Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денес оствари работна средба со Татјана Мацура, министерка без ресор задолжена за родова еднаквост, спречување на насилството врз жените и економско и политичко зајакнување на жените во Владата на Република Србија. На средбата беше изразена заедничката определба за продлабочување на соработката меѓу двете земји, со посебен акцент на точките кои ...
Она што најмногу се коментира за Предлог законот за високото образование се условите за напредување во звања. Ако направиме споредба, не се високи како во други европски земји. Но, мора да ги поткренеме, затоа што откако беа укинати со законот од 2018 година, квалитетот на високото образование драстично опадна и тоа мора да го промениме. Го разбирам стравот на академската заедница, разбирам дека од една фаза треба да поминеме во друга, но ...
Денес во Ракометната федерација на Македонија со ждрепка беа утврдени двојките за првото коло во плеј-офот односно плеј-аутот, а со тоа и распоредот до крајот од сезоната. Во плеј-офот ќе се натпреваруваат Вардар, Еурфарм Пелистер, Охрид, Алкалоид, Тиквеш и Бутел, а пак во плеј-аутот ќе бидат екипите на Прилеп, Пролет, Еурофарм Пелистер 2, Куманово, Струга и Радовиш. Ждрепката посака уште на самиот старт да има дерби во плеј-офот каде ...
Одбојкарите на Штип УГД ја продолжуваа фантастичната форма и нижат победи, а како играат речиси и сигурно одат по двојната круна. Штипјани го добија „универзитетското соочување“ откако на гостински терен со убедливи 0-3 во сетови славеа над Универзитет во Тетово. Низ сите три сета екипата на Кристиан Ристески доминираше откако првиот сет заврши со 8:25, вториот и третиот сет со идентичи 13:25. Сушево успеа на гостински терен да го совлада ...
Велигденскиот пост го чисти телото и делува како природна детоксикација, велат лекарите од Штип. Тие објаснуваат дека не станува збор само за тоа да се откаже човекот од месо и млечни производи, туку и да се јаде паметно и здраво. Со повеќе овошје, зеленчук, житарки и доволно течности, телото се чувствува полесно и поактивно. Лекарите советуваат секој ден да се пијат околу две-три литри вода и да се внимава на сон. Ако се пази на овие работи, ...
Никако да се намалат цените во маркетите, тврдат граѓаните на Штип. Велат при крај на февруари, примањата се речиси потрошени. Иако се штеди секој ден и се купува само основното, сепак пари на страна никако да се тргнат. Пари за во продавница или за во апетки, а за сметки, дополнителна грижа, додаваат анкетираните на терен. Велат добро е оти февруари остнаува најкраткиот месец во годината. Инаку, според најавите од Влада, пензионерите до ...
Почна градежната сезона 2026 година во Општина Штип, најави на денешната прес-конференција градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов кој писуствуваше на стартот на целосната реконструкција на улицата „Питу Гули“. Јорданов рече дека екипите од денеска почнуваа со реконструкција на поздомната инфраструктура, односно со замена на нова водоводна и канализациона мрежа, а ќе се работи и на атмосферскиот одвод. ,,Овде е планирано промена на ...
На барање на директорот Стојанче Ангелов на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), денеска беше одржан работен состанок во Министерство за правда, посветен на најавените измени на Законот за здруженија и фондации, што директно ги засегаат доброволните противпожарни друштва во Македонија. На состанокот беа разгледани можните правни импликации од предложените измени, со посебен акцент на правниот статус и функционирањето на доброволните ...
Општина Бутел денеска (23 февруари 2026) започна активности за изградба на 40 пешачки и пристапни патеки до станбените згради во населбата Скопје Север. Градежните работи опфаќаат реконструкција на пристапните влезови до станбените објекти на улиците „Боро Менков“, „Лазо Москов“, „Гоце Стојчевски“ и „Костурска“. Од општината информираат дека новите пешачки патеки ќе го олеснат движењето на граѓаните и ќе придонесат за спречување на ...
Во неколку училишта во Скопје и во Тетово денеска биле примени дојави за поставени експлозивни направи, но по извршените проверки било утврдено дека станува збор за лажни пријави. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека веднаш по добивањето на пријавите биле преземени соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници. „Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски ...
Боксерите на Пинк Пантер од Штип овој викенд во Ниш, Србија во рамки на шестото коло во Опен Балкан лигата – Олимписки надежи забележаа нови големи резултати, со кои покрај тоа што го задржаа првото место, туку и го зголемија водството со нови два бода. Сега штипските „пантери“ имаат дури 17 бодови повеќе од второпласираниот тим Констатин од Лозница, а уште посериозна предност и од Топличанин од Прокупље. Во Ниш победи забележаа Али Расимов и ...
Првото пролетно коло не направи големи промени на табелата во Втора лига, но овозможи на некои екипи да стекнат дополнителна бодовна предност во трката како за Прва лига, така и за опстанок. Охрид и Шкендија Арачиново сега имаат солидна предност која ја стекнаа во 16. коло, а најмногу на „киксот“ на Брегалница во Гевгелија. Охриѓани се први со 39 бодови, а тимот од Арачиново е втор со 38 бодови, додека пак Брегалница останува на третото место ...
Екипата на Кожуф конечно ја совлада Брегалница која доминира во меѓусебните дуели од 2008 година наваму. Тимот од Гевгелија во саботата во рамки на 16. коло на Втора лига, со кое беше отворен пролетниот дел славеше со 2:0, а на оваа победа се чекаше од 25 ноември 2017 година, Кожуф тогаш славеше над Брегалница со 4:1. Двете екипи од 2008 година досега се соочиле дваесет пати, од кои четири средби биле пријателски, останатите во рамките на ...
