Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Не се планирани ракети со долг дострел за Украина. Киев не треба да ја таргетира Москва, вели претседателот на САД откако светските агенции ги разгореа шпекулациите дека Трамп го охрабрил Зеленски да ги ескалира нападите врз Русија. Во понеделникот шефот на Белата Куќа објави дека ќе испрати оружје во Украина и предупреди за повеќе царини за Русија доколку не се постигне договор за прекин на огнот за 50 дена. „Не мислам дека 50 дена се долг ...
Министерството за внатрешни работи објави јавен повик за вработување на 150 униформирани полициски службеници. Полицијата ги охрабрува сите млади, непартиски лица, мажи и жени под 25-годишна возраст, со минимална висина од 170 и 160 сантиметри, со завршено средно образование и кои не се осудени со конечна судска пресуда, да аплицираат на огласот, за чие работно место ќе претходи едногодишен интензивен процес на едукација, вежбање и обука. „Да се ...
Вчера во 07.57 часот кај село Брајковци, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишиле од слобода Ѓ.Ш.(21) од Гевгелија, информираат од МВР. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ѓ.Ш. управувал патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки со брзина од 99 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 40 километри на ...
Во судницата во затворот Идризово, ново рочиште за случајот „Адитив“, кој се однесува на истрага за злоупотреба на јавни набавки и перење пари, во врска со набавката на адитиви за јаглен за потребите на АД ЕСМ-подружница РЕК Битола и РЕК Осломеј. Обвинети се над 30 физички и пет правни лица, меѓу кои е и екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој е во бегство. За Ковачевски се распишани национални и меѓународни потерници. Според обвинението, ...
Во близина на Штип денеска ќе биде поставен камен-темелник на Ветерниот парк, што ќе го гради компанијата „Алказар Енерџи“, инвестиција вредна над 500 милиони долари што треба да отвори 630 нови работни места. На почетокот на изградбата на најголемиот ветерен парк во Македонија, ќе присуствуваат и ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт и врски Александар Николовски и коосновачот и управувачки партнер на „Алказар ...
Украина не треба да ја таргетира Москва со напади, вели претседателот на САД откако „Фајненшл тајмс“ објави дека Трамп го охрабрил Киев да ги ескалира нападите врз Русија. Во понеделникот американскиот претседател објави дека ќе испрати оружје во Украина и предупреди за повеќе царини за Русија доколку земјата не постигне договор за прекин на огнот за 50 дена. „Не мислам дека 50 дена се долг период. И може да биде и порано од тоа. Требаше да му ...
Израелскиот премиер вели дека Израел таргетирал сириски воени возила за да ја заштити друзиската заедница која израелската влада ја смета за сојузник. Свеида, град со мнозинско друзиско население, беше центар на дводневни судири меѓу Друзите и бедуинските групи. „Во Израел сме посветени на одржување на југозападниот регион на Сирија како демилитаризирана зона. Нема да дозволиме враќање во ситуација во која таму ќе се воспостави втор Либан, а ...
Претседателот Доналд Трамп планира да воведе царина од над 10% на стоки од помалите земји, вклучувајќи ги државите од Карибите и Африка. „Карипските земји, африканските земји. Имаме огромен број земји кои се мали, а претседателот едноставно ќе се справи со нив на начин на кој тој мисли дека е правилен“, изјави Хауард Лутник, секретар за трговија на САД. И натаму се очекува трговски договор меѓу САД и ЕУ. Земјите членки ги сметаат за апсолутно ...
Министерот за надворешни Муцунски од денеска е во тридневна посета на Обединетото Кралство на покана на британскиот државен секретар за надворешни Дејвид Лами. Во фокус на разговорите ќе биде унапредувањето на билатералните односи, интеграцијата на Македонија во ЕУ, како и размена на мислења за клучни регионални, европски и глобални прашања. За време на посетата, покрај состанокот со неговиот домаќин, секретарот Лами, предвидено е Муцунски да се ...
