
Скопје
34ᴼ /
34ᴼ



Нова акција за нелегални престои на странските државјани, од утрово спроведува министерството за внатрешни работи. Покрај во главниот град, зголемено присуството на полиција има во Штип, како и на дел од гранични премини. Покрај на овие локации, претреси се вршат и во службени простории на МВР. Во рамките на оваа акција се одземаат лични предмети, мобилни телефони и значајна документација поврзана со криминалната шема. Акцијата е во тек, а по ...
Кредити се вадат на големо – не за луксуз, туку за основни потреби. Кредит за автомобил, кредит за стан, но и за одмор. Револтирано анкетираните на терен велат дека високите цени и големата потрошувачка се причини за да мора кредит да се вади. Повозрасните децидни дека современиот живот причина за многу финансиски потешкотии, во споредба со минатото. По зимањето, следува враќањето, а тоа е потешкиот дел велат анкетираните. Како што соопштуваат, ...
Со вкусна манастирска манџа, срце полно со вера и звуци од традиционална музика, храмот „Св. Кирил и Методиј“ во штипската населба Баби в сабота ќе го одбележи својот храмов празник.Со голема љубов кон Бога и посветеност што ретко се гледа, четворица жители од оваа населба – Бошко, Живко,Мишо и Тоше веќе три децении ја градат оваа црква, со основната цел жителите имаат свој храм. Иако не располагаат со многу материјални средства, овие луѓе носат ...
Обвинението за трагедијата во Кочани се очекува да биде готово следниот месец, а досега се испрашани повеќе од 300 сведоци, изјави државниот обвинител, Љупчо Коцевски. Според него, истрагата би требало да заврши за десетина дена. Тој рече дека истрагата е многу сензитивна и засега не може да открие многу. Рече дека се уште се испрашуваат сведоци и осомничени. Обвинителите работат и на собирање докази, и рече дека ако бидат откриени нови ...
СДС обвинува дека предлогот на претседателката Силјановска Давкова за гувернер на НБРМ бил „теснопартиски“. Забораваат дека претседател на политичка партија, претходничка на нивната СДСМ, во 2004 беше назначен за гувернер на НБРМ непосредно по вршењето на функцијата министер за финансии во влада предводена од СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Господинот Петар Гошев, кој, исто така, претходно бил пратеник во Собранието на Република Македонија во два ...
Холандскиот стручњак, Руд Ван Нистелрој најверојатно ќе го напушти Лестер по последниот натпревар од сезоната во Премиер лигата. Лестер ќе го игра последниот натпревар од сезоната во недела против Борнмут, но раководството на клубот сè уште не донело одлука за тоа кој ќе го замени на позицијата главен тренер, објави денес „Скај Спорт“. Според овој извор, раководството на Лестер ги разгледува поранешниот тренер на Саутемптон, Расел Мартин, и ...
Капитенот на Манчестер jунајтед, Бруно Фернандеш, изјави дека е подготвен да го напушти клубот доколку раководството одлучи дека продажбата е во интерес на реконструкцијата на клубот. Тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим, исто така изјави дека ќе си замине без отпремнина доколку клубот повеќе не смета на него. Фернандеш истакна дека би прифатил заминување ако тоа би му помогнало на Јунајтед повторно да стане конкурентен во врвот на европскиот ...
Професорот и претседавач на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, доколку биде избран за гувернер на Народната банка на Република Македонија (НБРМ), ќе си замине од функцијата во Град Скопје. Сè до изборот во Собранието, Славески вели дека нема да коментира за политиките и за мерките на монетарната политика, но одговори како технички ќе ги менаџира функциите. „По евентуалниот избор за гувернер, поради неспојливост на функциите, ми ...
Ние нашиот став го соопштивме. И не сакаме да влеземе во сценариото на политизација на трагедијата во која СДСМ упорно сака да не внесе. Владата од првите минути по страшната трагедија е во целосна поддршка на сите засегнати од трагедијата. Од транспорт на повредените, до ставање на сите капацитети во корист на истрагата, до поддршка и реална помош, изјави Бојан Стојаноски, пратеник од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја ...
На денешната прес конференција, Миле Цеков пратеник во Собранието информира дека пратеничката група на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија во собраниска процедура поднела Предлог на Закон за измена на Законот за додадена вредност. „Со предложениот закон бараме, рече Цеков,на измена на членот 51, односно прагот за задолжителна регистрација за ДДВ за регистрираните индивидуални земјоделци да се зголеми од два на четири милиони денари“. Тој додаде ...