Ракометарките на Астибо го загубија натпреварот пред домашната публика од екипата на Спартак со резултат од 26:30 со што скопскиот тим стигна до првото сезонска славје откако го освои Штип во рамки на 15. коло на Суперлигата. Астибо имаше одлично отварање на натпреварот со постојана разлика и имаше водство кое го чуваше и на полувреме замина со 16:12 односно плус четири. Во вториот дел Спартак започна да ја топи таа предност кога во 41. ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција изјави дека време е за одговорност и дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби ќе се соочи со правдата. „По година и пол бегство, денеска на граничниот премин Блаце уапсен е Артан Груби, поранешен прв вицепремиер и министер во владата на СДС и ДУИ“, изјави Петрушевски. Тој рече дека Груби важи за олицетворение на криминалот и корупцијата предводена од СДСM и ДУИ и ...
Во периодот од 16 до 22 февруари 2026 година, преку системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и коридорите каде што се поставени камери, регистрирани се вкупно 4.910 сообраќајни прекршоци. Најголем дел од прекршоците, односно 4.691, се однесуваат на управување возило со брзина поголема од дозволената. За минување на црвено светло евидентирани се 16 прекршоци, што претставува намалување од 51,5 отсто во споредба со претходната ...
Успешно се одржа првиот турнир во билјард во Штип за 2026 година во организација на билјард клубот Штип, а на кои настапија 12 учесници што е максимум за една билјард маса. Првото место го освои Владо Режанков, а пак второто место му припадна на Љупче Козарев. На турнирот беа одиграни фантастични 193 меча, во 14 часа игра. Турнирот започна во 9:30 часот, а се играче во 23:30 однсоно цели 14 часа игра. Билјард клубот Штип е прв професионален ...
Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, се препорачува одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер. „Министерството ги става на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на ...
Утре првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, ќе престојува во официјална работна посета на Киев, Украина. Во рамки на посетата, Сали ќе учествува на заедничка комеморативна церемонија во чест на загинатите бранители на Украина, и ќе оствари повеќе средби со високи претставници на украинските институции задолжени за европската и евроатлантската интеграција. Посетата има за цел продлабочување на ...
Со формирањето на Советот за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво, ја потврдуваме нашата јасна и силна определба Македонија да се позиционира како земја на знаење, наука, истражување, иновации и модерна, конкурентна економија. Како Влада преземаме целосна одговорност да ја водиме оваа трансформација, истакна премиерот Христијан Мицкоски. Советот, како што оцени, не е само формалност туку механизам преку кој науката, ...
ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв оти тој би можел да изнесе информации поврзани со, како што наведуваат афери и криминали во кои учествувале поранешни владини функционери. „Ги разбираме од СДС, тие се нервозни и фрустрирани зошто Артан Груби е уапсен и сега може да изнесе податоци за аферите и криминалите за кои здружно работеа со Зоран ...
Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар на македонската граница веќе на сите им е јасно дека бегството на Артан Груби беше политички договор, истакна на прес-конференција Богданка Кузеска портпаролка на СДСМ. СДСМ, како што рече, ова го најавиле уште во декември 2024 година. „Сега само се потврди пред очите на македонската јавност. Како што се договорија да ...
Кои институции ’не го виделе’ копањето и машините во самиот извор кој ја снабдува цела општина Струга со вода, прашува пратеничката од Левица, Јована Мојсоска преку социјалните мрежи, посочувајќи дека според член 100 од Закон за минерални суровини јасно е утврдено кој е одговорен за надзорот над експлоатацијата на минерални суровини. Во објавата таа ги посочува Државениот инспекторат при Министерство за животна средина и просторно планирање, ...
Регулаторното искуство во поврзување на пазарите за електрична енергија беше фокусот на третата заедничка работилница помеѓу Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и Грчката регулаторна комисија за енергија, вода и управување со отпад (RAAEY). “Откако се донесе Законот за енергетика, во РКЕ се формирани тимови од инженери, економисти и правници кои работат интензивно на подзаконската ...
Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по апсењето на екс-вицепремиерот и еден од првите луѓе на ДУИ, Артан Груби. „Црната кутија за владеењето на ДУИ конечно се предаде. Артан Груби е учесник и извршител на сите матни зделки на ДУИ. Затоа, Мала Речица се тресе од страв за тоа што не знаат за што се е подготвен да прозбори Артан. Откако катастрофално изгуби ДУИ на локалните избори ...
Кога среќата се бара и чудата се можни – доказ за ова е инстант лозот „Титаниум“ на Државна лотарија. Со симболичен влог од само 100 денари, секој играч има единствена можност да стане добитник на еден од седумте Ford Focus Titanium, на еден од седумте Ford Kuga ST Line X или на различни парични добивки. Титаниумската среќа веќе ја почувствуваа добитници од различни градови низ државата. Тие денес уживаат едно поинакво искуство зад воланот. ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во рамки на работната посета на Прилеп одржа заедничка работна средба со најголемите концесионери од регионот, посветена на актуелните состојби во рударскиот сектор, предизвиците со кои се соочуваат компаниите и можностите за понатамошен развој. На состанокот присуствуваа претставници на повеќе компании кои имаат значајна улога во експлоатацијата и преработката на ...
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. „Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР. Груби се товари за злоупотреба на службената ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел; – во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош; – во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел; – во периодот од 12.00 до 16.00 ...
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени. Времето во наредните денови Следува период на стабилно време, освен во ...