Генералниот секретар на ОН, Гутереш, го повтори повикот за итен прекин на огнот во Газа, предупредувајќи дека хуманитарната криза достигнала ужасни размери. „Сите ги осудивме ужасните напади на Хамас. Но, она што го гледаме во Газа е ниво на смрт и уништување кое нема споредба. И тоа е нешто што ги поткопува, би рекол најосновните услови за човеково достоинство за населението на Газа. Апсолутно ни е потребен траен прекин на огнот. И се надевам ...
Вчера во 11.00 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга од слобода го лишија Е.Б.(69) од Струга, информираат од МВР. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се пиштол „Browing“ со калибар 7,65 милиметри и 16 куршуми, кои нелегално ги поседувал. Воедно, поради предвидено поведување управна постапка, одземени се и 164 куршуми, две ловечки пушки, еден пиштол и едно пневматско ...
За 1.723 ромски семејства е обезбеден покрив на јавниот повик за домување на граѓани од социјално ранливи категории, распишан од Министерството за транспорт или вкупно 50 милиони евра. 20 милиони денари се обезбедени за подобрување на инфраструктурата и пристапот до јавни добра за оние делови од општините каде што живее ромско население. Но, домувањето не е само покрив над глава туку и достоинствен живот. Со цел рана социјализација, децата Роми ...
Македонија е мирна и стабилна држава, нивото на загрозеност од терористички закани е ниско. Системот за безбедност е добро поставен, вели националниот координатор за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам. Трајанов како приоритети на кои се работи ги посочи, спречувањето на онлајн радикализацијата и дејствувањето во време на терористички акт. Геостратешката состојба, вели, има влијание и во земјава. Премиерот Мицкоски на ...
Студентите од втора и повисоките години, како и апсолвентите, од денеска може да аплицираат за сместување во студентските домови – државни и приватни – за академската 2025/2026 година. Конкурсот е отворен до 31 јули, информира министерството за образование и наука. Бруцошите ќе имаат своја шанса подоцна – од 10 до 17 септември, по завршување на уписите. Апликацијата се поднесува онлајн, на веб-страницата e-uslugi.mon.gov.mk, каде што студентите ...
Напаѓачот на градоначалничката на Скопје, Сулејман Љамалари заврши во затворски притвор. Кривичниот совет на скопска единица, постапувајќи по жалбата на Обвинителството, ја преиначи одлуката на судијата на претходна постапка и мерката куќен притвор ја замени со ефективен притвор. Љамалари е осомничен за насилство. Инцидентот се случи во петокот при увид на дивоградба во Чаир, кога Арсовска беше нападната и заврши во Ургентниот центар во ...
Секојдневното овошје и зеленчук се општо корисни за здравјето, а особено доматот ги топи мастите, па поволно делува и на варењето и на крвта, па стручњаците советуваат: Јадете го секој ден ако можете. Истражувањата покажуваат дека ликопенот што се наоѓа во доматот може да го спречи развојот на клетките на рак, особено ракот на простатата, желудникот или дебелото црево. Доматите се богати со витамин Ц, којшто е природен антиоксиданс, а содржат и ...
Љубе Крстевски и Бране Билбиловски беа осудени за мачењето и убиството на бездомното куче Феликс. Крстевски доби 3 месеци затворска казна, а Билбиловски парична казна од 1.000 евра, доколку не ја плати ќе биде затворска, ова е пресудата на судијката Лидија Петровска. По тепањето Феликс бил фрлен во контејнер, а потоа откриен од активисти и однесен на лекување во ЈП „Лајка“ каде по сите напори не успеаја да го спасат. Убиството на бездомното куче ...
Американските напади на територијата на Иран изминатиот месец претставуваат јасно кршење на меѓународното право, обвинуваат иранските власти. САД започнаа напад врз иранските нуклеарни објекти на 22 јуни, за време на 12-дневната војна која ја почна Израел. „САД за време на дипломатски процес, направија јасно кршење на меѓународното право. САД се постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации и имаат посебна одговорност кон ...
Партиите ги испочитувале законските рокови и навреме ги доставиле финансиските извештаи за изборите. Државниот ревизор констатирал дека не биле направени поголеми прекршувања во трошењето на буџетските пари за претседателските и парламентарните избори. Само 4 партии не ги добиле средствата од буџетот бидејќи не доставиле извештаи. Ацевски укажува и на потребата да се доуреди начинот на уплатата на донациите во партиите по објавување на финалните ...