Линијата „One Two Three“ од Хемофарм не е само колекција додатоци во исхраната, туку вистински партнер во грижата за вашето здравје. Со неа ќе го почувствувате свежиот почеток на секој ден, силната одбрана на вашиот имунолошки систем и мирниот сон. Вашето здравје го заслужува најдоброто! Во динамичниот и брз ритам на современиот живот, одржувањето на здравјето и виталноста е поважно од кога било. Со секојдневните обврски, стресови и недостаток ...
Со само 17 години, Ламин Јамал стана еден од најдобрите фудбалери во светот и играч околу кого многу работи се вртат, а Барселона сака околу него да ја гради иднината. По брилијантните настапи во дресот на Барселона, талентираниот Шпанец очекувано се најде на радарот на европските гиганти и оние кои се во многу подобра финансиска состојба каталонскиот клуб. Спортскиот директор на Каталонците, Деко, призна дека клубот добил екстра понуда, која ...
Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Народна Република Кина се сретна со Чен Џоу, заменик-министер на Меѓународниот оддел на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина. Претседателката на Групата, Олга Лозановска, во воведното обраќање истакна дека иако сме географски оддалечени, односите меѓу двете држави се пријателски и се развиваат во духот на меѓусебното разбирање и заемно почитување. Нашата земја го ...
Скопското обвинителство поднесе две обвиненија за случајот „Онкологија“ со која се опфатени шест лица и тоа медицинскиот директор, организацискиот директор на Клиниката и четворица онколози, меѓу кои и еден поранешен директор. „Првото обвинение се однесува на економското работење на болницата и опфатени се две лица- медицински директор и организациски директор на клиниката. Обвинети се за злоупотреба на службената положба, измама и проневера во ...
СДСМ повторно го поднесе предлог Законот за поддршка и рехабилитација на настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани, и повика на поддршка од сите пратеници. Координаторот на пратеничката група, Оливер Спасовски, рече дека законскиот предлог, овојпат, е поднесен по редовна постапка, а целта е да се испрати јасна порака дека ова не е политички закон туку човечки. „Овој закон не смее да биде предмет на дневно-политички калкулации и тој ...
Наместо експерт – партиски пулен, СДСМ нема да го поддржи Трајко Славески за гувернер, изјави пратеникот Оливер Спасовски. Според него, изборот на Славески да биде назначен за гувернер е исклучиво теснопартиски. „Ние нема да го поддржиме предлогот за гувернер, затоа што изборот е исклучиво теснопартиски. Ова не е избор којшто ќе понуди експерт на позицијата Гувернер на Народна банка што било би рекол традиција во изминатите години. Од ...
Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ го повика претседателолт на СДСМ, Венко Филипче, да и да одговори на јавноста за акциите во индиската авиокомпанија, за златната виза и за пресудата за Модуларна болница „Одморот на Филипче во Дубаи, кој го помина заедно со неговиот ментор Заев, во увид на градежни активности на 50-катницата и забава со Харис Џиновиќ, на којашто веројатно ги трошеле заработените милионски суми од акциите во индиската ...
Загрепската полиција предупредува на измамници кои го користат стравот на родителите и им земаат пари. Измамник од Македонија лажно се претставувал како лекар, искористувајќи го најголемиот човечки страв – потенцијалната загуба на дете, пишува „Дневник.хр“. Луѓето, водени од паника и сожалување, плаќале, а потоа лекарот исчезнувал без трага. Но, загрепската полиција му ги уништила плановите. „Едно лице се претставува како лекар кој вели: ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со делегацијата на Уставниот суд на Република Хрватска, предводена од претседателот на судот, Мирослав Шепаровиќ, во придружба на претседателот на македонскиот Уставен суд, Дарко Костадиновски. Соговорниците оценија дека со оваа посета, којашто се реализира по дведецениска пауза, се обновува меѓусебната соработка што треба да продолжи, да се интензивира и продлабочи, заради размена на ...
Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Алехандро Гарначо, го кажа она што секој навивач на „црвените ѓаволи“ го мисли по сезоната 2024/2025. Поразот во финалето на Лига Европа од Тотенхем (0:1) беше печат на катастрофалната сезона на клубот од „Олд Трафорд“, веројатно најлошата во последните 50 години. Тимот ја завршува Премиер лигата веднаш над екипите што испаднаа од лигата, загубија во две финалиња, Комјунити Шилд и Лига Европа, нема да играат во ...
