...
Со камен темелникот на првата ветерница, поставуваме темел за енергетска независност, економски развој и го трасираме правецот во кој државата ќе се движи во искористувањето на обновливите извори на енергија, истакна премиерот Мицкоски. Производството на енергија од ветерници ќе ја намали емисијата на јаглероден диоксид во воздухот, а ќе придонесе и за значително намалување на цената на електричната енергија. Се отвораат можности и за идни ...
На 15.07.2025 во Полициската станица Гази Баба, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека при претрес на Х.А.(42) од Скопје, вработен како полицаец во Затворска полиција, пронајдени се две пакувања и се посомневале дека пренесува дрога. Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје излегле на местото и било констатирано дека во пакувањата има растителна материја и бела прашкаста материја. ...
Повеќето пожари се намерно подметнати. Полицијата досега привела 20-ина лица, дел се во куќен, дел добија ефективен притвор. Малолетниците се пуштени на слобода. МВР има докази дека некои од пироманите се организирана група. Сепак Тошковски потенцира дека навреме преземените мерки и забраната за движење во шумите даваат резултати. Сè уште гори на неколку локации низ земјава. Кај село Николич, Општина Дојран, по неколкудневна битка, огнената ...
МВР обезбедува докази за дивоградби по наредба на јавен обвинител, изјави министерот за внатрешни работи Тошковски. Не открива повеќе детали за каква документација станува збор во интерес на истрагата. „Не би можел да споделам во овој момент информации во врска со обезбедена документација, но сакам да напоменам дека ова се тековни активности на МВР. Ова не е сега јавноста има интерес за конкретната тема и МВР постапува, туку ова се тековни ...
Многу веројатно дека предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде се обвинети 32 лица, нема да се раздвојува. Така би се искомплицирала постапката, вели првиот обвинител Љупчо Коцевски. Посебен предмет ќе биде оформен најдоцна до септември, а се однесува за инволвираноста на полициските службеници, а го работи Обвинителството за гонење организиран криминал. Обвинението за 32-та во моментот е на оценка во скопскиот Кривичен суд. ...
За 70 насто намалување на бројот на казина и обложувалници, но и редуцирање на електронските апарати за коцкање. Ова го предвидува предлог-законот за игри на среќа кој го мина владиниот филтер. Предвидува и забрана за рекламирање, а објектите ќе мора да се дислоцираат најмалку 500 метри од школските дворови. Од Асоцијацијата на спортски обложувалници велат – ако се усвои законот 10 илјади луѓе остануваат без плата, а 50 илјади работни места ќе ...
На денешната седница на Советот на јавни обвинители, едногласно беа избрани Наташа Поп Трајкова и Катерина Коларевиќ за нови јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. За двете позиции конкурираа шестмина обвинители, Наташа Поп Трајкова, Катерина Коларевиќ, Александар Маркоски, Дејан Петрески, Зоран Маркоски и Ана Стојковиќ Димитровска. Советот ја донесе одлуката по претходна проценка на ...
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани утре ќе учествува на Форум на високо ниво за проширувањето, насловен „Градење инклузивна иднина во проширена ЕУ: Улогата на социјалниот дијалог, граѓанското општество и вклученоста на младите“, кој ќе се одржи во Брисел, во организација на Европскиот економско-социјален комитет (ЕЕСК). Министерот Муртезани ќе учествува на воведната сесија на Форумот на ВИП тркалезната маса, заедно со претседателот ...
МВР има докази дека дел од пожарите се подметнати. Министерот за внатрешни работи Тошковски открива детали, беше на настанот во Црвениот крст каде се потпиша Меморандум за соработка. МВР ги презема сите мерки за нападот врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која доби полициско обезбедување. Се постапува и по насоки на Обвинителството за случаите за дивоградбите, вели министерот за внатрешни работи. Сепак, Панче Тошковски откри дека ...
Вчера во 13.35 часот пред угостителски објект во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода Т.О.(46) од Крушево. Имено, тој се сомничи дека како вработен во шумско претпријатие во Крушево извршил кривично дело по член 353 од Кривичниот законик – „злоупотреба на службена положба и овластување“ на тој начин што како службено лице одзел нелегално исечени огревни дрва со приколки и ги продал на лице. По целосно ...
Дињата е здрава и е еден од најдобрите избори за топлите летни денови, не само на кришки, туку и како база за освежителни сокови, фрапеа и како додаток на егзотични и вкусни брускети, во комбинација со некоја солена храна, како што е пршутот. Постојат повеќе видови диња, а кај нас најзастапени се оние со портокалова или жолта внатрешност, како и зелената, која е нешто помала и позната како руски ананас. Освен што има убава боја, што е вкусно, ...
Не се планирани ракети со долг дострел за Украина. Киев не треба да ја таргетира Москва, вели претседателот на САД откако светските агенции ги разгореа шпекулациите дека Трамп го охрабрил Зеленски да ги ескалира нападите врз Русија. Во понеделникот шефот на Белата Куќа објави дека ќе испрати оружје во Украина и предупреди за повеќе царини за Русија доколку не се постигне договор за прекин на огнот за 50 дена. „Не мислам дека 50 дена се долг ...