Вчера во 18.10 часот, на автопатот А1 Демир Капија – Миравци, во близина на првиот тунел, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода С.Р.(29) од Битола, информираат од МВР. При радарска контрола во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, со брзина од 197 километри на час на место каде брзината на движење е ограничена на 80 километри на час. ...
Поддршката од САД за Украина продолжува. Вашингтон вети нова воена помош за Киев, вредна милијарди долари, вклучително и ракетни системи „Патриот“. Американскиот претседател се закани со санкции за Москва ако не се постигне договор за прекин на огнот во Украина, во рок од 50 дена. Според украинскиот претседател, мирот е можен само преку сила. „Русија се обидува да ја направи војната да изгледа како нова нормалност. Мирот е можен само преку сила. ...
Во Кривичниот суд, денеска пресуда за пет членови на криминалната група „Дуќанџик“ од Грчец. Уапсени беа лани, во јануари. Обвинети се за 15 килограми кокаин и за двојно убиство. Водачот на групата, Шеваљ Муареми е во бегство. Тројца од обвинетите, како припадници на организирана меѓународна криминална група, заедно со други лица, од кои дел се осомничени, но се недостапни на органите на прогонот, дел се починати, а дел веќе осудени, заеднички ...
Повеќе од 50 милиони американци низ североистокот се под притисок од поплави, кои предизвикаа значителни застои во сообраќајот во Њујорк. Видеа од ситуацијата со надојдените води беа објавени на социјалните мрежи. Предупредувања за ненадејни поплави беа издадени за градови, вклучувајќи ги Њујорк, Вашингтон, Балтимор, Њу Џерси и Арлингтон, Вирџинија, како и националниот аеродром „Реган“. Националната метеоролошка служба предупреди дека се можни ...
Државниот завод за ревизија, со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Швајцарската програма за поддршка на изборите во Северна Македонија, имплементирана од Меѓународната фондација за изборни системи (IFES), денес во Скопје организира конференција под наслов „Финансиска отчетност на изборите“. Како што соопштија од ДЗР, поздравни говори на форумот ќе одржат Максим Ацевски, прв државен ревизор при Државниот завод за ревизија, амбасадорот ...
Зеленски му се заблагодари на шефот на Белата Куќа, откако беа објавени нови мерки насочени кон Русија поради тековниот конфликт во Украина. САД ќе дистрибуираат воена опрема вредна милијарди долари во Киев, вклучувајќи и ракетни системи „Патриот“. „Оваа војна продолжува единствено поради Русија, единствено поради желбата на Путин да ја продолжи, да ја одолговлекува. Русија се обидува да ја направи војната да изгледа како новата нормалност. ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин „Богородица“, времето на чекање за излез од државата изнесува 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималните дневни температури ќе се движат од 26 до 38 степени. Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе има услови краткотраен пороен дожд и ...
Почна најголемата воена вежба, „Талисман Сабја“. Повеќе од 35.000 воени лица од 19 нации, вклучувајќи ги Канада, Франција, Германија, Индија, Јапонија, Обединетото Кралство, во наредните три недели ја тестираат интероперабилноста. Овогодинешната вежба се одржува во Папуа Нова Гвинеја, што е првпат вежбата која првично почна во 2025 година да се одржи надвор од Австралија. Кинеските бродови за надзор ги следеа поморските вежби покрај ...
Повторно има енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на водата за пиење, што предизвикува нарушување на стабилноста на водоснабдувачкиот систем, поради што можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје, соопшти ЈП Водовод и канализација. – Имајќи го предвид фактот дека водата за пиење е ограничени ресурс апелираме до сите граѓани на градот Скопје за рационална и совесна употреба – ...
Синоќа во 19.30 часот на автопат А1, Неготино – Градско, во близина на село Црвени Брегови, неготинско, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода Џ.Џ.(19) и М.А.(18), двајцата од Струмица. При преглед на патничко возило „Фиат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Џ.Џ., а совозач бил М.А., биле пронајдени 11 лица мигранти од Египет, од кои девет малолетници. Мигрантите биле спроведени ...