Шампионот на Македонија, Шкендија, настапот во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите ќе го започне во првото коло. Поради лошиот коефициент, Шкендија ќе биде во групата неносители, што значи дека ќе добие потежок противник. Гледајќи ја листата која ја објави УЕФА, овие четири тима се непосакуван ривал во првата рунда. Станува збор за Лудогорец (Бугарија), ФЦСБ (Романија), Малме (Шведска), Олимпија (Словенија). Ждрепката за првото и ...
Премиерот, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање како и дали се следи извозот на земјоделски производи поврзано со Полог, кој важи и е претежно земјоделски крај, информираше дека Владата, токму во земјоделство вложи исклучително многу, при што се вратија и старите долгови. Изрази ветување дека Владата ќе продолжи со поддршка на земјоделците и во следниот период. „Да, апсолутно. Исклучително многу вложивме и во делот на ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје оствари средба со делегација од Ostausschuss der deutschen Wirtschaft – Источниот комитет на германското стопанство. „Во фокусот на разговорите беше продлабочувањето на економската соработка помеѓу двете земји, со акцент на инвестициските поволности во државата, особено во рамки на Технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ), како и можностите за ...
Халкбанк АД Скопје, во соработка со Visa, ја започнува наградната игра „Доживејте ја Будимпешта во полна брзина со картичките Visa на Халкбанк“ – ексклузивна можност за еден добитник да отпатува во Будимпешта и да биде дел од уникатно искуство со Visa Cash App Formula 1 Racing Bulls тимот. Наградната игра ќе се реализира во периодот од 20 мај до 20 јуни 2025 година, а право на учество имаат сите физички лица кои во тој период ќе направат ...
Предлогот Трајко Славески да биде Гувернер значи погребување на последната независна институција, велат од СДСМ. Од таму најавија дека остро ќе се спротивстават на изборот на Трајко Славески за гувернер на Народната банка. „Невиден преседан е да се дозволи класичен партиски пиун да ја води оваа важна финансиска институција, каде што досега секогаш имало независни експерти на функцијата гувернер. Трајко Славески е човекот за кој 9.000 денари ...
Премиерот Христијан Мицкоски ја повика градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, да постапи за градилиштето во Чаир за кое тврди дека е без градежна дозвола. „Таа има инегренции. Ако навистина мисли дека е така тогаш треба да постапува затоа што од филозофирање и гола реторика народот нема фајде“ кусо рече денес премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на општина Желино каде што заври изградбата на патот ...
Силвана Петрова, мајка на повредениот Трајче Петров, зборуваше за состојбата во која се наоѓа семејството по пожарот во „Пулс“ и како ја оставила работата за да се посвети на детето. Петрова, која е самохрана мајка, за „Супорт Кочани“ рече и дека ќе даде се’ што може за здравјесто на нејзиното дете, но неопходна и’ e помош. „Сè уште чекаме. Државата не ни помогна со ништо. Не знаеме што сè ќе треба во понатамошниот процес на заздравување – дали ...
Во изминативе три дена од оваа работна седмица во рамки на активностите на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа издадени вкупно 2023 платни налози. Според статистичката евиденција по однос на сторените прекршоци согласно од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, и ...
Тијаго Сплитер, тренерот на Париз, сигурно ќе го напушти францускиот клуб по завршувањето на сезоната. Сплитер има неколку понуди од НБА на кои потенцијално би се вратил како асистент. Покрај тренерот извесно е дека клубот ќе го напуштат најдобрите играчи, Ти-Џеј Шортс и Надир Хифи, додека Јантуне веќе има договор со Фенербахче. Донатас Урбонас, литвански новинар, тврди дека Сплитер во Париз ќе го замени Франческо Табелини. Италијанецот помина ...
Израелскиот амбасадор во Обединетите нации, Дени Данон, изјави дека израелските амбасади низ целиот свет се ставени во состојба на зголемена готовност откако двајца вработени во амбасада беа убиени во Вашингтон. „Ова е многу тешка ноќ за сите нас овде во Соединетите Држави“, изјави Данон за Си-ен-ен. „Тоа беше напад врз Израел, напад врз еврејската заедница, но и напад врз самите Соединетите Американски Држави“, рече тој. Данон потврди дека ...